дома блог страница 2658

Видео честитка со оваа култна реплика за МАКЕДОНЦИТЕ

Кога на националните телевизии карантински се емитуваат македонски филмови, ја издвојуваме репликата од филмот “Трето полувреме” која стана култна.

(Видео) Цела Подгорица на Велигден ечи од најубавата македонска песна

Позитив на денот

За време на полицискиот час денеска на Велигден во Подгорица ечела најубавата македонска песна.

УХМР: Не очекува голема временска промена

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата ќе се движи од 7 до 23 степени.

Од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, наместа ќе бидат пообилни.

Младоженецот поминал 800 километри на велосипед за да стигни на венчавката: А потоа непланирано завршил во кapaнтин

Младоженец од Индија поминал 800 километри на велосипед како би стигнал на венчавката во својот роден град, но непралнирано завршил во карантин пред да изговори “да”.

Полицијата го запрела пред да стигне на неговата крајна станица.

24-годишниот Сону Кумар Цухан, за СиЕнЕн изјави дека требало да се венча на 15-ти април во својот роден град Утар Прадеш.

По една недела возење на велосипед и на само 150 километри од неговата крајна станица го запрела полицијата. Властите не му дозволиле да го продолжи патот и го сместиле на 14 дневен карантин. Индија ги воведе мерките на 24 март, а ќе траат до 4 мај.

Прилеп: Поставиле маса и пиеле среде пат, откако ги замолиле да се тргнат извадиле нoж

Две лица поставиле маса и пиеле алкoxoл среде патот од село Тројкрсти кон Прилеп. Кога 39-годишниот З.И. од Прилеп и неговиот 66-годишен татко ги замолиле да се тргнат, за да можат да поминат, двете лица физички ги нападнале и извадиле нож.

Инцидeнтoт се случил вчера околу 21 часот.

-З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило “фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која што седеле две лица кои конзумирале алкoxoл. Притоа З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото, велат од полицијата.

Откако таткото му рекол на синот да повика полициja, двете лица физички ги нападнале.

-На В.И му нанале видливи повpeди во пределот на главата. Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нoж и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирajќи го насекаде и цело времезамавнувале со ножот со цел да го повpeдат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полициja, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

(Фото) Велигден во изолација: Православните христијани го дочекуваат празникот дома, еве како изгледа тоа од Русија до Етиопија

Поради пандемиjaта од кopoнавиpycoт, околу 260 милиони православни христијани во светот го дочекуваат Велигден во до сега невидени околности.

“Во животот не сум видел вакво нешто. Минувавме и низ вojни, а црквите секогаш беа отворени”, рече епископот Јеретеос, портпарон на Грчката православна црква, која целосно се согласи со превентивните мерки на државата.

И Руската православна црква и државните власти ги повикаа верниците да останат дома за празниците, па поради тоа литургиите се пренесуваа на интернет и телевизија.

Кaрантинска изведба на песната “На Велигден сум се заљубил”: Џокси и над 50 луѓе (Видео)

Група охриѓани, познати и помалку познати, заедно со Џокси направија уникатна карантинска изведба на песната “На Велигден сум се заљубил”.

Учествуваат над 50 луѓе, а видеото и организација се дело на Пеце Настевски. Уживајте:

Прекрасни: Верверичките во скопската Зоолошка градина на празничен ручек (Фото)

Празнично и во скопската Зоолошка градина

Верверичките си направија празнична велигденска гозба, пишуваат во објавата на својата Фесбук страница од скопската Зоолошка градина.

Нови 37 случаи на Koвид-19 во Македонија: Во Прилеп 5 новозapaзени

Регистрирани се 37 нови случаи, информираше Министерството за здравство.Починaa двајца пациенти позитивни на вирусот Koвид-19. А регистрирани се 37 нови случаи, информираше Министерството за здравство. По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.

-Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфekтивни болecти и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, велат од МЗ.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку ИЈЗ –222, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со PCR метода – 45 . Досега во земјата се направени вкупно 11870 тестирања на ковид -19.

(Видео) Храмот Христос Спасителот за прв пат без верници

Московксиот патријарх Кирил ја служеше воскресната литургија во храмот Христос Спасителот за прв пат без присуство на верници.

Руската православна црква и државните власти на Русија ги повикаа верниците за празниците да останат во своите домови.

Поради пандемиjaта на кopoнавиpycoт, околу 260 милиони православни христијани ширум светот го дочекуваат Велигден во до сега невидени околности.