дома блог страница 2660

(Фото) Гоце Делчев на гости кај стара прилепска фамилија

Оригиналната фотографија на која Гоце Делчев е во друштво на видни прилепчани од семејството Бабоски, настанала на митровденска слава на 8 ноември 1901 година во Прилеп.

Бабовци биле позната прилепска бакалска фамилија, а Делчев, кој од конспиративни причини избегнувал да се фотографира, правилото го прекршил поради наводната блискост со Јанка Каневчева, братучетка на Кузман Шапкарев.

Централна фигура е Алекса Бабе, со ќурк на рамениците и фес на главата, лево и десно од него седат неговите браќа: Владо, Ицо и Ѓоре. Делчев седи долу десно, а над него стои најверојатно некој од чираците на Бабовци.

Во средината на фотографијата има бочва на која со бела боја или со креда е напишан датумот 2.2.1892, кој веројатно означувал некој важен датум за семејството.

Сите мезеле колбаси, млад кромид и леб. Една од кристалните изгравирани чаши од кои пијат домаќините на Гоце. Снимката е изработена во кафеникава, платинеста нијанса, со темнозелена рамка.

Фотографија ја поседува Диме, внук на Владо од фотографијата и син на Гога Бабоски. Во 2003 година тој дозволил историчарот Димитар Димески да го разгледа семејниот албум на Бабовци и ја раскажал историјата на оваа фотографија.

Првпат таа фотографија ја објавил Мартин Треневски во илустрираното списание „Македонија“, во ноември 2000 година.

Извор: “Википедија”

Владиката Петар: Со мoлитва и покajание, стpaдањата и иcкyшенијата да ги исползуваме за духовна надградба

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, вели дека МПЦ-ОА, снисходливо го слуша гласот на властите и државата во заштита на животот на народот и длабоко сочувствува и сострадува, како со заболените и болните од секакви болести, па така и за тие од Ковид-19 и мајчински се моли за нивно оздравување.

МПЦ-ОА се придржуваше и се придржува до пропишаните мерки за претпазливост. Но, веднаш се наметнува прашањето, зошто му се случи на целиот свет оваа пандемија? Светите Отци велат –заради нас и нашите гревови, а ние ќе додадеме, заради оттуѓеноста и отпадништвото во секој поглед на целиот свет од Бога. Природата, од Бога создадена, протестира и опоменува и на ваков начин. Да престанеме со нејзиното загадување и уништување на милионите квадратни километри шуми, на океаните, морињата, езерата, реките и потоците, на загадувањето на природата и воздухот со милионските авионски летови и возила, и со палење на шумите. Само молитвата на сите нас, почнувајќи од нас Владиците, свештенослужителите и верниците, како и управниците на државата, политичарите и граѓаните, може да го променат текот на настаните што ни се случуваат со оваа современа чума – порачува владиката Петар.

Митрополитот вели дека мерките за претпазливост поради пандемијата, може да бидат од голема полза за духовната надградба.

Но, доколку од сето ова што ни се случи и случува, со ставањето на физичките-надворешните маски од една страна, и со паѓањето на внатрешните-духовните маски, не само кај одделни личности, групи, народи и држави, туку и кај целиот свет не извлечеме вистинска поука, и после спласнувањето во голема мера на пандемијата, и не почнеме да живееме поинаков, правдољубив, дружељубив и човекољубив живот, тогаш следната опомена може да биде полоша од оваа – вели Владиката.
Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски кој на Велигден ќе богослужи во битолскиот Храм „Св. Димитрија“ во центарот на градот, потврди дека иако во црквата нема да има верници како во минатото и заради владините мерки, сепак, знае дека пораките што тој ќе ги упати ќе стигнат до верниците.

Страдањата и искушенијата можат да бидат големо зло, ако човекот не се преродува и не го прифаќа благотворното дејство на тие искушенија. Неволјите, болестите, несреќите, трагично ги доживува само оној, кој нема вера во Бога, кој не е свесен за својата гревовност, кој не ја чувствува неопходноста за очистување на своето срце, просветлувањето на својот ум, и спасение на својата душа. А, кога човекот со благодарност за опомената, со искрено и длабоко покајание, ќе ги прими страдањата кои му се испратени од Бога, тој веднаш, после нив, излегува со таков мир и духовна радост, што се околу него станува светло и радосно – вели г. Петар.

Владиката Петар посочува дека според учењето на Светите Отци, искушенијата, болестите, несреќите, се време не Божја посета. Бог, понекогаш ни испраќа болест како опомена, епидемија како епитимија, како што тоа е сега, за човекот да ја разбуди совеста своја и да се покае, да се прероди и да стане нов човек, нова твар.

Многу искушенија, особено искушенија на болест, зараза, загаден воздух, и конечно корона вирусот, го нападнаа човекот. Пандемијата со вирусот Ковид-19, која е сеопшта светска криза, односно Божја опомена за целиот свет, го стави на колена целото човештво. Нападот врз човекот и светот, е на повеќе фронтови. Покрај задравствената, во прашање е и економска, социјална, а особено духовната, именувана криза. Она што луѓето го нарекуваат криза (несреќа), тоа всушност е суд. Божји Суд или опомена, а сето ова заедно значи, Божјо милостиво поучување, за будење од гревовниот сон, и вразумување на човекот. Светите Отци велат дека, кога вагата во светот е наклонета во полза на злото, тогаш неизбежно се појавуваат катастрофи во форма на војни, земјотреси, поплави, болести, загадувањена воздухот и природата, епидемии и пандемии како оваа – вели митрополитот Петар.

Во своето Велигденско послание до верниците, Македонците од татковината, но и во Австралија и Нов Зеланд, тој нагласува дека Велигден е Празник над празниците и Торжество над торжествата, Христос Спасителот со Своето Воскресение ги победи двата најголеми напријатели на човекот – гревот и смртта.

Велигден е Ден на Христовото, но и нашето Воскресение. Најрадосниот поздрав за целиот човечки род – Христос Воскресе, насекаде одекнува во овие тешки денови за човештвото. Најрадосната вест – Христос Воскресе, е веста од која треперат херувимите и серафимите. Тоа е единствената вест која го победи злото во светот, гревот и смртта. Христос Воскресе, се единствените зборови што носат надеж и радост во најголемата тага во сеопштата криза, односно опомена за нашата гревовност. Тоа се единствените зборови што носат живот и по смртта. Христовото Воскресение и нашето лично воскресение, се догма на нашата вера. Тоа е суштинската реалност. Тоа е Силата што го победи светот и покрај најсуровите прогонства против Неа – порачува митрополитот Петар.

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, г. Петар повторно јавно побара воведување на веронауката како задолжителен предмет во образованието.

Како што нашата Света Црква, снисходливо го слушна гласот на Владата, очекуваме и во иднина Владата, да го слушне гласот на Црквата и да ја воведе веронауката, како задолжителен предмет во образованието, со цел вакви и слични неволји и Божји опомени, младите и идните генерации, со смирение и трпение, без ужас и неразумен страв, да се борат со искушенијата што ќе следат, а секое искушение и страдање, е по Божјо допуштение, и треба да го прими како дар, преку кој се спасуваме – вели г. Петар, кој деновиве најчесто е во својата резиденцијална куќа Митрополија, како и во Храмот „Св. Димитриј“ во Битола.

Митрополитот преспанско-пелагониски на сето свештенство, преподобно монаштво, и верните чеда во преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија, им испраќа мир и благослов поздравувајќи ги со најторжествениот поздрав – Христос Воскресе!

(Видео) Битолски диџеј по примерот на светските музичари пушташе музика од кров на зграда

Диџеј Никола Матлиевски од Битола во стилот на музичарите ширум светот

Диџеј Матле од Битола по примерот на светските музичари кои ширум светот прават концерти по тераси, денеска од кровот на зграда пушташе музика.

Проследете во продолжение:

(Видео) Виpycoт не ги вознемиpyва: Започнуваат да се отваpaaт плажите во Америка

Овој податок е објавен само неколку часа откако беше дадено зелено светло од гувернерот Рон ДеСантис во “сончевата држава”

Југот на државата и округот Мајами и понатаму се нajзагpoзени, но ја отвораат првата плажа. Со повикот да се отвори плажата се известуваат луѓето дека сеуште треба да се придржуваат на мерките за социјална дистанца. Плажата ќе биди отворена од 06:00 до 11:00 и 17:00 до 20:00. Ќе може да се плива, едри, нурка, трча… Нема да биди дозволено носење на пијалоци и правење на забави, како и сончање.

(Видео) Ова е нajбезбедното мecто во Америка: Еве што ги зачува од зapaзата

Едно градче успешно се брани од kopoнавиpycoт, најмногу благодарение на географската положба. Станува збор за Поинт Роберст, градче сместено на малиот полуостров.

Ова е најзаштитеното место од пандемиjaта во САД, бидејќе од остатокот на земјата го дели еден залив, а единствената компнена врска ја има со Канада.

Бидејќи границата со Канада е затворена за се освен за неопходен сообраќај, ова градче сега функционира како остров, што на популацијата од 1.300 жители и помогна да се спаси од кopoнавиpycoт.

РК Прилеп од следната сезона повторно се враќа во Супер лига: Ќе има ли сега поддршка од локалните власти?

РК Прилеп од следната натпреварувачка сезона повторно се враќа во најелитното ракометно друштво во Македонија

Во 2016 година претходниот градоначалник на Прилеп и тогашната локална власт ги презедоа да ги менаџираат ФК Победа и РК Прилеп.

По брза постапка се промени управата и стручниот тим во РК Прилеп, а клубот во тој период беше стабилен Суперлигаш, кој редовно опстојуваше во горниот плеј-оф дел од лигата, а еднаш избори и излез во Евро куповите.

Но, брзо по промената на локалната власт, клубот почна да тоне по сите основи без правилна поддршка од градоначалникот и локалната самоуправа, па за брзо време отпадна во Втора лига, играчите заминуваа, тренерите исто така..

Пред почетокот на оваа натпреварувачка сезона, клубот повторно го превзеде Александар Мариновски, човекот со кој клубот бележеше успеси и со кој се полнеше Универзалната сала, кога во Прилеп гостуваа Вардар со Раул, Металург со Лино Червар и останатите екипи од Македонската супер елита.

Набрзо потоа дојде до преструктуирање, па клубот полека почна да застанува на здрави нозе. Се доведоа неколку млади играчи кои во склоп со останатите млади прилепчани успеаа да се носат со предизвиците. Поради актуелната ситуација и прекинот на лигата, клубот во моментот се најде на второто место на табелата.

Во меѓувреме Управниот одбор на РФМ одлучи да стави прекин без да се прогласи шампион и без да се отпаѓа од лигата, а предложи следната сезона лигата да се прошири и да биде во формат од две групи по 8 екипи.

И така по административен пат Прилеп повторно се најде во Супер лигата. Во таа лига со нов систем сега и Вардар и Еурофарм Пелистер, кои играат во СЕХА лигата, паралелно од самиот старт ќе играат и во домашното првенство.

Но, сега се поставува прашањето каква ќе биде овојпат поддршката од градоначалникот и локалната самоуправа!? За влез во плеј-офот конкуренцијата ќе биде огромна, а ќе отпаѓаат повеќе екипи. Со кој играчки ростер ќе влези РК Прилеп во новиот предизвик и дали овојпат Мариновски ќе ја добие потребната поддршка, прилепчани останува да видат!

(Видео) Меркел го објасни ширењето на вирусот и го воодушеви светот: “Горди сме што сме Германци. Браво за канцеларката”

Говорот на германската канцеларка Ангела Меркер во кој во една минута објасни како се шири кopoнавиpycoт и колку е опасно наглото ублажување на рестриктивните мерки во краток период, го воодушеви светот.

“Еве како тоа изгледа кога вистинскиот човек ја води државата”, ова е мислењето на повеќето Германци, по нејзиниот говор.

– Чудно, зар не? Збунет сум. Таа користи полни реченици, а јас не сум на тоа навикнат.

– Она кога сте горди што сте Германци. Во споредба со сите други држави, ова ми е најдрагиот одговор во кризата. Не сум голем фан на Меркел, но ми се допаѓа нејзиниот одговор на оваа криза.

Бројот на зapaзени рапидно се зголемува: 53 нови случаи на Koвид-19 денес во Македонија

Министерството за здравство информира дека денес има 53 норегистрирани случаи на кopoнавиpyc во Македонија.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 401; Куманово – 320; Дебар – 51; Штип-32; Прилеп –112; Тетово – 52; Струга – 55; Велес – 55; Битола –17; Охрид –7; Кавадарци – 4; Гостивар –12; Гевгелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка-4; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 26; Пробиштип – 2; Кичево – 2
; Неготино -2; Демир Хисар – 1; Македонски Брод -2.

Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода – 61 . Досега во земјата се направени вкупно 11556 тестирања на Ковид -19.

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Позитив на денот: Mozzart донираше над 300.000 денари за Општата болница во Гостивар

Последната донација од финансискиот пакет од 50.000 евра за борба против коронавирусот, компанијата Mozzart ја насочи кон Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.

Сите реализирани донации се наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти, поддршка на докторите и медицинскиот персонал и олеснување на нивната работа.

Директорот на Општата болница во Гостивар, Д-р Јакуп Јакупи ја поздрави оваа донација и изрази благодарност до компанијата.

„Сакам да се заблагодарам на Mozzart за почитта и хуманоста што ја покажаа за нашата институција во овој тежок период. Донираните средства во износ од 5.000 евра ќе бидат искористени во болницата за полесно справување со коронавирусот. Исто така, благодарност и за донираните телевизори кои ќе се распределат по болничките соби, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.“ – изјави д-р Јакуп Јакупи, директорот на Општата болница во Гостивар.

Уплатно-исплатните места се привремено затворени согласно мерките на превенција и заштита од ширење на вирусот, а со тоа лидерот во областа на приредување на игри на среќа директно трпи огромни финансиски загуби. Но, тоа не ги стопираше и општествено-одговорните активности на компанијата Mozzart кои продолжија како и во редовна состојба, покажувајќи највисок степен на солидарност и хуманост.

„Хуманоста и емпатијата кон општеството во кое работиме, не смее да не напушти ниту во овие тешки времиња. Сега е од исклучителна важност да покажеме несебичност и да дадеме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна. Продолжуваме и понатаму со хуманитарните акции кои се важен дел од нашето работење.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Од Mozzart помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип, Општата болница во Кочани и Општата болница во Гостивар.

Прилепчанец на Фејсбук: Позитивен сум на кopoнавиpyc, а никогаш не добив резултат и цели 25 дена сум во карантин

Марио Илиоски од Прилеп е вработен во Институтот за Физикална медицина и рехабилитација во Скопје и цели 25 дена се наоѓа во карантин.

Преку статус на својот Фејсбук профил вели дека е дома од 28-ми март, а никогаш не добил никаква писмена потврда за резултатот.

Неговиот Фејсбук статус погледнете го во продолжение:

“Добар ден, јас сум Марио како што пишува погоре, еден од вработените позитивен на COVID-19 во Институтот за Физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

На 28ми Март сум дијагностициран со позитивен тест (за кој на 30ти разбрав официјално, а другово приватно беше од пријател),сеуште ми нема стигнато никаква писмена потврда, а секојдневно ја барам, нит па некој симптом за да се потврди нештово…

Изолацијата ја издржувам во стан во Скопје, сам, 25дена, терасата да не е, небо немаше да видам… Зошто 25 дена, е вака…

Затворен сум во карантин на 28ми, ама зошто нашите се неспособни нели секогаш така викаме, карантинот ми стартувал од 30ти, зошто така налогот му го извадил, требаше да бидам во карантин до 12ти Април, така гласеше решението, на 14ти дојдоа да ми направат контролен рететест, за кој денес(18ти т.е 4 дена покасно) го добив резултатот и повторно сум позитивен а, и повторно никаква потврда немам…

Поентата ми беше, немој да кажувате после по телевизии дека ги контролирате позитивните и контактирате по телефони зошто во овие 20 дена, ако умрев или прошетав до Охрид на 19 дена, единствено екипата за ретестирање ќе ме начекаше а, можда немаше и никој од вашата контролна екипа да знај. Никој 20 дена ми се нема јавено да ме праша како си, дали ви треба нешто, Полиција да дојде да тропни да си направиме некое муабетче, ништо…

Заклучивме дека тој карантин што го кажувате не е 14 дена, туку 22 дена заради вашата неспособност и лоша координација.

И на никој од вас, додека си играте со секој поединец (натиго,дајмиго) нема да сфатите како е да си затворен во 4 ѕида, сам, да нема со кој да се погледниш попреку, да нема кој бука да ти напрај, а вие си играте дрндупка со скапоценото време кое што на некој и два дена порано ќе му смени, зошто не е секој психички спремен да се затвори сам, тотално сам во 4 ѕида, 20 дена и притоа никој да не го искотролира дали му треба нешто или макар само поддршка да му дај, па ако е некој нестабилен вие нема да го најдите него бе…

Затоа чувај те ги саканите и најблиските и почитувај ги нивните иснструкции, зошто на крајот на денот од нив цел ден грми телефонот, нит од Јавно здравје, нит од МВР, нит од Венко туку од тие дома, шо те чека и шо и нив тие два дена му менува…

Со еден од колегите тестирани сме во ист ден, ама него/неа по два дена му се јавија, а не по 5 како мене, и тој за 4 дена треба да се ретестира, а не по 7 како мене.

Читам вчера, “дотичниот” го тестирале два пати за да може да му се скрати карантинот, шо е неговиот живот побитен од мојот, неговото време побитно од моето, која е целта, сите шо мослеа дека сте способни, да го сменат мислењето ?
Не си играјте со времето наше зошто ако сме позитивни од COVID-19 не сме фрлени на пат, има и за нас некој што се грижи, шо чека резултат, шо чрка повторно да не види…

Позич, а инаку, јас сум добар, на адреса сум, здрав прав, и ќе ви ги издржам вашите грешки, тука сум и ќе се ре-карантинирам ако треба уште 14(читај 22) дена, за доброто на моите најблиски”.