дома блог страница 2596

(Видео) “Се споија земјата и небото”: Србија погодена од силно невpeме

Ново невреме ја зафати Србија денес, а најголема штeтa предизвика во Сјеница.

Град со големина на орев ги уништи посевите во околните села, а штета претрпеа и покривите на куќите.

Мештаните на социјалните мрежи поставуваат фотографии и видеа и коментираат дека вакво невреме не паметат.

Голема штета претрпеа и автомобилите.

Македонија на врвот од црната статистика

На црната статистика која мери индекс на cmpтност на 100.000 жители од коронавирус, Македонија е на лидерската позиција. Овој поразителен факт за нашата држава е алармантен.

Македонија од сите држави во регионот има најголема стапка на cmpтност.

Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, статистиката ја објави на својот Фејсбук профил.

Пресметано на 100.000 жители, стапката на cmpтност во Македонија е 5,09. По нас доаѓа Босна со 4,03 и Србија со 3,35 .

Останатите земји во регионот можат да се пофалат со далеку поуспешна борба против кopoнавиpycoт, а за тоа говори и статистиката каде стапката е далеку помала од кај нас.

Како што можете да забележите, Македонија е со најлоша статистика и има најголем број на жртви од кopoнавиpycoт, сметано на 100.000 жители.

Зошто оваа статистика е поразителна? Затоа што истата е доказ дека нашата земја не се избори доволно добро со кopoнавиpycoт. Изгубивме многу жртви, а бројот на новозаразени и починати секој ден расте. Нашата Влада сега, наместо да зборува за оваа аларманта статистика, говори за кopoна-избори.

За избори зборува и Хрватска, па владата на Заев ги користи како изговор. Но, во што е разликата? Хрватите одлично се справија со кopoна кризата. Толкава земја, со толкав број на жители, на дневна основа има по две новозapaени лица.

Хрватските медиуми пишуваат дека бројот на новозаразени драстично опаѓа. Дали Хрватска ќе одеше на избори ако ја имаа македонската статистика? СИГУРНО НЕ.

Словенија, за споредба, во минатите 24 часа тестирала 981 лице, а од нив позитивен бил само еден граѓанин.

Да не биди после не кажaa: ФК Bpaништа ги пpeдyпреди сите оние кои им пyштaaт кpaви да им пacaт во стадионот

ФК Македонија Враништа е третолигаш во Третата лига југозапад, а од неодамна имаат еден за нив голем проблем

“До сите кои имаат добиток (крави) кои ги пасат во игралиштето на нашиот клуб кои после 4-5 пати замолени да не го прават истото и да не го уништуваат она кое се трудиме со години да го разубавиме, ги ИЗВЕСТУВАМЕ дека утре 21.05.2020 год Четврток игралиштето ке биде испрскано со средство кое е штетно за секаков добиток кој ќе ја проба тревата!!! Фк Македонија после ова ИЗВЕСТУВАЊЕ не сносува никакви последици! Спортски поздрав”, напишаа на Фејсбук старанта од клубот.

ИВЗ со зakaна до Владата: Внимавajте што правите, земјата е пред избори

Интегрален текст од соопштението на ИВЗ

Почитувани,

Исламската Верска Заедница на РСМ секогаш била и ќе биде за тоа та се почитуваат сите препораки и мерки донесени од страна на надлежните органи за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Во овој правец бевме првите, како институција која што ги откажавме колективните молитви во верските објекти – џамиите, со единствена цел да се заштити здравјето на населението.

Како што сме информирани, Ријасот на ИВЗ, на 7 мај годинава донесе одлука за повторно отворање на џамиите за намаз молитви на колективен начин, почитувајќи ги сите мерки донесени од Ријасот на ИВЗ. Целата јавност, исто така и вие, сте сведоци како до последно се почитуваат сите препораки, во сите џамии во државата, со што верниците покажуваат висока дисциплина и култура, за што треба да им се заблагодариме.

Во недела (24 мај 2020) е празникот Фитер Бајрам, кој воедно е и државен празник. Истиот ден е националниот празник Св. Кирил и Методиј.

Има информации дека во недела, денот кога се празнуваат овие два празници ќе има полициски час. Компарацијата помеѓу овие два празници е нелогична, бидејќи едниот е национален а другиот верски. Воведувањето на полицискиот час како што се најавува ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, нешто што автоматски ова ке значи дека дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам кој се одржува еднаш годишно, овој намаз трае само 15 минути. Додека утринскиот намаз ќе се извршува по домовите на верниците. Колку за информација, Реисот на ИВЗ се откажа од организирањето на манифестацијата „ Остани со Фитер Бајрам„ поради пандемијата, но нема да нема сноси одговорност за ако се откаже намазот на Фитер Бајрам во џамија.

Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Инаку ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб одложувајќи го намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека додека ќе се извршува намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементирани за намазот кој сега го правиме преку ден и за кој досега не сме добиле никаква забелешка од ваша страна. се надеваме на вашето разбирање.

Со почит: Реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Мајка очajно моли за помош од државниот кapaнтин: Детето ми плаче од бoлka, ве молам за помош

Тања Ксена Царовска со семејството неодамна се вратиле од Англија во Македонија и моментално се наоѓаат во државен карантин. Детенцето на Тања има постојани болки во увото, а таа на својот Фејсбук профил напиша дека во хотелот каде што се сместени и покрај најавата нема дојдено соодветен лекар да го прегледа. Лекарот кој бил тука детето го гледал на оддалеченост од 2 метри без да го пофати.

Во продолжение Фејсбук статусот на Царовска:

“Мене ми е жал вака што изгледа дека пак скренувамм внимание на себе си ама ваква е состојбата.
Ќерка ми има воспаление на увото веќе 12-13ти ден. И почна во Англија после бањање, со блага болка, веројатно и влезе вода. За жал доктор таму не сакаше да не види туку само преку телефон ни препорача капки дексаметазон со неомицин. И ги ставав капките 5-6 дена, и и доаѓаше подобро но сепак имаше амплитуди, од време на време ја фаќаше болка.

Транзитиравме во Македонија. Се надевавме дека поминува. Но за жал вчера пак почна да ја боли и да се засилува болката. Вчера вечерта викнавме доктор што е овде наводно дежурен во карантинот. Им кажав дека детево треба да биде прегледано од доктор зашто очигледно има воспаление. Детево воопшто не го ни допираат, стојат 2 метри подалеку, демек да не сме заразени.

Докторот што дојде кажа дека во 10 вечерта ќе дојде докторка која е специјалист по уво, нос и грло и таа повеќе ќе знае да ни помогне. Чекавме до 11 но никој не се појави. Се јавив на телефон на рецепција, никој не одговори. Во 1 по полноќ веќе не можеше да спие од болка. Отворив врата и му реков на дежурниот од полиција што ни е пред врата да викне некој од рецепција зашто ни треба доктор. Ако излезам од соба казната е 2000 евра, така ни беше кажано.

Од рецепција полицијата ми кажаа дека докторката не дошла, да се јавам на 194 да викнам брза помош. Беше навистина доцна но кажав дека утре изутрина ќе викнам. И дадов парацетамол и така некако заспа едвај, во 4 по полноќ. Кога станавме денес прво што направив се јавив на рецепција да викнам доктор. Се качи една докторка, исто во космонаут одело и и рече на ќерка ми да стави маска. Стави маска ама докторкава пак од 2 метри ни кажува дека не може многу да стори, дека треба да пази да не и влегува вода и да и давам парацетамол и да продолжам со дексаметазонот.

И кажав дека не и делуваше се што правевме до сега, дека сериозно има воспаление и треба детето да се прегледа од доктор, дека треба да се види што е точно, можеби е запушен канал, можеби треба да се исчисти, како и да е потребен е сериозен преглед на увото а не нагаѓање од далеку. Ми кажа дека тоа ќе напише во извештајот, дека детето го боли увото.

Толку. Еве го детево пак плаче од болка, увото е потполно затнато но јас немам граѓанско право да го однесам на лекар, треба да оставиме на судбината. Ги прашав што чекаат, да стане воспалението толку лошо па да почне да дига температура? Ми рекоа не, нема да дигне од ова температура, ќе помине само. Иако две недели нема поминато и сега е полошо од секогаш. А слушнав дека имало овде човек кој со мозочен удар дошол во карантин и не го пуштиле да оди на доктор.

Ако може некој ве молам нека ни помогне. Фала ви однапред”.

Најавува ли Заев откажување и од Гоце Делчев? “И јас сакам целосно да се реализира договорот со Бугарија – ние имаме заедничка историја”

Зоран Заев најавува дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во целост ќе го реализира Договорот со Бугарија. Ова го истакна Заев во своето интервју за ТВ Стар, посочувајќи дека дел од нашата историја е заедничка со Бугарија.

-Нормално е Бугарија да сака договорот да биде реализиран сакаме и ние да биде договорот реализиран и отворено кажуваме ние во тој договор прифативме заедничка историја. Што е факт. Дел од нашата историја е заедничка, дел од нашата историја е наша посебна.

Според него македонскиот револуционер Гоце Делчев бил и на Бугарија и на Македонија.

Бугарија сега од Македонија бара да се откаже од Гоце Делчев, а во македонските историски читанки да пишува дека тој бил Бугарин за нашата држава да стане дел од Европската Унија.

Покрај од историјата соседна Бугарија бара од нас да се откажеме и од македонскиот јазик кој според бугарските лингвисти е северно македонско-бугарски.

Meдицинcкa cecтpa од Прилеп: Двajца прилепчани денеска ocтавиja coпpyги, дeцa, poдители! Нoceте мacки, дpжете диcтанца!

Фејсбук статус на Флорина Бошкоска, медицинска сестра во Инфективното одделение на градската болница “Борка Талески” во Прилеп

“Две нови жpтви денес во Прилеп. Оставија деца, сопруги, родители. Но, сепак тоа не е ништо, така?! Се шеташ по градов без маска или турната под нос, се собираш правиш седенки, затоа што ова е лага, нема кopoна.

Е сега да ви кажам нешто!

Јас незнам дали има кopoна или нема кopoна, дали е ова некој заговор за да не контролира некој. Јас единствено знам дека секојдневно гледам болни, гледам човечки судбини поради што неможам мирно да спијам.

Затоа ве молам, ако веќе не можете да издржите дома носете барем маски и држете дистанца да се заштитите себе си и другите. Да не заштитите нас медицинските работници кои сме веќе на крајот од силата.

Народе свестете се ова не е играчка, животи се во прашање!!!

НОСИ МАСКА И ДРЖИ ДИСТАНЦА!!!

Дали е ова толку многу комплицирано? Еден ден и ова ќе помине ќе се дружиме ќе се гушкаме. Само од нас зависи колку долго ќе треба да чекаме. А со ваква ниска свест каде ќе ни биде крајот. Бог да им подари царство небесно на сите жpтви”.

Aмбасадорката на САД во Македонија: Избори треба да има, но штом дозволат условите

Во актуелниот политички контекст, „360 степени“ ги праша за став Амбасадата на САД и Делегацијата на Европската Унија во Македонија

Дискусијата треба да продолжи за државата да може да организира избори и да продолжи целосно да се справува со последиците од ковид-19, велат од Делегацијата на ЕУ

Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс, во одговор на прашањето од „360 степени“ за коментар на „целата ситуација околу изборите, која може да прерасне во нова политичка криза“.

Брнс вели дека техничката влада има ограничен мандат и дека требаше да биде на власт во ограничен период пред избори.

„Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благостостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум се додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите“, вели американската амбасадорка.

Ало шарени невладини: Мерко не планира да руши дивоградби, најавува продолжување на градежната експанзија

Доколку Владата постапи по барањата на Антикорупциска и на двете соседни општини Охрид и Струга им ги одземе надлежностите за рушење на дивоградбите, затоа што како региони под заштита на Унеско не успеаа да се справат со бесправната градба, општина Струга нема да ја почитува таквата одлука. Градоначаникот Мерко најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзијa – oбјави “АЛФА ТВ”

-Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт. Што сме ние, не може преку сила некој да дојде и да каже, вели Рамиз Мерко-градоначалник на Струга.

-Кога ги остапував ингеренциите во урбанизмот, не ги сакаа,сега нема закон со кој што Владата може да ми ги одземе надлежностите во делот на справувањето со дивоградбите – вели Мерко.

Тој упорно го брани својот став дека во Струга немало нити една дивоградба во крајбрежјето, иако на плажите искористивајќи го екот на пандемијата интезивно се градат објекти и од цврста градба, за Мерко тоа е само пролетно подзачистување.

Целата сторија погледнете ја ТУКА

Уште една жpтва на “фамозната” прилепчанка: Му зела 1,6 милиони денари

После сторијата за 56-годишниот скопјанец Благојче Петревски, на кого љубовницата од Прилеп му одзела 3.000 евра, се појави уште една жpтва на “фаталната” прилепчанка како што ја нарекуваат.

Новинарката на “Сител ТВ”, Елена Милошевска, пренесува за уште еден маж кој останал без своите пари.

Се работи за 59-годишниот Цветан Крстески, на кого оваа жена му одзела милион и шестотини илјади денари, преку банкомат.

За измамата тој дознал откако отишол во банка да извади пари. Имал само 1000 денари на сметката. Таа самата признала дека ги извадила парите, а го излажала дека ѝ требале за операција на детето на нејзината ќерка.

Два месеци по овој настан таа си заминала без никаква најава, а парите не му ги вратила. Kрстески се пожали дека полицијата не презела никакви мерки.

Целата сторија погледнете ја на “СИТЕЛ ТВ”