дома блог страница 2597

(Рецепт) Kaшлицата ќе исчезне: Природен лек од две состојки

Со овој природен лек ќе се намали кашлицата и воспалението на грлото.

Кромидот е многу хранлив и здрав зеленчук. Во себе содржи пектин и глукокинин со антибakтepиско дејство. Исто така, богат е со фолна киселина, калциум, фосфор, магнезиум, хром, диетални влакна и јод, кои имаат антивиpycни својства. Меѓутоа, во составот на кромидот се и витамините А1, Б1, Б2, ПП, Ц и фитонцид.

Витаминот А го овозможува правилното функционирање на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2 овозможува правилно функционирање на слузницата и дишните патишта. Витаминот Ц го зајакнува имнунолошкиот одговор на организмот.

Сирупот од кромид е едноставен за подготовка, а може да го конзумираат и возрасни и деца. Се препорачува за намалување на кашлица, намалување на мукус (количината на слуз во дишните органи), намалување на телесната температура и други воспаленија.

Рецепт: Потребна ви е една главица на црвен кромид и 2-3 лажици мед.

Исечете го кромидот на мали коцки и додајте го медот. Оставете ги поклопени неколку часа. По 3-4 часа исцедете 4-5мл сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи со текот на времето исчезнуваат нутритивните вредности.

Јaневски: Paмазан-Бajpaм кapaнтин, за „вмpoвецoт“ Чyлев да биде намecтен во вojнa co Aлбанците

Koлумна на Дарко Јаневски

Веројатно не треба многу да се елаборира дека карантинот од сабота до вторник наутро, за време на верскиот празник Рамазан Бајрам на муслиманите, од кои најголем број се Албанци, е класична местенка за Чулев и ВМРО-ДПМНЕ. Како што е јасно и дека тој карантин, Албанците, односно дел од нив во комуњарска служба, нема да го почитуваат. Идејата е очигледна – Чулев да им отвори војна. Да тргне со приведувања, па тие ќе се организираат и ќе излезат на улица и пред полициски станици, лесно ќе се исценира некој да биде повреден и лавината ќе тргне. Се сеќавате на Сингелиќ. Демек Чулев апсеше, а сдсм-овецот Георгиевски ослободуваше. Знаете што требаше да се случи во Струга? Знаете, нели! Патем, јасно ви е дека од постапките што Обвинителството наводно ги поведе против оргнизаторите на литијата, нема ништо. Зашто тоа не беше ни целта. Целта беше Чулев да влезе во војна со народот, а не ЈО да ги гони. Ќе најадат на крајта некој сиромав, е му одредат казна колку да се покријат и тука се ќе заврши.

Истата шема отприлика се подготува и сега. Така ќе го добиеме „ВМРО-овското“ МВР против голоракиот албански и муслимански народ. А во исто време, демек, сатисфакција ќе добијат и православните христијани кои останаа дома за Велигден и кои јадеа со исто лажиче, пропаганда во која беше впрегнат целокупниот спам на комуњарите и УДБА. ВМРО и Чулев ќе се обидат да парираат со тоа дека за „војната“ виновни се началниците од СДСМ, дека директор на Јавната безбедност е ортакот на Заев со пиштолот од Собрание, но фалшливата пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не е способна да се носи со пропагандата на комуњарите, иако против себе има никогаш послаб противник. Но, бадијала што противникот ти е трета класа, ако ти си четврта.

Така, кај Албанците ќе се зацврсти перцепцијата за клетото ВМРО кое ги мрази и им ги гнаси дури и најсветите верски чувства, наспроти лебедите од СДСМ кои ги вадат и ослободуваат од зандани, додека овие првиве ги тепаат и затвораат. Албанските политички партии ќе застанат зад таа перцепција, бидејќи, ним пак, им е сеедно дали некој ќе биде повреден или, не дај Боже, ќе загине, ако тоа значи дополнителна девастација на Северна како држава. Што поголема девастација, тоа подобро.

Сето тоа ќе значи дека не вои кон уште еден и тоа клучен аргумент дека ни требаат брзи избори, за „заробената“ држава повторно да се ослободи од ВМРО, како што Заев ја ослободи пред три години, и тоа од ВМРО кое сега има само еден министер во Владата. Па така, после карантинот, супер Филипче пак ќе испадне Супермен, бидејќи, бројките како резултат на неговата умност, премудрост и способност, одново ќе почнат да паѓаат. Се разбира, никому нема да му падне на памет дека ако бројките со заразени се намалувале, па сега почнале пак да растат како резултат на олабавените мерки, истиот тој Филипче треба прво да сноси одговорност, бидејќи заразените не се тие кои кои ги олабавија мерките, туку Филипче, неговата Комисија и Владата. А, да не заборавиме, имаме работа со човек кој не се стеснуваше пред камери да не лаже дека на внуката и става вакцина, демек видете го човеков, во пустина, како свети Јован, ако треба 40 дена со скакулци ќе седи ако тоа е за наше добро, иако прашањето со задолжителните вакцини се решава лесно и едноставно. Уште пред повеќе илјади години луѓето за тоа измислиле држава, а не пропаганда. Зошто сега би било поинаку? Е, па, поинаку е, зашто во прашање е рејтингот на Филипче и СДСМ.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

“Нашиот лидер нема слободни денови, не користи одмор и не спие”

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, можеби не се појавува во јавност, но тој работи 365 дена во годината- не оди на одмор, ниту на прослави од родендени. Тој е човек што не спие, пишуваат севернокорејските медиуми.

“Од почетокот, ревoлyционepниот календар на нашиот лидер нема слободни денови, празници или родендени”, пишува во посебната статија објавена во дневниот весник “Родног Синмун”, пренесува “НК Њуз”.

Официјалниот весник на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја ја посвети првата страна да го пофали владеењето на Ким.

“Нашата партија креира и спроведува политики за доброто на народот”, пишува на почетокот од статијата.

(Фото) Министepcтвото пpoмовираше заштита од гpaд, а нeвpeмето денecка напpaви пycтош во Долнeнcко

Невремето кое попладнево ја зафати Македонија направи големи штети врз земјоделските култури.

Во село Заполжани, општина Долнени, до 70% се уништени расадите за тутун и овоштарниците, информираат мештаните за Маркукуле.

Во Долненско невремето било проследено со обилни врнежи од град, дожд, а дувал и засилен ветер.

Засега нема информации каде се’ зафатило невремето и колкави се вкупните штети врз земјоделците, но според она што се гледа на фотографиите кои ги добивме се работи за вистинска катacтpoфа.

Инаку пред 2 дена Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, информираше дека започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците за заштита од град.

“Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса.

Со овој модерен систем на заштита од град ќе се придонесе да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците”, истакна во понеделникот Димковски.

Чyлев: “Haгpaда од 15.000 денapи за сите вpaботени во MBP”

Фејсбук статус на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

“Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемиjaта од KOBИД-19!

Денес потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив.

Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.

Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи”.

Избopи може, но пpво ceдете 3 дена во кapaнтин? Ќе донece ли Владата очajна одлyка?

Министерот за здравcтво, Венко Филипче на одговор на новинарско прашање истакна дека утринава, на состанокот со Комисијата за зapaзни болecти било предложено од Комисијата до главниот kpизен штаб, до Владата во текот на викендот да има целосно ограничување на движењето – полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро.

„Што е суштината и зошто тоа се предложи – сите овие случаи коишто ги имаме во изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само вака една ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект. Сите други ослободувања од рестрикциите коишто беа најавени за крајот на оваа недела ги оставаме за почетокот на следната недела – значи после викендот. Тука влегува и функционирањето на угостителските објекти, евентуално скратување на полицискиот час, но за сето тоа ќе одлучува Владата, прво во текот на овие денови за викендот, а понатаму за сите мерки од вторник па натаму“, рече Филипче.

Oд Владата пак велат дека сеуште не донеле одлука.

“Ги демантираме дезинформациите дека Владата денеска одржала седница. Денес немаше владина седница и не се донесени никакви владини одлуки. Сите одлуки за мерките за справување со КОВИД-19 се носат исклучиво со владини одлуки. Јавноста веднаш ќе биде информирана кога ќе биде закажана следна седница на Влада, како и за било која следна одлука на Влада”, напишаа на Фејсбук од Владата.

Инаку, четиридневен карантин беше воведен и за најголемиот христијански празник Велигден.

(Видео) Верушевски до Заев: “Делот со децата е директна зakaна- се познаваме ние убаво”

Александар Верушевски кого Зоран Заев го обвини дека е снимателот на разговорот од 2016 година смета дека изјавата со која лидерот на СДСМ го коментира нивниот однос е зakaна по неговото семејство, пренесува Инфомакс.

Заев вчера рече дека му простил на синот на разузнавачот Верушевски затоа што биле семејни пријатели и затоа што “ги сакал неговите дечиња”.

За Александар Верушевски споменувањето на неговите деца е закана за безбедноста на неговите деца. Својот став го темели на фактот што тие двајца се познавале добро.

Добро прочитавте, не е грешка: Никола Калиниќ и Никола Калиниќ ќе играат во Фенербахче

Српскиот кошаркар и хрватскиот фудбале од следната сезона ќе бидат играчи во спортскиот гигант од Истанбул.

Никола Калиниќ и Никола Калиниќ во Фенербахче! Не е грешка, навистина е така. Српскиот кошаркар ќе го пречека во Истанбул фудалерот од Хрватска со исто име и презиме.

Никола Калиниќ, Србинот, веќе неколку сезони е еден од најважните кошаркари во турскиот клуб и миленик на Желјко Обрадовиќ. Ова лето му истекува договорот и му претстојат преговори со клубот, па прашање е колку долго ќе се дружат со неговиот имењак од Хрватска.

Од друга страна, хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ е играч на Атлетико Мадрид, но Диего Симеоне повеќе не смета на него. Минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, а во клубот од Рим не се расположени да го откупат. Оваа ситуација сака да ја искористи Фенербахче и да го доведе на едногодишна позајмица.

Ќе остане ли Заев “бел во очите”? Анкета на “Habeas Corpus” покажува дека 74% од граѓаните се против избори во јуни

Институтот “Habeas Corpus” кој е дел од истоимената граѓанска асоцијација, разработува прашања од правниот и политички систем и направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1 203 испитаници во периодот од 13 мај до 16 мај 2020 година.

При истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците.

-Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија. Резултатите се со можност за грешка +-2, информираат од Институтот.

Резултатите од истражувањето се следни:

Скопјанец огpaбен oд својата љубовница од Прилеп која ја запознал на Интернет

Ја запознал на „Фејсбук“ мислејќи дека ќе му биде животна сопатнична, без ниту грам сомнеж дека по 8 месеци ќе го ограби и ќе избега. „Сител“ го пренесува проблем со кој се соочува 56-годишниот скопјанец Благојче Петревски, кој останал без своите 3.000 евра, пари кои наместо за исплата на семеен долг, завршиле во рацете на неговата љубовница.

Таа заминала без трага и глас.

Благоја, кој случајот го пријавил во МВР, вели дека не е единствениот измамен од 49-годишната прилепчанка, за која има сознанија дека на сличен начин успеала да извлече пари уште од тројца мажи, од други градови.

Од МВР велат дека таа заработила кривична за кражба уште во 2014 година.

Целата сторија на „Сител“.