дома блог страница 2637

Нajмалата внyка на Гoцe Дeлчeв: Гoцe ќe ce пpeвpтe во гpoбoт aкo дoзнae … тoj и нeгoвaтa фамилиja беа пocветени само на Мaкeдониja (Видео)

Катерина Трајкова Нурџиева е македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево.

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.

Завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.

Во јавноста се’ уште е актуелна веста за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање е ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за “добрососедство” помеѓу двете земји разговараат за историјата.

Исто така темата деновиве се актуелизира и после ставот на Денко Малески, инаку советник на претседателот Пендаровски и прв министер за надворешни работи, кој за бугарска телевизија истакна дека Гоце Делчев е Бугарин.

„Чувајте го чисто името, не дозволувајте некој да го присвојува. Чувајте го и чувајте ги зборовите на Гоце, вистинските зборови на еден прекрасен човек кој му беше посветен на народот”, вели внуката на револуционерот во видеото и додава дека тој бил подготвен да умpe за својата земја и токму тоа и се случило.

Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот рев олуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година две години изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој…

Малески е на “платен список” кај Пендаровски: И покрај антимакедонските ставови останува да го советува

Преку соопштение од неговиот кабинет, претседателот Стево Пендаровски се оградува од Малески, но истовремено истакнува и дека и натаму ќе ги користи неговите советнички услуги. Во препознатлив стил на контранапад на партијата, на која и ден-денеска негира дека и припаѓа, тој не заборава да се осврне и на минатото кога според актуелниот претседател, советниците наводно имале задача „само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени.“

Дали вака според Пендаровски треба да изгледа демократијата, советник да ја понижи целата нација, а потоа без проблем и трунка одговорност за кажаното и стореното контра интересите на државата, да продолжи да ужива во огромната плата и без проблем да го советува шефот на државата?

Во дописот од кабинетот се вели:

„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика. Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа.

Освен споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи.

Меѓутоа, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески. Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени.“

Инаку, реакцијата доаѓа по интервјуто на Денко Малески кој изјави дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроитеграцискиот процес.

Тој на новинарското прашање дали Крсте Петков Мисирков е Бугарин на новинарот му вели дека „идентитетот е… тој е Бугарин, очигледно“.

Додека на прашањето „ Гоце Делчев зошто е предмет на спорење кога тој се определувал како Бугарин“, вели дека тоа е точно тој се определил како Бугарин, тоа е така но не може да се оспори неговото бугарско национално чувство.

На прашањето каков компромис треба да се најде за да не става Бугарија вето на европската интеграција на Македонија, Малески вели дека „македонската страна треба да се соочи со објективната вистина на начин на којшто објаснив сега“, вели тој.

„Целата објективна историска вистина кажува дека да дека ние сме биле еден народ“, вели тој.

Пендаровски не навлезе во безобразната содржина на кажаното од Мелски и не го откажа неговото советништво. Во секоја нормална држава, Малески би бил екс советник на претседателот на државата, чии историски икони ги понижил, а со тоа и целата нација и држава,

Очигледно, ова не важи за актуелниот претседател, кој ќе продолжи да ги користи услугите на советникот Малески.

(Видео) Купете си парче од Месечината: Се продава метеорит тежok 13 килограми

Еден од најголемите светски метеорити од Месесечината се наоѓа во аукциската куќа и неговата цена е 2.5 милиони долари.

Каменот донесен од Месечината тешок е 13.5 килограми, а веројатно се скршил на површината на Месечината како резултат на судир со астероид или комета, а потоа завршил во Сахара.

Познат како NVA 12691, се смета дека е петтиот најголем метеорит од Месечината кој е пронајден на Земјата. На Земјата има оолу 650 килограми камења од Месечината.

“Искуството да го држите во раце ова парче кое припаѓа на друг свет, не може да се раскаже”, рече Џејмс Хислоп од аукциската куќа.

Предупредување на УХМР: Еве што не очекува денес

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер. Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд, засилување на ветерот и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Поднесени се kpивични пријави за 5 прилепчани поради непочитување на мерките за кopoнавиpycoт

Во текот на вчерашниот ден поднесени се вкупно 47 кривични приjaви поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Поднесени се 47 kpивични пријави, и тоа 15 од СВР Охрид, по 11 од СВР Битола и СВР Велес, по пет од СВР Тетово и СВР Штип.

Меѓу другото, поднесени се и пријави за пет прилепчани: С.Х.(34) и Е.П.(46), двајцата од с.Лажани, прилепско, Е.А.(31) од Прилеп, Н.Џ.(33) од с.Канатларци, прилепско, А.А.(46) и С.В.(69), двајцата од Прилеп.

Пријавените, во периодот од 20.03.2020 до 28.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење, пишува на полицискиот билтен на МВР.

Ќе има ли летувања оваа година? Еве на што се подготвуваат европските држави

Ако има одмори по завршувањето на пандемиjaта, веројатно ќе бидат во локални рамки, пишуваат германските медиуми и додаваат дека министрите за туризам на Европската унија немаат временски план за оживување на патувањата.

Кога и како границите ќе бидат повторно отворени за патнички сообраќај, во моментов никој не може да каже со сигурност, смета парламентарниот државен секретар на Гермнаија, Томас Барајс.

“Малку е веројатно дека германските туристи ова лето ќе патуваат во Шпанија или Грција. Најверојатно Германците оваа година ќе останат во својата земја или во својот регион. И тука има убави дестинации”, вели Барајс.

Туризмот оваа година ќе биде со намалени резервации за пакет-аранжмани и до 70%, а најтешко би можеле да бидат погодени компаниите кои организираат крстарења, кои обемот на работа ќе им биде помал и до 90%. Ова е проценката на Европската комисија.

Jунакот кој сите не научи да јадеме спанаќ има свое село кое е светска атракција: Прекрасно место кое ќе сакате да го посетите (Фото галерија)

Maлта е позната по тиркизната морска вода и романтичните градови. Она што можеби посетителите не го знаат е дека на Малта се наоѓа селото на Попај морнарот, кое претставува едно прекрасно и привлечно место што мора да се посети.

Селото на Попај, уште познато како “Селото на сладкиот рај”, е лоцирано во заливот Сидро на брегот Мелиеха. Оваа туристичка атракција потекнува од 1980 година кога на Малта се снимал филмот “Попај”, и останува до ден денеска да сведочи за морнарот кој обожава спанаќ и со кого пораснаа многу генерации.

Изградбата на селото започнала во 1979 година, а материјалите биле донесени од Холандија и Канада. Изградени се 19 дрвени куќарки кои го сочинуваат селото. Снимањето на филмот траело 7 месеци, а во него учествувале 165 луѓе.

Филмот бил во продукција на “Парамаунт” и “Волт Дизни”. Попај во филмот го глуми легендарниот Робин Вилијамс, а Олива, Шели Дувал.

После 40 години од снимањето на филмот, селото e топ атракција за сите туристи на Малта.

Кога ќе влезете во селото, ќе бидете пречекани од ликовите кои ни се познати од цртаниот филм, а потоа ќе ве забавуваат додека истражувате.

Селото на Попај не е многу големо, но сепак има многу што да се прави тука. Додека сте таму можете да го посетите малиот музеј во кој ќе се запознаете со историјата на стриповите и ќе можете да погледнете краток документарен филм за снимањето филмови. Потоа можете да уживате во некое вино и да се восхитувате на морето и палетата на нијанси од сини бои.

Ако го посетите селото за време на топлите месеци, можете да уживате и во 20-минутно возење со бротче околу заливот Сидро. За време пак на Новогодишните и Божиќните празници, селото на Попај се претвора во работилница на Дедо Мраз, каде има најразлични забавни изненадувања.

Затypocка: Сугapeски и Владата додека молчат, 49% од анкетиpaни пpeтпpиемачи штетата која што ќе ја претрпат од Koвид 19 е помеѓу 81% до 100%

Вечерва на „24 отворено“ вклучување имаше Лилјана Затуроска која што посочи дека околу 49% од анкетираните претприемачи кажуваат дека штетата која што ќе ја претрпат од Ковид 19 е помеѓу 81% до 100%. дури и Градежниците стравуваат од финансиски крах.

Дали како министерство за транспорт и врски вие излеговте со конкретни мерки во време на една ваква пандемија, за да на некој начин ги релаксирате и градежниците и бизнисот, и сите кои што се засегнати од корона вирусот и од оваа пандемија, го запраша Затуроска министерот Сугарески.

Затуроска додаде дека во сферата на градежништвото се алармира. Тие бараат да не им се стопира по никој случај капиталните инвестиции.

Но пак ќе кажам, ова што го видов јас од министерството за финансии конкретно во сферата на транспорт и врски имате за првото тромесечие 8.51% реализација. Градежниците стравуваат од финансиски крах, нагласи Затуроска.

Затуроска посочи дека министерот и министерството ништо не предложија очигледно како мерки за справување со корона вирусот и последиците по оваа пандемија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обелодени навистина сериозна ситуација која што може да се случи во наредниот период со буџетот и со дупката која што ја имаме во истиот буџет, појасни Затуроска.

Затуроска презентираше една анкета која што е направена од страна на претриемачите од различни фели. Околу 49% од анкетираните претприемачи кажуваат дека штетата која што ќе ја претрпат од Ковид 19 е помеѓу 81% до 100%, тоа е една фрапантна бројка.

(Фото галерија) Прилепската Стара чаршија “проплачи” од мерките на “блескавата” Влада

Дали прилепската Стара чаршија е пред пропacт?

Жално и тpaгично изгледа прилепската Стара чаршија. Голем број дуќанџии ставија клуч, а дуќаните се издаваат под кирија.

На 6-ти април дуќанџиите излегоа на протест и побараа спас на чаршијата. Тие тогаш истакнаа дека економските мерки кои Владата ги донесе се недоволни и безначајни за нив.

Дуќанџиите тогаш излегоа со низа барања до властите:

-Исплата на бруто плата за месеците март, април, мај на секој вработен за кој досега уредно се плаќале придонеси, без разлика дали тој е вработен, основач или управител.

-Мораториум за прво тромесечие од 2020 година на аконтациите за ДДВ.

-Да се замрзнат кредитите во деловните банки, да не се пресметува камата за тие месеци и да се остави време на трговските друштва да се прилагодат после кризата.

Понатаму дуќанџиите побараа уште и:

-Неповратни средства по фирма од 3000-5000 евра за набавка на роба за следната сезона после кризата.

-Овие мерки да важат до завршување на кризата.

Бараме од сопствениците на објектите, односно закуподавачите да ни излезат во пресрет со тоа што ќе не ослободат од закупнина во овие кризни месеци

Прилепската Стара чаршија е една од најголемите во државата и е гордост на прилепчани. Овие фотографии зборуваат само едно – чаршијата очајно моли за помош, да се спаси барем тоа што може да се спаси!

(Видео) Денот кога кога падна шампионот: Пред точно три години заврши “ерата на Кличко”

На денешен ден во 2017 година, Ентони Џошуа ја освои титулата во IBF, IBO и WBA категорија, бидејќи со технички нокаут го победи Владимир Кличко.

Во неверојатна атмосфера пред 90.000 гледачи, момчето од Вотфорд со одлука на судиите го совлада Украинецот и стана светски првка во тешка категорија.

Првите четири рунди не донесоа возбудување, за во петтата да започне вистинска бopба, кога Џошуа успеа да го собори ривалот со разорна серија.