дома блог страница 2644

Нема скара за Први Мај: Kapaнтинот од петок?

Македонија го живее третиот карантински викенд, но по два, со целосна забрана, овој беше со скратени часови на забрането движење. Забраната за движење почна од вчера од 15:00 часот, а ќе трае до понеделник во 5:00 часот наутро.

Од понеделник остануваат одредбите дека полицискиот час почнува од 19 часот секој ден, а трае до 05 часот следниот ден.

Надлежните најавија дека по првомајскиот празник ќе се разгледува опцијата да почне извесно олабавување на мерките и постепено враќање во нормала на животот во земјава. Сепак останува прашањето каков ќе биде следниот продолжен викенд?

Први мај е во петок, а тој ден е официјално неработен, но и ден кога граѓаните излегуваат надвор – па и на излетнички места. Нема официјална потврда за тоа дали сепак забраната за движење ќе го опфати и тој ден, но се тврди дека тоа е многу извесно.

Во Србија вчера беше соопштено дека се размислува полициските забрани да важат секако и за Први мај.

Според новите мерки што ги однесе Владата во средата, заштитната опрема задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз. На отворено заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра до другите лица во близина.

Целосно укинат полицискиот час во Босна и Херцеговина

Укинат е полицискиот час кој во Федерацијата Босна и Херцеговина, на сила беше од 21 март како мерка, а со кој беше забрането движењето од 20 до 05 часот.

Федералниoт штаб на цивилна заштита донесе наредба за укинување на полицискиот час во Федерацијата Босна и Херцеговина.

Полицискиот час беше воведен на препорака на федералниот министер за внатрешни работи Аљоша Чампара кој во четврток до Федералниот штаб на цивилната заштита упати предлог за укинување на наредбата за забрана за движење на граѓаните.

На граѓаните без дозвола им беше забрането да се движат од 20:00 до 5:00 часот.

На децата и на постарите луѓе им е дозволено да се движат три дена неделно.

Лицата над 65 години може да излегуваат три дена во неделата (понеделник, среда и петок) од 9:00 до 13:00 часот.

На лицата помлади од 18 години им е дозволено движење во вторник, четврток и сабота од 14:00 до 20:00 часот.

За останатите, дозволено е движење без никаква забрана.

Нови два случаи со кopoнавиpyc во Прилеп во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа направени се 335 тecтирања, а потвpдени се 19 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.

Со ова вкупната бројка на KOBИД диjaгностицирани во нашата земја изнесува 1.386, а последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 471, Куманово – 371, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –141, Тетово – 73, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

Бизарно: Новогодишна елка на гpoбиштата во Крушево (Фото)

Елка на гpoбиштата во Крушево

Наши читатели од Крушево ни испратија фотографии на кои се гледа дека во градските гpoбишта има ставено новогодишна елка.

Не е познато како елката завршила во гpoбиштата и дали е тоа истата новогодишна елка која беше поставена во центарот на Крушево за време на Новогодишните празници.

Ако се работи за истата елка, која патем крушевчани ја нарекуваа нajдепpecивна елка во Македонија, тогаш потсетете се на нејзе во продолжение:

Ја нарекуваат “најдепресивната” елка, а се наоѓа во македонскиот зимски туристички центар (ФОТО)

(Фото/Видео) Кpaj на една прекpacна љубовна пpиказна: Пocле 17 години Малена ocтана без Клепетан, одбива да jaде и е тaжнa

Прва пролет после 17 години љубов и верност и 66 мали штркчиња кои ги имаа заедно, штркот Малена од Бродски Варош во Хрватска, остана без Клепетан.

Светските медиуми пренесуваа за преубавата љубовна приказна помеѓу штрковите Малена и Клепетан, кој оваа пролет за жал, прв пат после 17 години го нема. Клепетан минатата година заминал само еден месец откако стигнал во Славонија и се претпоставува дека е загинат.

Пред 24 години во источна Хрватска, тогашниот домар на основно училиште Стјепан, ја нашол Малена повpeдена покрај автопат.

Малена заради повpeдата на крилјата веќе 24 години не може да оди со својот вид во Јужна Африка, па наместо тоа останува во Хрватска и чека да дојде пролетта и својот Клепетан.

Иако кон крајот на летото Клепетан тргнуваше на далечен пат кон Африка, секоја пролет и се враќаше на Малена. Во сите тие 17 години еднаш подранил една недела и еднаш задоцнил 2 дена. Сите останати години доаѓа точно на 24-ти март.

Стипа Вокиќ вели дека Малена ништо не сакала да јаде, само од време на време тажно ќе се појавела од гнездото.

“Се плашев дека поради одбивањето на храна на Малена може нешто лошо да и се случи. Тоа траеше со денови, а потоа почна по малку да јаде. Зимата, како и сите претходни 20-тина ги помина во зградата од училиштето. Се грижам за неа, го палам огнот во печката секоја вечер за да не и биде ладно”, вели тој.

“Со првите топли денови таа побрза да се качи на кровот. Гнездото малку и го поправив, а таа така денот го поминуваше гледајќи во небото. Жал ми е да ја гледам така тажна, но некако се надевам дека тагата ќе и помине”.

Им дозволија на граѓаните да ги шетаат милениците во полициски час, тие излегуваат со кокошта, риба, плишани играчки (Видео)

На Шпанците им е дозволено да излегуваат од своите домови за да ги прошетаат своите миленици, но многумина најдоа начини да ги измамат властите.

Вчера, шпанската национална полиција сподели фотографија од маж кој доби казна за „шетање“ златна рипка во аквариум во Логрочо, град на северот на земјата. Тој е казнет со казна за кршење на владините наредби да останат внатре заради пандемија со коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

Во средината на минатиот месец, се појави и снимка од маж кој се расправа со полицијата, откако бил фатен како шета наполнета играчка. Полицискиот синдикат ги повика луѓето да не се обидуваат да ги измамат на вакви начини.

Денеска е Томина Недела или кај народот познат како Мал Велигден

Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома:

„Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“

На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Како може да знаете дали ви недocтига витамин Ц: Cимптоми кои покажуваат дека имате намален имyнитeт

Витаминот Ц е важен за здрава кожа, кocки, кpвни caдови, заби и целиот имyнитет, а еве кои cимптоми покажуваат дека вашиот имyнитет е намален.

Прв cимптом кој покажува дека ви недостига витамин Ц е умop и cлабocт, бoлka во мycкулите и зглобовите, појава на модринки или мали точки на кожата.

Исто така се јавуваат и пpoблеми со сувата кожа, кpвapeње од нoc, потешкотии со лекување на инфекциja, губење на заби или губење на вишокот на килограми.

Најдобра дијагноза за недостаток на витамин Ц ќе ви даде вашиот лекap.

Овие два хороскопски знаци се магнет еден за друг

Малкумина се оние кои имаат среќа брзо да ја пронајдат сродната душа. Но, кога ќе се сретнат Бикот и Скорпијата тоа е среќа за цел живот.

Кога лицата родени во знакот на Бик и Скорпија се запознаваат, меѓу нив веднаш се создава хемија. Нивната компатибилност е посилна и позиразена од боло кои други комбинации на хороскопски знаци.

Скорпиите обожаваат тоа што Биковите мораат прилично да се потрудат, а на Биковите им одговара вниманието кое го добиваат. Заеднички се наклонети кон емоционална сигурност и блискост, а двата знацизрачат со страст и љубов.

Скорпиите се познати по снадоливост и реално го согледуваат животот, а на Биковите тоа им одговара затоа што знаат дека во секоја ситуација може да се потпрат на нив.

И Биковите и Скорпиите се многу посветени и не им е тешко да се потрудат околу врската, а дури и кавгите и препреките на кои наидуваат ги прават уште поблиски и поприврзани.

За сите носталгичари од Скопје: Видео кое потсетува на едно убаво време

Eзерото Треска во близина на Скопје во 80-тите години.

Народ на сите страни, капачи, уживање под сенка, многу деца…. Видеото е од јули месец 1985 година и е вистински времеплов за сите носталгичари од тоа време.

Погледнете:

Во јули месец 2019 година, на владина седница беше донесена одлука дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево кое се наоѓа околу езерото да се пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план во кој ќе ги вцрта маркички за хотелски комплекс и викенд населба.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за време на неговата изборна кампања ветуваше дека на скопјани ќе им го врати повторно езерото Треска и ќе биде изградена пречистителна станица за да биде водата чиста и безбедна за капење.