НАСА предупредува: Голем астepoид се приближува кон Земјата

Астероидот, класифициран како “потенцијално опaceн” ќе и се приближи на Земјата на 6 јуни, соопштија од НАСА.

Како што е наведено, астepoидот чиј радиус е меѓу 250 и 570 метри, ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 5,1 милиони километри со брзина од 11,1 километри во секунда, пренесува ТАСС.

Во овој момент има откриено повеќе од 8.000 астepoиди со радиус над 140 метри и на оддалеченост од 7 милиони километри од Земјата.

Според проценките на експертите од НАСА, вкупниот број на големи астepoиди во близина на Земјата би можел да биде и 25.000, наведува Space.com.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.