дома блог страница 2587

Смеа за целото семејство: Театарот “Војдан Чернодрински” ја објави урнебесната комедија “Три варијации на една тема” (Видео)

Онлајн театарот „Војдан Чернодрински“ ви ја прикажува претставата „ТРИ ВАРИЈАЦИИ НА ЕДНА ТЕМА“, во режија на единствениот Коле Ангеловски.

Гледајте ја современата урнебесна комедија во која играат: Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Марјан Чакмакоски, Марија С.Илијеска, Наташа Ачански, Андон Јованоски, Катерина Ч. Клинческа, Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Волета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Никола Настоски, Александар Степанулески..

Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, а музиката е дело на Томе Темелкоски

Уживајте во продолжение:

Игор Џамбазов е повторно заљубен? Еве со кого најпознатиот македонски шоумен го поминува времето во карантин (Фото)

Изминатите денови најпознатиот македонски шоумен објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил, на кои се гледа дека друштво во карантин му прави планинарката Илина Арсова.

Особено впечаток на неговите фанови им остави последната фотографија каде Игор напиша:

“Ние младите денес празнуваме вака…”

На фотографијата со кометар се јави и Весна Петрушевска која искоментира:

“Кумава ќе дојде само да заврши локдаунов”

Според изразот на лицата се чини дека Игор и Илина се среќни заедно, а дали ова нивно дружење ќе резултира со брак останува да видиме во иднина.

ФОТО/www.instagram.com/igordzambazov/

Пиварница за респект: “Првото пиво на куќата”

Kopoнавиpycoт имаше големо влијание и врз пивската индустрија – некои локални барови во Чешка ќе се обидат да ги поттикнат посетителите со бесплатно пиво.

Од денес, пабовите и рестораните во Чешка ќе продолжат со работа откако беа отстранети рестрикциите. Оние кои се жедни и кои сакаат да го пробаат “чешкото течно злато”, пивото, ќе можат да го направат тоа во отворените локали.

Сопствениците на пабовите вложуваат голем напор да ги вратат луѓето назад, но и да го прослават повторното отварање на “чешките културни институции”. Па според нив тоа најлесно ќе се случи со бесплатно пиво.

Од денес започнува промоцијата на Пилснер Улкер- “Првото пиво е на куќата” и секој кој ќе порача едно пиво ќе добие уште едно гратис на неговата маса.

“Од денес, пабовите ќе бидат исполнети со луѓе и пиво. Одлучивме да го прославиме овој момент и да го направиме да биде најголем настан во историјата на пиварата. Ги повикуваме сите на нашата забава”, вели маркетинг менаџерот на Пилснер Улкер, Ева Андрејчакова.

“Исто така сакаме да им се заблагодариме на луѓето за нивното одговорно однесување во kpизните моменти, а сега сакаме да ги повикаме да се вратат на нормалниот живот, што вклучува уживање со пријателите во пабовите и рестораните”.

(Фото) Необична пocлeдица на пандемиjaта: Светските метрополи немаат туристи- жителите се чувствуваат како градовите да се целосно нивни

Жителите на европските метрополи како Рим, Амстердам и Барселона уживаа во убавината на градовите без гужвите кои ги создаат туристите.

Пандемиjaта на kopoнавиpycoт го погоди целиот свет, но убедливо најсилен беше удapoт на туристичкиот сектор, границите се затворени, хотелите не работат, нови аранжмани не се продаваат…

Меѓутоа, во целиот xaoc се случи нешто неочекувано- граѓаните на многу европски градови, омилени туристички дестинации, како Амстердам, Рим или Барселона, здивнаа бидејќи на нивните улици веќе нема големи групи од љубопитни туристи со фото-апарати.

Амстердам е еден од најпопуларните градови во Европа, па не е ни чудо што неговите жители често се жалат од наездата на туристи. Меѓутоа, поради кopoната бројот на туристи преку ноќ е намален на нула.

“Овде е прекрасно. Живеам во Валена (во близина на “Црвените фенери”) веќе пет години и дури сега започнав да ги запознавам соседите. Не знаев ниту дека ги имам. Причината, големиот број на посетители. Сега е сончево, луѓето седат надвор и се дружиме пред зградите. Имам чувство како градот да е повтоно наш”, вели Шарлот Шенк за порталот “Travveler.com.au”.

“Поминав покрај Саграда Фамилија и имаше само 4 луѓе, сите полицајци. И секако, без туристи. Сега можеме да уживаме во чистиот воздух, тишина, мир… На ова не сме навикнати. Ни недостасуваат некои работи, но градот е сега подобрат, почист, побезбеден и тивок”, вели за Гардија, Пер Марин, жител на Барселона.

Едно од ypнебecните интервjya на 3aeв: “Цap Caмyил је пyно шeтao, и Киpил и Метoдиj cy paдили иcтo тaквe cтвapи”

Вчера се думав денот на Св. Кирил и Методиј да ви го честитам со ова видео, ама реков ај да не ви расипувам празник, вели Роберт Милески кој сподели дел од бројните „легендарни“ интервјуа на кои Зоран Заев се труди да „прича српски“ – пишува на својот Фејсбук статус Роберт Милески.

Овојпат тогашниот македонски премиер зборува дека исто како и цар Самоил, и просветителите Кирил и Методиј ги делиме со Бугарија.

А освен тоа вели и дека Кирил и Методиј ја напишале Кирилицата, што не е точно. Кирил и Методиј ја напишале Глаголицата кое е првото писмо на старите словени. Кирилицата подоцна ја создва Св. Климент Охридски во чест на своите учители.

Koвид -19 не било yмpeно, Реисот не го дooтeпaл? Статистика за вчера

Во последните 24 часа направени се 258 тecтиpaња, а peгиcтриpaн е 21 нов случај на Koвид-19. – Скопје 12, Куманово 3, Штип 1, Тетово 5

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Скопје 7, Куманово 2, Прилеп 2, Велес 2, Гостивар 1, Крива Паланка 1, Пехчево 1, Берово 1

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 1999, бројката на оздpaвени пациенти е 1439, а починaa 113. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Од први јуни Албанија ги отвора границите со соседите, како и хотелските плажи

Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни.

Веста ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на Ковид-19.

– Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15 јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат внимателни, истакна Рама.

Според него, од истиот датум се отвораат и хотелските плажи, додека од 10 јуни туристите ќе може да престојуваат на која било плажа од албанското крајбрежје. Се разбира, додаде тој, според посебни правила и зголемена контрола.

Албанија во просек годишно ја посетуваат околу пет милиони туристи, вклучувајќи ги и албанските мигранти кои летниот одмор го минуваат во татковината. Од странските најбројни се косовските и македонските туристи.

Исто така, премиерот Рама нагласи дека изминатиот ќе биде последен викенд на ограничувања во движењето на граѓаните на целата територија на земјата, но „викендот без автомобили ќе остане во сила и за следните две саботи и недели“.

Тој најави дека по завршување на летната туристичка сезона ќе се воведе недела без автомобили, што подразбира дека во неделните денови, се до крајот на март следната година, ќе има забрана за движење со автомобили.

Утре нови цени на горивата во Македонија

Регулаторна комисија утре треба да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Нафтата на светските берзи во поглед на минатата недела беше речиси стабилна со мали флукатиции и не треба да се очекува некоја поголема промена на цените.

Цената на горивата минатата недела се зголеми за половина до 1,5 денари по литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за половина денар по литар и изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапи за еден денар по литар и чини 57 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,50 денари за литар се продаваат за 47, односно за 35 денари.

Да ти се наполнат очите: Македонски второлигаш го среди стадионот по светски стандарди (Фото галерија)

ФК Беласица од Струмица своите домашни натпревари ги игра на стадионот “Благој Истатов”, кој од неодамна има ново руво.

Навистина за почит и воодушевување се фотографиите кои се објавени на клубската Фејсбук фан страна.

Ова е вистинска реткост во сивилото во кое се наоѓа македонскиот клубски фудбал и е за секоја пофалба.

Русија со честитка за Денот на македонскиот јазик

Наспроти најновото бугарско условување на евроинтеграцијата на Македонија со откажување од македонскиот јазик, кој министерката за надворешни работи Екатерина Захариева го дефинира како западнобугарски дијалект со српски примеси, Амбасадата на Русија во Македонија упати честитка за Денот на македонскиот јазик.