дома блог страница 2663

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на кopoнавиpyc Македонија

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Koвид-19.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен.

Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

Три нови случаи на Koвид-19 во Прилеп

Денес во општина Прилеп се регистрирани три нови случаи на кopoнавиpyc.

Во моментов има вкупно 103 регистрирани случаи, а 422 лица се наоѓаат во самоизолација. Во текот на вчерашниот ден немало прекршувања на полицискиот час.

Стара, но злато вредна фотографија: Легендарниот тим на Победа што на Прилеп му го донесе првиот трофеј

Tимот од 2002 година што на Прилеп му го донесе првиот трофеј

Поранешниот фудбалер на ФК Победа, Панче Ќумбев, објави фотографија од златниот тим на црвено-белите, што на Прилеп му го донесе првиот трофеј во сезоната 2001/02 година, кога Победа го освои фудбалскиот Куп.

Горен ред: Ќумбев, Здравески, Петров, Мицевски, Пеич, Ѓорѓиоски

Долу: Каранфилоски, Крстев, Ѓокич, Жилсон, Николаески

Тренер: Мирсад Јонуз.

Никако да не напушти снегот во април: Топлото време ќе трае до вторник, потоа следува нова голема промена

Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд.

Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините.

Денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура се движеше во интервалот од -2 до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.

До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура.

Во понеделник кон крајот на денот ќе имаме локален дожд и услови за појава на грмежи.

Значителна промена на времето се очекува во вторник која ќе биде проследена со заладување повремени врнежи од дожд, а на планините и снег.

Известување до сите земјоделци од Прилеп и прилепско

Известување од општина Прилеп до прилепските земјоделци

Општина Прилеп ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од сабота 18-ти април до вторник 21 април 2020 година, да го известат Општинскиот кризен штаб на телефонскиот број 0800 00 210 каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење треба да се најави еден ден однапред, најдоцна до 20 часот. Притоа, точно треба да дефинираат времето и местото на извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека нема да сe издаваат дозволи за движење, туку само ќе се евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици.

На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековните земјоделски активности.

Oд 16 часот попладнево граѓаните влегуваат во 85-часовен карантин: Аптеките ќе работат непречено, забраната од вчера важи и за во паркови и шуми

Попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава.

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Од вчера во 16:00 часот до 05:00 часот во вторник 21 април е забрането движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Изземени од забраната се и сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здраство Венко Филипче, во пресрет на Велигденските празници апелираа до граѓаните да покажат одговорност, да останат дома, да не се собираат, групираат и строго да ги почитуваат заштитните мерки, посебно физичката дистанца од два метра, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежните укажуваа дека влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смее да се дозволи тој дополнително да се оптовари и да се даде шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти.

Верниците во Прилеп на растојание во црковните храмови чекаат да се поклонат пред Плаштаницата Христова (Фото галерија)

Верниците на растојание во црковните храмови во Прилеп

Редарска служба, средства за дезинфекција и налепници каде треба да стојат верниците… Вака црквите во Прилеп од рано утрво ги пречекуваат верниците за Велики Петок.

Во црковниот храм „Св. Петка“ и покрај непријатната ситуација со епидемијата, а благодарение на беспрекорната организација и несебичното залагање на свештениците и вработените во храмот, како и на волонтерите, верниците се примаат за поклонение пред Плаштаницата Христова, притоа не прекршувајќи ги безбедносните мерки за заштита и превенција од корона вирусот.

(Видео) Мистерија или Македонија ја виде колонијата сателити “Старлинк” синоќа?

На социјалните мрежи синоќа граѓаните реагираа со пораки дека на небото над повеќе македонски градови се случувало вистинска “мистерија”.

По статуси се појавија најразлични “теории на заговор”, дека се работи за метеори, дронови…., но вистината е сосема друга.

Се работи за нова класа на телекомуникациски сателити таканаречени “Старлинк” сателитите кои се во сопственост компанијата Спејс Икс (SpaceX), чиј сопственик пак е Елон Маск.

Kaко што објаснуваат од “Скопското астрономско друштво”, оваа глетка е поттикната од тоа што се лансираат по 60 сателити одеднаш и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити, а во план е во иднина да бидат лансирани 12 000.

Првите 60 сателитеи компанијата “Спејс Икс” во вселената ги испрати во мај минатата година. Целта на овој потфат како што пишува “Си-Ен-Ен”, е создавање мегаконстелации кои на светското население може да му овозможат евтин широкопојасен пристап до интернет.

Според она што се ширеше на социјалните мрежи глетката била најдобра во Скопје, но ниту прилепчани не останаа рамнодушни на оваа појава и објавуваа фотографии и видеа.

Еве едно такво:

Граѓаните велат дека светлечките објекти на небото најпрво биле во редица едно до друго, а потоа се разделиле во различна форма.

Движењето на “Старлинк” сателитите можете да го следите на следниот ЛИНК

Скопското астрономско друштво има напишано многу интересна анализа за тоа зошто и како граѓаните грешат во толкувањето на појавите на небото.

Статијата можете да ја погледнете ТУКА

Верувања за денешниот ден: На Велики петок не јадете лук и оцет

Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.

На Велики петок Исун Хрисотос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.

Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.

Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.

Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.

Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.

Денеска е Велики Петок- нajтaжниот ден во xpиcтиjaнстовото

Денеска е Велики Петок

Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота.

Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја).

Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.