дома блог страница 2647

Народна банка со важно соопштение до сите пензионери во Македонија

Препораки на Народна банка на Република Македонија во врска со исплатата на априлските пензии:

По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат предвремената исплата на априлските пензии, апелираме:

Заради заштита на здравјето, да се избегнува користењето готовина. Пензионерите коишто поседуваат дебитна картичка и од утре преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата априлска пензија, да настојуваат
секогаш кога е можно плаќањата да ги вршат безготовински – со употреба на картичката. Така ќе придонесат за заштита на своето здравје и на здравјето на другите.

При посета на филијалите и експозитурите во текот на следната недела, пензионерите коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време, без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.

Во периодот од 8 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи, особено следната недела од понеделник до четврток, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките. Во овој термин да се даде приоритет и предност на повозрасните граѓани коишто имаат потреба од банкарски услуги

При една посета на филијала/експозитура да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека во овој период е потребно физичко присуство во банките.

Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама
или шал, бандана и сличнo.

Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките. Потсетуваме дека според веќе објавениот распоред, исплатата на априлските пензии за пензионерите коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе по групи:

во понеделник, 27 април – пензии со висина до 11.000 денари;
во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари.

Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето.

Во текот на претстојните денови ќе бидеме во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата на априлските пензии да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

Веруваме дека системскиот пристап којшто ќе се примени за исплатата на априлските пензии ќе ги даде очекуваните резултати.

Дежурни маркети и аптека за време на полицискиот час викендов во Прилеп

Сервисни информации за работата на маркетите и аптеките за време на полицискиот час

Во сабота и недела, 25 и 26 април, дежурни ќе бидат истите маркети кои работеа и во текот на изминатите два викенда. Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, а доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.

Дежурна аптека во сабота и недела, 25 и 26 април:

„Мента Фарм 2“……………..тел:070 711 651

Работното време на аптеката е 24 часа, по телефонски повик од лекарски тим од здравствената установа каде се спроведува дежурството.

Има ли некој да постави ново знаме над Крушево? Ова е национален срам (Видео)

Јарболот со државното знаме кај крстот над Крушево

Вистински срам ги пречекува посетителите кај крстот над Крушево. На јарболот на кој треба да се вее државното знаме, се вее партал.

Дали постојано некој треба да апелира за македонските знамиња да се променуваат?

Дали толку е тешко надлежните да внимаваат и да ги одржуваат овие јарболи кои се национална гордост?

Крушево е македонска туристичка и национална гордост, па најмалку што заслужува е ваков третман.

Најдобрите македонски фудбалери донираа еден куп опрема за болниците: Вистински пример за почит кон својата татковина (Фото)

Фудбалерите од А селекцијата на Македонија донираа најразлична медицинска помош за две болници во нашата земја.

Веста на социјалните мрежи ја обвјави репрезентативецот на Македонија и член на калчолигашот Удинезе, Илија Несторовски.

“Апел од нас фудбалерите на А репрезентацијата на нашата сакана земја. Иако сме далеку физички, ние сме со цело срце и душа со нашиот народ. Денес дониравме одредена количина заштитна опрема на медицинскиот и помошниот персонал во ГОБ “8-ми Септември” и KИФБ Скопје”, напиша Несторовски.

Болницата „8ми септември“ и Клиниката за Инфективни болести во Скопје од фудбалерите добија маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, заштитни визири и друга опрема.

“Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани, не штедејќи се себе во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа, сега кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал”, пишува Несторовски на Фејсбук.

Каде е Мила Царовска, прашуваат од “Еурокомпозит”? (Видео)

Шеесетината вработени во загубарот Еурокомпозит веќе петти месец откако беа испуштени на принуден одмор, тотално заборавени од државата. Досега ниту некој ги контактирал, ниту пак зеле некаков надоместок, а започнале и кражбите на скапи делови од машини во фабриката, која пак е без струја и ја обезбедува полициајта – објави “АЛФА ТВ”.

“Тие машини се уништени трајно. Не можи во никој случај да функционираат. Тие делови што се украдени, не можи ниту да се набават, ниту да се купат за да продолжи таа машина да работи. Тие се крадени дури чува полицијата, ама се фатени крадците, но штетата е огромна. Значи тие не се извадени така со алат, туку се откорнати од машините”, вели Роберт Богданоски.

Велат во вода им паднале и обидите за обнова на договорот со МВР за производство на панцири, како нивна последна надеж, за самостојно колку толку да си ја реанимираат компанијата.

“Ние ваква фирма, имаме матретијал за 200 елеци. Ако ние имаме пари, да вложиме 800.000 евра, ние немаше да чекаме ниту досега. Затоа баравме нивна помош, тоа што имаме да изработиме, да ни платат, дел од тие пари да употребиме за суровини, да го дозавршиме договорот, дел ќе поделевме по луѓето”, велат од компанијата.

Во меѓувреме испраќале и неколку дописи до вицепремиерката Мила Царовска, меѓутоа досега, освен префрлање на топката меѓу владините функционери, не добиле никаков одговор.

Извор: “AЛФА ТВ”

Бисера е најголемиот борец од Прилеп: Успешно закрепнува на клиниката “Жан Митрев” (Видео)

Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за детски болести, и еден претходен престој во клиниката “Жан Митрев” поради оклузија на десната брахиална артерија пропратено со некроза надисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.

При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања. Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж. Психо-моторниот развој кој многу заостануваше за нејзината возрас од 6 месеци. Бисера имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2920 грама – вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во Zan Mitrev Clinic.

По првичните обемни лабораториски, микробиолошки и имиџинг иследувања почнавме Бисера да ја храниме со хиперкалориска и антирефлуксна формула во почеток со помали дози кои постапно се зголемуваа Ја храневме преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имаше изгубен рефлексот за цицање.

Хроничниот белодробен наод е лекуван со инхалации со бронходилататори кој Бисера добро ги поднесе и во тек на следните денови постапно со подобрувањето на дишењето се намалуваше кислородната подршката.

По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултурата кај Бисера е вклуичена и антибиотска тепија надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.

Интензивно е спроведувана и физикалан терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице. После десетина дена ја повикавме и нејзината мајка и сега се тие две заедно грижејќи се за здравјето при тоа следејќи ги препораките на нашите доктори.

Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2920 грама на 4000 грама.

Сепак, и покрај позитивниот резултат во психо-моторната и здравствена состојба кај Бисера престои уште терапевски процедури кој треба да се спроведат за да може целосно да се излекува.

Максимално ќе се грижиме и понатаму за овој наш мал пациент за што ќе ја информираме јавноста, пренесуваат од Клиниката Жан Митрев.

За состојбата на Бисера откако е преместена од Универзитетската клиника за детски болески на клиниката “Жан Митрев”, на Фејсбук се обрати и нејзината мајка.

“Добра ви вечер, добри луѓе! Еве помина месец дена откако Бисерче ја немаме видено и скоро три недели откако престојува во Клиниката Жан Митрев. Денес мама и Бисера се споија. Денес поради вашата добра душа и човечност Бисерче стигна до 4000гр, а беше примена со 3330гр. Дишењето и е доста подобрено, но сеуште се бориме со бактериите.. Бидејќи се работи за лекување, добри резултати веднаш не можеме да добиеме, но Бисерче е борец така да со господ напред и ваша помош ќе се бориме заедно со неа. Тешки моменти за нас, тешки моменти за сите, од сѐ срце сме му благодарни на Sasha Milenkovski Antoniela Markoska Premcheski и Златка Вељаноски кои успешно го спроведоа акциите за донации, за да можеме ние да го отпочнеме тука лекувањето, нормално благодарност до сите што ни даваат поддршка, донираат и се тука за нас. Господ само знае колку ни значи. Нека дава здравје на сите..?
Во МК сеуште нема отворено бројчиња за донации, одиме чекор по чекор бидејќи веќе имаме собрано средства за овој период. Како ќе се одвива лекувањето така ќе известуваме. Имајте пријатна вечер. Бисерче ви испраќа љубов на сите”.

АЕК ги утврдува условите за издавање одобренија за 5Г, тендер на крајот на годината

Домашни оператори, заинтересирани странски компании и граѓани до 20 месецов, кога истече рокот, доставиле мислења и забелешки до Aгенцијата за електронски комуникации во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г-технологијата.

Сашо Димитријовски, директор на АЕК, во интервју за МИА вели дека досега сите чекори се спроведуваат согласно динамиката предвидена со Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), усвоен од Владата во април минатата година.

– Сите пристигнати мислења ќе бидат разгледани од стручните служби во AEK и ќе бидат соодветно имплементирани во законската постапка, која е предвидена согласно Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции. Согласно НОБП, тендерската постапка се очекува да започне до крајот на 2020 година. Ќе се сублимираат пристигнатите мислења и заедно со постојната регулатива во Македонија, која е на иста линија со европската, ќе се пропишат условите што ќе бидат наведени како барања, кои операторите што ќе добијат одобренија ќе треба да ги исполнат, појаснува Димитријоски.

До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31 октомври годинава за опсегот 3.6-3.7 Mhz.

Димитријоски во интервјуто за МИА, кое во целост ќе биде објавено утре, говори и за сомнежите и стравувањата што во јавноста се појавија во врска со 5Г технологијата и нејзиното поврзување на коронавирусот, за обемот на интернет-сообраќајот изминатиот период додека земјата се правува со Ковид-19, за квалитетот на услугите и брзината на интернетот, но и за мрежната покриеност во државата.

Првиот човек на АЕК во интервјуто за МИА се осврна и ефектите од примена на договорот за намалување на цените во роаминг во регионот, но и за очекувањата во сила да стапи Меморандумот со Грција за пониски цени во роаминг, кој беше потпишан минатата година.

Марија и Орде од Прилеп се вистински херои! Досега изработија 5.000 заштитни маски во својот дом (Фото)

Марија и Орде Велески кои се родени во Прилеп, а сега живеат во Скопје, во својот дом со свој труд и материјали прават заштитни маски.

Овој брачен пар досега изработи речиси 5.000 заштитни маски кои досега се разделени на вистински места

Инаку, Марија веќе 20 години повеќе од успешно шие свечени и невестински фустани и голем дел од своето време поминува и на пазарите каде се продаваат материјали. Поттик за нешто вакво големо и хумано била и провокацијата поради тоа што некои луѓе профитираат и на нечовечки начин ја користат оваа кризна состојба предизвикана од пандемијата со корона вирусот.

Токму затоа Марија и Орде имаат за цел да ја урнат колку што можат заработувачката на оние кои профитираат и да предизвикаат позитивна енергија кај луѓето, но и поттик повеќемина да го следат нивниот пример.

Заштитните маски започнаа да ги изработуваат пред повеќе од еден месец, па досега стигнале до бројката 5.000.

Велат дека маските ќе се произведуваат додека е потребно. Со оглед на тоа дека се откажани сите прослави и веселби, па Марија нема порачки за фустани, целосно ќе се посвети на изработката на заштитни маски.

Овој хуман гест нека биде поттик за секој кој е во можност да направи нешто слично. Ова се времиња кога сите можеме да бидеме од помош и секоја подадена рака ќе значи чекор поблиску кон совладување на пандемијата со корона вирусот.

После близнаците Kopoна и Koвид, се појавија голем број необични имиња кај бебиња

Родителите ширум светот им даваат на своите деца имиња инспирирани од коронавирусот. По раѓањето на близнаците Корона и Ковид, се појавија стотици други примери на креативни и бизарни имиња што несреќните деца ги добија во последните неколку недели, пренесува huffpost.com.

Така, во Индија, по Корона и Ковид, се роди Sanitazer (Средство за дезинфекција).

Се чини дека создавањето на бизарни имиња поврзани со корона најмногу е присутно кај Индијците, затоа што таму се родило и момчето , што го добило името Lockdown (Карантин).

Една двојка на Филипините не можела да одлучи дали почетокот на годината е повеќе обележан со смртта на Коби Брајант или коронавирусот, па го именувала нивниот син Ковид Брајант.

Постојат и такви помалку бизарни имиња кои исто така се поврзани со несреќата што ја зафати планетата. Имињата што значат „виножито“ се повеќе популарни, како и кратенките од Карантин и Пандемија , Тина и Деми.

Едно од поубавите имиња што родителите го даваат овие денови е секако Patience (Трпеливост).

Американскиот претседател предлага вбpизгyвaње на дезинфекциски средства во телото на зapaзените (Видео)

Американскиот претседател стана мета на критики откако предложи виpycoт да се лечи со вбризгување на дезинфекциски средства во телото на зapaзените од kopoнавиpyc.

Тој исто така посочи дека телото на пациентот треба да се „искапе“ во ултравиолетово светло, а таа идеја ја отфрли лекар.

Да претпоставиме телото да го изложиме на големи УВ-зраци или некое друго моќно зрачење“, рекол Трамп и и` се обратил на докторката Дебора Биркс, која е координаторка за бopба против кopoнавиpycoт во Белата куќа. „Мислам дека рековте дека тоа сè уште не сте го провериле, но дека ќе го тестирате“. Тој предложил вбризгување во белите дробови.

„Јас тогаш реков што ќе се случи ако пуштиме зраци внатре во телото, што може да се направи преку кожата или на некој друг начин, па вие рековте дека ќе тестирате. Тогаш видов дезинфекциски средства кои го уништуваат виpycoт во минута, постои ли начин да направиме такво нешто, преку инјекција или со чистење? Средството да влезе некако во белите дробови. Тоа е интересно да се провери“, додал Трамп.

Тој ја прашал докторката за тоа дали слушнала за третман на лекување на кopoнавиpycoт со топлина и зраци?

„Не како третман. Мислам, температурата е добра работа, помага на телото да одговори на болecта, но сè уште не сум видела третман со помош на топлина или зрачење“, рекла Биркс додека Трамп и` одговорил дека би било многу добро ако се провери такво нешто.