(Видео) Д-р Данаиловски преceче: Услови за брзи избopи нема!

Сè уште нема епидемиолошки услови за одржување брзи избори, бидејќи е потребно да поминат две максимални инкубации од 28 дена без да се појави ниту еден новозаразен случај од ковид-19, рече епидемиологот Драган Даниловски за Сител.

-Епидемиологијата е мошне сурова и бескомпромисна, така што епидемиолошките критериуми за тоа кога може да се укине состојбата на епидемија гласат дека е потребно да поминат две максимални инкубации од 28 дена без да биде регистиран ниту еден случај позитивен на заразата. Дури тогаш може да се дозволат масовни настани од било каква природа, па дури и од политичка. Ниту кај нас, ниту кај други држави во светот, може да се задоволат овие строги критериуми. Одлуките за масовни собири се политички одлуки. Но, одговорноста е во политичката елита, истакна Даниловски.

ИЗВОР: “TВ СИТЕЛ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.