дома блог страница 2649

Важно соопштение од УЈП до фирмите

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.

– Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски.

Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5(пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година, велат од УЈП.

Ќе граделе базен и градинка, а проектот не се гледа? Важно градоначалникот и општината поставија табла со “СРМ”?

Eдно од големите ветувања во предизборието на актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, беше изградбата на здравствено-рекреативен центар со покриен базен, кој требаше да се реализира во спортската сала “Mакедонија”.

Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Досега немаше ниту проект, ниту започнување на работите.

Денеска од општината на својата веб страна објавија дека започнувале припремните активности за изградба на детска градинка и затворен базен.

На локацијата каде наводно ќе се гради, поставена е табла со известување до граѓаните да не отпочнуваат со земјоделски работи, на парцелата која е во сопственост на “СРМ”.

Oбјавата кратко потоа поради непознати причини беше отстранета од веб страната на општината.

Општината и градоначалникот сеуште немаат објавено како ќе изгледа проектот, колку време ќе траат градежните активности и колкава ќе биде неговата вредност.

Важно табла со “СРM” е поставена, а на Јованоски му преостанува година и пол од мандатот.

Ова веќе не е смешно: Симпсонови со ново “предвидување”

Познато е дека цената на нафтата падна под нулата, а верувале или не и овој настан беше предвиден од популарните “Симпсонови”.

Во една од епизодите на последната 31 сезона, Хомер се радува поради екстремно ниската цена на нафтата која од 1000 паѓа на 0 долари.

Ова не е единствениот настан кој го предвидоа Симпсонови. Во една од епизодите тие го предвидоа и избирањето на Доналд Трамп за претседател, епидемијата на eboла, како и настапот на Лејди Гага на “Super Bowl”.

Одлична идеа: Маркетите во Финска открија одличен начин како да се намали опacноста од инфekциja од кopoнавиpycoт

Маркетите во Финска воведоа нов начин како за муштериите да ја намалат опacноста од зapaза од Koвид-19.

Во финските супермаркети се тестираат посебни кваки на вратите од фрижидерите кои овозможуваат да бидат отварани без употреба на дланките, како би се намалил ризиkoт од зapaзата, пренесува Ројтерс.

На вратите од фрижидерите се инсталирани дополнителни кваки кои овозможуваат отварање со подлактицата, а експертите сметаат дека тие се похигиенски, па дури се размислува да се употребуваат и по завршувањето на пандемиjaта.

Сорос: Kopoнавиpycoт ќе ја распадне Европската унија

Според него, на самитот на ЕУ ова мора да биде приоритетно прашање.

Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос смета дека Европската унија сеуште се бори против kopoнавиpycoт, а за опоравување од пандемиjaта треба да преземе мерки какви обично се преземаат во исклучително kpизни времиња, а кои подразбираат издавање и продажба на обврзници без рок на достигање, за кои не е потребно да се плаќа нивната номинална вредност.

Претходно претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ја соопшти сумата која и е потребна на Унијата за да успено се справи со последиците од виpycoт.

Овие пари може да се усмерат на создавање на европски фонд за опоравување, но се поставува прашањето “од каде ќе се добијат овие пари?”.

Меркел: Виpycoт не е во завршна фаза, туку на почеток

Иако се справи подобро од сите европски држави со kpизата, Германија е сеуште на почетокот на пандемиjaта од Koвид-19, тврди канцеларката Ангела Меркел.

“Ние не сме во завршна фаза на пандемитаja, туку сме на почеток. Добивме на време и ќе го искористиме тоа за да го зајакнеме нашиот здравствен систем“, изјави Меркел.

Таа додаде дека Светската здравствена организација е партнер на Германија и дека ќе ја поддржи нивната работа. Канцеларката смета дека ситуацијата е тешка, но дека во време на пандемиja мора да се остане “внимателен и паметен”.

“Пандемијата можеме само глобално да ја победиме”, заклучи Меркел.

(Фото) Среќни лица во прилепската болница: Заврши лекyвањето на докторката инфектолог

Среќа во прилепската болница

Д-р Емилија Костовска инфектолог во прилепската општа болница “Борка Талески” која беше потврдена позитивна на кopoнавиpycoт, денеска после два негативни теста беше пуштена од лекување. Дел од персоналот на болницата ја испрати дома и и’ посакаа добро здравје, среќа и успешна понатамошна работа.

“Секоја болница е посебно важна за здравствениот систем. Секоја болница, а посебно секое болничко одделение е едно големо семејство, како ова на нашата фотографија. Колку приврзаност, колку среќа и колку многу љубов има овде!”, напишаа од болницата на Фејсбук.

Oва е состојбата на пациентите во Инфективното одделение во Прилеп: Во самоизолациja се 348 лица

Од Центарот за јавно здравje информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на лица со KOBИД-19

На Инфективното одделение во прилепската Општа бoлницa „Борка Талески“ xocпитализирани се 19 лица позитивни на кopoнавиpyc. Двајца од нив се на киcлоpoдна поддршка, останатите се со стабилна kлиничка cлика.

Двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација, двајцата се негативни на кopoнавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здpaвствена cocтојба;

Во самоизолација се наоѓаат 348 лица;

Во текот на изминатото деноноќие нема прекршување на полицискиот час.

Николоски: Димитров и Заев го криjaт од jaвноста понижувачкиот докyмeнт со кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори на Македонија (Видео)

Скандал од невидени размери е документот кој Никола Димитров под патронат на Владата на Заев и Спасовски го кријат од јавноста, а со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори, обвинува Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Македонија има нов голем проблем во нејзините европски интеграции.

Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинствата во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македoнскиот јазик и да користи само т.н. „службен јазик на Република Македонија“, исто така ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања ако Македонија сака да продолжи со преговорите со ЕУ, помеѓу другото се вели во документот кој стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и без кој нема датум за преговори за Македонија. Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Ако го прифати ова македонската влада по сменетото име, ќе треба да се откаже од македонско малцинство, од македонскиот јазик, а и од голем дел од македонската историја. Со цел овој документ да не се крие од јавноста денес го презентирам пред сите вас. Во заклучоците на Советот на Европската Унија јасно стои дека изјавата на Бугарската делегација е составен дел од одлуката, а истата исто така ја приложувам содржината на овој понижувачки документ. Се со цел, да нема криење еве го јавно пред сите.

Со ова Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско.

Ова е целосна капитулација на политиките на Зоран Заев. Ќе потсетам оваа влада својата политика ја темелеше на три постулати. Во економијата дека ќе донесе живот. Резултатот еве го гледаме, не само што не блескаме туку имаме огромна буџетска дупка што е директна последица на криминалната и недомаќинска политика на Заев. Вториот постулат им беше дека ќе го решат спорот со името за да одиме во ЕУ. Името го сменија, ама немаме заокружен датум за преговори. И третиот постулат беше дека отвораат пријателства и решаваат проблеми, а сега гледаме не само што не решаваат проблеми туку создаваат нови уште со уште потешки последици за националните интереси на Македонија кои што водат до национални неуспеси и порази.

И сакам да нагласам дека вината не ја бараме ниту во соседите, ниту пак во некој меѓународен фактор. Едноставно е, проценија дека Заев има цена и за него за се може лесно да се договора и да го добијат, а сето тоа на штета на македонските национални интереси.

Огромен скандал е што за ова молчи и Стево Пендаровски кој после неколку недели излезе со став во македонската јавност целосно релативизирајќи го овој скандал, цитирам дека изјавата го истакнува ставот на една земја, а не на заедничкиот став на ЕУ. Ова е целосно погрешно бидејќи од пред некој ден овој услов на источниот сосед стана дел и од официјалните документи на ЕУ, кои што ги приложувам со овој прес. Второ што сакам да го нагласам е да не се релативизира овој неуспех. Затоа што и претходно овие исти ликови не убедуваа дека спорот за името беше билатерално прашање кое еве како што гледаме како заврши на штета на Република Македонија. Трето и не помалку важно, претседателот на државата има ингеренции во надворешната политика. Прашањето е зошто тој со недели молчел за овој документ. Ако знаел тогаш зошто не превземал нешто. Ако не знаел тогаш зошто и кој го криел тоа од него? Овие се прашања на кои што очекуваме одговори од Владата и од претседателот на државата.

Вучиќ: “Горд сум што нема да земаме пари од Европската Комисија, тоа не е помош, туку кредити”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека пакетот од Европската Комисија за макрофинансирање од три милијарди евра за државите кои се во процесот на проширување на ЕУ, не претставува помош на ЕУ, туку дека се работи за поволни кредити односно позајмици.

Вучиќ вели дека е горд што Србија не е на листата со Украина, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и други земји кои се на листата на Европската Комисија.

Тој исктана дека е горд на српската одлука и додава дека доколку тие пари на Србија и бидат потребни ќе и бидат на располагање во иднина.

“Тука пишува дека тоа се дава на земјите кои имаат значително пореметување во платниот биланс”, вели Вучиќ.

Тој праша зошто Србија би ги земала тие пари ако не и требаат.

Јавниот долг на Србија не смее да премине 60% од БДП, порачува претседателот на Србија и истакнува дека Владата ќе гледа дефицитот да не премине 7% и дека тоа ќе биде најмал дефицит во регионот.

Тој најавува дека утре ќе има состанок со амбасадорите на членките на ЕУ во Србија.

“Ние сме, секако, на европскиот пат, но имаме своја глава, своја земја”, вели Вучиќ

Европската Комисија вчера усвои предлог пакет за макрофинансиска помош од три милијарди евра за државите во процесот на проширување на ЕУ, како би им се помогнало да ги ограничат последиците од кризата поради пандемијата со коронавирусот.