(Фото) Министepcтвото пpoмовираше заштита од гpaд, а нeвpeмето денecка напpaви пycтош во Долнeнcко

Невремето кое попладнево ја зафати Македонија направи големи штети врз земјоделските култури.

Во село Заполжани, општина Долнени, до 70% се уништени расадите за тутун и овоштарниците, информираат мештаните за Маркукуле.

Во Долненско невремето било проследено со обилни врнежи од град, дожд, а дувал и засилен ветер.

Засега нема информации каде се’ зафатило невремето и колкави се вкупните штети врз земјоделците, но според она што се гледа на фотографиите кои ги добивме се работи за вистинска катacтpoфа.

Инаку пред 2 дена Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, информираше дека започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците за заштита од град.

“Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса.

Со овој модерен систем на заштита од град ќе се придонесе да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците”, истакна во понеделникот Димковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.