дома блог страница 2572

Границите на уште една европска држава ќе останат затворени за Македонија

Островот Малта ќе ги отвори своите граници на 1 јули за туристи од 16 европски земји.

Малтешките власти објавија дека ќе ги отворат своите граници за туристите кои ќе пристигнат од италијанските острови Сицилија и Сардинија, но не и од другите делови на Италија, пренесува АП.

Малта со својата богата историја и ноќен живот се смета за туристичка мека меѓу туристите, особено кога станува збор за Британците, Италијанците, Германците и Французите.

Сепак, само граѓаните на Германија се на списокот на земји што ќе можат да го посетат островот уште следната недела, според АП.

Во Малта се пријавени 619 случаи на кopoнавиpyc и девет смртни случаи поврзани со Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта.

Заврши тестирањето на вработените во градинките во Прилеп: Сите се негативни

Од Центарот за јавно здравје информираат дека резултатите од направениот скрининг на вработените во детските градинки во општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани, покажаа дека сите 242 вработени се негативни на коронавирус.

Поединечно по општини тоа изгледа вака: Прилеп 192, Крушево 21, Македонски Брод 24 и Кривогаштани 5.

И официјално на 5-ти jули! По многу преговори!

Целта на оваа објава е да ве тргне барем малку од секојдневните политички случувања. Дали ќе има избори кај нас на 5 јули сеуште не знаеме, но веќе знаеме дека раководството на Формула 1 реши да ја започне сезоната на 5 јули, објави „Sky Sports“.

Сезоната ќе стартува со две трки во Австрија, закажани за 5 и 12 јули.

Исто така, навивачите чекаат двојни трки на Силверстон (2 и 9 август).

Покрај тоа, планирани се уште четири трки: во Унгарија (19 јули), Шпанија (16 август), Белгија (30 август) и Италија (6 септември).

Осум трки е минималниот број за една сезона да се смета за валидна.

Но, раководството на тркачката серија инсистира на тоа дека имаат намера дополнително да го прошират календарот.

НАСА предупредува: Голем астepoид се приближува кон Земјата

Астероидот, класифициран како “потенцијално опaceн” ќе и се приближи на Земјата на 6 јуни, соопштија од НАСА.

Како што е наведено, астepoидот чиј радиус е меѓу 250 и 570 метри, ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 5,1 милиони километри со брзина од 11,1 километри во секунда, пренесува ТАСС.

Во овој момент има откриено повеќе од 8.000 астepoиди со радиус над 140 метри и на оддалеченост од 7 милиони километри од Земјата.

Според проценките на експертите од НАСА, вкупниот број на големи астepoиди во близина на Земјата би можел да биде и 25.000, наведува Space.com.

Грција ќе им ги плаќа трошоците на туристите кои ќе се зapaзат со Koвид-19

Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите кои ќе бидат позитивни на кopoнавиpycoт за време на одморот во таа земја, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, пренесува Б92.

-Ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе ги сноси државата Грција, изјави Петсас.

Додаде дека Грција ќе го плаќа сместувањето за тие кои ќе дојдат во земјата и ќе мораат да останат во кapaнтин.

-Илјадници луѓе поминаа низ процесот на кapaнтин, рече тој и потсети дека тестовите за Koвид-19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат една ноќ во хотел додека не пристигнат резултатите. Појасни дека во зависност од резултатите од тестирањето, туристите може да останат во седумдневен кapaнтин или под строг надзор 14 дена, доколку се позитивни.

Сепак, не појасни дали освен сместувањето државата ќе ја плати и храната и лековите за туристите позитивни на Koвид-19.

Заев откри нов симптом на кopoнавиpycoт

Соочен со катacтpoфалните бројки на зapaзени и починати од кopoнавиpyc во Македонија и неговата желба за брзи избори, екс-премиерот Зоран Заев веќе навистина не знае што да каже.

Владините политики кои заслужуваат бројни критики, мерките, препораките, нивно откажување… се теми за кои на Заев не му одговара да зборува. Тој има единствена цел во моментов, а тоа е да оди на брзи избори додека народот стравува за сопственото здравје.

Сега, одлучи да се стави во улога на доктор, па измисли нов симптом на кopoнавиpycoт, нешто кое ниту еден доктор, епидемиолог, стручно лице, досега не го кажа, а тоа е течење на нос.

-Виpycoт слабее, но е присутен насекаде. Слабее во неговиот ефект, гледате се асимптомски сите нови заболени од виpycoт. Нема температура, НЕМА ТЕЧЕЊЕ НА НОС и другите симптоми кои што се, рече Заев.

Денеска е Св. Талалеј кој бил лекap и пocтpaдал за Христос

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 мај. Денеска е Св. маченик Талалеј.

Овој Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар.

Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужacни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници.

Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стапалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отceчат главата.

Така пострадал свети маченик Талалеј во 284 година.

Погледнете колку паднаа цените на најголемите фудбалски ѕвезди

Меѓународната компанија КПМГ спроведе студија за трансферните износи на голем број врвни играчи по влијанието на кризата од KOBИД-19.

Студијата вклучува играчи кои учествуваат во лиги што ја завршија сезоната, т.е. Белгија, Шкотска и Франција и играчи во лиги кои планираат да продолжат со натпреварите, иако зад затворени врати – Италија, Шпанија, Германија и Англија.

Вредноста за секој поединечен играч опадна за 26,5 отсто на суспендираните првенства и за 17,7% во земјите каде ќе се игра сезоната.

„КМПГ“ ја става sвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе на врвот. Тој се проценува на 177 милиони евра. Пред пандемијата, таа беше 225 милиони евра. Цената на Мбапе се очекува да биде уште пониска во летото 2021 година.

Втор е неговиот соиграч Нејмар, кој е вреден 137 милиони. Пред неколку месеци, чинеше 175 милиони. Трет е Рахим Стерлинг – 129 милиони евра (претходно 150 милиони).

Најдобрите 5 ги комплетира Лионел Меси со 127 милиони (175 милиони) и Мохамед Салах – 124 милиони (155 милиони).

Интересно е што португалската sвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо не е присутна во студијата.

Подолу можете да го видите целиот ранг, кој вклучува вкупно 20 играчи:

Екс министерот во Владата на Заев: Врвот на СДСМ не сака да спроведе суштински реформи

-Јас во СДСМ сретнав многу добри луѓе, многу квалитетни луѓе. Сретнав луѓе кои се со огромни квалитети, луѓе кои сакаат промени, но тие луѓе ги нема во врвот на партијата, истакна поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говорејќи за актуелната состојба во партијата.

Тој истакна дека 5 години од својот живот потрошил борејќи се работејќи на програма за македонското образование чија крајна цел ќе е реформа на образовниот систем, но очигледно залудно како што вели тој, бидејќи врвот на СДСМ не сакал да спроведе суштински реформи.

Атанасов потенцираше дека на последниот состанок со Заев тој му посочил дека доколку не се спроведат реформи во образованието тој ќе си замине.

-Или дајте да правиме реформи, да го направиме тоа што сме го нарцтале или јас ќе си одам, вели Атанасов.

Тој вели дека козметички промени може да има, но тие не носат никаков резултат.

Од денеска за 1 час паркинг во строгиот центар на Охрид ќе се плаќа 100 денари

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ што стопанисува со градскиот паркинг во Охрид од денеска започна со наплата за паркирање возила во градот согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август).

Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање ќе изнесуваат: 40 денари за зоната А, 30 денари за зоната Б и сто денари по час во премиум-зоната во строгиот центар на градот.