Владата предлага полицискиот час за престојниот викенд во кој се празнува Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј (недела и понеделник), да започне во сабота во 19.00 часот и да заврши во вторник во 05.00 наутро, дознава Вечер.мк од извори на Илинденска.
Ќе правеле избори час поскоро? 41-годишен прилепчанец ја загyби битката со виpycoт, 19 нови слyчаи во Македонија
Во изминатите 24 часа направени се 512 тecтирања, а peгистрирани се 19 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.
Во ГОБ „8 септември“ поч ина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), xocпитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфekтивни болecти и фебpилни cocтojби битката со виpycoт ја загyби пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекѕвал на клиниката.
Mиниcтерството за здpaвcтво инфopмира дека денеска Институтот за jaвно здpaвје peгистpира 16 оздpaвени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.
Вкупната бројка на ковид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 1858, бројката на оздpaвени пациенти е 1367, a починaa 110. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
(Фото) Град со големина на орев предизвикал големи штети во Србија
Силно невреме попратено со дожд и град со големина на орев го зафатил центарот на Арија и околните села, доцна синоќа.
Западна Србија вчера беше погодена од силно невреме. Град со големина на орев беше забележан во општина Сјеница, каде невремето предизвика штета на покривите на куќите и автомобилите.
Невремето сериозно ги погоди селата Багашиќ, Горња Вапа и Штав.
„Невремето беше страшно, небото се спушти на земја и тогаш започна градот. Сето тоа траеше околу 15 минути и верувајте ми дека се исплашивме. После ова не останува ништо од жетвата“, рече Жељко Враниќ од Сјеница.
Денеска надпросечно топло, а приквечер следува температурен шок
Времето денеска се уште ќе биде натпросечно топло со дневни температури околу 30 степени, но попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на град.
Како што соопшти УХМР, значително заладување ќе има утре, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне.
Ќе дува силен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната (ќе достигне вредности во интервал од 16 до 23 степени).
Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.
Таравари: Само СДСМ не покажа никаква флексибилност на лидерската средба, Заев побара избори на 21 јуни по секоја цена
На лидерската средба вчера, само СДСМ беше таа која не покажа никаква флексибилност во однос на поместувањето на датумот за избори. Предлогот на Зоран Заев беше избори да има на 21 јуни по секоја цена, рече Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари за вчерашната лидерска средба која што се одржа кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, каде не се донесе одлука за датум за одржување на парламентарните избори.
Таравари, во дебатната емисија “Програма 200“ на Алсат телевизија додаде дека тие, како партија, побарале мислење од Државната изборна комисија од која едногласно им одговориле дека за да можат тие да организираат избори, потребни им се минимум 32,33 дена.
– Имајќи во предвид дека од трите писма што ни стигнале од три институции од кои побаравме помош, едното беше од ДИК, каде што беа едногласни потпишани сите членови на Државната изборна комисија дека минимум му требаат 32 или 33 дена, а максимум 50 дена, истакна Таравари.
Тој додаде дека ако вонредната состојба завршува на 30 мај, тогаш првиот датум на кој ДИК може да ги организира изборите е 5-ти јули, а во никој случај не може да се постигне според барањето на Заев изборите да бидат 14 или 21 јуни.
-Значи ако вонредната состојба завршува на 30 мај, од први јуни, минимумот од 33 дена е 3 јули, значи 5 јули е недела. Тоа е првиот ден што трите институции можат да организираат избори, зборувам за ОБСЕ, ДИК и Комисијата за заразни болести. Значи 5 јули е минимумот, иако Заев може да каже сакам да одиме на избори на 11 јуни, но едноставно е невозможно затоа што едната институција каде и СДСМ има делегати, и тие велат дека на нив им требаат минимум 33 дена, констатираше Арбен Таравари.
Трогателна исповед на Благојчо Георгиев за неговото искуство со Зоран Заев (Фото)
Баш на оваа слика му викам: друже нем да испадне дека по улици шетаме за само на влас да ве донесеме? На што он ми вика: нееее Благојче правда мора да има, ама не ми кажа кога, пошто до ден денешен нема “П” од Правда, напиша на Фејсбук, Благојчо Георгиев кој учествуваше на голем број од протестите против минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ветуваше дека ќе се укинат извршителите бидејќи уште душата на народот им останала да му ја земат, ветуваше дека ќе има ревизија на монтираните судски процеси, ветуваше реформи во судството, ветуваше дека името на државата нема да го смени, ветуваше двапати дека ќе прави партиска „метла“… Ама таа партиска метла заигра кон чесните и достоинствените луѓе, изгледа тие му сметаат. Ветуваше дека законот за инвалидни лица, и лицата со посебни потреби ќе се смени и сите ќе добијат достоинствен живот еднаков на сите граѓани. За жал се остана ветувања. ВЕТУВАШЕ МНОГУ, А НАПРАВИ СЕ СПРОТИВНО!- објавува Георгиев со хаштаг #ЗаНештатаДаСтанатПојасни.
Георгиев е само еден од илјадниците кои ги полнеа улиците во тн. шарена револуција, а сега изгубија надеж и кренаа раце од „поубавата иднина“ што на Македонија (ќе) и ја донесе Зоран Заев.
Министерот Чулев ја демантираше Шекеринска: Ако толку е загрижена за припадниците на МВР и АРМ зошто не иницираше бонус плати за нив?
Во однос на изјавата на вицепремиерката Радмила Шекеринска, за тоа дека четири полициски службеници се заразени од Koвид-19, на денот на одбележување на Денот на полицијата, министерот Наќе Чулев ја информира јавноста дека истата преставува гpyба дезинформација и пласирање на лаги и невистини во јавноста.
Реакцијата на Чулев ја пренесуваме во продолжение:
Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, а потоа и на професионалноста и одговорноста на полициските службеници кои целиот изминат период успешно се борат против ширењето на пандемиjaта во нашата држава.
Факт е дека ваквото одбележување на која дадовме почит и признание на полициските полициските службеници од првиот ден е „трн во око“ на г-ѓата Шекеринска, а со денешните неточни изјави уште еднаш се потврди тоа.
Вистината е една, а тоа дека настанот за одбележување на Денот на полицијата се случи пред 12 дена. На истиот присуствувале половина од припадниците на Единицата за брзо распоредување и вежбата која беше изведена е дел од секојдневните задачи и обврски на оваа единица. На самата вежба полициските службеници, односно припадниците на ЕБР на себе носеа потребна заштитна опрема и ја почитуваа пропишана дистанца за целосна превенција и заштита од кopoнавиpycoт.
Воедно напоменувам дека Министерството за внатрешни работи беше првата институција која набави опрема за своите припадници и која до денес е ставена на нивно целосно располагање. Здравјето и животот на вработените во МВР е најважен приоритет за мене како Министер за внатрешни работи.
Дополнително, на крајот ќе ја прашам мојата колешка во Владата ако толку многу е загрижена за припадниците на полициjaта и армиjaта, како втор човек во Владата зошто до сега не иницира бонус плата за припадниците на МВР и АРМ кои се во првите редови во справувањето со кopoнавиpycoт? Или пак таа загриженост е видлива само кога е во интерес на исполнување на дневнополитичките цели и агенди на владејачката партија. Навистина е грубо и некоректно, политичките поени или сопствениот ПР да се гради со груби невистини поврзани со здравјето и животот на полициските службеници.
Моќна фотографиja од Могилата на непобедените во Пpилеп: Mлaдите пpилепчани paзвиориja знамињa co coнцето од Kyтлеш
Членовите на Унијата на млади сили од Прилеп испровоцирани од отстранувањето на македонското шеснаесеткрако сонце од површини ширум државата, денеска со голем број знамиња со сонцето од Кутлеш се фотографираа на Могилата на непобедените.
“МакедонецСум, ако си ја познавам историјата, ја негувам традицијата и имам неизмерна почит кон предците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободна и независна Република Македонија”, порачаа од УМС Прилеп.
(Видео) Астронаутка објаснува како персоналот во Вселената оди во тоалет
Европската вселенска агенција ЕСА објави видео на кое астронаутката Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет.
Италијанката прво говори за специјалното црево за изборот „број 1“ (мала нужда), а потоа и за изборот „број 2“ и за специјалната тоалетна школка наменета за тоа. Таа вели дека тоа не е воопшто тивко и сите колеги на Меѓународната вселенска станица слушаат и знаат што се случува, оти механизмот работи на принципот на вшмукување и бучи како правосмукалка.
– Пред употреба, на отворот од школката се закачува посебна ќесичка. Кога ќе завршиме, ја врзуваме ќесичката и таа оди надолу. Од почит кон следниот корисник, ставаме друга ќесичка, вели Кристофорети.
Контејнерот со ќесичките се менува секои 10 дена, но урината „оди на рециклирање“, како што вели астронаутката.
– Механизмот зад ова црево ја собира (урината) и тука почнува процесот со којшто урината се претвора во чиста вода за употреба, вели таа и со насмевка го завршува своето предавање.
Бишевац со “нокаут” за Заев? Тој ли се повикува на Устав и Закон?
Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека избори на 21-ви јуни на кои нема да учествува опозицијата ќе значат политичко самоубиство за Зоран Заев.
Ваквото брутално однесување на Зоран Заев, според него, ќе ја урниса и европската перспектива на државата. Бишевац посочува дека инсистирањето на Зоран Заев на правни последици од одложување на изборите е дегутантно бидејќи говориме за човек кој не почитуваше ниту Закон, ниту Устав кога се менуваше името на државата, додавајќи дека единствен закон кој што Заев го почитува и практикува е озаконувањето на лагата.
-Возможно е се освен СДСМ предводено од Зоран Заев да оди на избори без консензус и без договор со останатите политички партии. Без оглед на тоа како вие го гледате Зоран Заев тој сепак покрај својот основен инстикт за политичко преживување ќе мора да води сметка и за нешто друго. Одејќи сам на избори практично ќе ја урниса европската перспектива на државата. Еве зошто? И прекинот на разговорите и постапката за овие избори кои требаше да се одржат на 12 април беше донесена со консензус на сите политички партии и беше договорено од сите политички партии, заеднички во натамошен дијалог да се договорат околу датата за тоа кога би се одржале изборите. Инсистирањето и правдањето на Заев и СДСМ само со правните последици дека тие практично ќе бидат присилени да одат на овие избори исто така не држи вода. На крајот на крајиштата станува дегутатно човек кој што го промени уставот на оваа држава за да го смени името на државата после Договорот од Преспа, човекот кој за реформите кои што требаше да се направат и ја имаше поддршката на огромен дел од населението преку шарените од кои толку лесно се откажа и покажа дека всушност сто мислел за нив и народот, кој во тој момент борејќи се за идејата за поправедно општество за сите, се доведе во позиција да се повикува на Закон и Устав. Го прекрши Уставот, неуспешниот рефередум со кршење на закон практично, да не бидам прегруб и прегрубо сфатен. Единствениот закон кој што Зоран Заев го почитува и практикува е озаканувањето на лагата, стана синоним за лажни ветувања, лага и подземни манипулациии тоа веќе е прочитано во целото општество. За да тргне сам на избори Зоран Заев треба да ја пресмета и својата политичка иднина, тоа би значело дека во рок од година дена тој човек и тие околу него кои настапија агресивно, брутално со сила само за да го скријат својот страв од последиците на лошите политики кои Зоран Заев ги водеше изминатиот период, особено со буџетот за 2020 година кој не беше ништо друго освен буџет за поткуп на гласачите. Тој со излегувањето сам на изборите ќе се изврши политико самоубиство, вели Бишевац.













































