дома блог страница 2590

Двojно повеќе нови слyчаи со кopoнавиpyc од вчepa: Прилеп и денecка во лиcтата, а 3aeв ќе пpaвел избopи

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на кopoнавиpyc. Скопје 12, Куманово 8, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 7, Струга 4, Охрид 2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, и тоа: Скопје 2, Прилеп 7, Велес 2

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 1978, бројката на оздpaвени пациенти е 1422, починaa 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на Koвид -19. Од вкупниот број направени тecтови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот.

Tecтирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на Koвид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Koвид-19.

Пред 3 години Путин ги разгневи Бугарите: Писменоста во Русија дојде од македонската земја

Словенските народни денеска го празнуваат 24 мај, Денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј

Пред 3 години по повод овој празник во официјална посета на Руската федерација беше тогашниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов тогаш доби награда од Патријархот на Руската православна црква Кирил.

„Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда“ – напишаа тогаш на страницата на рускиот претседател.

ДИК има прашање до Владата: Како ќе гласаат позитивните на Koвид-19?

Државната изборна комисија е загрижена за тоа како ќе гласаат лицата заразени со кopoнавиpyc и оние кои се во изолација.

По протоколот одобрен од Владата за спроведување на изборниот процес во време на пандемиja, членовите на ДИК одржаа состанок со Комисијата за заразни болecти, од каде се појавија некои дилеми.

ДИК сака да знае како ќе се обезбеди изборниот материјал, дали гласачките ливчиња треба да се дезинфицираат и дали треба на секој гласач да му се мери температурата?

Христијанскиот свет ги празнува македонските просветители Св. Кирил и Методиј

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Именден празнуваат: Кирил, Киро, Методиј, Мето…

Во почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Кирил на 27/14 фев. и на св. Методиј на 19/6 април. Но подоцна се јавила потреба за нивен заеднички празник, едно затоа што тие се родени браќа и друго затоа што заедно извршувале иста дејност.

Најпрвин заедничкото празнување било на денот на упокојувањето на св. Методиј, како што е запишано во Станиславовиот пролог: „И се празнува нивниот спомен на 6 април и црквите многу празнуваат во нивниот спомен“.

Но, поради тоа што овој датум се паѓа во строгите велигденски пости кога црквата забранува свечено празнување, се нашло за попогодно ова празнување да биде пренесено на 11 мај (с.с.). При празнувањето на илјадагодишнината од Моравската мисија во 1863 година, Светиот серуски синод донел одлука, почнувајќи од таа година 11 мај (с.с.) да се празнува како црковен празник на преподобните Кирил и Методиј.

Потоа ова празнување било прифатено од сите словенски народи. Родени се во Солун во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лав бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а Константин бил седмо дете и е роден во 826/27 година.За постариот брат Методиј многу малку се знае. Не се знае дури ниту неговото крстено име, а името Методиј е добиено во монаштво.

Се знае дека завршил највисоки школи во Константинопол, дека во младоста ја избрал воената служба и десетина години бил управител на Словенско кнежевство во Македонија што било под власта на византискиот император и дека таму го напишал делото „Закон судниј људем“ („Закон за судење на луѓето„). Но ја напуштил оваа служба и заминал во манастирот на планината Олимп (Мала Азија) каде што се закалуѓерил.

Подоцна во овој манастир дошол и неговиот помал брат Константин со кого заедно учествувале во две значајни мисии: Хазарската и Моравската.Константин, пак, уште како дете го учел напамет познатиот христијански беседник Григориј Богослов, се истакнувал во учењето поради што бил забележан од царските советници, кои му овозможиле да се школува во познатата Магнаурска школа во Цариград којашто имала ранг на денешен универзитет.

Тука се афирмирал како извонреден мислител, богослов и апологет на христијанството. Во житијата се вели дека граматиката ја изучил за три месеци, дека го учел Хомер (Илијадата и Одисејата), дека кај Лава и Фотија ги учел дијалектиката, сите филозофски науки, потоа реториката, артиметиката, астрономијата, книжевноста, сите елински уметности итн.

По завршувањето на школата работел како библиотекар во познатата Патријаршиска библиотека во Цариград, од каде што заминал во еден манастир на Босфор. По престојот во манастирот бил поканет за професор на Магнаурската школа каде што станал познат професор по филозофија, поради што го добил прекарот Филозоф.Бидејќи се истакнал со познавање на црковните но и на световните прашања на 24 годишна возраст од страна на византискиот двор бил испратен во Арапската мисија кај Сарацените, којашто имала државно-политички и религиозен карактер.

Со Сарацените водел полемики по повеќе верски прашања, а се запознал и со нивниот живот и обичаите.Во 858-859 година Кирил, Методиј и повеќе други пратеници од Византија престојувале во Мисија кај Хазарите каде што требало да решат повеќе важни политички и верски прашања.

Овде ги нашле и моштите на папата Климент I, кој уживал голема почит кај Римјаните, а Кирил напишал и пофално слово за Климент и химна за него. По успешното завршување на оваа мисија, Методиј повторно заминал во својот манастир на Олимп, а Кирил во некој манастир во Цариград. За време на овој престој во Цариград тој се прославил со дешифрирањето на еден запис од чашата на еврејскиот цар Соломон која се чувала во црквата „Света Софија“ во Цариград.

Сепак, за двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија.

Имено, замолил да му испратат луѓе кои Божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. А тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Но тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.Во Моравија Кирил и Методиј биле пречекани со воодушевување од страна на кнезот Ростислав, но и со жесток отпор од страна на германските свештеници.

Тие ги обвинувале солунските браќа затоа што службата ја изведувале на словенски јазик, тврдејќи дека Божјото слово треба да се проповеда само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот.Поради ваквите пречки во работата двајцата браќа тргнале за Рим со намера, лично поред папата, да ја образложат својата дејност и да ги оспорат многуте клевети. На пат за Рим минале низ Панонија каде што кнезот Коцел бил одушевен од нивната служба и посакал и во неговото кнежевство службата да се изведува на разбирлив словенски јазик.

Потоа стигнале во Венеција каде што Кирил имал остра полемика во одбрана на правото сите народи, па и Словените, на свој јазик да ја изведуваат богослужбата. „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А Сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво?

Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ ‒ им рекол Кирил и додал дека и Персијанците, Ерменците, Арабјаните, Хазарите и други народи словото Божјо го проповедаат на свој јазик и дека е незамисливо дури и апсурдно тоа да се прави на јазик неразбирлив за верниците.Во Рим браќата биле пречекани со голема свеченост, уште повеќе што со себе ги носеле моштите на папата Климент I, коишто св. Кирил ги нашол за време на Хазарската мисија.

Во Рим во тоа време сè уште бил жив култот кон папата свети Климент I, кој маченички го завршил животот, поради што враќањето на неговите мошти во светиот град претставувало голем настан, а браќата биле почестени со големо внимание.Папата, тргнувајќи од некои интереси на папската столица, дозволил во неколку цркви во Рим да се изврши богослужба на словенски јазик, со што го признал овој јазик за службен во црквата.

Тој ги зел во заштита словенските книги, Методиј го произвел во свештеник, Константин во повисок калуѓерски ред (со што го добил името Кирил), повеќе ученици добиле свештенички звања, а Климент и Наум станале презвитери.По големите напори Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година на голема жалост на брат му Методиј и неговите ученици. Тука бил и погребан, така што и денес неговите мошти почиваат во Рим во црквата „Свети Климент“.

Оттука св. Методиј со своите ученици се вратил во Моравија, одел и во Панонија кај кнезот Коцел, но непријатностите не престанале. Две и пол години минал во затвор, а по ослободувањето (по директна интервенција на папата), морал постојано да оди во Рим и Цариград да се правда од клеветите и да реферира за постигнатите резултати. Чувствувајќи го својот крај во 884 година зел двајца свои ученици-брзописци и за шест месеци ја превел целата Библија на словенски јазик.

Починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград.По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. Германските свештеници со нив жестоко се пресметале. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани преку Дунав, на југ. Меѓу овие биле и светите Климент и Наум кои делото на своите учители со голема страст и знаење го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Грчката црква не го празнувала споменот на светите Кирил и Методиј. Словенските цркви, пак, споменот на смрта на св. Методиј го одбележувале на 6 април (с.с.) набргу по неговата смрт. Сведоштво за тоа е и „Асемановото евангелие“ (10-11 век) во кое датумот 6 април е забележан како „спомен на смртта на преподобниот наш отец Методиј, архиепископ на горна Моравија, брат на преподобниот Кирил Филозоф.“

Долго време споменот на св. Кирил Филозоф се одбележувал на 14 февруари (с.с.), а на 6 април (с.с.) се одбележувал заедничкиот спомен на двајцата браќа. Бидејќи овој празник е во велигденските пости кога не е дозволено повесело празнување потребен бил нов датум за таа цел.

Со указ на светиот Синод на Руската црква, по повод 1000 годишнината од првотро осветување на словенскиот јазик, во 1863 година решено е секоја година на 11 мај (с.с.) да се слави празникот на преподобните Кирил и Методиј, со ноќно бдение, со литургија и молебен и со служба која за таа цел била напишана истата година.Светите браќа Кирил и Методиј од страна на Светата црква се прогласени за рамноапостолни поради нивните заслуги за афирмацијата на христијанската вера.

„Најголема пофалба за нив, ‒ пишува Григор Прличев во Словото за св. Кирила и Методија, ‒ е оти папата, денешниот папа римски, оценувајќи ги нивните маки и трудови, оценувајќи ја величината на нивните дела, ги нарече рамноапостоли и издаде заповед, писмена заповед, строга повела по сето свое паство да го празнуваат сите денот на св. Кирил и Методија.“

Коментирајќи ја ваквата одлука на папата и на црквата воопшто Прличлев истакнува дека нивните заслуги се големи. „Иако биле болни тие многу направиле за афирмација на Христовата вера, тие пак се трудеа, неуморно се трудеа додека го извршија великото дело, коешто не би можеле да го извршат ни цареви, ни императори, ни самите можеби Христови апостоли, ниеден од апостолите не покрстил толку души колку св. Кирил и Методи.“

Во ова свое Слово коешто не е датирано, но веројатно е кажувано за време на неговото учителствување во Солун 1884-1890, Прличев во едно свое вдахновено расположение искажува умерение дека солунската гимназија „ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, што ќе бидат светила на нашите училишта, ќе бидат благолепие на нашите цркви, ќе бидат столпници на верата и ќе го прославуваат македонското име.“

Празникот на светите браќа Кирил и Методиј посвечено почнал да се празнува во 19 век. Марко Цепенков забележува дека овој празник силум се воведе во црквата (…) при подигнувањето на црковното прашање. Стефан Тановиќ во своите записи од Гевгелиско вели дека „Св. Кирил и Методиј“ е нов празник кој од скоро почнал да се споменува и да се слави. Го празнуваат само Србите и Бугарите, како Словени, додека Грците не сакат ни да слушнат за него. Во денешно време тенденцијата е заеднички да се празнуваат светите браќа како просветители на словенските народи.

УХМР предупредува: Не очекува драстична промена на времето

Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ индексот 6, информираат од УХМР.

Понестабилно време се очекува во вторник и среда, кога и дневните температури ќе бидат пониски.

Од УХМР велат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

Главното излетничко место на прилепчани врие од ѓубре: Некои луѓе треба постојано да бидат во кapaнтин (Фото галерија)

Диви депонии насекаде околу прилепското вештачко езеро

Од проектот за спортско-рекреативен центар кај вештачкото езеро во Прилеп кое го најави општина Прилеп, сеуште нема ниту трага, ниту глас.

Затоа пак диви депонии никнуваат насекаде околу едно од најпосетените излетнички места кај Прилеп.

Жално е што еколошката свест на некои наши сограѓани е на навистина ниско ниво, па се она што им смета во домовите го одлагаат во вакви средини кои треба да бидат извор на чист воздух.

Покрај дивите депонии, на самиот брег и во водата на езерото можат да се најдат и најразлични опаковки од храна и пијалоци.

Дечки, не сте манги ако пиете пиво, а потоа шишето го скршите од карпите покрај езерото!

Единствено нешто што е за пофалба од денешната слика кај вештачкото езеро е присуството на полицијата на два пункта, па ги немаше дрвокрадците.

Oд денеска СДСМ и на албански јазик на Фејсбук

СДСМ од денеска е достапен и на албански јазик на социјалната мрежа Фејсбук. Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните Aлбанци чиj мајчин јазик е албанскиот, полесен и еднаков пристап до сите официјални информации на партијата, како и навремено информирање за сите политики, ставови и активности, соопшти партијата.

-СДСМ посветено го спроведува концептот „Едно општество за сите” овозможувајќи на сите граѓани еднаквост при остварување на своите права.  Во иднина продолжуваме да воведуваме нови и полесни начини за комуникација со сите граѓани.

Фејсбук страницата на СДСМ на албански јазик е достапна на овој линк:  https://www.facebook.com/LSDMaqedoni/

Песните на Тоше ќе се слушаат 24 часа на неговата улица во Крушево (Видео)

Oд денеска на улицата “Toдор Проески” во Крушево се слушаат песните на нашиот никогаш непрежален ангел.

Проектот за уредување на Улицата на Тоше започна со засадување дрвца и цвеќиња, како и поставување на систем за озвучување од каде се слушаат песните на Тоше.

Проектот е заедничко дело на членките на здруженијата од платформата за развој на туризмот и општина Крушево

ВИДЕО: weekendinkrusevo.com

Панчо Минов во дрес од СДСМ ја почна кампањата за брзи “кopoна избори”?

СДСМ денеска веќе ја започна кампањата за брзи избори на 21 јуни. Во речиси сите изборни едници кандидатите за пратеници и носителите на избирачките листи СДСМ ги стартуваше работните средби.

Во четвртата изборна единица каде носител е партискиот претседател Зоран Заев, на листата се најде и поранешниот пратеник кој беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов од Кавадарци.

Токму Минов кој ја сврти страната беше предмет на реакции од голем број членови и симпатизери на СДСМ.

Тој се наоѓа на сигурното 5-то место на кандидатската листа за пратеници и сигурно ќе биде дел од новиот парламентарен состав.

Интересно е тоа што Минов е две места погоре на листата дури и од партискиот портпарол Костадин Костадинов.

(Видео) Работници на градилиште пронашле неверојатно историско богатство

Коски од 60 мамуту беа пронајдени на градилиштето за новиот аеродром “Фелипе Анхелес” во Мексико Сити, соопштија од Националниот институт за антропологија и историја.

Се претпоставува дека коските се стари 15.000 години и дека припаѓаат на колумбиски мамути.

За време на градењето на аеродромот пронајдени се и коски на бизони, камили, коњи, луѓе, како и различни предмети.