Цената на нафтата денеска порасна на највисоко ниво од март.
Растот е поддржан од залихите во САД, и намалување на понудата од страна на ОПЕК, и опоравување на побарувачката после попуштање на мерките на ограничување на движењето во повеќе држави, кое беше предизвикано од коронавирусот.
Северноморската нафта „Брент“, за испорака во јули ја зголеми цената за 1,5 % односно на 36,29 долари по барел.
Американската „лесна“ нафта ВТИ, поскапе за 67 центи или за 2% повеќе, и сега изнесува 34,16 долари, известува Ројтерс.
Од 11 март ова е највисока цена на „црното злато“.
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа дека рампата кај железничкиот премин во населбата Сточен пазар во Прилеп не работи.
На видеото се гледа дека рампата не е спуштена додека поминува еден од кинеските патнички возови.
Како е можно во 21 век, кога сите политичари од власта ни велат дека цветаме како држава, да се случува нешто вакво што ги загрозува животите на граѓаните?
Над 500 декари државно земјоделско земјиште во прилепското село Канатларци кое со децении се користело како пасишта за над 10.000 овци и за кое селаните уредно си плаќале пашарина, деновиве е мета на невидена узурпација од неколкумина мештани – објави “ТВ АЛФА”.
Канатларчани обвинуваат дека станува збор за луѓе блиски до власта, кои ноќе во време на полициски час со трактори ги орале парцелите.
“Преку ноќ ја изорале парцелата која е државна. Ние неколку пати ние сточарите собиравме пари и плаќавме”, вели еден од жителите.
Жителите бараат мерки и казни, а не на кој што ќе му текне да влегува во парцелите и да ора.
Уплашени дека нема да имаат каде да ги напасуваат овците кои им се егзистенција, тие се пожалија и на незаинтересираноста на општината.
“Ова е пасиште, ние го плаќаме 30 години, не од денеска. Од 90-та година ние си го плаќаме ова, но ние немаме никаква помош од општината. Бевме вчера таму, а тие не праќаат де овде, де онде…”, вели жител од Канатларци.
Жителите велат дека се обратиле и до подрачниот раководител на министерството за земјоделство, Зоран Пачешкоски, кој им рекол дека работата ќе се среди, но тракторите одново влегле во парцелите, а полицијата одновно интервенирала.
Некои од нив се гневни на властите за двојните аршини на казнување.
Еден од жителите вели дека изорал државно земјиште и бил казнет со 2000 евра за 7 декари, а исти такви казни немало за луѓето кои ги орале пасиштата.
“Луѓето сакаат да има правила, ова се’ што гледате се заградија иако е државно. Тие се на власт и сега мислат којзнае кој се, а никој и ништо не се. Луѓето само молчат, молчат, молчат, ама до тука му дојде”, вели друг жител од Канатларци.
Од подрачната канцеларија на министерството за земјоделство за “АЛФА ТВ” потврдиле дека во Канатларци има проблем со узурпацијата на државното земјиште, но според раководителот Зоран Пачешкоски тоа траело со години и дека проблемот не бил во нивна надлежност туку на Инспекторатот за земјоделие, кој пак веќе бил известен од подрачната канцеларија.
Пачешкоски го отфрлил обвинувањатo дека ноќните орања на пасиштата биле со амин од општината, нарекувајќи ги шпекулации.
Професорот Александар Нацев преку својот фејсбук профил објави дека министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ.
-Шеќеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ!!
На припадниците на единицата „Волци“ им е соопштено дека околу триесет од нив треба „доброволно“ да побараат прекоманда и да бидат преместени на други работни места во останатите единици на АРМ.
Се чини дека после малото затишје кое беше последица на предизборни калкулации, по директна насока од министерката продолжува растурањето на најелитната единица на #АРМ, Баталјонот за специјални намени #Волци.
За да биде притисокот врз специјалците поголем и да се наруши кохезивноста на единицата, наредено им е тие сами меѓу себе да се договорат и да достават список кои би биле тие 30 лица, со временски рок до крајот на месецов.
Ваквите уцени и притисоци директно влијаат врз моралот на припадниците и се директна последица на непрофесионалното и егзибиционистичко управување со Министерството за одбрана.
За мене е несфатливо како може најобучените и најелитните војници да се уценуваат и омаловажуваат, а токму тие се оние кои први застануваат на бојното поле за да ја бранат татковината, напиша Нацев на Фејсбук.
Синдикатот на одбраната и безбедноста испрати барање за исплата на награда за припадниците на МО и АРМ, до Претседателот на државата, до Владата и до министерката за одбрана.
– Имено, во текот на вонредната состојба припадниците на МО и АРМ активно придонесуваат кон заштита на граѓаните на Р. Македонија и со својот труд и ангажман ја заслужуваат оваа награда, која што ќе значи оддавање на признание за нивниот зголемен ангажман, како и вреднување на нивниот придонес во остварувањето на целите на Република Македонија во борбата против вирусот, се вели во соопштението од Синдикатот на одбраната и безбедноста.
Наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.
Ова на социјалните мрежи го искоментира и новинарот Кристијан Ландов, според кого, Бектеши и Ангеловска се однесувале како уредници во медиуми, а не министри.
“Освен уредничката Нина Ангеловска, тука е и нејзинот заменик, Крешник Бектеши. Но, заборавија дека никој од колегите не им е потчинет за да можат да го шиканираат. Новинарите не ви се ПР во кабинет бе дечки. Научете си да се носите со секое прашање или спакувајте се и заминете”, напиша Ландов.
Новинарот на “А1он” и “Макфакс” во друг статус на Фејсбук вели:
“Ја знам Нина Ангеловска, ама не сум ја знаел оваа аргонација. Абе што е тоа исмевање и расправање со новинари по пресови, оценување на прашања, давање непримерни коментари? Срамота. И сето ова од министерка. Во најмала рака, должи извинување”.
Бананата е омилено овошје на многу луѓе, но и нејзините здравствени бенефити се навистина големи.
Презреаните банани многу луѓе ги избегнуваат, мислејќи дека не се добри или едноставно не ги сакаат, бидејќи се помеки.
Но, постои неверојатен трик со кој можете на презреаната банана да и ја вратите жолтата боја.
Во пластична кеса ставете ја бананата заедно со оризот. Оставете ги околу еден час и потоа извадете ја бананата. Земете фен и вклучете го да дува умерено топло. Резултатот ќе ве изненади.
Министерот Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на “ТВ 24” рече дека дел од новозapaзените со кopoна виpyc потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери.
“Деновиве е зголемен бројот на зapaзени, но здравcтвените власти ги знаат точно кластерите на зapaзени, односно немаме непознати жаришта.
И да, дел од новозapaзените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, коишто се случуваат последните неколку недели.
Доколу сите граѓани без разика на верата, доколку сакаме да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми личната одговорост кај секој од нас”, истакна Манчевски.