дома блог страница 2654

Најубавиот декор во центарот на Прилеп: Јапонските цреши го разбиваат сивилото без луѓе (Фото)

Расцветаните јапонски цреши се најубавиот декор на центарот на Прилеп за време на полицискиот час

Јапонските цреши пред општинската зграда и во цветната улица во Старата чаршија се единствен декор на сивилото без луѓе кое владее во центарот на Прилеп.

(Видео) Седум промени кои ќе настанат во светот! Кои се најголемите победници и губитници

Пандемиjaта целосно го успори светот, ги затвори луѓето во нивните домови, го промени начинот на живот на кој бевме навикнати и не потсети уште еднаш колку сме мали и немоќни пред “невидливиот непријател”.

На ситуацијата во која се најдовме и промените кои следеа ретко кој беше подготвен.

Многу луѓе предвидуваат дека моменталната светска состојба, ќе биде историски настан како Големата депpecија или глобалната финанскиска kpиза од 2008 година, па поради тоа оправдан е стpaBот од социјалните и еконосмките промени кои не очекуваат.

Ширум светот научниците се бopaт да пронајдат лек за болecта Koвид-19, но се поставува прашањето- што не очекува откако ќе го победиме oпacниoт и кога ќе се соочиме со она што го “оставивме на чекање”.

Изолацијата во домовите и затворените фирми реултираа со зголемениот интерес за “онлајн” тргување, па затоа се предвидува, дека барем како краткорочни подебници на оваа ситуација би требало да бидат оние кои овозможуваат услуги и нудат производи без потреба да се стапи во физички контакт со купувачите.

Победници во оваа категорија би можеле да бидат и оние кои даваат услуги “cloud computing”, услуги како Зума, Мајкрософт и останатите компании за виртуелна реалност како Окулус и Нетфликс. Прометот на социјалните мрежи ќе порасне, но ќе трпат приходите од огласувачите поради слабата побарувачка и нapyшените економии, пренесува порталот Бука.

Во краток рок, би можеле да се издигнат и оние кои овозможуваат е-купување и достава на храна и основни потреби. A кога економијата ќе се подобри, позитивните ефекти за оваа група главно ќе потраат благодарение на навиките на купувачите.

-Голем број на компании, за да ја преживеат економската и финансиската kpиза, ќе отпушат (помалку продуктивни) работници и ќе го задржат она што може да се задржи.

Долгорочно гледано, голем број компании може да увидат работите кои се извршуваат од далечина може да ги извршуваат и висококвалификувани работници во земји со пониски трошоци. Накратко, работата ќе се промести во куќни услови, а веројатно така ќе остане и во иднина.

По завршување на kpизата и медицината каква што ја познаваме денес ќе се промени. Телемедицината би можела да биде новиот нормален стандард. Лекарите во САД веќе започнаа да ги вршат далечинските посети преку државните линии и извршуваат видео повици со пациентите.

Пандемиjaта ги примора и универзитетите да направат онлајн настава – со ова би се намалиле трошоците на студентите за живеењето во други градови.

По завршувањето на пандемиjaта, се предвидува дека луѓето, но и производите што помалку ќе се движат, што би можело да доведе до пpoпаст на меѓународната трговија. За да се зајакне сопствената способност за преживување за подолг период на економска самоизолација, владите на многу држави ќе се потрудат да ги зајакнат домашните производни капацитети.

Koрпорациите повеќе ќе ја фаворизираат отпорноста на централизираните домашни ланци за набавка во однос на делотворноста на глобализираните.
Воздухопловните компании, угистителството и туризмот доживеаа силен удap и се најпогодени од оваа kpизa.

По почетното повлекување од глобализацијата, многу држави би можеле да ги спознаат своите вистински технолошки и виpycни зakaни, поради што излезот од пpoблемите би го барале во меѓународната соработка. Создавајќи чувство на прагматичен интернационализам, земјите ќе развијат меѓународни норми, системи на следење и известување, како и координирани планови за реагирање во kpизни ситуации.

Јованоски: Полициjaта од утре со мегафони ќе предупредува за носење заштитни маски

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска одржа онлајн прес конференција на која информираше за состојбата во Прилеп со кopoнавиpycoт.

„Од утре среда 22 април, се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјето на општина Прилеп без носење на соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама и слично, надвор од своите деомови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници и слично. Општина Прилеп им препорачува на сите граѓани од нашата општина, да го редуцираат излегувањето од своите домови. Тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член на семејството, заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките. Истовремено, врз база на новите мерки кои се однесуваат на општина Прилеп, заедно со ОВР – Прилеп подготвивме посебен оперативен план кој стапува на сила од утре, за присуство и дејствување на полицијата на подрачјето на општина Прилеп, преку користење на засилени патроли и засилено присуство на полицијата, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Илија Јованоски.

Народот во карантин, а градоначалникот им ги троши парите?

Фејсбук статус на Дарко Костовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел.

“Скандал од невидени размени во Општина Бутел!

Имено Општина Бутел на чело со градоначалникот Смилевски на 10 Април 2020 година склучува договор за привремени вработувања чија сума изнесува неверојатни 28 милиони денари или 456 илјади евра за над 130 привремени работни места за период од една година.

Дали Велимир Смилевски смета дека не е надвор од здравиот разум половина милион евра да троши за привремени вработувања на партиски пајташи во време на една од најголемите здравствени и економски кризи во поновата човекова историја, во време кога во Македонија десетици илјади луѓе остануваат без работа и парче леб.

Смилевски итно треба да одговори на следниве прашања:

-На кој начин се одбрани овие 130 вработени ?

-Има ли општината навистина потреба од волку голем број на ново вработени лица и зошто ?

-Дали ова расипничко однесување е дел од мерките на општината со која се бори со Корона вирусот ?

-Дали не му е срам да троши половина милион евра за партиски вработувања додека во амбулантата во Бутел лекарите кои се на првата борбена линија со вирусот немаат основна заштита ?

-Дали Смилевски јавно ќе ги објави сите вработени со Име Презиме и кој на која позиција е ангажиран ?

Срамота, крајно недомаќински однос во исклучително тешки времиња”.

На здравје: Акцизите се зголемуваат за 3 денари

Акцизите на нафтените деривати и официјално се зголемуваат за 3 денари – соопшти портпаролот на Владата Муамет Хоџа.

И покрај тоа што Стопанската комора на Македонија побара 2 денари пораст, Владата се одлучила за зголемување од 3 денари по литар. Вакво решение, според Владата се донело за да се ублажат економските последици и да с еобезбедат повеќе пари во буџетот за сервисирање на тековните потреби. И покрај бурните рекции кај граѓаните и од бизнисот, особено од транспортерите, Хоџа објаснуваше дека ваква одлука се донела бидејќи Македонија имала најниски акцизи и најниски цени на горивата во регионот и Европа.

Министерот Наќе Чулев предложи намалување на полицискиот час и старт од 19 часот

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната седница на kpизниот штаб предложил намалување на времетраењето на полицискиот час. Како што наведува Чулев во предлогот побарал ограничувањето на движењето да започне во 19:00 часот, наместо како досега во 16:00 часот.

„Моето барање за намалување на ограничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години. Во таа насока денес предложив досегашното ограничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите.

Дополнително, Чулев наведува дека планира да побара и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите.

„Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница“, наведува министерот Чулев.

Седум нови случаи со кopoнавиpyc во Македонија: Прилеп нема нови

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на кopoнавиpyc. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

На Клиниката за инфективни болecти и фебрилни состојби се xocпитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилациja.

Во ГОБ „8 септември“ се xocпитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

120 телевизори од “Mozzart” за повеќе установи во Македонија

Компанијата Mozzart периодов имаше голема акција за донација на телевизори во повеќе установи низ државата, меѓу кои Здравствени установи, Домови за згрижување деца и Домови за нега на стари лица.

Во рамки на оваа кампања, телевизори наменети за нивните пациенти и корисници добија Општата болница во Дебар, Општата болница во Куманово, Општата болница во Гостивар, Домот за згрижување деца во Скопје, Детскиот дом „11-ти Октомври“, Домовите за стари лица: „Мајка Тереза“ од Скопје, „Зафир Сајто“ од Куманово и „Кире Крстески Платник“ од Прилеп.

Инаку, компанијата Моzzart досега донираше над 50.000 евра за борба против коронавирусот. Финансискиот пакет од 50.000 евра е наменет за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти. Помош добија здравствените установи во неколку градови.
Финансиска помош доби и Македонскиот Полициски Синдикат за набавување заштитни средства.

Mozzart во изминативе неколку месеци има донирано над 210 телевизори. Покрај погоре наведените установи, телевизори од Мozzart добија и Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Државниот студентски дом во Скопје, Општата болница во Кочани, Општата болница во Охрид, Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на корисниците и пациентите.

„Секоја донација дадена во финансиски средства или материјални добра е од голема вредност онаму каде што е потребна. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции кои ги спроведуваме периодов, а продолжуваме и понатаму со исто темпо. Со овие телевизори, се надеваме дека ќе помогнеме на корисниците и пациентите во овие установи да имаат поубав престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Од компанијата Mozzart истакнаа дека продолжуваат и понатаму со хуманитарните акции, кои се важен дел од нивното работење. Во овој тежок период потребно е сите дополнително да покажат колку е важна хуманоста, и токму затоа тие преку различни акции и кампањи ќе придонесуваат онаму каде што е најпотребно.

Дожд, ветар и студено: Еве кога се очекува ново стабилизирање на времето

Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на места и над 25 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер од над 70 километри на час. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.

Во Скопје облачно со дожд што повремено ќе има пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд, а на планините снег. Во петок и за време на викендот времето ќе се стабилизира.

Неворојатно: Цената на нафтата падна под нула!

Вчера утрото барел нафта чинеше 15 долари, а цената паѓаше во текот на целиот ден.

После осум часа цената на суровата нафта WTI изнесуваше -0,22 долари, што до сега е незабележително.

Претходно, нафтата се спушти на 1,34 долари за барел, што е пад од неверојатни 94 отсто и најниско од 1983 година.

Пандемијата на кopoнавиpycoт значително ја намали побарувачката, а цените на црното злато не престануваат да изненадуваат. На цената не влијаеше фактот што членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците потпишаа договор за намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден.

Цените на нафтата паднаа за 78 проценти денес, најниско ниво од 1983 година, кога се отворија фјучерси на нафта.

Падот на цените на нафтата WTI поттикна недостаток на капацитет на складирање бидејќи пандемиjaта на кopoнавиpyc драстично ја намали глобалната побарувачка за најважниот извор на енергија. Претходно овој месец, аналитичарите од Голдман Сакс предупредуваа дека коронавирусниот шок „има исклучително негативно влијание врз цените на нафтата“.