дома блог страница 2662

(Фото) Неверојатна промена: Погледнете како изгледа Венеција од сателит

Европската вселенска агенција објави две фотографии од Венеција, едната направена пред една година, а другата на 13ти април. На нив може да се види влијанието кое го имаше пандемиjaта врз италијанската туристичка атракција.

Едната фотографија е од 13 априла, а другата од 19 април 2019 година. На нив може да се види како драстично се намалил бројот да бродчиња во италијанскиот град од почетокот на кризата.

Венеција се наоѓа во североисточна Италија, во затворениот залив во Јадранско море, позната по својата мрежа на пловни патишта. Но откако Италија најави затварање на 8 март, градот кој беше полн со туристи, целосно се испразни.

Следете во живо: Утрена литургија, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата во Бигорскиот манастир

Бигорскиот манастир во живо на Фејсбук ја емитува Утрената литургија, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата

Во Македонија пад на буџетските приходи за 38 отсто, а Србија се пофали дека се во плус

Еден ден откако директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, соопшти дека приходите во буџетската каса на Македонија во првите две недели од април се намалени за 38,15 проценти, Србија се пофали со натфрлување!

При слични услови за стопанисување и уште послични мерки за справување со епидемијата на Ковид-19, пред сè во однос на полицискиот час, северниот сосед до средината од месецов собрал повеќе пари во државната каса од планираното, извести министерот за финансии Синиша Мали.

„Ние вчера (15 април – н.з.) во проекцијата на нашите приходи имавме план за 33,8 милијарди динари разни даночни приходи, влезен ДДВ, данок на доход на граѓаните, а наплативме 34,5 милијарди динари. Значи, малку подобро од она што го планиравме“, изјави тој.

Министерот очекува намалени приходи од даноци и придонеси до крајот на април и во мај поради одложувањето на нивната наплата за целокупниот приватен сектор, но очекува пакетот економски мерки во вкупен износ од пет милијарди евра да го амортизира ударот.

„Од таа страна очекуваме намалени приходи во наредниот период, но без грижа дали тоа ќе влијае на нашата ликвидност“, уверува Мали, додавајќи дека не се откажуваат ни од програмата „Србија 2025“, која предвидува инвестирање 14 милијарди евра во следните пет години во инфраструктурата, во изградбата на станови и за поддршка на младите, во образованието итн.

Извор: “Експрес.мк”

УЖИВАЊЕ! Прилепчанец изработи видео кое исполнува срце и душа

Maртин Пресилски од Прилеп се потруди по којзнае кој пат да ја канализира својата креативност и да направи нешто убаво во кое сигурно ќе уживате.

Насловот на неговото најново дело гласи: “Земјата – Времето никогаш не умира”, a во него се претставени едни од најубавите места во Македонија.

Уживајте во продолжение:

Повеќе креативни видеа можете да погледнете на неговиот јутјуб канал: MP’™

АРМ со порака до граѓаните од Прилеп и Куманово (Видео)

„Спаси живот, држи растојание“ е мотото во видеото на Армијата, снимено во Прилеп и Куманово, каде нејзини припадници се распоредени и помагаат во одржувањето на редот и спроведувањето на мерките на Владата во борбата против коронавирусот.

„Почитувајте ги препораките за одржување безбедно растојание, дајте го вашиот придонес во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19″. Армијата е секогаш со вас. Да спасиме животи заедно.“ – се вели во статусот на Армијата на Фејсбук.

(Фото) Kapтелот на Ел Чапо и неговата ќерка им делат помош на загрозените

Ќерката на “кралот на дpoгaтa” Хоакин Гузман познат како “Ел Чапо”, Алехандрина, со нapko kapтелот разносуваат пакети за помош на загрозените од kopoнавиpyc, откако бројот на зapaзени во Мексико започна рапидно да расте.

Алехандрина Гузман ја користи својата компанија “Ел Чапо 701” за пакување и испорака на пакети за помош кои содржат храна, маски, сапуни и остани средства за дезинфекција.

Paketi koji će se distribuirati po Gvadalahari imaju sliku El Čapa kao i oznake na maskama za lice koje zaposleni u kompaniji nose dok pakuju i dostavljaju robu.

Пакетите кои се дистрибуираат низ Гвадалхара имаат слика од Ел Чапо на нив.

(Видео) Како со обичен сунѓер и четка за заби од јајцата да направите уметнички дела

На Велики четврток, а во некои градови и на Велики петок, жените ги бојадисуваат велигденските јајца и се трудат да направат вистински уметнички дела, како би ги израдувале своите најблиски.

Постојат разни техники на бојадисување на јајцата, а ако сакате да добиете природен изглед, ставете сунѓер во боја, а потоа започнете да ги допирате јајцата со сунѓерот. Ќе добиете уникатни шарки и оригинално украсено велигденско јајце.

Погледнете ги необичните техники на бојадисување:

Мисајловски со Мицкоски во црквата кај Смилковско езеро: „Да веруваме во Бога и да се помолиме за Македонија“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски заедно со партискиот лидер Христијан Мицкоски ја посетија православната црквата Св. Четириесет маченици на Смилковското езеро.

-Запаливме свеќа и на спомениците на 5-те невини луѓе кои го загубија животот на истото место. Нека Христовото воскресение и неговата симболика, победата на животот ни биде водилка за нашето делување. Да поминуваме време со семејството, да создаваме хармонија со нашите најблиски, нашите пријатели, роднини, колеги, во целата средина, напиша тој.

Мисајловски порача: „Да веруваме во Бога и да се помолиме за Македонија“.

-Да си припомнеме за сите оние кои поминуваат низ тешкотии, за сите оние кои се болни и сами, но и за сите оние кои се борат со новонастаната ситуација. Болните да оздрават, а оние на линијата на борбата со вирусот да ги служи здравјето и силата. Да се помолиме и за Македонија. Денеска е денот кога се овистиниле Исусовите зборови дека и “мртвите камења ќе посведочат за живиот Бог“, истакна Мисајловски.

Ова се дежурните маркети и аптеки за време на карантинскиот празничен викенд во Прилеп

Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота, недела и понеделник, 18, 19 и 20 април:

Дежурни маркети:

Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.

Дежурна аптека во петок, сабота и недела, 17, 18 и 19 април: „Ремедија“…………………….тел:048/423-455

Дежурна аптека од понеделник 20 април, до недела 26 април: „Мента Фарм 2“……………..тел:070 711 651

Работното време на аптеките е 24 часа, по телефонски повик од лекарски тим од здравствената установа каде се спроведува дежурството

Волонтерска служба на Општина Прилеп: Контакт телефони: 048 401 700 и 0800 00 210

Во сабота и понеделник, 18 и 20 април, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.

Големите луѓе прават големи дела: Прилепчанка ги обезбеди сите свои колешки со заштитна опрема (ФОТО)

Прилепчани со големи срца

Секој човечки живот е важен, а здравјето и заштитата на здравствените работници кои секојдневно се изложени на опасност од Ковид-19 е приоритет во овие тешки времиња за сите.

Невенче Момироска која работи во гинеколошко акушерското одделение во општата болница “Борка Талески” во Прилеп, заедно со нејзиното семејство и со помош на графичкиот инженер Зоран Дамчески и конфекцијата “Мартекс”, донираа заштитни визири, медицински маски и медицински нараквици за сите сестри од ова болничко одделение.

Секоја чест за големиот гест и истиот нека биде поттик за секој оној кој е во можност да донира!