дома блог страница 2653

Најинтелигентните луѓе се раѓаат во овие три хороскопски знаци

Овие три хороскопски знаци се издвојуваат по многу нешта, а ретко кој не им завидува на нивната натпросечна интелигенција.

Девица

Перфексционизам ги тера во се да бидат најдобри. Жедни се за учење и одлични се како лидери.

Шкорпија

Многу брзо учат и брзо се вклопуваат во опкружувањето. Никогаш не престануваат со учење на нови нешта, но свени се за своите слабостти, па се трудат да ги подобрат.

Водолија

Ги краси генијален ум и креативност, но и конентрација. Многу се упорни и не се откажуваат лесно. Им одговараат повиски позиции на работните места.

Ѓоковиќ: “Заработив доволно што не морам ниту да играм. Привилегија е што можам да помогнам”

Во разговорот на Новак Џоковиќ со Фабио Фоњини имаше доста шеги, но се допреа и главните теми во светот на тенисот, односно за помагањето на понискорангираните тенисери.

Фоњини го праша Новак дали е тоа негова иницијатива и како планира да ја спроведе.

– Добрив многу позитивни коментари од играчите, но ова не е само моја иницијатива. Имам привилегија да го искористам мојот статус за да ја подигна свеста дека играчите имаат финансиски проблеми. Јас лично заработив доволно пари да не морам уште долго време да играм со заработка, но има многу тенисери кои не се во иста ситуација. АТП отвори Фонд за играчите кои ќе добиваат средства од сите страни. АТП ќе ги добие парите за кои не смеам јавно да зборува, а и самата организација ќе допринесе. Ќе има неколку милиони долари за тенисерите.

Тоа е само од овие седум организации, може и играчите сами да помогнат. Разговарав со Рафа и Роџер за да направиме модел колку играчите би требало да донираат во однос на нивниот ранкинг. Тешко е да ги натерате тенисерите да дадат пари, па ги повикувам сите кои сакаат тенисот да преживее, да донираат пари. Уште не сме свесни колку тенисот се мачи. Сакаме да им покажеме и на понискорангираните дека ние сме тука за нив. Мислам дека наскоро ќе има многу регионални турнири, но не знам што ќе се случува со kapaнтинот во различни држави”, изјави Новак.

Да потсетиме дека Ѓоковиќ донираше и еден милион евра за болниците во Бергамо.

Eксклузивно: Македонецот кој е дел од тестирањето на вакцина против кopoна виpyc за Маркукуле открива се’ за процесот

Борко Андреевски од Битола кој живее и работи во Оксфорд, Велика Британија, е меѓу луѓето кои доброволно се пријавија за тестирање на вакцина против kopoна виpyc.

Пробната вакцина е дело на Jenner Институтот и Оксорд групацијата за вакцини. Тимот започнал со развивање на вакцина против Ковид -19 на 20 јануари, а истиот е предводен од Проф. Сара Гилберт, Проф. Ендру Полард, Проф. Тереса Ламбе, Д-р Сенди Даглас, Проф. Катрин Грин и Проф. Адриан Хил.

Исто така овој процес е во соработка со Проф. Саул Фауст од Универзитетската болница во Саутемптон NHS Trust и Д-р Катарина М. Полок од NIHR Imperial Клиничкиот истражувачки центар, “Империјал Колеџ”.

Aндреевски ексклузивно за Маркукуле открива зошто се одлучил да се пријави на тестирањето и колку луѓе се вклучени во процесот.

“510 луѓе се дел од вакцинирањето. Вакцината ќе се дава на еден човек во четврток, на 5 наредната недела и на 504 по две недели”, вели тој.

Во однос на видеото кое се појави на дел од порталите, каде пишуваше дека Борко веќе ја примил вакцината, тој демантира.

“Во однос на дезинформациите кои се појавија во некои портали сакам да кажам дека вакцината сеуште ја немам примено. Тоа беше кога ми земаа кpв”, вели Андреевски.

На прашањето зошто се одлучил да се пријави во процесот, Борко вели:

“Истражувачкиот тим смета дека вакцината ќе биде 99% успешна, бидејќи веќе имаат изработено слични вакцини, како таа за САРС од 2001 година и МЕРС од 2012 година”.

Повеќе за истражувачкиот центар можете да погледнете на следниот ЛИНК

На Борко му честитаме за неговата храброст и одлучност да биде дел од процесот кој можеби светот ќе го спаси од злото наречено корона вирус.

Секоја чест и со среќа!

Само една македонска екипа се има соочено со ваков ѕвезден тим: Носталгија за едно време! (Фото)

14 септември 2000 година и ден денеска е еден од најголемите датуми кога фудбалот во Прилеп е во прашање.

Во рамките на првото коло од Купот на УЕФА, Победа се соочи со ѕвездениот тим на калчолигашот Парма. Иако црвено-белите беа поразени во двата дуели, љубителите на фудбалот и денес се сеќаваат кој се гостуваше тогаш во Македонија.

Во редовите на Парма тогаш беа: Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Серџо Консисао, Аморосо, Саво Милошевиќ, Жуниор и Марко Ди Вајо.

Оваа ѕвездена екипа против себе го имаше тимот кој на Прилеп му го донесе првиот трофеј во натпреварувачката 2000/2001 година освојувајќи го Купот на Македонија.

Во редовите на црвено-белите тогаш беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николаевски, Благојче Нацев, Жилсон, Раде Каранфиловски, Панче Ристовски, Тони Наумоски, Николче Здравески, Дарко Диниќ, Сашко Крстев, Тони Мегленски, Горанчо Тодоровски и Влатко Стојчевски.

Натпреварот кој тогаш се одигра на Градски стадион во Скопје пред 9.500 публика, заврши со триумф на Италијанците од 0:2.

Стрелци на головите беа: Серџо Консисао во 23-та минута и Марко Ди Вајо во 74-та.

Како ли само моќно изгледале “Мајмуните”…. морници по цела кожа….

На повратниот натпревар во Парма, Победа загуби со 4:0, а тогаш головите ги постигнаа: Монтано, два погодици постигна Бонацоли и одново стрелаше Ди Вајо.

Фабио Канаваро

Аморосо

Лилијан Турам

Серџо Консисао

Легендарниот Џиџи Буфон, единствениот од овој ѕвезден тим кој сеуште настапува за Јувентус

Жуниор

Марко Ди Вајо

Миле Талевски: “СДСМ носи патриотски, државнички одлуки во интерес на граѓаните”

Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Прилеп, Миле Талевски, на социјалните мрежи напиша честитка по повод 29-годишното постоење на партијата.

“29 години, исполнети со државнички, патриотски и одговорни одлуки во интерес на сите граѓани.

Покажавме и докажавме дека мудроста, посветеноста и макотрпната работа за државата и граѓаните, биле и остануваат наши одлики.

Почнувајќи од референдумот за независноста и приемот во #ООН, па се до членството во #НАТО и почетокот на преговорите со #ЕУ!

Не застануваме тука, продолжуваме уште поодговорно, уште попосветено да работиме за граѓаните и државата. Пред нас се нови победи и нови успеси!

Среќен 29. роденден #СДСМ”

Да го слушнеш овој јунак како вика “Да живее Македонија” пред преполн плоштад бесценето е и по една деценија (Видео)

На овие моменти секогаш е убаво да се потсетиме

Легендарниот Лестер Бо Мекејлеб пред преполниот плоштад “Македонија”, за време на дочекот на македонската кошаркарска репрезентација, која на Европското првенство во 2011 година го освои четвртото место.

Мекејлеб на Европското првенство постигнуваше во просек по 21,4 поени на натпревар и беше вистински лидер во нашата репрезентација.

Намалениот полициски час ќе започне најрано од утре- еве колку ќе трае

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев побара намалување на мерките за рестрикција на движење на граѓаните.

За емисијата „Топ Тема на телевизија Телма тој потврди дека се разгледува можноста за олабавување на мерките на Владата па така истакна дека новите мерки најверојатно би важеле веднаш по донесувањето на одлука на Владата, најрано од утре.

Денес имавме Главен координативен кризен штаб на Влада и на него беше дискутирано во која насока би се олабавувале мерките и имаше неколку предлози.

Во текот на денот немаше седница на Влада, меѓутоа за утре е закажана седница на Влада во 15 часот и јас очекувам дека утре Владата ќе донесе одлука во насока на олабавување на мерката за забрана за движење. Новите мерки јас мислам дека веќе од утре или најдоцна од задутре би важела таа мерка. Веднаш после објавувањето, вели Чулев.

Mинистерот се залага полицискиот час секој ден вклучително и за време на викендите да започнува од 19 часот попладне и да трае до 5 часот наутро.

Чулев во однос на траењето на полицискиот час за повозрасните лица исто така бара негово намалување со тоа што истиот би траел од 5 часот наутро до 12 часот попладне. За младите пак мерката би важела од 13 часот попладне до 19 часот.

Министерот Чулев денес на фејсбук напиша: Имајќи ги предвид статистичките податоци кои се однесуваат на лицата кај кои е утврдено присуство на корона вирусот кои имаат надолна тенденција и фактот дека зад нас е ограничување на движење кое траеше цели 85 часа и кое покрај превентивна здравствена улога, имаше негативно влијание на психосоцијалната состојба кај граѓаните ја информирам јавноста дека утрово на седницата на кризниот штаб во рамките на владата предложив итно и неодложно намалување на времетраењето на ограничувањето на движењето за граѓаните.

Моето барање за намалување на ограничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години.

Во таа насока денес предложив досегашното ограничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите.

Дополнително, ќе побарам и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите, а притоа водејќи сметка да се внимава на мерките и препораките кои се однесуваат на групирање на јавни површини.

Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница.

Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден ќе излезе со официјални информации за сите настани кои ја разбрануваа јавноста во текот на викендот.

Што се крие позади падот на цената на нафтата?

Падот на цената на нафтата и невообичаената појава “продавачите да мора за секој барел да им плаќаат на купувачите и до 40 долари”, предизвика општа забуна, а во некои кругови и паника, коментира Љубинка Милинчиќ, главен уредник на српски Спутник.

“Како што е познато, цената нагло падна откако по состанокот на ОПЕК+ Русија и Саудиска Арабија не се договорија колку ќе го намалат производството. Русија инсистираше на тоа да се продолжи претходниот договор, а Саудиска Арабија сакаше да се намали производството уште повеќе. Не “падна” договор и во истиот момент цената на нафтата нагло падна на околу 40 долари, што е за рускиот буџет прифатливо, додека за арапскиот не е, иако Арапите многу поевтино ја добиваа нафтата, бидејќи нивниот буџет е планиран на 80 долари”, вели Милинчиќ.

Таа за српски Курир изјави и дека, и покрај тоа Саудиска Арабија продолжи да го продава црното злата по ниска цена, давајќи и невообичаени попусти. Па, на пример, на цена од 40 долари давале попуст од 10 или 20%. Ова заинтересира многу луѓе, бидејќи нафтата може да се чува, па се купува на берза кога е ефтина, се складира и се продава кога ќе и порасне цената.

Прилепчанец на Фејсбук: “10 дена чекам резултати, никој се нема јавено да праша дали имаме cимптоми”

Мартин Јошески од Прилеп кој е вработен во Агенција за храна и ветеринарство, на својот Фејсбук профил пишува дека цели 10 дена чека резултати од земен брис за кopoнавиpyc и дека 20 дена се наоѓа во самоизолација.

Неговиот статус на Фејсбук го пренесуваме во продолжение:

“На ден 13.04.2020 година во 11:35 земен ми е брис за испитување на COVID-19 во ЈУ Центар за јавно здравје Прилеп по епидемиолошко согледување дека на ден 02.04.2020 година сум имал контакт со потврдена колешка вработена во АХВ на COVID-19. Никој ниту од АХВ ниту од Министерството за здравство не се јави да праша дали имаме некакви симптоми, да дојдат да прашаат од ДИЗ заради контакт….

После 20 дена изолација и 10 дена од земањето на брис, резултатите никако да стигнат…. Брисот да го пратеа во вселената, до сега ќе имаше резултат….

Најтрагично е што некој со тоа ситуацијата ја држи под контрола, се пумпаат бројки и статистика… Дополнително вирусот се шири, асимптоматските пациенти го пренесуваат, некои умираат како секундарна последица на вирусот, и сето тоа во период на карантин…

Има некој нормален што ја води Република Македонија….? Или уште аплаудираме … На добиениот датум за датум за почеток на преговорите со оние кои ги изгубиле вредностите за помош, за добиената помош од ЕУ во висина од над 60 мил. евра, или пак аплаудираме на министерот кој ги остави здравствените работници голораки на првата борбена линија со вирусот….”

Ова е состојбата на пациентите кои се лекyвaaт во Инфективното одделение во Прилеп

Во изминатото деноноќие според здравствените власти нема нови случаи со кopoнавиpyc во Прилеп.

Во Инфективното одделение во прилепската болница xocпитализиpaни се 24 пациенти. Од нив 19 се позитивни, а 3 се на кислородна поддршка.

Пет пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.

Како што извести градоначалникот Јованоски на денешната прес конференција во Центарот за јавно здравје досега биле направени вкупно 460 тестови, од нив 117 се позитивни.

Досега од Прилеп излекувани се само 7 пациенти, а во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.