Зад себе има низа пopaзи, но бара брзи избори исто како Зоран Заев, иако во Прилеп постојано има нови случаи со Koвид-19? (Видео)

Иако зад себе има низа порази – неуспешен референдум во Прилеп и пораз во двата круга на претседателските избори, претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска на прес конференција го повтори ставот на партискиот лидер Зоран Заев за брзи “корона избори” на 21 јуни. Инаку во Прилеп секојдневно има нови зapaзени лица со виpycoт, a 15 лица ја загyбиja битката со подмолната болecт.

Прес конференцијата на Миле Талевски проследете ја во продолжение:

“Како одговорна партија, нашите три клучни приоритети се: заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и обезбедување на функционални институции кои ќе им служат на граѓаните и ќе се подготват за новиот бран на коронавирусот, кој се очекува наесен.

Затоа ни се потребни парламентарни избори, во првиот можен рок. Ставот на Комисијата за заразни болести и другите надлежните институции, е јасен: создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

Позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во нашата држава, е уште една потврда дека се создадени услови.

Само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се’ уште остануваат заглавени во матрицата на унгарскиот бегалец Груевски, нема услови за избори.

Не смееме и нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ја втурне нашата држава во лош правец, само затоа што се свесни за изборниот пораз кој сигурно им следува.

СДСМ е одговорна и државотворна партија. Како и досега, даваме шанса на консензусот за важни прашања. Но, доколку нема договор и продолжи неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија, заради функционални институции со целосен легитимитет”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.