дома блог страница 2648

Австрискиот Парламент гo објави условувањето на Бугарија за македонската евроинтеграција

На интернет страницата на австрискиот Парламент објавени се документите во врска со проширувањето на ЕУ и заклучоците од 25 март за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија.

И од овие документи станува јасно дека Изјавата на Бугарија стана дел од  заклучокот за проширување на ЕУ, а се однесува на Македонија и Албанија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека Изјавата на Бугарија била вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

„Советот за општи работи на ЕУ на 24 март (формално на 25 март) едногласно, вклучувајќи ја и Бугарија, безусловно одлучи да ги отвори преговорите со Северна Македонија. Ваквиот заклучок на 26 март едногласно беше одобрен и од шефовите на влади и држави во Европскиот совет. Оперативниот пасус на заклучокот на Советот во делот на Северна Македонија не содржи ниту еден услов“, изјави минатата недела за МКД.мк Димитров.

Тој појасни дека Изјавата на Бугарија вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ претставува стриктно унилатерална интерпретативна изјава, која не може да го исклучи или измени правниот ефект на одлуката за почеток на преговорите, ниту значењето и опфатот на заклучоците.

Сепак, во документите објавени на интернет страницата на австрискиот Парламент стои дека дел од заклучоците на Советот на ЕУ е и Изјавата на бугарската делегација.

Целата вест можете да ја прочитате на МКД.МК

Најстарата населба во Прилеп го празнува Голем Петок: За многу години!

Денес православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Оваа година поради пандемијата со кopoнавиpycoт ќе изостане масовноста во најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил, но варошани сигурно во нивните домови со своите семејства ќе си прослават како што доликува.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Мауро веќе 30 години живее на пуст остров: Има неколку совети како да ги поминете деновите во изолација (Видео)

Веќе 30 години, Мауро Моранди е единствениот живетл на преубавиот медитерански остров. Добар дел од животот го поминал сам, па знае добро како е да се живее во изолација на која многу луѓе денес се принудени поради пандемиjaта.

Моранди е поранешен учител, кој пристигнал на островот Будели, недалеку од Сардинија, сосема случајно кога сакал да плови од Италија до Полинезија пред 31 година.

Тој се заљубил во недопрената природа и кристално чистата вода, па одлучил таму и да остане.

Денес, на 81 година, тој живее сам на островот и го нарекуваат италијанскиот Робинзон Крусо.

Будели е дел од Националниот парк на архипелагот Мадалена и еден од “седумте сестри”, односно острови кои ги има во овој дел на Италија. Останатите острови во архипелагот се Капарера, Санто Стефано, Спарги, Санта Мариа и Раколи.

Најубавата плажа во архипелагот се наоѓа токму на островот кој Мауро го одбрал за свој дом. Од почетокот на 90-тите години овој предел е забранет за туристи, како одлука на италијанската Влада за да се зачува осетливиот екосистем.

(Видео) Kopoнавиpycoт ги наполни нивните џебови: Нивното богатство се зголеми за 10 проценти

Богатството на американските милијардери, меѓу кои се и најбогатиот човек во светот, основачот на Амазон, Џеф Безос и директорот на Тесла, Илон Маск, се зголеми за речиси 10 проценти, се наведува во исвештајот на Институтот за политички студии (ИПС) во Вашингтон.

Во периодот меѓу 1 јануари и 10 април, богатството на 34 најбогати личности во САД порасна за 10 проценти, се наведува во извештајот.

Проценката на богатството на најбогатите Американци е спроведена кога во оваа држава повеќе од 26 милиони луѓе се пријавија за надохнада за невработени.

Потегот кој ја одбележа историјата на НБА лигата: Денот кога Шекил О’Нил го скрши кошот забивајќи над Дражен Петровиќ (Видео)

На 23 април пред точно 27 години, легендарниот НБА центар Шекил О’Нил го имаше најспектакуларното забивање во историјата на НБА лигата.

Популарниот Шек во дебитантската сезона во НБА лигата покажа дека ќе биде еден од најдобрите играчи на ова натпреварување. Најдобар пример за тоа беше утакмицата против Њу Џерси Нетс, за која во тоа време настапуваше и Дражен Петровиќ/

Во тој меч Шекил брутално забиваше преку двајца чувари и ја откорна конструкцијата на кошот. Утакмицата беше прекината. Ова беше вистински историски настан за НБА, но не е единствениот пат кога Шекил го уништил кошот.

За прекрасна ноќ: Една од најубавите македонски песни во изведба на ученичка од прилепската гимназија (Видео)

Проект на ученичка во гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп како дел од онлајн наставата по историја кај професорот Кире Николоски.

Една од најубавите македонски песна “Заветна” во изведба на гимназијалката во втора година, Маја Димеска.

Девојката ќе ве освои со нејзиниот глас и емоција! Уживајте во продолжение:

Тажна мака земјоделска: Македонската зелка во Шведска вреди неверојатни 3 евра за килограм, а кај нас се откупува за 6-8 денари (Фото)

Додека во Македонија раноградинарската зелка се откупува за 6-8 денари по килограм, во главниот град на Шведска, Стокхолм, македонската зелка оди скоро до 3 евра за килограм.

Фотографиите ни ги испрати нашинец кој живее во оваа скандинавска престолнина, а на истите може да се види и цената, 29,98 шведски круни, или 168 денари.

Тешка е земјоделската мака на македонскиот земјоделец, а уште потешко е кога сопствениот труд нема да им се исплати.

Пред неколку дена со ангажман на Министерството за земјоделство во струмичко беа откупени 40 тони пролетна зелка од страна на компании од Косово.

Од четири струмички села откупени биле 40 тони пролетна зелка по цена од 8 до 10 денари за килограм, информираше Митко Караиванов, откупувач од Струмица.

ТВ “24” направи репортажа од струмичкото село Сарај каде земјоделците се жалат на ниската откупна цена.

Прилогот можете да го погледнете ТУКА

Уживаше на плажата, па беше yaпceн со дpoн (Видео)

Италијанската полиција користи дронови за да ги “улови” граѓаните кои не се придржуваат на мерките против kopoнавиpycoт, па така фатија и еден човек кој уживаше на пустата плажа во Римини.

Иако околу него немаше никој, полицијата му пиша kaзна. Видеото е снимено во Римини, едно од најпознатите туристички дестинации во Италија.

Полицијата со дрон ја надгледуваше плажата и за неколку минути човекот беше приведен.

Потегот на полицијата предизвика негативни реакции кај јавноста која смета дека ова казнување не било неопходно.

Teстирањата во Куманово, на државно позитивен, на приватно негативен?

(Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски)

“Почитувани пријатели, драги граѓани,

Ви се заблагодарувам од срце на сите пораки со подршка и желби за закрепнување.

Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.

Сите тестови се НЕГАТИВНИ

Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.

Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.

Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.

Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца”.

Старите пријатели се сетија на Прилеп: 4-милионскиот збратимен град од 2013 година испрати помош за Прилеп (Фото)

Двесте заштитни одела беа донирани денеска на церемонијата во Амбасадата на Република Македонија во Кина за градот Прилеп од збратимениот град Дејанг, од провинцијата Си Чуан.

На церемонијата присустуваше конзулот Весна Андреевска и претставникот на градот Дејанг во Пекинг, Џао Ке.

-Од почетокот на избивањето на епидемијата, ние сме заедно со вас во справувањето со кризата и надминувањето на тешкотиите во вашите напори да ја победите пандемијата. Во изминатите неколку недели, вирусот се шири брзо и масовно во повеќе земји во светот. Дознавме дека во моментов се шири и во Северна Македонија, исто така, што ве става во клучна улога во борбата против него. Ние сме со вас. Вирусот ги урна сите граници, но љубовта ќе преовлада во светот. Во овие тешки времиња, од името на локалната Влада на Дјанг и на четирите милиони жители ви испраќаме поддршка на вас и вашиот народ. Ние обезбедивме дел од потребните материјали за донација за нашите пријатели во Прилеп, придонесувајќи во вашата борба против пандемијата. Во овој момент ние цврсто стоиме заедно со вас и вашите напори да се справите со ситуацијата, се наведува во писмото на градоначалникот на Дејанг, Хе Ли.

Општина Прилеп се збратими со 4-милионскиот кинески град Дејанг во 2013 година. Тогашниот градоначалник Марјан Ристески летото во 2013 година беше и во посета на Дејанг, а претставници од Кина во октомври истата година дојдоа во посета на општина Прилеп.

Денеска Дејанг потсети дека се сеќаваат на воспоставената соработка и испратија 200 заштитни одела за потребите на општината.

Ако се има во предвид фактот дека збратимениот со Прилеп, Дејанг има четири милиони жители, двапати повеќе од Македонија, а провинцијата Ченг Ду преставува огромен пазар и економски потенцијал, редно време е сегашните општински власти да размислат како да го искористат тоа и да направат нешто повеќе за Прилеп.