дома блог страница 2667

Германија со отворени карти против пандемиjaта: Се отвараат рестораните, училиштата и продавниците

Националната академија на науките во Германија предложи државата да ги олабави мерките преземени против пандемиjaта од кopoнавиpycoт и тоа да го започне со отворање на училиштата, продавниците и рестораните.

Академијата препорача основните и средните училишта да се отворат што е можно поскоро. Денес за ова ќе има и телефонска конференција меѓу Ангела Меркел и покраинските премиери.

Укинувањето на ограничувањата исто така ќе бара значително зголемување на тестирањето, бидејќи повеќето тестови на вирусот COVID-19 во Германија се прават само на лица кои имаат симптоми.

Неколку европски земји веќе започнаа со релаксирање на мерките.

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом претходно упати порака до европските земји кои најавија укинување на мерките за превенција од коронавирусот, досегашните рестрикции да ги намалуваат полека и контролирано.

(Видео) Tpaмп прекина да ја финансира Светската здравствена организација сред пандемиja: “Промовиравте лаги од Кина, мора да одговарате!”

Претседателот на САД, Доналд Tpaмп изјави и наложил на неговата администрација да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација поради начинот на кој тие реагирале на пандемиjaта, пренесува WA. Tpaмп на конференцијата за новинарите во Белата куќа рече дека СЗО не ја заврши својата должност и дека мора да одговараат.

Тој додаде дека СЗО и промовирале “дезинформациите од Кина за вирусот” што, како што наведе, веројатно довело до зголемување на епидемиjaта.

САД најмногу придонесува за функционирањето на СЗО, односно се издвоиле повеќе од 400 милиони долари во 2019 година, што е 15% од буџетот на СЗО.

Два месеци немале земено плата: Вработените во “Жито Прилеп” пред Велигден го запреа производството

Стотина вработени во фабриката “Жито Прилеп” од денеска излегоа на штрајк, а причината за тоа е што немале добиено плата за месеците февруари и март.

Тие го запреа производството и истакнаа дека за жал ќе го остават градот без доволно леб пред Велигден, но друг излез немале.

Технологот Лазо Ристески вели дека пред 10 денa писмено го известиле сопственикот на компанијата дека доколку не им исплати плата во рок од 3 дена ќе го стопираат производството, но досега не добиле никаков одговор.

-Неколкупати баравме информација од сопственикот кој е во Америка да ни каже кога и дали ќе земеме плата, а немама ниту за февруари, ниту за март. Се обративме писмено со потписи на сите вработени. Побаравме пред 10 дена со предупредување дека ако за три дена не ни исплати плата за февруари. Бидејќи немаме никаков одговор веќе 10 дена, одлучивме од денес да не произведуваме леб и бели печива. Иако е неправда кон граѓаните во ваква вонредна ситуација, особено за велигденските празници, но моравме да го преземеме овој чекор. Особено што од синоќа добивме информација дека рекол ако сакаме да работиме да продолжиме со работа, ако не, да си одиме дома. За плата нема ниту збор кажано. Инаку, придонесите за платата се поминати и преку банка ни се платени по 100 денари. Приватните фирми и производители од други градови најверојатно за краток период не ќе можат да го надополнат потребите и најверојатно градот ќе остане без доволно леб. Последната недела работевме со многу убедувања на вработените, само градот да не биде без леб. Но повеќе не се издржува и не е фер и спрема нашите семејства, изјави Ристески.

-Дома е тешко. Се наближува празникот, останавме без пари, не може да платиме сметки, 80 отсто од вработените се со кредити и нив им стигнаа забрани за плати. Ситуацијата е многу тешка. Во ваква ситуација, ние доаѓаме на работа, го ризикуваме здравјето, ама без пари. Наместо да бидеме наградени, ние сме казнети. Инаку, во фирмата е направена систематизација и сите вработени земаме по 14 500. Проблеми има и со К-15, со хранарината и патарината, вели Марјан Димоски, вработен во “Жито Прилеп”.

Дневно „Жито Прилеп“ произведува по 10.000 парчиња леб. Минатиот викенд, за полицискиот час, се произведени околу 25.000 парчиња и илјадници парчиња бели печива, а за овој велигденски викенд требаше да се произведат околу 35.000 парчиња леб.

(Видео) Во јавност исплива снимка на која се гледа како Емануел Макрон се расправа со медицинскиот персонал

Францускиот претседател Емануел Макрон вербално се судри со лекарка на париската болница, само неколку дена пред да признае дека Франција не била подготвена за епидемијата на коронавирусот, што може да се види на видео-снимката која исплива во јавност.

Расправијата се случила во болницата Кремљ-Бицетре во Париз на 9-ти април. Набрзо откако видеото беше објавено од синдикатот на медицинските работници, претседателот беше прикажан и во други снимки од неговата канцелари како аплаудира со персоналот во оваа установа.

На снимката од синдикатот може да се види како Макрон им говори на медицинските работници: “Не надохнадивме 15 години намалување на тарифите во болниците, во право сте, но не преземам одговорност за се што е правено претходно”.

Алал да им е: “Спасивме 250.000 работни места и 35.000 компании”

Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и надминување на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот – истакна на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

“Со пакетот мерки државата спасува 250.000 работни места, им помага на работниците и над 35.000 компании.

Се бориме за секое работно место, за секој работник, да ги зачуваме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.

Еден од инструментите за помош и поддршка на домашната економија се и бескаматните кредити кои им се ставени на располагање на микро, малите и средни претпријатија.

За оваа мерка има голем интерес од компаниите. Во втората група апликации одобрени се нови бескаматни кредити за дополнителни 118 компании со 1.116 вработени”, истакна Костадинов.

Целосната прес конференција проследете ја во продолжение:

Нови 66 лица со Ковид – 19 во Македонија: Во Прилеп 4 нови случаи

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови:

– Скопје-10 – Куманово-27 – Штип-3 – Прилеп-4 – Тетово-5 – Струга-4 – Велес-2 – Охрид-5 – Гостивар-1 – Кочани-3 – Неготино-2

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица.

Реал не штети и во светска пандeмиja: Новиот “Сантијаго Бернабеу” ќе биде нешто посебно – погледнете! (Видео)

Иако во светот на спортот владее криза поради пандемијата на коронавирусот, Реал Мадрид ја продолжува реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“.

Според планот на управата на „кралскиот“ клуб, реконструкцијата на славниот стадион ќе изнесува 500 милиони евра, а градот Мадрид дозвола да се продолжи со работите иако Шпанија е една од најпогодените земји во светот од коронавирусот со повеќе од 170.000 лица кои се позитивни на ковид-19.

– Нашиот стадион ќе биде најдобар на светот – порача претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Крајниот рок за завршување на реконструкијата на стаидонот кој е стар 73 години е октомври 2022 година.

Најголема промена во новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде подвижниот кров кој ќе може да се затвора за само 15 минути.

Позитив на денот: Браќа од Гостивар донираа 400 оброци за дежурните лекари, пожарникари и полицајци

Браќата Бесим и Хамит Латифи, сопсвеници на ресторанот „New Albis Гостивар“ поделија 400 оброци за дежурните во болницата во Тетово, Комуналец-Тетово и полицијата и противпожарната единица Тетово.

“Со оглед на состојбата во која се наоѓаме заради појава на пандемијата од вирусот „Ковид 19“, ресторанот New Albis Гостивар, сопствениците на ресторанот NewАлбис г.Џемил, Реџеп и Бесим Латифи одлучиа во знак на почит и благодарност да споделат храна за целио дежурен персонал од сите институции и претпријатија кои се во првите редови и се соочуваат со оваа вонредна состојба!

Денес, над 400 пакувања со храна беа дистрибуирани на дежурниот персонал и тоа за ЈЗУ Општата болница „Др.Ферид Мурад“, Здравствениот Дом,Клиничка болница во Тетово, Општинско-гостиварско претпријатие Комуналец и противпожарната единица во Гостивар.

Им благодариме и им честитаме на сите вработени во горенаведените институции и претпријатија за неуморната работа што ја вршат во служба на граѓаните!

Остануваме надежни и уверени дека сите заедно со нашиот придонес ќе ја надминеме оваа состојба успешно, со што е можно помалку последици и што е можно поскоро да се вратиме во нормалност”, напишаа од New Albis Гостивар.

Витаминка пример за општествено одговорна компанија: Донации за лицата со посебни потреби

Во период на вонредна состојба во државата, Витаминка продолжува со нови донации онаму каде што има потреба.

Овој пат тоа се здруженија и центри за лица со посебни потреби. Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп.

Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.

Во услови кога целата држава, сите институции и граѓаните се соочуваат со големи предизвици предизвикани од КОВИД 19, Витаминка неуморно помага излегувајќи пресрет секаде каде што е потребно.

Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.

Владиката Агатангел: Ве повикувам Велигден да го дочекаме на балконите со свеќа во рацете

Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони.

Владиката пред 20-ина дена ги повикуваше верниците да одат во црквите и да се причестуваат.

-Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните кои ќе го означат Христосовото Воскресение, со запалени свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на вашите балкони, дворови или пак во вашите дневни простории и да ја запеете Воскресентската песна. Честитајќи ви го празникот преку електронски медиуми, ве поздравувам со христијанскиот поздрав Христос Воскресна“, соопшти г. Агатангел.