дома блог страница 2659

Пронајдено безживотно машко тело во центарот на Прилеп

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти денеска МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукциja.

На 18.04.2020 во 05,45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана „Шарена чешма“ на улица било забележано паднато машко лице.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место и на ул.„Браќа Ламески“-Прилеп, пронајдено било безживотно машко тело, со видлива повpeда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р(73) од Прилеп.

Од доктор од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти денеска МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукциja.

“Комити” го “запалиja” Скопје: Спектакуларен дочек на Христовото Воскресение (Видео)

Прекрасна глетка синоќа во изведба на најголемата навивачка група во Македонија.

Имено Комитите по повод најголемиот Христијански празник, точно на полноќ имаа свое пиротехничко шоу.

Тие просто го „ЗАПАЛИЈА“ Драчево и со тоа го прославија Велигден во овие тешки корона – времиња, и секако уште еднаш дадоа до знаење дека знаат да ги почитуваат историјата и традицијата.

Гест за поздравување, фасцинантна глетка. Уживајте во синоќешното шоу на Комити.

Владата нареди, од среда задолжително носење заштитни маски во Прилеп

Почнувајќи од 22 април 2020 година (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл.

За оваа цел, Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе го нормира ова прашање, начинот на имплементирање, користење, потребната заштитна опрема, како и да се уреди прашањето на минимум задолжителната количина (резерва) што производителите на маски треба да ја имаат за потребите на државните институции. Во уредбата да се предвиди дека обврската за носење на заштитна опрема ќе се применува на територијата на Република Македонија, но по извесен период.

Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани во Република Македонија, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, согласно одлуките, мерките и препораките на Владата, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување на намирници и лекови од маркетите и аптеките.

(Видео) Исповед на жената која работела на отварањето на Христовиот гpoб: “Го отворивме и потоа сите инструменти престанаа да работат”

Медиумите пренесуваа дека за време на отварањето на Светиот гpoб се случувале чудни феномени на небото и се слушале чудни звуци.

“Кога го отворивме гpoбот на Исус Христос, инструментите престанаа да работат”, рече Антонија Морополу, хемиски инженер на Националниот технички универзитет во Атина, лидер на експертскиот тим кој пред неколку години направи неверојатен потфат и го отвори гpoбот на Исус Христос во Ерусалим, односно, на местото од неговото вocкpeснување.

Медиумите пренесуваа дека во тој момент се случувале чудни феномени на небото, а се слушале и чудни звуци.

“Јас тоа не го реков, бидејќи во моментот на отварањето на Светиот гpoб бев внатре со останатите. Немаше никаков феномен, но кога излегов надвор, откако започнавме да го истражуваме гpoбот, инструментите кои претходно ги поставивме на плочата од гpoбот едноставно се исклучија. Тоа е факт. Не можам да го објаснам тоа, но снимено ми е. Со сигурност можам да ви кажам дека на тоа место постои некоја енергија, која е многу, многу силна”.

(Фото) Овој аналитичар го погодил исходот на сите избори од 1984 година: Еве што мисли дека ќе се случи во ноември

Пандемиjaта на кopoнавиpycoт и економските потреси кои ги претрпи САД ги намалија шансите за повторно избирање на актуелниот претседател Доналд Tpaмп, оценува Алан Лајтмам, експерт и предавач на Американскиот универзитет во Вашингтон.

“Доколку пандемиjaта не беснее во ноември- нема да има причина за одлагање или откаѓување на претседателските избори. Но, никогаш не можете со сигурност да знаете што би можел да направи Tpaмп. Тој не покажа разбирање за законите или за почитување на Уставот. Заинтересиран е само за себе”, вели Лајтман.

Станува збор за аналитичар кој точно го предвиде исходот на последните седум циклуси претседателски избори во САД од 1984 година. Тој очекува дека изборите ќе бидат одржани на 3 ноември 2020 и дека во случај на потешкотии поради Koвид-19, на граѓаните треба да им се овозможи “поштенско гласање”- механизам на кој Tpaмп жестоко се противи.

Христос Воскресна! Направете од вашите домови мали црковни храмови и испратете молитви за здравје

Денеска е најголемиот ден за православните Христијани. Христос Воскресна од мртвите и од земјата премина во вечниот небесен живот.

Во овие тешки времиња кога се соочуваме со светска пандемија предизвикна од коронавирусот, направете мал црковен храм од вашите домови, останете дома и испратете ги вашите молитви за здравје на сите луѓе ширум светот.

На овој светол ден подајте си рака, заборавете на се што било меѓу вас и ближните, чествувајте го името Божјо и поминете го денот во мир и благодет.

Бог нека ја благослови вашата празнична трпеза и нека го стопли вашиот дом со неговото присуство.

Подарете љубов, како што Господ Исус Христос ширел љубов и својата саможрва го спасил човештвото од гревови.

Божјата рака нека биде над сите, нека донесе мир на овие наши простори и нека ни го покаже вистинскиот пат.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Во живо од Бигорскиот манастир: Литургија по повод Христовото Воскресение – Велигден

Во живо од Бигорскиот манастир

Воскресение Христово – Велигден (ПАСХА) во Живо од Бигорски манастир.

Реализацијата на преносот е на познатиот фотограф и снимател Стојан Стојановски и “2С Студио”.

Протоереј Љупче Петрески: “Оваа ноќ, како никогаш досега, ќе никнат илјадници мали цркви во Македонија!”

Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески од Прилеп

“Оваа ноќ, како никогаш досега, ќе никнат илјадници мали цркви во Македонија! За многу години Македонци!”, напиша Отец Љупче на својот Фејсбук профил.

(Фото галерија) Волшепство вечерва зрачи од црквата Св. Петка во Прилеп

Црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп во пресрет на Христовото Воскресение

Преубавиот црковен храм Св. Петка во Прилеп зрачи со посебна убавина и светлина пред големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден.

Иако без верници, свештенството и вработените ја украсија црквата во знакот на радосната вест за сите христијани, Воскресението на Спасителот на светот.

Со овие фотографии од прекрасниот храм Св. Петка ви посакуваме прекрасна празнична вечер, ви посакуваме добро здравје и посакуваме Христовото Воскресение да донесе радост во сечиј дом.

Благодетниот оган од Христовиот гpoб пристигна во Бигорскиот манастир (Видео)

Денеска како и секоја година на Велика сабота се повтори чудото во црквата на Светиот гpoб во Ерусалим

Благодетниот оган кој денеска предпладне се запали од Христовиот гpoб вечерва пристигна во Бигорскиот манастир.

Од манастирот на Фејсбук објавија видео од пристигнувањето на светиот оган: