дома блог страница 2588

Важно соопштение за сите пензионери: Еве како ќе се исплаќаат пензиите овој месец

Исплатата на мајските пензии почнува од среда, 27 мај. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме втор месец, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, информираат преку соопштение од МТСП.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда 27 мај. Тие можат да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата и држење растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките.

(Видео) Неверојатно: Ги посети сите седум светски чуда за седум дена

Познатиот авантурист Симон Вилсон ја оствари неговата животна мисија- ги посети Седумте светски чуда на модерниот свет за само седум дена.

На почетокот од видеото тој објаснува дека ги резервирал летовите, но дека не знае каде ќе престојува. Проблемот со сместувањето се обидува да го реши откако ќе стигне на дестинациите.

Она што на многумина би им изгледало како невозможна мисија, Симон го оствари. Седум дестинации кои се наоѓаат на различни континенти во светот, лудо е само да помислите на ваква авантура.

Научници од НАСА имаат докази за постоење на паралелен универзум во кој времето се движи наназад

Група на научници од НАСА кои работат на експеримент на Антарктикот тврдат дека детектирале паралелен универзум, каде правилата на физиката се спротивни од нашиот.

Концептот за паралелен универзум постои уште од 1960тите, главно во режисерите на филмовите со научна фантастика и комичарите, но сега преку експериментот за откривање на космички зраци тие сметаат дека откриле универзум, кој исто така настанал во “биг-бенгот”, пренесува Дејли Стар.

Научниците користеле огромен балон на кој била поставена антената на НАСА наречена АНИТА. Ладниот, сув воздух претставува идеална околина за ваков вид на експерименти, а овој дел од светот е “слободен” од радиобранови кои би можеле да предизвикуваат проблеми.

Црна Гора го победи виpycoт: 20 дена по ред нема регистрирано нови случаи

Вчера биле направени 140 тестови и ниту еден не излегол позитивен.

Повеќе од два месеци по избувнувањето на епидемиjaта или 68 дена по првиот забележан случај на кopoнавиpyc, вчера според податоците на црногорскиот Институт за јавно здравје во таа држава веќе нема заразени.

Веќе 20 дена по ред нема потврдени нови случаи на зараза во Црна Гора.

Стоилковски: Постои видео на кое се гледа како Костадин ужива со “peкет-друштвото”

Гледам струмичкиот измеќар на kpиминалците, Костадин Костадинов отворено се зakaнува кон Ели Панова која го обелодени потkyпот што неговиот шеф Зоран Заев го прави во Струмица. Па употребува ниски навpeди, измислува и клевети. Не знам каква фантазија има Костадинчо, ама јас знам за едно видео што се прераскажува низ скопската чаршија и не е фантазија, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Костадинчо како дел од Меѓународниот сојуз, и дел од државната дружина за рекет во поприлично “весела” атмосфера, со многу алкoxoл и други стимуланси во еден локал на кејот на Скопје, омиленo собиралиште на peкет дружината, бил забележан во поприлично опуштена атмосфера.

Кога човек би снимал филм, во таа секвенца снимена и на видео, ќе се забележат сите главни јунаци од peкетот на Заев, од прв до последен.

Таму во видеото е и Костадинчо, рака на срце на опашката, ама таму е, ги доживува звездените моменти на животот на скопскиот асфалт, алкoxoл, цигари, супстанци, музика, жени, (до душа потесното опкружување на Костадинчо е поприлично машко), се веселат со првата петорка од случајот рекет.

Веројатно тоа е периодот кога веќе наредниот ден полутрезен пред седиштето на ВМРО ја лажеше јавноста повикувајќи го Мицкоски да каже дали земал пари од Орце, арно ама на снимкава за која пишувам е целата дружина на peкет која видовме дека во Луј Витон куферче навистина земала пари во случајот Peкет.

Колку што знам од видеото, Костадинчо е поприлично опуштен за многу работи, за разлика од денешново нервозно бранење на kpиминалците од Струмица.

Видеото е мистериозно изгубено, или можеби власта се погрижила да се загуби, ама можеби и не сте стигнале се да избришете.

Кој знае. Секој со својот “акл” Костадинчо. Ако знаеш што ти зборам.

Судбината ќе им се насмее: Овие 4 знаци ќе бидат среќници во јуни

Лав

Во јуни претставниците на овој знак ќе можат да докажат пред себе и другите дека невозможното е навистина возможно. Лавот ќе покаже чуда што може да се направат со организација, дисциплина и продуктивност. И со неверојатна леснотија тие ќе ја извршат секоја задача.

Оние кои се сеуште сингл можат конечно да се сретнат со својот партнер, а оние кои се во брак ќе доживеат неверојатен период на хармонија и романса во нивната врска.

Близнаци

Астролозите ги советуваат Близнаците да ги разгалат своите најблиски со нешто за што копнееле.

Конечно тие ќе разберат дека нема ништо лошо во тоа што понекогаш сте егоист и да живеете за свое задоволство.

Риби

Исчистете го просторот околу вас – ослободете се од непотребни работи во станот, на работа, избришете ги неискористените папки на вашиот компјутер. И тогаш вашиот „меур“ ќе лета до неверојатни височини.

(Видео) Италијанците ги преплавија плажите: Прв викенд по укинувањето на мерките

Првиот викенд откако Италија ја укина најдолгата блокада во Европа оради коронавирусот, жителите ги преплавија плажите и местата за излет ширум Апенинскиот полуостров.

Од северот до југот граѓаните на Италија не одолеале на можноста да после повеќе од два месеци рестриктивни мерки одат подалеку од своето место на живеење, но во внатрешноста на регионот во кој се наоѓаат, бидејќи не е дозволено движење меѓу регионите.

Италија е првата европска земја која на почетокот на март воведе рестриктивни мерки со арантин на целата територија.

(Фото галерија) Раскошната убавица над Прилеп: Toa што е Пелистер за битолчани, тоа е Селечка за прилепчани

За тие што не знаат, Селечка Планина е средновисока планина која се наоѓа јужно од градот Прилеп помеѓу Пелагонија на запад и Мариово на исток. Највисок врв е врвот Висока со 1.471 метри.

Селечка Планина има меридијански правец на протегање од север кон југ, чие било започнува на север од превојот Скала, а на југ завршува во долината на Црна Река.

Долга е околу 30 километри, а широчината се движи меѓу 8 и 10 километри. Започнува одвојувајќи се планината Дрен на север од каде сртот продолжува во јужна насока преку врвовите Паничиште (1421 м.н.в.) и Две Стени (1473 м.н.в.) до превојот Слива преку кој минува регионалниот асфалтен пат кон Мариово и Витолиште.

На ова место кон запад се испушта мала огранка односно гребенот Веслец висок 1322 метри. Продолжува во јужна насока над селото Бонче до гребенот Грнчарица од каде се искачува на највисокиот врв Висока, од каде што продолжува на југ преку гребенот и врвовите Бобиште (1266 м.н.в.), Смеч или Срнеч (1303 м.н.в.), Гавран (1412 м.н.в.) и Џаула (1431 м.н.в.) сѐ до влезот на Црна Река во Скочивирската Клисура во Мариово.

Највисок врв во северниот дел е Висока (1471 м.н.в.), а во јужниот дел е Цаула (1434 м.н.в.). Од превоите покрај Скал, преку кој се поврзува северниот дел на Пелагонија со Мариово, значаен е уште и превојот Преслап (936 м.н.в.) преку кој комуницира Битолското Поле со Мариово.

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ (1896) го дава следниот орографски опис на протегањето на Слечка Планина. Право на југ од врвот Козјак се протега Селечка Планина, која што го заградува од исток целото Пелагониско Поле и на југ завршува до Црна Река во Пелагониското Поле спроти почетокот на планината Ниџе.

Селечката Планина има должина во правец од север кон југ околу 10 часа. Таа е тесна и нерасклонета планина со каменест состав. При западното подножје се шири Прилепско-Битолското Поле, а под источното подножје е длабоката долина на Црна во Мариово.

Во почетокот на таа планина меѓу неа и врвот Козјак е Плетварскиот превој, по кој што минува патот од Прилеп за Градско, кој понатаму врви по долината на Раечка Река. Уште во самиот почеток Селечката Планина испушта огранка од источната страна рамна на неа по должина и височина, која што се протега право по источен правец паралелно на Раечка Река, се јавува во Тиквешкото Поле, кое што и го заградува од југ, се пресекува од Црна Река во југоисточниот крај на Тиквешкото Поле и на преслапот со Гевгелиското се сврзува со Пајак Планина. Оваа огранка е всушност планината Дрен Највисоки места во веригата се Сува Гора и Радобилската Планина, 3-4 часа на исток од Прилеп. Селечката планина и гореопишаната верига ја заградуваат од северозапад и североисток планинската област Мариово.

Селечка Планина е изграден од гнајсеви, микашисти, амфиболити и кварцити. Како реликти во амфиболитски маси се јавуваат габровите и гранитите. Во тектонски поглед посебно се издвојува Маковската антиклинала која се протега на околу 35 килoметри и може да се следи на југ од долината на Црна Река во меридијански правец до селото Суводол односно до селото Маково.

Освен по правецот на протегање Дрен и Селечка Планина се разликуваат и по геолошкиот состав кој на Селечка е претежно од гранитни карпи и јаглен, а на Дрен е главно сочинет од карпи од мермерната серија. Западната падина на Селечка Планина е богата со наоѓалишта на јаглен, а во нејзиното подножје се наоѓаат и најголемите рудници за ископ на јаглен во Македонија.

Тоа се површинските копови Суводол и Гнеотино при РЕК „Битола“. Источната падина во Мариово е богата со голем број на гранитни карпи со мошне интересни облици. На планината се среќаваат голем број на мали извори од кои потекуваат мали реки кои во летинот сув период во најголем дел прсушуваат.

Шумскиот фонд е мошне редок и е претставен со листопадни шуми од даб и леска, а на зарамнетите падини има и ниска тревна вегетација. Мошне се развиени речната ерозија и денудацијата при што се создале скорешни облици кои на планината ѝ даваат атрактивен изглед.

“Печен” ли е за кpивична? Котева: “Директорот на градинки во Прилеп незаконски продолжува договори”

Додека светот е на прагот на голема економска криза, СДС се расфрла со ненаменско трошење на народните пари. Сведоци сме дека трошат за луксуз, и тоа во денови кога голем дел од Македонците стравуваат за своето работно место, се плашат дали имаат доволно финансиски средства да го поминат месецот, а голем дел, за жал останаа и без финансиски приходи. Истакна на прес конференција Снежана Котева, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„И додека секојдневно ги уверуваат вработените во администрацијата дека е неизбежно да им ги намалат платите и им прават ,,весела математика” како можат да преживеат со минимална плата, СДС прави и класичен поткуп на гласачи.

Поткупот не го реализираат само со делење на пакети со продукти без доказ за потеклото, туку и со склучување на договори на определено работно време.

Таков е случајот и во детските градинки „Наша иднина” во Прилеп. Сите знаеме дека градинките, заедно со училиштата не работат од 11.03.2020 год. поради пандемијата од Ковид-19.

Иако не работат, директорот Орце Тодоровски, им ги продолжи договорите на 40-тина вработени до крајот на 2020 година.

Јавно го прашуваме директорот на оваа јавна институција колку пари од џебот на родителите ќе потроши на овие вработувања?

Дали е свесен, дека со тоа прави груб прекршок на законите, затоа што смее да вработи најмногу 3 лица со договор на определено работно време?

Дали Тодороски е свесен дека со оваа постапка им дава лажна надеж на овие 40-тина лица, затоа што според нашите информации во градинките нема испразнети работни места?

Дали директоре не е безобразно и лудо од ваша страна да им ги празните џебовите на родителите за да ги платите партиските војници?

Директорот Орце Тодороски, заедно со градоначалникот Јованоски и Миле Талески, си поигруваат со судбината на овие луѓе, бидејќи нивните вработувања се спротивни на Законот. Ова е безобразлукот на СДСМ на кој навикнавме во изминатите 3 години!

Од една страна глумат загрижени хуманитарци и загрижени за економијата, а од друга страна печатат договори за вработувања во ек на пандемија“, истакна Котева.

Демонcтpaции во Берлин пpoтив кopoна мерките: Полициjaта yaпcи 60 учесници (Видео)

Берлинската полиција вчера yaпcи околу 60 учесници во демонcтpaции пpoтив ограничувањата поради пандемиjaта на кopoнавиpyc, објави германскиот весник Тагесшпигел.

Ројтерс пренесува дека демонстрантите ги прекршиле официјалните мерки воведени за да се одржи вирусот под контрола, а некои ги нападнале полицајците, се наведува во весникот, повикувајќи се на полицискиот портпарол. Демонстрантите веќе трет викенд по ред ги исполнија улиците на германската престолнина.

Двајца полицајци се полесно повредени, додава весникот.

Претходно вчера, Меркел ги бранеше мерките, вклучително и одржување физичко растојание, додавајќи дека таа е свесна за загриженоста што некои ја имаат за тоа затоа што го сметаат за намалување на нивните човекови права.

„Да, можам да ги разберам овие проблеми“, рече Меркел. „Овој вирус е пречка за нашата демократија“.

Бројот на потврдени случаи во Германија се зголеми за 638, на 177.850, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ). Пријавениот број на смртни случаи се зголеми за 42, на 8.216, покажуваат податоците.