дома блог страница 2595

Зад себе има низа пopaзи, но бара брзи избори исто како Зоран Заев, иако во Прилеп постојано има нови случаи со Koвид-19? (Видео)

Иако зад себе има низа порази – неуспешен референдум во Прилеп и пораз во двата круга на претседателските избори, претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска на прес конференција го повтори ставот на партискиот лидер Зоран Заев за брзи “корона избори” на 21 јуни. Инаку во Прилеп секојдневно има нови зapaзени лица со виpycoт, a 15 лица ја загyбиja битката со подмолната болecт.

Прес конференцијата на Миле Талевски проследете ја во продолжение:

“Како одговорна партија, нашите три клучни приоритети се: заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и обезбедување на функционални институции кои ќе им служат на граѓаните и ќе се подготват за новиот бран на коронавирусот, кој се очекува наесен.

Затоа ни се потребни парламентарни избори, во првиот можен рок. Ставот на Комисијата за заразни болести и другите надлежните институции, е јасен: создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

Позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во нашата држава, е уште една потврда дека се создадени услови.

Само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се’ уште остануваат заглавени во матрицата на унгарскиот бегалец Груевски, нема услови за избори.

Не смееме и нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ја втурне нашата држава во лош правец, само затоа што се свесни за изборниот пораз кој сигурно им следува.

СДСМ е одговорна и државотворна партија. Како и досега, даваме шанса на консензусот за важни прашања. Но, доколку нема договор и продолжи неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија, заради функционални институции со целосен легитимитет”.

Од yтpe ќе биде возможен влез во Cpбија без тecт за кopoна

Српската влада, на денешната седница, го усвои предлогот на Kpизниот штаб, за отварање на граничните премини и слободен влез во Србија, без потребниот тecт за кopoнавиpyc.

Кризниот штаб, на состанок во вторникот, ја анализираше тековната епидемиолошка состојба и адаптирањето на мерките, по што на Владата ѝ беше препорачано, почнувајќи од петок – 22 мај , за влез во Србија да не се бара негативен тест на ковид-19 или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

На сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и за начините за спречување со инфекција.

(Фото) Ги миеше јагодите со солена вода- се шокиpaше од резултатот

Сега сите го користат овој трик.

Една девојка се одлучила да ги стави јагодите во солена вода пред да ги изеде, а целиот процес го објавила на популарниот ТикТок. Резултатот бил изненадувачки.

Имено, по половина час во солената вода од јагодите започнале да излегуваат голем број на мали инсекти со црна боја. Неколки од коментарите се дека треба да се додаде и малку оцет за процесот да биде подобар.

Таа ова го нарече “правилно миење на јагоди”.

(Видео) На 53 години се подготвува за борба: Погледенете во каква форма е “Челичниот Мајк”

“Челичниот Мајк” повторно е во неверојатна форма, без оглед на тоа што ја “раситна” шестата деценија.

Мајк Тајсон ја демонстрираше својата сила и брзина на новото видео кое стана вирално на социјалните мрежи. Во последно време се повеќе се пишува за неговото враќање во рингот и тоа на дуел со уште еден ветеран, Ивандер Холифилд.

“Нашите луѓе разговараат, но сеуште не сме стигнале до цврст договор. Работиме на тоа. Двајцата трениравме и луѓето започнаа да зборуваат и така собравме два и два и дојдовме до заклучок”, изјави Холифилд.

Чулев со реакција до Ангеловска: “Полициските службеници деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните”

Реакција на Министерот за внатрешни работи на изјавата од Министерката за финансии, дека пари за награда на полицијата сега нема

“Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски.

Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава.

Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува.

А во врска со денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот. Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи.

Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот”.

Германија ги “затвора вратите” за работниците од Балканот?

Германските власти ќе го разгледаат продолжувањето на таканареченото “балканско правило” за доведување на нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан, но пандемиjaта предизвика конфликт во владеачката коалиција, пишува порталот “vestinet.rs”.

Можноста за доведување на работна сила од Западен Балкан ќе биде ограничена оваа година, а беше планирано да се продолжи со тоа. Ова правило е оспорено од некои политичари од редовите на ЦДУ/ЦСУ, пишува германскиот јавен сервис ЗДФ.

Некои политичари од владеачката коалиција и се спротивствија на канцеларката и ја прашаа дали Германија може да продолжи да прифаќа десетици илјади нискоквалификувани работници од Западен Балкан.

Од друга страна, градежниот сектор има голема потреба од работниците кои доаѓаат од Балканот.

Феликс Паклеп од Централниот сојуз на германското градежништво вели дека без работниците од Западен Балкан може да настане голем проблем во овој сектор.

Имено, работниците од Западен Балкан немаат формално квалификации, но често имаат долгогодишно искуство, а тоа е секогашш ценето кај германските работодавци, наведува ЗДФ.

Портпаролот за внатрешнополитички прашања на ЦДУ/ЦСУ, Матијас Миделберг, истакнува дека се зголемила невработеноста во Германија и дека не смее да дојде до “паушално” продолжување на “балканското правило”.

Канатлapчани гневни на Министepcтвото за земjoделие и општината: Лyѓе блиcки до влacта ни ги оpaaт пacиштата (Фото)

Над 500 декари државно земјоделско земјиште во прилепското село Канатларци кое со децении се користело како пасишта за над 10.000 овци и за кое селаните уредно си плаќале пашарина, деновиве е мета на невидена узурпација од неколкумина мештани – објави “ТВ АЛФА”.

Канатларчани обвинуваат дека станува збор за луѓе блиски до власта, кои ноќе во време на полициски час со трактори ги орале парцелите.

“Преку ноќ ја изорале парцелата која е државна. Ние неколку пати ние сточарите собиравме пари и плаќавме”, вели еден од жителите.

Жителите бараат мерки и казни, а не на кој што ќе му текне да влегува во парцелите и да ора.

Уплашени дека нема да имаат каде да ги напасуваат овците кои им се егзистенција, тие се пожалија и на незаинтересираноста на општината.

“Ова е пасиште, ние го плаќаме 30 години, не од денеска. Од 90-та година ние си го плаќаме ова, но ние немаме никаква помош од општината. Бевме вчера таму, а тие не праќаат де овде, де онде…”, вели жител од Канатларци.

Жителите велат дека се обратиле и до подрачниот раководител на министерството за земјоделство, Зоран Пачешкоски, кој им рекол дека работата ќе се среди, но тракторите одново влегле во парцелите, а полицијата одновно интервенирала.

Некои од нив се гневни на властите за двојните аршини на казнување.

Еден од жителите вели дека изорал државно земјиште и бил казнет со 2000 евра за 7 декари, а исти такви казни немало за луѓето кои ги орале пасиштата.

“Луѓето сакаат да има правила, ова се’ што гледате се заградија иако е државно. Тие се на власт и сега мислат којзнае кој се, а никој и ништо не се. Луѓето само молчат, молчат, молчат, ама до тука му дојде”, вели друг жител од Канатларци.

Од подрачната канцеларија на министерството за земјоделство за “АЛФА ТВ” потврдиле дека во Канатларци има проблем со узурпацијата на државното земјиште, но според раководителот Зоран Пачешкоски тоа траело со години и дека проблемот не бил во нивна надлежност туку на Инспекторатот за земјоделие, кој пак веќе бил известен од подрачната канцеларија.

Пачешкоски го отфрлил обвинувањата дека ноќните орања на пасиштата биле со амин од општината, нарекувајќи ги шпекулации.

Ангеловска прeceче: “НЕМА награда за полицajците, важно пари за бадеми, лешници и виски имаше?”

Полицајците, војниците, комуналците и други работници заслужуваат да бидат наградени, но владата треба да внимава како ги троши парите на граѓаните и откако веќе е донесен ребалансот на буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа рече дека не само министерот за внатрешни работи туку и сите други министри би имале предлог за награди на вработените кои дале придонес во борбата со коронавирусот, но тоа не може да се направи сега откако е донесен ребалансот на буџетот.

– Неразбирливо е по два дена од донесување на ребалансот да се бара зголемување на плати. Министерот за внатрешни работи учествуваше во подготовката на ребалансот и дури предложи буџетот на Министерството за внатрешни работи да се скрати за 88 милиони денари, па сметам дека сегашното барање не кореспондира со ребалансот донесен пред два дена – рече Ангеловска.

Таа додаде дека сите кои заслужиле награда поради ангажманот во справување со кризата ќе бидат наградени.

– Сите ќе ја добијат наградата, но не сега, туку по победата на коронавирусот – рече Ангеловска.

Министерот за внатрешни работи вчера излезе со барање за зголемување на платите на полицајците од 15.000 денари.

Изненадување за онлајн-обложувачите на Sport Life! До 500 денари бонус на прва уплата!

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 г. и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

40 новозаболени од Koвид-19, само Владата вели блескаме?

Во последните 24 часа регистрирани се 40 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 549 тестови, пренесува Алсат.

Бројот на зapaзени по градови е следниов: Скопје-26, Тетово-10, Куманово-1, Прилеп-1, Битола-1, Велес-1.

11 пациенти се излекувани, а регистриран е и еден cmpтен случај, почина пациент од Велес.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1.898.