дома блог страница 2665

(Видео) Бојадисување велигденски јајца на украински начин

За сите оние што уживаат да бојадисуваат јајца за Велигден и притоа имаат време целосно да му се посветат на тој процес еве едно интересно видео

Ако сакате вашата велигденска трпеза да изгледа мошне живописно, а јајцата да бидат вистински мали уметнички дела, тогаш би можеле да ги украсите јајцата како што тоа го прават домаќинките од Украина.

Велигденските јајца во Украина се украсуваат на традиционален начин и мошне е вообичаено за време на Велигден да се видат на трпезата. Јајцата се украсуваат со помош на восок, посебен алат, а шарите на нив се традиционални шари од украинската култура. Тие често се украсени со разни линии и геометриски фигури како квадрати и триаголници.

Големите луѓе прават големи дела: Несторовски донираше пакети за социјално загрозени семејства во Прилеп (Фото)

После помошта за прилепската болница, македонскиот фудбалски голгетер Илија Несторовски уште еднаш ја покажа својата големина и овојпат испрати помош за оние на кои им е најпотребно.

Македонскиот репрезентативец и напаѓач на калчолигашот Удинезе, заедно со неговото семејство подготвија пакети со помош пред Велигден за повеќе социјално загрозени семејства во Прилеп.

-Во време на пандемијата од коронавирусот, едно од најголемите зла на денешницата, а во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, фамилијата Несторовски ви посакува убави моменти во кругот на семејството со пораката: “Остани дома”

(Видео) Со оваа песна се испраќаат излечените пациенти: Лекарите и медицинските сестри испраќаат порака на надеж

Лекарите и медицинските сестри во две болници во Њујорк и Мичиген на излечените пациенти им испратија музичка порака: “Продолжи да веруваш”.

На снимката од Њујоршката болница, здравствените работници ја пеат познатата песна од 1981 година и ги испраќаат пациентите кои го победија виpycoт.

“Како порака на надеж во овие тешки времиња, нашата болница ја пушта песната “Продолжи да веруваш”, секој пат кога се отпушта пациент кој го победил виpycoт”, напишаа од болницата.

Жолто нерегистрирано комбе од СДСМ делело пакети среде пандемија во Прилеп? (Фото)

Акцијата за делење на пакети со продукти која ОО СДСМ Прилеп ја започна пред неколку дена, продолжила и во текот на вчерашниот ден.

Според партијата пакети со продукти се делат на социјално загрозени семејства, како помош за справување со пандемијата предизвикана од коронавиpycoт.

Во текот на вчерашниот ден пакети се делеле во месната заедница Корзо.

Како што дознаваме комбето со кое се превезувале пакетите било нерегистрирано, а возачот бил без возачка дозвола, па откако полициски службеници извршиле контрола следувала казна.

Прилеп стигна до 100 зapaзени од Koвид-19

На денешната прес конференција во Општина Прилеп, Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје, истакна дека во изминатото деноноќие во Прилеп се дијагностицирани нови 11 случаи со коронавиpyc.

„Во моментот денес во инфективното одделение има 18 хоспитализирани лица, 15 со потврден Koвид, додека 5 се сомнителни. Земени им се материјали и за нив се чекаат резултати. Во однос на медицинските работници, здравствените работници, во споредба со другите податоци за другите градоби, кај нас навистина не е голем бројот на инфицирани здравствени работници. Осум се досега вкупно заболени, додека под здравствен надзор се ставени 30. На некои здравствениот надзор, односно оној период од 14 дена во самоизолација е поминат, останатите кои се сеуште во здраствен надзор ќе бидат тестирани. Во текот на изминатите два дена тестиравме здравствени работници од Итната медицинска помош и од интерното одделение, додека до крајот на неделата планираме останатите здравствени работници на кои надзорот им истекува за овие три дена, тоа се тројца здравствени работници од интерното одделение и имаме 7 од одделението за дијализа“, истакна Станимировиќ.

Kpивична за 44-годишен прилепчанец за недозволено изработување, држење и тргување со opyжје

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „недозволено изработување држење и тргување со opyжје или распрскувачки материи“.

На 27.12.2019 на ул.„Ножот“ во Прилеп, полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, пронашле и одземале полуавтоматckи пиштол „ZASTAVA“ модел М-57, кал.7,62×25мм со избришан фабрички број, за кој не поседувал документација.

Не истурајте ја водата во која ги варите јајцата: Може да се искористи за повеќе намени

Водата во која се варат јајцата може да биде искористена за повеќе намени.

Оваа вода е одлична за растенијата кои ги имате. Растенијата сакаат калциум, а калцуиумот го има во водата во која се вареле јајца. Калциумот помага за одржување на добра pH вредност на земјата.

Неутрална земја, која има pH вредност меѓу 6.0 и 6.5 му нуди на растенијата идеална околина за преземање на хранливи материи кои се потребни за раст и развој.

Важно е водата во која се вареле јајца да ја оставите да добие собна температура пред да ја турите кај растенијата.

Северина yaпceна во Белград: Се движела за време на полициски час

Хрватската пејачка била запрена вчера околу 21 часот во близина на трговскиот центар “Oков” на улицата Партизанска авијација во Белград.

Полицијата го запрела автомобилот со марка BMW, со загребски таблици, а при проверката било утврдено дека Северина нема дозвола за движење за време на полициски час, па била приведена во станица.

Таа била упатена кон судија за прекршоци.

Димитриевски: Во Куманово има 40 нови случаи со Ковид -19 меѓу кои и јас

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук информираше дека во Куманово денеска има нови 40 случаи со Ковид -19, меѓу кои е и тој самиот

“Почитувани сограѓани, драги пријатели,

Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас.

Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.

Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа!”

Доктор од Битола револтиран кон Филипче: Четири дена чекавме резултат за пациент, барам да се одговара

Доктор од Битола преку социјалната мрежа Фејсбук го прозва министерот за здравство Венко Филипче бидејќи резултатите од тестовите за Ковид-19 се чекаат и до четири дена.

-Почитуван колега и Министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на интерно одделение, за сега во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19??? Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија. Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да ги смените веднаш.

Таков гнев и револт чувствувам што не се опишува. Не ме исполнуваат аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев. Потфрливме и за ова барам да се одговара, пишува докторот на Фејсбук.

Во коментарите тој појаснува дека пациентот бил примен во петокот, а во саботата му бил земен брис. За тоа дека е позитивен Трајковски бил информиран дури синоќа. Пациентот бил асимптоматски, но постоел епидемиолошки податок дека можеби е заразен со коронавирусот.