дома блог страница 2643

Унгарија испраќа нова уште поголема пратка со помош за Македонија

Три недела по донацијата на 100.000 маски и 5.000 заштитни одела, Унгарија в понеделник со уште поголема медицинска помош за Македонија за борба со кopoнавирусот.

-Од четирите авиони со медицинска опрема и пецпиратори од Кина што вчера пристигнаа во Будимпешта, еден ќе биде претпратен во Македонија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Пратката опфаќа 4,6 милиони пара медицински ракавици, потоа 1 милион и 150 илјади маски за лице, делови потребни за ракување со 500 вентилатори и стотици тестови за дијагностицирање на Ковид-19, прецизира тој.

Не очajyвajте, во Гpција ќе може да се летyва од почетокот на jyли и тоа само за тypиcти од Балканот

Грција е една од омилените туристички дестинации на македонските туристи. Своите туристички објекти таа планира да ги отвори во периодот од 15 јуни до 1 јули и така да започне со мало задоцнување годинашнава сезона. Таа планира да им даде влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, додека за западноевропските земји каде што вирусот зеде најголем замав, најверојатно ќе стави црвено светло. Со тоа Грција планира да има туристичка сезона и таа годинава да трае подолго.

-Од 4 мај, постепено, Грција се враќа во нормала – изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис. Тој во интервјуто за грчката телевизија “Скај” изјави дека секоја седмица ќе имаат по едно отворање.-Ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, кон средината на јуни отвараме врата за туристите, но внимателно. Ќе дозволиме влез на турсити од региони кои имаат стабилни бројки во борбата со пандемијата. Нашата цел е туризмот да се активира, под услов да се заштити јавното здравје и да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес. Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава надеж, но и многу голема одговорност да го задржиме ова ниво – рече државниот министер на Грција за ТВ „Скај” .

Дека туризмот во Грција наскоро се враќа во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

-Полека, до крајот на мај, средината на јуни во голема мерка ќе се вратиме во нормала. Најголемиот проблем и најголемата наша грижа во однос на економската активност е туризмот – рече портпаролот на грчката Влада.

Отворање на границите за туристи најави и грчкиот министер за туризам Харис Теохарис. Тој во интервју за „Би-Би-Си“ вели дека земјата прави напори да ги отвори границите но дека истите нема да бидат отворени за сите и рече дека за почеток би било добро да се воспостави билатерална комуникација и патување за само некои земји. Земјите од Балканот се споменати во оваа изјава.

Теохарис објасни дека за отворањето на границите, постои дискусија со здравствените експерти, кои ќе го имаат последниот збор.

-Сега сме во процес на разработка на протоколите кои ќе бидат доставени до експертскиот комитет и се надеваме дека ќе ни дадат одобрение постепено да отвораме – рече грчкиот министер.

Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона. Нивните очекувања се дека оваа година ќе имаме продолжена сезона. Она што е добра вест е што ситуацијата со пандемијата не делуваше врз зголемување на цените на понудите, тие практично остануваат исти, а напоменуваат дека сите резервации “first minute“ по најниски цени, кои беа направени пред кризата со пандемијата, важат преку новоиздадени ваучери кои клиентите ќе можат да ги искористат до крај на 2021 година.

Ќе има ли втора тура пакети? Што откако ќе снема од “сдсмовското” масло, брашно и компири?

Изминаа речиси две недели откако СДСМ Прилеп ги подели пакетите со храна до семејства кои како што објавија од партијата се социјално загрозени.

Од партијата на почетокот од акцијата објавија дека се работи за 1.000 пакети со брашно, комири, масло, салами…, а во делењето на пакетите беа вклучени и партиските функционери, меѓу кои и кандидатите за пратеници.

Aкацијата помина, но што сега, што понатаму со овие наши сограѓани од кои дел и пред корона кризата едвај крпеа крај со крај?

Што со овие граѓани кои и претходно едвај го поминуваа месецот? Имаат ли “план” од СДСМ како трајно да им обезбедат подобар живот на овие семејства, или целта беше само да се соберат политички поени за време на еден ваков чувствителен период?

Секоја помош е добредојдена за овие семејства, но брашното и компирите ќе се потрошат, а нивниот живот и понатаму продолжува онаков каков што бил…

Крајно време е во Македонија да се престане со фотографирање и снимање… Државата треба да биде мајка на сите!

Сдсмовски кадар “лом” ги направи Македонците?

Златко Ориѓански со пофални зборови за бугарскиот премиер Бојко Борисов, но не пропушти можност да го сподели и мислењето за македонскиот народ.

-Борисов вие сте господин човек, капу скидам, ги еб*ш мутавиве Мачедонци, среде мозок, тоа ценам, само така со нив. Нит некогаш народ биле, нит ќе бидат Борисов, бела чао, ви посакувам добро здравје, напиша Ориѓански.

Тој покрај тоа што го навреди македонскиот народ, објасни и што всушност значи да си „македонски скромен“.

-Тоа значи да си глуп еднакво 95% население во МКД. Немој да си скромен! Немој да пливаш во нивната кал! Биди дрзок! Свој и посебен! Биди светски човек, немој да си глуп Македонец!

(Фото) Србија донира за Италија: Четири авиони полни со заштитна опрема

Денес дури и американските медиуми ја пренесоа веста за помошта од Србија за Италија. Четири авиони со медицинска опрема, вклучувајќи ракавици, маски и заштитни одела.

Меѓу останатото “US news”, но и порталите од Сан Диего, радио станицата од Индиана, пишуваат дека во наредните два дена ќе бидат испратени уште четири авиони со опрема, која српската Влада ќе ја донира за Италија.

“Ќе победиме заедно, биди храбра Италијо, Србија е со тебе”, напиша Вучиќ на италијански на една од кутиите со опрема пред да биде ставена во авион.

Италија минатата година беше вториот најголем трговски партнер на Србија после Германија, покажуваат податоците на бирото за статистика. Италијанските компании, вклучувајќи го и Фиат, вработуваат на 20.000 луѓе во Србија.

Ким Јонг Ун жив и здрав! Еве каде се наоѓа лидерот на Северна Кореја

Советникот за надворешна политика на јужнокорејскиот претседател Чунг ин Мун, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е жив и здрав и дека од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.

“До сега не се забележани никакви сомнителни движења”, рече тој, пренесува порталот Њузвик.

Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Јонг Ун е навистина лоша, а многу новинари шпекулираа и дека тој не успеал да преживее.

Во саботата се објавени сателитски снимки од возот кој му припаѓа на Ким, а тој се наоѓа на железничката станица во Вонсан.

Многу прилепчани на едно место: Се отварал важен објект (Историска фотографија)

Фотографијава ја враќа историјата 50, па и повеќе години назад при означувањето на почетокот на работа на старото пристаниште на меѓуградските автобуси во центарот на градот.

Исечокот од минатото сведочи дека новиот објект во вид на голема барака со чекалница, пултови за издавање билети, простори за одмор на возачите па и ресторан, биле славна работна победа на тогашната фирма која стопанисувала со автобусите во Прилеп и во чија надлежност била и автобуската станица.

Луѓето сметале дека автобусите пристојно ќе запираат, а патниците уште полесно ќе слегуваат или ќе се качуваат.

Времињата се променија. Стандардите на услугите се поткачија нагоре. Автобуската веќе има ново, модерно руво. Сопствениците веќе не се мачат. Го одржуваат транспортот на патници со автобуси или сега повеќе со минибуси или поголеми комбиња со силната нелојална конкуренција.

Како и да е, реализиран е квалитетен интегрален проект за превоз, транспортен центар за автобуси и возови, со деловно – трговски комплекс, кај поранешниот противпожарен дом.

Ставен е крај на автобуската станица в центар, која предизвикуваше сообраќаен метеж и асоцираше само на разделби, а помалку на пријатни средби.

Во 2014 година во Прилеп беше изградена нова автобуска станица, современа и со сите потребни услови, па така се растерети сообраќајот во централното градско подрачје.

Извор: “Неделник Зенит”

(Фото) Американците се упатија кон плажите, но никој не очекуваше да го види ова

Граѓаните на Флорида се упатија кон плажите кои беа отворени како резултат на олабавување на мерките за бopба против кopoнавиpycoт, но она што го видоа таму ќе ги натера добро да размислат.

На местото на кое во нормални услови седат спасувачите на плажата, ни помалку ни повеќе, седеше и чекаше cmpтта.

Станува збор за познатиот адвокат од Флорида, Даниел Улефелдер во познатиот костум, а тој смета дека плажите се прерано отворени.

“Многу од вас ме прашаа дали сакам да направам турнеја низ Флорида со овој костум. Одговорот е апсолутно да”, напиша Даниел на Твитер.

(Видео) Еве што се случува кога луѓето седат дома: Пингвини, кози и кенгури по улиците, а во Италија снимена прекрасна глетка

Откако беа воведени мерките за изолација ширум светот поради пандемиjaта од кopoнавиpycoт, на улиците во многу градови се појавија неочекувани гости.

Сепак, постојат и загрижувачки примери- мечки и диви мачки толку многу се приближија во населбите, што слободно шетаат низ дворовите, од Индија до Америка.

Група од неколку пингвини беше снимена како ужива по улиците на Кејптаун.

Во Австралија многу често може да се види кенгур на автопатите, но не и слободно да се шета низ населените места.

Во Шпанија диви кози трчаат низ дворовите на луѓето.

Ce дави ли Крушево во нечиcтотиja и cмeт? Жителите гнeвни на локалната влacт (Видео)

На Фејсбук деновиве кружат видеа од уништената природа во Крушево. Страшно голема количина на отпад има на местото викано Марково, кое се наоѓа во близина на поранешната кланица.

са

Според коментарите на крушевчани на социјалните мрежи, за жал ова место веќе е потенцијален извор на зapaза, а негрижата за природата е веќе во алармантна фаза.

Граѓаните ги повикуваат одговорните од општина Крушево да излезат на терен и итно да ја исчистат оваа дива депонија.

Исто така се повикуваат и надлежните од Министерството за екологија да извршат инспекции и да утврдат кој ја загадува природата во Крушево.

Во фотографиите се споделуваат се и овие од градот:

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, вчера на својот Фејсбук профил објави дека ги променувале старите контејнери.