дома блог страница 2664

(Видео) Рајските плажи окупирани од крокодили затоа што нема повеќе туристи

Крокодилите во Мексико за прв пат по неколку децении започнаа да излегуваат на плажите, бидејќи луѓето се повлекоа во своите домови поради пандемиjaта.

“Кога нема многу луѓе, крокодилите ги поставуваат правилата”, пренесуваат мексиканските и американските медиуми.

Популарната дестинација за екотуризам, лагуната на плажата Вентанила, е дом на многу крокоди кои до сега се криеја од посетителите кои доаѓаа да ги снимаат со туристички бродчиња.

Но сега кога туристите се повлекоа во своите домови, крокодилите често може да се видат на плажите, а една од фотографиите на која може да се видат пет крокодили го обиколи целиот американски континент.

“Италија, извини! Точно е, не помогнавме на време”: Европската унија ја призна грешката

Урсула фон дер Лејен вели дека ЕУ и покрај почетната неподготвеност, во претходните 4 недели направи повеќе отколку првите четири години на претходната криза.

Таа во обраќањето во Европскиот парламент повика за итно воспоставување на “Маршаловиот план за Европа” и тоа првенствено низ ЕУ буџетот.

Урсула во својот говор изрази сочувство за десетиците илјади жpтви на кopoнавиpycoт во Европа. Таа оцени дека во почетокот на пандемиjaта ЕУ не и пружила благовремена помош на Италија која во тој момент и беше многу потребна.

“Точно е дека никој не беше подготвен за ова. Вистина е и дека премногу се каснеше кога на Италија и беше потребна помош на почетокот од кризата. И поради тоа е важно Европа да упати искрено извинување”, рече Фон дер Лајен.

Коронавиpycoт не ја прекина прекрасната традиција на Велики четврток во Вевчани (Фото)

Прекрасната традиција во Вевчани не ја прекина ниту пандемијата со коронавирусот

За Велики Четврток домаќинките во Вевчани како и насекаде во Македонија рано наутро ги бојадисуваат јајцата, а потоа секое семејство носи кошница со јајца во црква.

Koшниците се земаат наредниот ден за Велики петок. Вевчанци и оваа година ја испочитуваа традицијата, а Ѓорѓи Влајнкиноски преку прекрасни фотографии го долови овој обичај.

Погледнете:

Граѓаните револтирани од оваа глетка на патот Дреново-Прилеп (Видео)

Патот Прилеп-Градско кај Дреновска клисура денеска

Кон крајот на октоври минатата година за време на увид во градежните активности на делницата од магистралниот пат Гостивар – Кичево, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека годината ќе ја завршат со над 500 километри обновени патишта.

Градоначалникот на Прилеп пак Илија Јованоски во октомври на трибина истакна дека општината асфалтирла 24 километри улици во градот.

И двете изјави звучат убаво, но дали е така граѓаните најдобро знаат…

Еве како изгледа патот Прилеп-Градско кај Дреновската клисура:

(Видео) Кит долг 20 метри забележан во близина на Италија

Италијанската крајбрежна стража за време на хеликоптерска потрола воочиле кит долг 20 метри меѓу островот Елба во Тосканскиот архипелаг во Средоземно море.

Неколку дена претходно, два кита беа забележани како пливаат еден покрај друг на југот меѓу Калабрија и Сицилија.

(Видео) Имајте ги најубавите велигденски јајца со помош на лак за нокти

Интересен начин на боење на велигденските јајца. Со помош на лак за нокти оваа жена ги прави во повеќе нијанси, а тие изгледаат совршено.

Се што ви е потребно е вода и вашите омилени лакови за нокти!

Погледнете како се изработуваат:

Парични казни за 40 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основен суд – Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 40 лица за непочитување на полицискиот час.

– Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Koвид-19, во одделни kpивично правни настани во временскиот период од 10 април до 16 април 2020 година, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството на надлежниот суд му предложила за секој од обвинетите да изрече парична kaзна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност

Героски: “Не ви иде памет, другарчиња, а ве предупредив дека ќе завршите во карантин!”

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е позитивен на ковид-19. Со денови, со недели Максо бара цело Куманово да биде ставено во карантин. Никој не го слуша. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска сега дава „експертско“ мислење дека тоа барало многу ресурси и дека нема да помогнело – пишува новинарот Бранко Героски во колумна на порталот “Плус Инфо”.

Во својата колумна понатаму тој додава:

– Е да… Сега да, сега веќе ништо не може да помогне. Сега работата полека ви излегува од контрола, другарки и другарчиња.

По средбата со градоначалникот на Куманово, во домашна изолација веќе се (или мора да бидат) премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче. Тие денеска (16 апил) не присуствувале на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Османи веќе потврди дека се самоизолирал. Потврди и Филипче. Ако се следат правилата на игра воспоставени токму од македонските здравствени власти, сите мора веќе да се во самоизолација. За нивно и за наше добро. Здравјето, сепак, е пред сѐ. Нивното, но и нашето.

И така, Македонија привремено ќе биде земја во која премиерот, вицепремиерот кој е лекар и министерот за здравство кој е лекар, како и двајцата лидери на најголемите политички партии, покрај градоначалници и пратеници, или се во изолација поради сомневање дека се заразиле со опасната болест, или, не дај боже, веќе се позитивни.

А ме напаѓавте, другарки и другарчиња, ја пуштивте на најјако вашата малоумна пропаганда, кога пред една недела, во колумна, на ова место, јавно предупредив дека ние имаме сериозен проблем и кога го нагласив следново: „Да бевме нормално општество, кое не мора баш да блеска, туку само да функционира на некакво ниво на примарна организираност, за државните раководители и за водечките политички личности ќе имавме посебни протоколи за однесување во вакви екстремно кризни и опасни ситуации“.

Целата колумна на новинарот Бранко Героски прочитајте ја ТУКА

Наумоски: “Имаме 702 вработени, тие се нашата најголема сила и постојано им помагаме – “Витаминка” работи непречено”

Интервју на Генералниот деиректор на Витаминка, Сашо Наумоски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

-Никој не очекуваше дека ќе дојде до оваква криза и пандемија. Ние секојдневно помагаме во оваа непогода. Работиме во прехранбена индустрија. Капацитетите ни работат непречено и без никакви проблеми имаме дистрибуција на производите. Храна мора да има!, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на „Витаминка“ Сашо Наумоски.

Тој истакна дека редовно се врши дезинфекција и дека одлично функционира транспортната дистрибуција како во земјата, така и во ЕУ земјите.

Процесот на производство претрпе и поголеми измени во начинот на однесување на вработените во компанијата. Вршиме дезинфекција со посебни дезинфекциски средства наменети за производство на прехранбени продукти.

–И претходно имавме најдобро организирана транспортна дистрибуција во Македонија. Проблемот со извозот успешно го пребродуваме и нормално функционираме на тоа поле. Морам да кажам дека секоја држава на различен начин реагира. Сега за сега имаме пролонгирани нарачки од Србија, БиХ и Црна Гора. Од ЕУ немаме откажано нарачки, вели Наумоски.

Вработените се целосно заштитени, плата добиваат и оние кои се дома и оние кои работат во вонредна состојба.

-Имаме 702 вработени. Неспорно дека грижата за нашите вработени е коректна. Тука сме да им помогнеме. Не само што се целосно заштитени туку и постојано се информирани. На вработените им помагаме со производи за да го минимизираме стравот од губењето на работното место. 15% се ослободени согласно препораките од Владата. Укинато е работењето за викенд. Исплативме 100% плата за оние кои се дома и додатни 10% за оние кои работат во вонредна состојба.

-Никој нема искуство со ваква пандемија. Секојдневно владата ги надградува мерките. Но, сакам да кажам дека ние нема да користиме некои од мерките на владата, затоа што нашата дејсност не е во загрозените дејности. Единствена мерка што би можела да ја користиме е одложено плаќање на кредитите. Секојдневно сме во комуникација со банките. Ако ги сервисираме редовно обврските и оваа мерка нема да ја користиме, вели Наумоски.

Целосното интервју може да го погледнете на: https://slobodna.tv/наумовски-витаминка-работи-непре/

Рекорден број на новозapaзени од Koвид-19 во Македонија

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Koвид-19

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 28; Куманово -44; Дебар – 2; Штип – 1; Прилеп – 11; Тетово – 5; Струга – 1; Велес -4; Битола – 6; Кавадарци -1; Гостивар – 2; Кочани -1; Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367; Куманово – 306; Дебар – 51; Штип-32; Прилеп –100; Тетово – 48; Струга – 50; Велес – 40; Битола –15; Охрид –7; Кавадарци – 4; Гостивар –12; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка-4; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 26; Пробиштип – 2; Кичево – 2; Неготино -2.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.