дома блог страница 2676

(Видео) “Вие сте идоти!”: Храбра медицинска сестра им одржа лекција на хулиганите кои го прекршуваа карантинот

Храбра британска медицинска сестра се соочи со група “хулигани” кои уживаа во паркот сред карантин на коронавирусот.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како жената ги натера групата од шест момчиња да се вратат дома.

“Морам да работам прекувремено. Имам три деца. Секојдневно работам со страв, дали ќе се вратам кај моето семејство поради луѓе како вас. Вие сте апсолутни идиоти!”.

(Видео) Црквата Параклис во живо на Фејсбук ја емитуваше денешната литургија по повод Лазарова сабота

Црковниот храм Св. Кирил и Методиј (Параклис), преку Фејсбук профилот на теологот и чтец Андреј Иваноски, вршеше пренос на денешната литургија по повод празникот Лазаорва сабота.

Од овој црковен храм најавуваат дека и литургиите по повод Велигденските празници ќе се пренесуваат на истиот начин.

Денеска е Лазарова сабота: Еве што треба да знаете за овој ден

Денеска е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

На барање на Коце Трајановски кинески збратимен град со Скопје испрати 50.000 заштитни маски

Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

-Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на моето барање,и за донацијата од 50.000 заштитни маски.

Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот.

Откако Реисот Реџепи се закани, Владата ќе му додели 122.000 евра на ИВЗ и МПЦ

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ ќе добие 73.000 евра, а Факултетот за исламски науки 49.000 евра, или вкупна сума од 122.000 евра одлучи Владата.

Одлуката на Владата дојде екпресно откако реисот Сулејман Реџепи се закани дека ако не добие помош од државата, ќе ги „суспендира“ забраните за собири и движење во полициски час и потоа никој нема да може да се справи со епидемијата.

Прилепска карантинска срамота: Еден од блескавите мостови и купишта ѓубре (Фото)

Еден од “совршените” мостови на градската река во Прилеп и “декорацијата” во коритото на реката…

Поопширен коментар не е потребен, само погледнете:

(Видео) Убавина стара 25 години од Егејска Македонија: Васка Илиева пее пред голем број Македонци

Видео од 23.02.1996 година на кое легендарната Васка Илиева ја пее песната “Не плачи мајко не жали” пред голем број Македонци во леринско Забрдени.

Уживајте во продолжение:

(Видео) Потресни слики од Америка: Илјадници гладни луѓе чекаа да си ги земат пакетите за Велигден

Десет илјади семејства чекаа во автомобилите во Тексас за да земат пакети кои ги обезбедува банката на храна, бидејќи ова за нив е единствениот начин да имаат храна за Велигден.

“Возилата доаѓаат уштепред зори и се создаваа редици, незамисливо големи. Беа тоа реки на автомобили со луѓе погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот”, изјави претседателот на Банката за храна од Тексас, Ерик Купер, за локалниот Сан Антониот Експрес Њуз.

“Целосна блокада би била полша од вирусот”: Шведски лекар објаснува зошто имаат поразлична тактика од останатите држави

“Да, ние имаме поразлична тактика и во тоа ја поддржувам нашата влада. Во моментов никој во светот нема преземено вистински мерки против оваа болест. Шведската стратегија не говори дека вирусот е слаб и дека го потценуваме. Напротив, свесни сме за ситуацијата, но нема докази дека строг карантин ќе биде подобар од овој модел. Дури по 6 месеци ќе можеме да повлечеме линија и да кажеме чиј пристап беше подобар”, порача угледниот шведски невролог и анестезиолог Клаес Хултлинг.

Тој додава: “Не можете да ја уништете цела економија, да ги затворите сите дома, а да не сте сигурни како таа мерка ќе влијае на епидемијата”.

“Мерката “целосна блокада” со сигурност може да ја уништи економијата и животите на граѓаните и да не погоди полошо од вирусот. Целосниот карантин, гледаме по примерот на некои држави, делува, но по која цена и до кога би требало да се придржуваат до таа тактика? Нашата стратегија е максимално да се намалат контактите, особено со старите луѓе и оние со хронични заболувања. Сите лица кои се заразени и оние кои биле во контакт со нив се “ловат”, ситемот е така поставен да ги изолира семејствата и пријателите на заразените, а не цела држава. Тоа за сега делува, бидејќи Швеѓаните ако треба да се самоизолираат не излегуваат надвор да заразуваат други луѓе”.

(Фото) “Уште ова ни фалеше”: На светот му се заканува нов Чернобил! Нивото на радијација е 16 пати над дозволеното- еве што велат експертите

Украинските пожарникари соопштуваат дека оваа недела нивото на радијација во зоната на исклучување во Чернобил скокнало за 16 пати над нормалата, поради пожарите кои го пустошат ова подрачје.

Велат дека пожарите ослободуваат во атмосферата радиоактивни елементи кои претходно се наоѓале во земјата и во растенијата.

Украинското здружение на ветерани за атомска енергија и индустрија, кое е составено од пензионираните експерти, вклучувајќи и неколку директори на нуклеарни електрани, предупредија дека нуклеарниот сектор е во критична состојба и дека се заканува опасност од “уште еден Чернобил”.