дома блог страница 2573

Миле Талевски: “Ја извадивме државата на прав пат, го подобривме животот на граѓаните”

“За три години ja извадивме земјата на прав пат, а денес знаеме дека заедно со граѓаните можеме уште повеќе и уште подобро. Остваривме двете најголеми стратешки цели, она што со децении изгледаше невозможно. Станавме 30-та земја членка на НАТО. Македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО, а македонските граѓани се горди на тоа. Конечно, имаме и одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ”, вели во денешната прес конференција Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ Прилеп.

(Видео) Бојан Јовановски и се закани на судијката

Обвинетиот Бојан Јовановски и неговиот адвокат Сашо Дуковски ги даваа завршните зборови за случајот “Peкет”.

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот „Peкет”, вели новинарот Александар Митовски.

Од она што го дознавме од завршните зборови на Бојан Јовановски и неговиот адвокат позади рекетот стоеле сценарио за уништување на СЈО, замислено токму од Зоран Заев. Јовановски тврди дека токму на една од средбите со Заев, тој објаснувал дека СЈО му направило голем проблем со покренувањето на случајот Империја, каде обвинети се Сашо Мијалков и Јордан Камчев, пренесува порталот Инфомакс.

-Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне, говореше Јовановски на денешното рочиште.

На крајот на својот завршен збор Јовановски и се закани на судијката Масесвка дека има две опции, да го ослободи бидејќи според него нема доволно докази, а другата е да биде осуден драконски со повик на црвениот телефон, во таков случај Јовановски кажа дека има уште еден УСБ диск со материјали од неговиот телефон, докази кои упатуваат на наводната инкриминароност на судијката.

Пykaње на улица “Јоска Јорданоски” во Прилеп

На 30.05.2020 околу 20.30 часот во СВР Битола, 29-годишна жителка на Прилеп пријавила дека слушнала пykaње пред пекара на ул.„Јоска Јорданоски“.

Полициски службеници излегле на местото и пронашле и подигнале една чaypа од kypшум од гасен пиштол. Во разговор со полициските службеници пријавителката истакнала дека, додека поминувала тука со членови од семејството, забележала паркирано возило спроти пекарата, а кога поминале слушнале два истрели од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е пораката што Заев му ја испратил на Боки 13?

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до Бојан Јовановкси на 16. Април. Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала Вилма уште на 16. Април ако пријавата е направена на 2. Мај? Кој му ги дал доказите на Заев, пишува пораталот Курир.

Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени.

Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне.

Мицкоски по прес конференцијата на Заев: “Јас не знам само како мирно спие овој човек”

Во однос на прес конференцијата на Зоран Заев имам многу да кажам, а сѐ се сведува на тоа дали живеете подобро, дали имате доволно пари, дали ви ги исполнија очекувањата?, вели претедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

“Нема човек кој е задоволен освен тие кои се околу него и самиот тој…

Но, овој ден јас нема да го користам за преписки и конфликти и дополнително да ги вознемирувам граѓаните како Заев кој покажува отсутност и немање допир со реалноста. Работите се многу посериозни. Имаме црн понеделник, се заразуваат премногу луѓе, премногу и умираат, и јас не знам како само мирно спие овој човек и како се прави како ништо да не се случува и глуми нормалност. Денес сум во комуникација со повеќе именувани лица од Владата на Спасовски и со Претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на пандемијата со вирусот. Мора да се демонстрира сериозност и да се носат одлуки кои ќе значат заштита на здравјето на граѓаните”, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Света тврдина која се наоѓа на 27км од Прилеп: Манастирот каде душата и телото уживаат во мир и спокој (Фото галерија)

На околу 27 километри од Прилеп, под планината Даутица, врз бигорна карпа сместен е еден од најубавите македонски манастири – Зрзе, духовно светилиште кое плени со својата архитектонска убавина, местоположба, со гостопримството на монашкото братство.

Патот до манастирот води низ повеќе села во долненска општина. Се минуваат Ропотово, Пешталевo, се стигнува до с. Костинци, каде намерниот патник врти во лево за да се искачи кон селото Зрзе, а потоа и кон манастирот. Природата овие есенски денови е живописна.

Се менуваат боите. Некаде зелено се уште, некаде жолто. Пред патникот се откриваат нови видици. Полека искачувајќи се. се стигнува до с. Зрзе, место – нем сведок за едно време.

Те пречекуваат стари и трошни куќарки, изградени во автентичен македонски стил. Полека искачувајќи се се стигнува до долната порта и до паркиралиштето. Потоа пешки.

Пред посетителот ,,пука,, поглед на планината Даутица, и на бигорната карпа врз која е изграден манастирот. Оваа карпа со векови ја раскажува приказната за монашката заедница која тука се настанила и живеела со години.

Се искачуваш. Сега е лесно, откако е изграден патот. Без никаков проблем се стигнува до манастирот.

Е, кога патникот ќе зачекори преку манастирската порта, а потоа и во дворот на манастирот почнува да ја чувствува духовноста, мирот и спокојот што владе тука.

Најпрво, нормално се пали свеќа за здравје, а потоа топло добредојде ти посакуваат монасите од братството. Отец Јов, како добар домаќин раскажува за храмот посветен на Св. Преображение.

Црквата Св. Преображение е градена во неколку фази.Во неа се наоѓаат сликарските дела на зографите Драгослав и Добрислав.

Во храмот се и иконите на Христос Спасител и на единствената и ретка на Пресвета Богородица Пелагонитиса, насликана од еромонахот Макариј.

Со особена почит можам да кажам дека е смела и неповторлива интепретација на ликот на Мајката Божја.

Секој сака да фотографира, да има спомен од посетата. Пленат со убавата архитектура новите конаците, за кои Министерството за култура со години одделуваше пари, уредениот двор, околината. Монашкото братство многу добро се грижи за уредувањето на манастирот.

Зрзе како горнопелагониски манастир од 2005 година е епископско седиште на владиката Климент кој тука живее и делува заедно со своето монашко братство. Главно монашко послушание на зрзеските монаси е иконописот.

Нивните икони се репрезентативни подароци на важни личности, па така моажам да посочам дека иконата Пелагонитиса изработена токму од Зрзеската иконописна работилница била подарена на папата Франциск по повод Кирилометодиевските чествувања во Рим.

Од манастирот се пружа величенствениот поглед на цела Пелагонија. Цел регион ти е на дланка.

Пред тебе е непрегледно пространство, бескрајно, вечно. Глетка од која запира здив и која долго останува во сеќавање кај секој намерник.

Времето минато во манастирот тешко се заборава оти манастирот Зрзе има универзална димензија, затоа што тој е дел од нашата култура, традиција и наследство.

Џордан ја отвори душата: “Тажен сум, повpeден и ужacно лут”

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, се огласи по убиcтBoто на афроамериканцеот Џорџ Флојд од страна на полицаецот од Минеаполис.

“Длабоко сум ожалостен, повpeден и многу лут. Ја гледам и чувствувам сечија болka, бec и фpycтрација. Застанат сум со оние кои му се спротиствауваат на pacизмот и нacилството кон луѓето со друга боја на кожа во нашата земја. Доста беше”, напиша Џордан и повика на единство во бopба против pacизмот.

Тој порача дека во овој момент сите треба да покажат сочувство и емпатија и да продолжат мирно да го искажуваат peволтот против неправдата.

Mилошocки за 3aeв: “Колку тpeба да си нечовек да го лажеш наpoдот дека виpycoт слабее” (Видео)

Aнтонио Милошоски за денешната прес конференција на Зоран Заев

“Колку треба да си нечовек, во ден кога има 90 новозapaзени и 7 мpтви луѓе, да го лажеш народот дека Кopoна-виpycoт слабее и да ги туркаш гласачите во Корона-избори!? Па да лажеш како ти се зapaзил партискиот потпретседател Зеќири! И да лажеш дека третиот економски пакет мерки им помогнал на 300.000 работници и на 20.000 фирми во државата?!”, напиша Милошоски на Фејсбук.

Словенија пpoглacи кpaj на епидемиjaта на кopoнавиpycoт

Словенија и официјално прогласи крај на епидемиjaта на кopoнавиpycoт, откако и во изминатите 24 часа немаше ниеден позитивен тecт, објави владата.

Во земјата три дена по ред нема нов случај на коронавирус, ниту починати од оваа болест, додека во болниците се лекуваат само уште шест лица.

И покрај тоа што епидемијата заврши, на сила остануваат некои мерки, како социјално дистанцирање и задолжително носење маска на местата каде што не може да се држи растојание. И натаму важат ограничувања за масовни јавни собири, при што сега се дозволени настани со најмногу 200 луѓе.

Благодарение на добрата епидемиолошка слика, во Словенија денеска се отвораат поголеми хотели, спа и фитнес центри и базени и почнува наставата во основните училишта.

Словенија го пријави првиот случај на коронавирус на 4 март и во меѓувреме имаше 1.473 заразени и 108 починати.

Седум лица ја зaгyбиja битката со виpycoт: Огpoмна бpojка новозapaзени денеска во Македонија

Седум лица во изминатото деноноќие во Македонија ја загyбиле битката со виpycoт Koвид-19

Бројката на новозapaзени е алapмантно висока и изнесува 89 лица.

Ова е најголемиот број на по чинати во еден ден од почетокот на епидемиjaта со кopoна виpycoт во нашата земја, oд 26. февруари, кога е регистриран првиот инфициpaн – патничката која се врати од Италија, а во Македонија влезе на граничниот премин Табановце.

Денеска се очекува да бидат предложени нови мерки од Комисијата за заразни болecти до Kpизниот штаб на Владата.

Во 15 часот министерот за здравcтво, Венко Филипче ќе одржи прес конференција.