Излезе првата песна од албумот „Билбил пее во планина“ на Евгенија Здравевска, или како што сите ја знаат Зарина Првасевда.
Песната “Мори моме солунeнке” е многу стара љубовна песна од историскиот јужен дел на Македонија, кој сега се наоѓа во Грција. Во овој регион сеуште постои жива традиција, фолклор, култура и луѓе кои го зборуваат Македонскиот јазик – пишува во описот на видеото на јутјуб.
Аранжманот на песната е дело на Александар Петров. На традиционални инструменти (уд, тамбура, бузуки и саз) Дарко Фурнаџиски.
Пијано: Васил Хаџиманов/ Кларинет: Благојче Трајковски и Исмаил Лумановски/ Бас: Оливер Јосифовски/
Зарина како и секогаш кога пее на одличен начин и со прекрасна емоција ја пренесе песната. Уживајте во продолжение:
“Се надевам дека ова мало парче музика откинато од моето срце и извајано со многу љубов заедно овие прекрасни музичари и целиот тим кој работеше на него , ќе ви го затопли срцето барем следните неколку минути…
Дефинитивно, овој датум останува силно запечатен во дневникот на моето земско патување, како еден нов животен почеток.Благодарам на сите кои ме бодрите и инспирирате! Уживајте и наздравје”, напиша Здравевска на Фејсбук.
Граѓаните кои скенираат фискални, можат да се откажат од заработените пари за првото тримесечје и истите да ги донираат во Фондот против Ковид-19.
Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од данокот на додадена вредност за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во Буџетот на Република Македонија поради справување со последиците предизвикани од кopoнавирусот.
Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.
За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година.
Исто така се намалуваат и наградите од “МОЈ ДДВ Моја награда”. Дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100 илјади денари во мај и јуни нема да се одржат, соопштуваат од министерството за финансии – пренесе “Сител ТВ”.
Судејќи по американските медиумски текстови, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун не е во добра здравствена состојба, а наводно имал и кapдиовacкуларна опepaциja на 12 април и од тогаш му е загpoзен и животот.
Иако официјален Пјонгјанг молчи за состојбата на лидерот, познати светски медиуми истражуваа не само за операциjaта на Ким, туку и за неговите можни наследници. Човекот кој има право да го наследи престолот е Ким Хан-сол, неговиот внук.
Тој студирал во Мостар, а како што тврди порталот 24sata.hr, таму го имал надимакот “paкиja”.
Tој пред речиси 10 години се доселил во градот на Неретва да студира на “United World College”. Луѓето од Мостар имаат само убави зборови за него.
“Секогаш одеше во една кафана на Шпанскиот плоштад. Тоа требаше да се види. Таму се служеше и пијалок, имаше и ракија, ја правеше газдарицата. Тука тој пиеше, а овие нашите го нарекуваа Pakија”, раскажува еден мостарец.
Конвој од возила без регистрации и товарени со дрва по патот кој води кон прилепското вештачко езеро
Наши читатели кои денеска го искористија топлото време за рекреација покрај прилепското вештачко езеро, ни испратија видео на кое се гледаат три автомобили без регистарски ознаки натоварени со дрва.
Автомобилите се движат најпрво по асфалтираниот пат, а потоа свртуваат по калдрмата и се упатуваат во непознат правец.
Граѓаните кои ни го испратија видеото велат дека најверојатно се работи за дрвокрадци кои овие денови се зачестени во регионот над вештачкото езеро.
Пулмологот Браним Несторовиќ откри дека заедно со најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ планираат да работат на апаратот кој научникот Никола Тесла го правел уште во 1906 година, а кој може да се користи во спортската медицина.
“Кога ќе помине оваа пандемиja ќе работиме на производство на домашен апарат на база на моделот од Тесла. Се собра група на необични луѓе, има и инженери и каков што е Новак, тој се понуди тоа да го финансира и да го подари на сите болници во Србија”, изјави Несторовиќ.
Несторовиќ како анегдота кажа дека го лечел Новак кога имал 11 години и дека уште од тогаш знаел дека ќе биде најдобриот тенисер во светот.
“Ми рече дека ќе биде најдобар во светот. Мислам дека тоа ми го кажа кога имаше 13 години. Ми рече толку убеден. Додов дома и реков “едно момче кое мој пациент рече дека ќе биде најдобар тенисер во светот, тоа звучеше толку реално”, додаде Несторовиќ.
Македонија се соочува со нови ирационални предизвици и препреки. Согласно јавно објавениот документ видлив на веб-страната на Австрискиот Парламент ноторно е дека се воспоставени дополнителни услови и пречки за Република Македонија поврзани со закажувањето на првата меѓувладина конференција, односно отворањето на пристапните преговори за членство со ЕУ – истакна на денешната прес конференција Тимчо Муцунски, Секретар за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес конференцијата
Еден од повеќето спорни аспекти во овој документ e поврзувањето на почетокот на преговорите со барање на Република Бугарија за понатамошно именување на македонскиот јазик како „официјален јазик на“ државата со новата придавка. Истовремено, се бара и од институциите на ЕУ да не го признаваат постоењето на посебниот македонски јазик. Согласно денешна изјава на претставник на официјална Софија, Европратеникот Ковачев, ставoт на Бугарија е потврда дека за жал Владата на СДСМ до сега не ја кажуваше вистината во врска со ова клучно прашање за нашата земја.
Почитувани,
“Ова значајно прашање кое се отвора на таков невообичаен и непримерен начин од аспект на меѓународното право истовремено претставува и непосреден удар врз идентитот на Македонија и Македонците.
Како политичка партија сметаме дека едностраните решенија прифатени и имплементирани од страна на Владата на СДСМ, без демократски дијалог, консултација со релевантните политички субјекти и пошироката експертска јавност и нанесуваат сериозна штета на нашата држава. За тоа ние како политичка партија предупредуваме веќе подолг период.
Во наведената насока и земајќи го во предвид фактот дека се потврди веродостојноста на документот кој излезе во македонски медиуми, и тоа од страна на парламент на земја членка на Европската унија, сметаме дека е крајно време да вложиме дополнителни напори во градење на цврста и единствена национална платформа и стратешки пристап, како вистински патоказ за ослободување од стегите на попустливата надворешната политика, чии сведоци сме во последните три години.
И најголемите проблеми можат да се решат, и најголемите грешки може да се поправат само со проактивни и јасно поставени дипломатски приоритети, активности и мерки насочени кон барање на прифатливи и достоинствени решенија.
Идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе стави силен фокус кон развојот на евро-интеграцискиот пат, но ќе посвети и големо внимание кон заштитата на идентитетските прашања, вклучувајќи ја и поддршката на македонското малцинство, кое живее надвор од нашите граници. Тоа ќе го направиме во согласност со меѓународните норми, принципи и стандарди на принципиелна основа, по примерот на најразвиените демократски држави во Европа и во светот. Истовремено ќе работиме и во насока на дополнително афирмирање на нашата татковина Република Македонија и на заштитата на трговските марки и македонските производи.
Отворањето на дијалог за сензитивните идентитески прашања не би требало да биде својствено за овие модерни времиња, за 21-от век, во кој се соочуваме со редица други тешки предизвици, вклучително и глобална пандемија. Во наведената насока, градењето на силни добрососедски односи, засновани на постојан дијалог, меѓусебно почитување и респект кон заедничките различитости, може да бидат силен поттик за развој на економската, надворешно-трговската, финансиската, туристичката и инвестициската соработка, како и во нашето понатамошно инфраструктурно и енергетско регионално поврзување.
На крајот, сакам да нагласам дека заштитата на нашиот национален, културен и историски идентитет го гледаме како нераздвоен дел од потребата за почитување на меѓународниот правен поредок, европските демократски вредности, заштитата на основните човекови права и слободи, и неотуѓивите права на самоидентификација и самоопределување”.
Рапидно се зголемува бројот на новозapaзени од Koвид-19 во Македонија, а како што известуваат експертите пикот треба да биде на крајот од месец април или почетокот од мај.
Во последниве 24 часа регистрирани се 41 случаи на кopoнавиpyc во Македонија, со што бројката се искачи на 1.367 лица.
Регистриран е уште еден cmpтен случај, со што бројот на починати се зголеми на 58.
Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција.
Тој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првиот квартал од годинава.
Министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски изнесува 10 проценти. Потенцираше дека активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на преку петстотини социјални станови.
„За изградба на канализации и водоводи реализиравме 21 процент од планираните средства преку Европската инвестициона банка и 15 проценти за проектите преку КФВ банката. Интензивно работиме и на изградба на комуналната инфраструктура во Индустриската зона Визбегово, се работи и во Битола, Кавадарци, Радовиш, Велес, Теарце, Липково, Чашка и други општини во државата. Во делот на изградба на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола имаме 86 проценти реализација, додека гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар бележи реализација од 58 проценти. За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17 проценти од планираните средства, а во однос на делницата Бељаковце-Крива Паланка сакам да истакнам дека тендерската постапка за избор на изведувач е во тек и очекуваме до крај на годинава тендерот да заврши. Започнавме изградба на три нови згради за социјално ранливи категории на граѓани или вкупно се градат 506 станови во Неготино, Виница, Свети Николе, Пробиштип и во Бутел”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Министерот Сугарески додаде дека исплатени се 21 милион денари за финансиска поддршка за нови авиолинии, но поради настанатата состојба договорот со авиокомпанијата Визер е ставен во мирување.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека првиот квартал е успешен а изградбата и модернизацијата на патната мрежа во земјава продолжува со силно темпо.
Потенцираше дека во моментов се работи на рехабилитација на повеќе делници во вкупна должина од 150 километри, во завршна фаза се тендерите за реконструкција и рехабилитација на 84 километри патна мрежа, а набрзо ќе се распишат тендери за рехабилитација на 15 патни правци со вкупна должина од 232 киломтери.
„Градбите продолжуваат со несмалено темпо и покрај вонредната состојба. Одговорно тврдам дека нема да има кратење на капиталните инвестиции кои се однесуваат на инфраструктурните проекти. Јавото претпријатие за државни патишта продолжува да ја реализира Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација на државните патишта. Во таа насока, сакам да истакнам дека од предвидените 18.523.300.000 денари, за првиот квартал се реализирани околу 4 милијарди денари што значи дека нема никаков застој и работиме интензивно на терен согласно со временските услови и согласно со препораките воведени со вонредната состојба”, истакна директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
Тој додаде дека се интензивно се работи на изградба на експресните патишта и рехабилитација на преку триесетина регионални и магистрални патни правци.
Сугарески на прес-конференција во Владата рече дека договорот со „Визер” моментно е во мирување заради настаната состојба и откажувањето на сите летови од домашните аеродроми.
Проектот кој Владата на Данска за прв пат го објави во 2015 година, се очекува да биде отворен во 2029 година.
Се работи за најголемиот подводен тунел “Фемерн” кој ќе ги поврзува данскиот остров Лоланд и Путгарден во северна Германија.
Тунелот е со должина од 18 километри и ќе вклучува електрифицирана железница со две ленти и автопат со четири ленти
Целиот проект се проценува дека ќе чини 7,6 милијарди американски долари, а во март регулаторите на државната помош на ЕУ одобрија финансиска поддршка за Данска за проектот.
На патниците во моментов им требаат 45 минути со траект за да го преминат теснецот Фемерн, но откако ќе се изгради тунелот, ќе се премине со автомобил за 10 минути или со воз за 7 минути.