дома блог страница 2592

Градинките се отвараат на почетокот од јуни: Еве кога ќе се отворат границите

Кон почетокот на јуни ќе почнат со работа градинките, а очекувањата се границите да се отворат кон средината на јуни. Оние лица пак, кои со xyманитарни летови влегуваат во државата, треба да приложат ПЦР тест за кopoнавиpycoт и наместо во задолжителен државен кapaнтин, ќе се упатат во задолжителна домашна самоизолација.

Токму средината на јуни, според министерот за здравство, Венко Филипче е најразумен период кога би требало да се отворат границите, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче.

За оние лица кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, воведени се нови промени.

-Наместо задолжителен државен кapaнтин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за зapaзни болести при Министерството за здравство, соопшти во текот на вчерашниот ден Владата.

(Видео) Се отвори дупка сред Рим: Археолозите пронајдоа нешто неверојатно

Во близина на римскиот Пантеон, сред улица се отвори дупка. Откриен е уште еден дел од италијанската престолнина.

Дупката е длабока 2.5 метри и 3 метри широка. Се појавила минатиот месец на местото познато за туристите, а во меѓувреме беше објавено дека во неа се крие античка калдрма. Пронајдени се околу 40 камени коцки.

За среќа немаше туристи, па не е направена поголема штета. Сепак, благодарение на дупката, граѓаните на Рим сега може да видат како им изгледал градот пред новата ера.

Денис Родман ја откри тајната на Ceверна Кореja: Ако оваа жена се појави во јавност, тогаш нешто не е во ред (Видео)

Легендарниот кошаркар Денис Родман изминативе години изгради необично пријателство со севернокорejcкиот лидер Ким Joнг Ун.

Во јавноста се појавија шпекулации дека лидерот на Северна Кореја не ја преживеал опepaциjaта на срцето, а Денис Родман има свое мислење за ова.

“Комуницирам со Северна Кореја, но можам да ви кажам едно- ако ја видите неговата сестра на телевизија, како ја води земјата, ќе знаете дека нешто не е во ред, само тоа ќе ви го кажам”, рече Родман во емисијата на Пирс Морган.

Се смета дека Кин Јо Џонг би можела да биде следната на тронот од Северна Кореја доколку му се случи нешто на Ким.

“Неговата сестра е прекрасна. Беше многу љубезна кон мене додека бев таму”, рече Родман, кој истакна дека дека не верува во шпекулациите кои се појавија во јавноста на почетокот од мај.

(Видео) Градоначалничката на Битола “тресна зелена”?

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска

Што сакаше да каже градоначалничката проценете сами…

Му фаќа умот на некој? Погледнете како се креваат 350 килограми тежина (Видео)

Teжината е 350 килограми, а натпреварувачите се вонсериски

Му фаќа умот на некој?

Пратеничка од Босна пред новинарите: Јас одбрав да бидам пратеник и да земам толкава плата, да сакав помала ќе бев новинар (Видео)

Босанската пратеничка Сања Вулиќ стана хит на социјалните мрежи после скандалозно однесување пред новинарите

На новинарско прашање дали смета дека ја заслужува својата пратеничка плата која е инаку висока, таа даде изненадувачки одговор.

“Јас ја одбирав својата работа, јас не сум ви крива што вие сте новинари и што вие можеби сте незадоволни со вашата плата. Јас одбрав да бидам пратеник, законот дефинирал толкава плата. Јас да сакав помала плата би се занимавала со нешто друго. Новинарстово е одлично, јас тоа го сакам, тоа е моја несудена љубов. Можеби кога ќе излезам од овие води ќе се занимавам со новинарство, и тоа истражувачко”, вели Вулиќ.

“Алфа”: Власта ја прелажа и Атиџе – Сеуште ништо од ветувањето за вработување и поправка на куќата

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири месеци ги доби од градоначалникот на Лозово. Ниту стана туристички водич, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на куќата во Дурфулија – oбјави “TВ АЛФА”

Oд ТВ Алфа тргнаa во потрага по одговор на прашањето дали надлежните го искористија ликот на Атиџе Муратова за ситни политички поени.

Последната одгледувачка на диви пчели која со својата скромност го воодушеви светот не беше во селото. Подолго време е во Беќирлија, раскажуваат селаните. Сега е време за роење на пчелите и таа е таму со нив. За среќа налетавме на нејзината другарка од детството. Ни кажа дека последен пат се виделе во понеделникот. Сепак црвениот тепих и Оскарите воопшто не ја промениле скромната душа на пчеларката – вели во прилогот Александра Ристевска, новинар на ТВ АЛФА.

Денеска од ТВ Алфа се обиделе да стапатво конакт и со првиот човек на општина Лозово, Ацо Велковски. Прво бил на состанок, па потоа ги замолил во порака да му напишат зошто го бараат. Одговор на прашањето кога ќе се реализират ветувањата за Атиџе од телевизијата не добиле.

Целата сторија погледнете ја ТУКА

Не сте вљубеници во природата ако се однесувате вака: Прилепски срам околу манастирот Св. Димитрија кај Селце (Фото галерија)

Прилепски срам околу манастирот Св. Димитрија над село Селце

Убаво е што голем број луѓе во изминатиот период ја користат природата и манастирите како излез од секојдневните ограничувања и вонредната состојба.

Но, колку имаме култура и колку ја почитуваме природата?

Кога еднаш ќе научиме дека она што го носиме со себе не треба да се расфрла наоколу?

Ако некој со месеци не ги испразнил корпите за отпадоци, не значи дека отпадоците треба да ги фрлите до нив.

Луѓе, не сте вљубеници во природата и планината доколку се однесувате на ваков начин!

Mладите охриѓани го вратија сјајот на шеснаесеткракото сонце во Велгошти (Фото)

Вратен сјајот на сонцето во охридско Велгошти

Деновиве на социјалните мрежи се појавија фотографии од ново “брусење” на шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, овој пат на игралиште во охридско Велгошти.

Денеска од Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп реагираа и одново го вратија сјајот на сонцето.

Oд УМС Охрид на Фејсбук напишаа:

“УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид нема никогаш да дозволи вакви вандалски чинови на оние кои сами не се признаваат! Ние секогаш сме биле сведоци на нашата историја, затоа ќе ја чуваме силно и борбено!”

(Видео) “Бела Чао” ечеше од минаре: Xaкиран системот за молитва- покрената истрага за пронаоѓање на сторителот

Турските власти покренаа истрага откако некој го xaкирал системот за повикување на молитва, па од минарината од неколку џамии во Измир ечеше италијанската антифашистичка песна “Бела чао”.

Оваа песна била пуштана, наместо повикот за молитва кој се пушта по пет пати во денот.

Локалниот огранок на турските власти кој е задолжен за верски прашања го потврди овој инцидент и најави отворање на внатрешна истрага и поднесување на пријави до полицијата.