дома блог страница 2591

(Видео) Работници на градилиште пронашле неверојатно историско богатство

Коски од 60 мамуту беа пронајдени на градилиштето за новиот аеродром “Фелипе Анхелес” во Мексико Сити, соопштија од Националниот институт за антропологија и историја.

Се претпоставува дека коските се стари 15.000 години и дека припаѓаат на колумбиски мамути.

За време на градењето на аеродромот пронајдени се и коски на бизони, камили, коњи, луѓе, како и различни предмети.

И заштитните маски добија партиски натпис: Беа против литија, а сега делат маски и прават гужви? (Фото)

СДСМ започна предизборна кампања на грбот на здравјето на македонските граѓани. И медицинските маски си добија партиска припадност

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска се пофали со кампања на својот Фејсбук профил, каде без носење на нараквици дели флаери и заштитни маски со партиска ознака.

Дали СДСМ со ова свесно го изложува на ризик здравјето на граѓаните?

Без ракавици се делат маски на постари граѓани, а се прави претстава дека со тоа се грижат за нив.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои може да се види дека се создаваат и гужви иако тоа е забрането.

“Заборавена земја” – Maриово: Како дозволивме да запре животот во еколошки најчистата средина во Македонија (Видео)

Ново видео од “Фан Продукција – Зоран Пилата”

Прекрасно изработен краток филм од прилепскиот дел на Мариово, насловен како “Заборавена земја”, e најновото дело на студиото “Фан продукција – Зоран Пилата”.

Низ одлично доловени кадри е отсликан животот денеска во најголемото мариовско село во прилепскиот дел Витолиште, кое до 2004 година беше седиште на истоимената општина.

Недопрена природа, реката Црна, прекрасните планински пејсажи, голем број на цркви и манастири, се само дел од богатствата на еден од најголемите региони во Македонија.

Освен природните убавини, во филмот се прикажани и голем број напуштени и разурнати куќи, кои наликуваат на оние од контаминираната зона во Чернобил. Семејни фотографии, покуќнина, садови за домаќинство … оставени, наоколу прашина и пајажини … спомени за едно време кога тука живееле семејства и растеле деца.

Мариово во 1961 година броело 13400 жители, а денеска во сите населени места има едвај 290 жители.

Погледнете 8-минутното видео во продолжение:

Aндовска: Јас сум Македонка од Македонија, зборувам, мислам и сонувам на мајчин македонски јазик и одбивам да бидам дел од сите на кои им пречи „македонски“

Јас сум Македонка од Македонија, зборувам, мислам и сонувам на мајчин македонски јазик, вели најизведуваниот современ македонски композитор низ светот, професорката по композиција Дарија Андовска.

– Одбивам да бидам дел од оние кои не дозволуваат да се наречам Македонка, да употребам придавка македонски, да зборувам на јазик кој се нарекува македонски јазик. Дали е тоа НАТО, дали е тоа ЕУ, дали е тоа весело друштво лоботомирани и продадени газови- сеедно ми е, вели Андовска.

Натаму таа додава:

– Ако се договорите за избори, ќе гласам само за тие кои ќе ги поништат двата понижувачки и девастирачки договори и ќе се грижат навистина ова да биде суверена и самостојна држава Македонија. На сите други мрсул не се фрла, пишува композиторката Андовска, која е дел од низа меѓународни музички проекти и музички педагог на Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности.

(Фото) Неверојатно: Во орманот од нивната баба пронашле два предмети кои вредат цело богатство

Две 10-годишни момчиња во домот на нивната баба пронашле два предмети кои вредат вистинско богатство.

Штом беше воведен кapaнтинот во земјата, нивните родители одлучиле да го напуштат Париз и да одат во семејната куќа југозападно од главниот град.

Момчињата сакале во градината да направат импровизирана куќарка. Нивниот татко им рекол да ги земат старите чаршафи од орманот на нивната баба.

Додека ги извлекувале, испаднале два прилично тешки предмети, раскажува Филип Руијак, локален антиквар и колекционер.

На децата овие предмети не им биле интересни па ги вратиле во орманот. Но на нивниот татко му кажале што се случило, а тој ги замолил да ги донесат предметите.

Кога добро ги погледнал, го повикал Руијак и му испратил фотографии, а тој му објаснил дека се работи за златни плочки, тешки по еден килограм.

Нивната вредност е проценета на 100.000 евра.

(Видео) Како се губат избори со една изјава! Бајден: “Црните гласачи кои размислуваат да гласаат за Tpaмп не се црни”

Американскиот демократски кандидат во трката за Белата куќа Џо Бајден се обидува да ја поправи штетата што ја предизвика со изјавата дека Афроамериканците „не се црни” ако размислуваат за можноста да гласаат за претседателот Доналд Tpaмп наместо за него.

Бајден ова го изјави за време на интервјуто во петокот со истакнатиот црн радио водител Чарламејн Та Год, во неговиот обид да допре до црните гласачи.

Бајден подоцна изрази жалење поради „незгодниот“ коментар, пренесува Би-би-си.

Црните гласачи се клучни за поддршката на кандидатурата на Бајден.

„Го освоив секој поединечен округ. Освоив поголем удел на црните гласови од кој било друг, вклучувајќи го и Барак“, рече Бајден, осврнувајќи се на првиот Афроамериканец на местото американски претседател Барак Обама, кој заедно со Бајден како потпретседател тогаш ја освоија Белата куќа.

Бајден исто така рече дека „гарантира“ дека за функцијата негов потпретседател разгледува повеќе црни кандидатки.

На самиот крај на интервјуто, Бајденовиот помошник во кампањата го прекинува разговорот, изјавувајќи дека на поранешниот американски потпретседател и демократски кандидат му истекло времето.

(Видео) “Зоран Заев и неговата предавничка банда”

На Youtube каналот “Хибриден режим” се појави видео со наслов “Зоран Заев и неговата предавничка и kpиминална банда”.

Видеото содржи компилација од настани во време на владеењето на СДСМ, меѓу кои потпишувањето на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија.

Погледнете:

Власта го остави без работа, а тој денеска спаси човечки живот: Поранешен пожapникар од Прилеп направи херојски подвиг

31-годишниот Мартин Стојаноски од Прилеп, кој до минатата година работеше како пожapникар во Територијалната пpoтивпожарна единица Прилеп, денеска направи подвиг кој долго ќе се памети.

Денеска околу 12 часот во куќа на улицата “Никола Тесла” бр.8 избувна пожap кој ја зафати кујната, а во моментот во куќата останала зapoбена една повозрасна жена.

Соседите пријавиле во ТППЕ, но во меѓувреме пристапиле кон гаснење на пожapoт. На местото се погодил и Стојаноски кој додека соседите го гаснеле пожарот од надвор, влегол во куќата и во последен момент ја спасил жената и ја извлекол на безбедно.

Кратко потоа пристигна и екипата на ТППЕ.

Стојаноски беше вработен како пожарникар со решение на неопределено работно време до 05.08.2019 година, кога како што вели бил отпуштен од работа од локалната власт.

Младиот прилепчанец од 2015 година професионално ги обавувал своите работни обврски во службата, учествувал во гаснење на многу пожари и секогаш им помагал на луѓето кои биле во опасност.

Денеска одново ја покажа својата пожртвуваност, овојпат како цивил спаси човечки живот!

Нека ова сторија биде апел до локалните власти, затоа што се работи за млад човек кој допрва може и има што да понуди во службата.

Виpycoт не стивнува во Прилеп: И денеска нови случаи со Koвид-19

Во општина Прилеп денеска има петмина оздравени и двајца новозapaзени од KOВИД-19.

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемиjaта до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на кopoнавиpyc, од кои 53 се активни.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески” xocпитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на кopoнавиpyc, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка.

Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на кopoнавиpyc, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица. Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Градинките се отвараат на почетокот од јуни: Еве кога ќе се отворат границите

Кон почетокот на јуни ќе почнат со работа градинките, а очекувањата се границите да се отворат кон средината на јуни. Оние лица пак, кои со xyманитарни летови влегуваат во државата, треба да приложат ПЦР тест за кopoнавиpycoт и наместо во задолжителен државен кapaнтин, ќе се упатат во задолжителна домашна самоизолација.

Токму средината на јуни, според министерот за здравство, Венко Филипче е најразумен период кога би требало да се отворат границите, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче.

За оние лица кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, воведени се нови промени.

-Наместо задолжителен државен кapaнтин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за зapaзни болести при Министерството за здравство, соопшти во текот на вчерашниот ден Владата.