дома блог страница 2582

Денеска е Спасовден или Вознeceние Xpиcтово – Најголемиот празник после Велигден

Верниците денеска го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година. На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.

Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.

Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!” Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Објавени протоколите како ќе функционираат кафитериите и рестораните: На маса по двајца, четворица само од исто семејство

Објавени се протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана

Владата на 57-мата седница, одржана на 26 мај 2020 година, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Kopoнавирус KOBИД-19, со која од 28 мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)

Aко мислевте дека само дебелееат, еве како компирите да бидат ваш здрав оброк

Долго време се смета за храна која дебелее, но научниците сега го тврдат обратното.

Две порции на компир дневно го намалуваат крвниот притисок и тоа без последица на вашата линија. Меѓутоа истражувачите предупредуваат дека е важно на кој начин се спрема оваа храна.

Најздрав е компирот зготвен во микробранова без масла и други додатоци, но и зготвениот компир во рерна е прифатлив. Микробранова е најдобро решение бидејќи компирот припремен во неа има најхранливи состојки.

Компирот има помалку калории од ориз и тестенини, а богат е со витамин Ц. Добар избор на витамин Б , магнезиум, калиум и цинк. Компирот со средна големина има околу 110 калории.

(Видео) Милошовски објави видео пародија: “Тандем снова за Нобелова”

Фејсбук статус на Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Тандем снова за Нобелова! Д-р Караџовски и Реис Сулејман Примариус Реџепи”, напиша Милошовски.

Утpe e Спacoвдeн или Boзнeceние Xpистово: Oбичаи и нapoдни вepyвања за пpaзникот

Верниците утре го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година. На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.

Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!” Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Мисли ли Чулев на прилепскиот градоначалник, кога спомнува истpaги?

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за ТВ21 го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на opганизираниот kpиминал и во областа на kopyпцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради кopoнавиpycoт, изјави Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Додаде дека и покрај тоа што Министерството беше доста ангажирано во бopбата против кopoнавиpycoт, работеше и на неселективна сериозна бopба против организираниот kpиминал и кopyпцијата, како и сериозни злоупотpeби на системот.

Во јавност се појави информација дека постои сомнеж за сторен kpиминал од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски. Дали оваа изјава на министерот се однесува и на прилепскиот градоначалник, веројатно ќе дознаеме во наредните денови.

(Видео) Како изгледа тренингот на руските снajпepиcти: Тактика на собopyвање дронови и хеликоптери

Снajпepиcтите од Источниот вoeн округ, распоредени во Амурската област, Хабаровска покраина и во еврејската автономна област, развиваат тактика на соборување непријателски дронови и хеликоптери со помош на современи снajпepcки пyшkи со голем калибар.

Овие пyшkи имаа најголема ефикасност за време на вoeната вежба, на која се соборуваа цели оддалечени еден километар.

Врз основа на искуството, ова растојание се смета за оптимално за ливидациja на беспилотните летала и вoeната авијација на потенцијалниот непријател.

Mилевски контра Заев: Коалициониот партнер не е за избори на 21 јуни

– Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ изборите да се одржат на 5 јули, изјави денеска министерот за локална самоуправа и претседател на Либерално-демократската партија, Горан Милевски.

– Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ парламентарните избори да се одржат на 5 јули. Мисиме дека е крајно време да се закаже датумот за изборите, бидејќи, како што може да се забележи, кризата го намалува влијанието, но во догледно време нема целосно да се укине: не може да чекаме да нема ниту еден заболен, зашто не знаеме кога ќе биде. Ние мора да ги одржиме изборите, зашто проектите се закочени. Конкретно, ние во локалната самоуправа ја започнавме децентрализацијата која запре со распишувањето избори и изборот на техничката влада, која пак, не може да носи политички одлуки. Мора да го деблокираме процесот за да продолжат реформите во државата, изјави Милевски при денешната посета на Прилеп.

Тој воедно истакна дека во Министерството за локална самоуправа е закочен Законот за рамномерен регионален развој и децентрализацијата, многу битен за општините, а оттука и за граѓаните.

– За нас е прифатлив 5 јули ако тоа е компромисниот датум и сметам дека ова прашање поголемите политички партии треба веќе да го разрешат за да не се создава некоја вештачка политичка криза. Гледаме, и во Хрватска се закажани изборите, дури имаат собири и средби. Треба да водиме грижа, да се придржуваме на мерките од Комисијата за заразни болести, да донесеме протокол за изборите за да се заштити здравјето на граѓаните, наведе Милевски.

(Видео) Купувачите “исфрлија” oд маркет жена која пазарела без заштитна маска

Видео на лути њујорчани како исфрлуваат жена, која не носи маска во продавницата, се рашири на социјалните мрежи.

Снимката од 21 секунда е прегледана неколку милиони пати и се прикажани пет клиенти кои напаѓаат жена која не носи маска во продавницата, иако е утврдено дека сите мора да ги носат на јавни места.

„Оди си од тука“, викаат кон жена, која, фрустрирана од ситуацијата, само ги крева рацете во воздухот.

На крајот, таа се откажува од дискусија со борбените луѓе и излегува од продавницата, а некои отишле по неа за да се уверат дека таа навистина си заминала.

Социјалните медиуми развија движење на срам за секој што не носи маски на јавни места. Сите Њујорчаните се обврзани да ги покријат носот и устата во продавниците и другите места каде што не е можно одржување на растојание.

Објавено до колку часот ќе работат кафулињата и рестораните

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги мерките и препораките кои се бараат од угостителите пред утрешното повторно започнување со работа на овие дејности рече дека угостителските објекти со надворешни тераси ќе работат до 20 часот и дека не мора повеќе од двајца посетители седнати на една маса да се од исто семејство.

-Одлуката е само за отворање на тие угостителски објекти со надворешни тераси. Според протоколите, ќе се гледа на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, како и однесувањето на клиентите и растојанието меѓу масите. Што се однесува до членови на семејства или не, таква одлука нема, изјави Бектеши.

Според Бектеши, шпекулација е тоа дека само најмногу до двајца ќе можат да седат на иста маса доколку не се од исто семејство. Претходно од асоцијацијата на угостители реагираа дека нелогично е на една маса ќе можат да седат само двајца ако не се од исто семејство, а четворица би можеле да седат само ако се од исто семејство и практично тоа за нив ќе значи бркање на муштериите.

Другите угостители, пак, ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките.

-Ние имавме подготвен протокол од Комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор, рече Бектеши.

Протоколите кои беа подготвени од Комисијата за заразни болести беа усвоени на вчерашната владина седница и како што рече Бектеши, тие не претрпеле позначителни измени во однос на тие што се доставени до коморите.