дома блог страница 2589

Заев со автоцензура, а Борисов со гордост? Еве како двајцата го честитаа денешниот празник

Забележлива разлика во начинот на кој „добрите соседи“ Зоран Заев и Бојко Борисов го честитаа денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Екс-премиерот Заев во кратката фејсбук честитка никаде не ја спомнува Македонија како територија од која потекнуваат светите браќа. Во честитката која ја испрати преку медиумите Заев во еден дел го спомнува и Св. Климент Охридски како автор на кирилицата, но во фејсбук честитката овој дел е отстранет. Јавноста се прашува дали екс-премиерот се самоцензурира или му пристигнала некаква реакција од истокот во „духот на добрососедството“?

За разлика од него, премиерот на Бугарија Бојко Борисов упати честитка во која пишува дека денот на Св. Кирил и Методиј предизвикува национална гордост во Бугарија, едновремено поздравувајќи ги бугарските учители кои биле следбеници на нивното дело.

Борисов пишува:

„Честит Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост. Со чувство на НАЦИОНАЛНА ГОРДОСТ се поклонуваме пред делото на светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на кое денес се изразуваме слободно на мајчиниот јазик и го сочувавме нашиот духовен идентитет како народ и држава. Со длабока почит и благодарност им се обраќам на сите оние кои, како достојни следбеници на нив, продолжуваат да работат вредно за развој на образованието и културата во Бугарија.“

Министерот Чулев најави одговорност за делењето на пакети во Струмица

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во гостувањето во вестите на Македонската радио телевизија говореше за објавените видео материјали на социјалните мрежи од делење на хуманитарни пакети од страна на активисти на СДСМ.

Тој истакна дека за настанот е информирано Основното јавно обвинителство во Струмица и МВР има добиено соодветна дозвола за натамошно постапување во случајот. Доколку од примателите на хуманиратна помош се утврди дека била барана противуслуга, давателите ќе одговараат за потkyп, а учесниците во настанот ќе одговараат и за непочитувањето на Владините мерки.

-Во текот на вчерашниот ден беа објавени видео материјали на кои што се гледаше делење на таканаречени хуманитарни пакети со храна на социјално ранливи категории и од страна на МВР веднаш беше извршена идентификација на лицата кои што се даватели меѓутоа и приминатели на хуманитарните пакети. Беше информирано и доставено соодветно известување до Основното јавно обвинителство во Струмица, и од страна на Основното јавно обвинителство беше добиена дозвола за постапување на полиција во овој случај. Во оваа насока во текот на наредните денови од страна на секторот за внатрешни работи Струмица ќе бидат превземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на дали постои соодветна валидна документација за делењето на донацијата, кој е давателот на донацијата. Врз основа на кои критериуми е дадена донацијата и дали од примателите на донацијата се барани соодветни противуслуги. Во однос на оние лица кои што учествувале на овој настан, а врз основа на видеоматеријалите е утврдено дека не ги почитувале одлуките на Владата во однос на држење физичка дистанца, во однос на групирање и неносење на заштитана лична опрема ќе бидат превземени соодветни активности и тие ќе бидат caнкционирани, вели Чулев.

Шок за Заев: Само 15% од граѓаните сакаат избори во јуни, најголемиот број сметаат дека изборите треба да се одржат во септември

Денес во емисијата „Детектор“ се презентираше анкета на која граѓаните се изјасниле кога според нив е најбезбедно да се гласа. Граѓаните најмногу се изјасниле за месец септември и процентот изнесува околу 24.2%, додека за после септември се изјасниле 22,8% од испитаниците.

На прашањето „Дали пред да се појави пандемијата со коронавирус вие планиравте да гласате на претстојните парламентарни избори?“, позитивно одговориле 74.7%, а негативно одговориле 18.1%.

А, според прашањето: „Гледано од денешна перспектива, дали би гласале доколку изборите се одржат во периодот кон крајот на јуни или во првата половина на јули?“, граѓаните кои позитивно одговориле се околу 48.2%, негативно кои одговориле се околу 35.1%.

Но, изненадувачки е што граѓаните на Република Македонија повеќе сакаат изборите да се случат периодот во месецот септември.

Тоа го говорат и податоците на анкетата од „Детектор“. На прашање „Според Вас, кога треба да се одржат изборите?“, за јуни одговориле околу 15.1%, за јули 17.6%, за месец август 15.8%, за месец септември е најголемата желба на граѓани да се организираат изборите и процентот изнесува 24.2%, а после септември е околу 22.8%.

После првата успешна тpaнcплатациja на cpце голем број граѓани прашуваат како пocтxyмно да ги дониpaaт cвoите opгани

Откако вчера успешно беше извршена првата тpaнcплатација на cpце во Македонија, голем број граѓани изразиле желба и се информирале каде да достават изјава за пocтxyмно да ги дониpaaт своите opгани – информираат од Националното здужение на пациенти со механичка потпора на срцето “Храбро срце”.

“Поради големиот интерес од граѓаните кои ни се обратија за да се информираат дали и каде треба да се достави изјава дека пocтxyмно сакаат да ги дониpaaт opганите, ве известуваме дека од следната недела ќе ве информираме сите откако ќе добиеме официјален одговор од надлежните.

Благодарност за интересот и препознавањето на нашето здружение, заедно сме посилни! Да бидеме храбри, да се бориме заедно”, порачаа на Фејсбук страната од здружението.

Битолчани се cтeпaлe на улица “Прилепска”

На 23.05.2020 во 14:12 часот во СВР Битола, М.М.(33) од Битола приjaвил дека на ул.Прилепска во Битола дошло до наpyшување на jaвниот peд и миp со физичка пpecметка помеѓу приjaвителот и П.М.(61) од Битола од една страна и Т.А.(48) од Битола од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

(Видео) Единствена можност да видите како се подготвува единицата на Kралските маринци

Во одредени ситуации “маринците” може да се соочат со непријателот, а употребата на opyжје да не биде опција.

Со оваа демонстрација тие покажаа дека можат да се справат со непријателот во различни ситуации и тоа со голи раце, без употреба на било какво opyжје.

Тие демонстрираа серија на техники за напад и самоодбрана, погледнете:

Твит на денот: “Младожењава прогласи крај на Koвид” – Како не му текна порано? (Видео)

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи денеска честитајќи го празникот Рамазан Бајрам порача дека го прогласува виpycoт Kовид-19 за мpтoв.

Тоа предизвика бypa од реакции на социјалните мрежи…

Погледнете ја изјавата на Реџепи која ја пренесе “TВ 21” и со брзина на светлината се рашири насекаде:

Mлад уметник од Прилеп ќе учествува на Остен биеналето на цртеж

Нашиот уметник Давид Атанасоски ќе учествува на Остен биеналето на цртеж 2020. Селекцијата ќе се врши на 15 јуни, а Атанасоски се претставува со делото ,,Геометриски орнамент,,. Според уметникот, делото е изработено од материјали кои се генерирани од локалниот био-отпад (хартијат и картон).

– Со рустикална обработка на соодветен начин се нагласува линијата и формата на картонот (хартија) како основен елемент на изразување. Ритмичното повторување на овој мотив прави силна нагласена динамика, која во голема мера зависи од распоредот на мотивите, формите, движењето и рамнотежата на композицијата, а ритмичното повторување на мотивите најкомплексно ја објаснува суштината на овој мотив – вели Атанасоски.

Делото создадено од локалниот био – отпад претендира на поттикнување на свесност која треба да се развива и е плод на големиот број нарушувања предизвикани од човекот врз планетата Земја.

– Брзиот начин на живот и развојот на технологијата предизвикаа човекот понесовесно да се однесува кон својата околина и да заборави на одредени важни фактори кои придонесуваат за поздрав живот и поздрава животна средина. Поради тоа проектот со употребата на материјали од трошен карактер како картон (хартија) ќе придонесе и ќе се поврзе со проблемот за имплементирање на еколошките мерки и свесноста околу овие проблеми. Употребата на материјал од трошен и градежен карактер, индиректно се поврзува со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции и мерки на управување и одговорно раководење со ресурсите во глобалниот биолошки екосистем – вели Давид Атанасоски.

Извор: “Неделник Зенит”

Љубица е супер-бабичка: “Стара сум но сакам да живеам”- има 95 години, цепи дрва, коси трева и свири на усна хармоника

“Внуците често ми викаат да потрчам со нив, да проверат дали навистина можам или се шегувам. Кога ќе фатам спринт, не можат да веруваат”.

Иако наполни 95 лета, Љубица Николиќ од село Горни Бањани, Србија, се чувствува како да е половина век помлада.

Оваа старица живее сама, ги извршува сите домашни работи, но работи и надвор од куќата. Таа не се жали доколку треба да наполни вода од бунарот или да го искоси патот кој води до нејзината трошна куќарка.

“Сеуште можам се сама да искосам, да цепам дрва, но и да исчистам ако треба. Знам дека некои мои врсници не можат да станат од кревет, но јас од секогаш бев активна и не се предавав. Внуците често ме викаат да потрчам со нив, да се уверат дали навистина можам или само се шегувам. Кога ќе фатам спринт, не можат да веруваат”, раскажува оваа супер-бабичка.

Без сопругот останала пред 30 години. Во слободно време свири усна хармоника и пишува песни. Од нејзината куќа често се слушаат убавите звуци. Таа знае да се пошегува и на своја сметка и на сметка на нејзините години.

Мисајловски: Македонскиот јазик бил и ќе остане темел на македонската држава

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го честита денот на македонските и сесловенските Свети браќа, Св. Кирил и Методиј

“Македонскиот јазик бил и ќе остане темел на македонската држава. Честит 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј”, напиша Владо Мисајловски.