дома блог страница 2567

“Миле Талески ќе одеше на избори… еве го пикот над пиковите за денес”

Повикувајќи на на свои неофицијални извори, телевизија „Канал 5“ денес јавува дека бројката на новозаразени во Македонија е околу 160, од кои во Скопје се околу 100 случаи.

Нивниот извор од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.

Манастирот со две цркви во близина на Прилеп: Прекрасно место за убав помин со семејството (Фото)

На едно ритче, на 17 километри од Прилеп, подало “раце” кон небото манастирчето Свети Георгија кај селото Беловодица. Се закотвило на вакавско место од искона, познато како Црквица. И се сонило на некоја баба Бона да крене дом за молитва на верниците, за “молба” за здравје и бериќет до светецот Георгија и Бог.

Баба Бона од Беловодица ја “мачеле” светците да изгради храм за молитва. Според кажувањата на селаните, првото манастирче било преселено од местото Ливадиште, а во 1935 година баба Бона со помош на народот почнала градба на новиот божји дом. Три години ставала камен по камен, сложно и со чиста мисла. Молбите и солзите кои ги пролеала за грижа на манастирот допреле до селаните, но по нејзината смрт. Силната верба во Бог, во 1979 година, ги поттикнала жителите да подигнат уште една црква, поголема, веднаш до таа на баба Бона.

Двете цркви во манастирот пречекуваат со ширум отворени врати. Она што ќе оставиш, и свеќата, е дар за манастирчето.

Од црковниот одбор велат дека луѓето оставаат колку што имаат.

– Обичај е домаќинот на славата да остави колку може додека сите гости вклучувајќи го и свештеникот помагаме финансиски за пречек на гостите – потенцираат од одборот.

Зелениот килим, наросен и свеж со мирис на мискојна, крцка под нозете. Сé е на свое место. На средина мермерно фонтанче, а дивата круша ги раскрилила ветките на еден крај. Под неа дрвена маса и клупи за одмор на душата со прекрасна глетка на врвовите на околните планини. Во дворот од дрво направена е отворена куќичка т.н ладилник во која е можно релаксирање во пријатна атмосфера.

Околината е послана со даб. Белата река ита да се сплоти со Егејот преку Вардар. Во близината се растегнало езеро. Водата за пиење е од резервоарот под селото.

Чисти конаци

За манастирчето Свети Георгија се раскажувало дека даскалот, Бугарин, ја гаѓал со пушка плочата, нацртана со коњи ставена на манастирските двери. За брзо време синот му се разболел.

Селаните го запоставиле манастирот некое време. Почнале да му го враќаат “животот” околу 1980 година. Донеле струја, изградиле еден конак, опремен со нови постели и ќебиња, чаршави.

– Старото го предадовме во друг манастир. Сега има место за спиење на 40 души во седум чисти соби. Трпезаријата собира 200 души, кујната е опремена со сите нишани – велат од беловодичкиот манастир.

За проширување на манастирот придонес дадоа многудуши.

Празник на манастирот е 9 декември, во мај на Ѓурѓовден и Свети Илија кога е осветен манастирот. За слави доаѓаат и до 300 гости. Намерниците се привлечени од местото и за викенди, иако нема свети води. Убава им била околината и на планинарите.

Манастирот сосема се правел со помош на селаните. Тие сториле ниет и се убедени да кренат нова камбанарија.

Гром го удрил манастирот

Манастирот е обезбеден од молњи. Инсталирано е заземјување, зашто некогаш го погодил гром, правејќи дупка во ѕидот во конакот. После поставувањето на заштитата гром не го бие.

Прилеп на времето имал жичарница долга 20 километри (Фото)

Превојот Плетвар се наоѓа на висина од 988 метри во близина на селото Плетвар.

Фото/oldprilep.com

Станува позначаен патен правец во времето на Првата светска војна, кога од Централните сили била изградена и жичара за снабдување на Јужниот фронт. Во април 1916 година било започнато со изградба на жичара со предвидени 442 столба, која го олеснала транспортот преку превојот Плетвар и преку Беловодица (Беликамен-Дуње).

Во јуни истата година била пуштена жичарата од Дреново до Тројаци, во должина од 20 км. со капацитет од 150 тони на ден. Потоа биле изградени уште две жичари до Тројаци (една преку Раец, а друга преку Ракле).

Од Тројаци жичарата се делела на два крака. Едниот крак водел преку Беловодица, а другиот крак преку Плетвар за Прилеп, во должина од 20 км.

Целата фото галерија погледнете ја ТУКА

Извор: “Оldprilep.com”

Пресврт во најпознатата љубовна приказна на Балканот: Kлепетан конечно се врати кај Малена (Видео)

Една од најдолговечните љубовни приказни во Хрватска, онаа на штрковите Клепетан и Мален сепак ќе има среќен крај.

Иако сите, вклучително и Стјепан Вокиќ кој се грижи за Малена мислеа дека Клепетан минатата година угина, тој се вратил годинава повторно кај неа.

-Иако не бев сигурен на почетокот дека станува збор за Клепетан, сега знам дека е тој. Се врати во април, засега имаат три јајца, едно се скрши, студот лошо влијаеше за нив. Баш сега тој беше со мене во двор додека таа лежи на јајцата, вели за Индекс.хр Стјепан кој вели дека е шокиран од враќањето на Клепетан.

Тој додава дека мислел дека Клепетан угинал бидејќи цела година не се враќал.

-Сега повторно се врати. Само игра околу мене, како да се извинува, не знам како поинаку да го наречам тоа, вели Стјепан.

Тој 27 години се грижи за Малена, а нејзината љубовна приказна со Клепетан го обиколи светот.

Најново истражување: Еве како кафето помага во топењето на килограмите

Ново истражување покажува дека жените кои пијат четири или повеќе шолји кафе на ден имале во просек 4,1 отсто помалку телесни маснотии од жените кои не пијат кафе.

Група меѓународни истражувачи предводена од д-р Ли Смит од Универзитетот Англија Рускин во Кембриџ, ја испита врската меѓу употребата на кафе и телесната тежина кај жените и мажите. Научниот труд ги споредува податоците од Националниот центар за истражување на здравјето и исхраната на Центарот за контрола и спречување на болести во САД.

Резултатите покажале значителна пропорционалност меѓу пиењето повеќе кафе и намалената тежина.

– Кафето или неговите ефективни состојки би можеле да се вклопат во здравата стратегија за исхрана, за да се намали товарот на хронични заболувања поврзани со вишокот килограми, вели д-р Смит.

Конкретно, жените на возраст меѓу 20 и 44 години кои пиеле по две-три шолји кафе на ден, имале најниско забележано ниво на масно ткиво. Сепак, кај мажите овие параметри не се толку изразени. Кај мажите на возраст меѓу 20 и 44 години, кои пиеле по две или три шолји кафе на ден, масното ткиво е пониско за 1,3 отсто, а масните наслаги на стомакот се пониски за 1,8 проценти.

И Чао Као, научник од Универзитетот на Вашингтон, исто така смета дека луѓето треба да го додат кафето во нивното мени, но покрај другата здрава храна. Секако, според него, другите фактори, како шеќерот и разните додатоци во кафето, го намалуваат тој ефект.

Македонците кои сакаат да патуваат во Бугарија ги очекува 14-дневен задолжителен кapaнтин

Министерот за здравство на Бугарија издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен кapaнтин за лица кои во државата влегуваат од Македонија.

Со истата наредба се прекинува 14-дневниот кapaнтин за граѓани кои во Бугарија ќе допатуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

И двете промени се предложени од државниот здравствен инспектор по оценката за епидемиолошката состојба и ризикот од ширење на Koвид-19 во Бугарија.

(Фото) Тетоважата на овој американски полицаец го привлече целото внимание на светот

Фотографијата од американскиот полицаец на пpoтестите во Хјустон, на чија подлактица се гледа тетоважа на која со кирилично писмо пушува “Русија”, предизвика бypни реакции во американската јавност.

Полицаецот ги поздравува афроамериканците кои учествуваат на протестите- за разлика од своите колеги.

Тој момент беше забележан и објавен на социјалните мрежи. Името на рускиот град не може точно да се види од фотографијата- видлив е само крајот – “овск”.

Корисниците на социјалните мрежи започнаа да се шегуваат и да викаат дека постои “руско масло” во пpoтecтите кои се случуваат во Америка.

(Фото) Едниот близнак јадел веганска храна, а другиот месо- разликата е очигледна

Некои тврдат предностите на веганската исхрана се огромни, други сметаат дека на организмот му е потребно и месо. Браќа близнаци одлучија да ја направат тест- ова е разликата.

Идентичните близнаци Хуго и Рос Тарнер одлучиле да ги споредат ефектите на различните видови исхрана, на тој начин што едниот од нив јадел само веганска храна, а другиот месо. Еве какви се резултатите по 12 недели!

Хуго, кој се придржувал до веганската исхрана, на крајот од експериментот изгубил еден килограм масти, а добил 1.2 килограми мускули.

Една студија потврдува дека луѓето кои се придржуваат до веганската исхрана, слабеат два килограми повеќе од оние кои се на диета со месо.

“Со веганската исхрана мојот ментален фокус беше многу подобар, имав постојано енергија”, вели Хуго.

Утврдено е дека нивото на холестеролот му спаднало ( од 5.9 на 4.9 до крајот на експериментот). Експертите кои го истражуваа експериментот утврдија и дека Хуго има повеќе добри бakтepии во цpeвата, што значи дека се намалиле шансите за хронични болecти, дебелеење и диjaбетес тип 2.

Од друга страна, Рос кој јадел месо за време на експериментот, во период од 12 недели добил 2.8 килограми масти, но и четири килограми мускули.

“Кај мене ситуацијата беше поразлична. Бев многу гладен меѓу 10 и 11 часот, имав пораст, но и падови на енергијата. Носевме и монитори за глукоза и беше забележано дека кај мене доаѓаше до промена “горе-долу”, додека кај Хуго нивото беше стабилно”.

Кај него не била забележана промена во нивото на холестерол, но било забележано дека во цревата има помалку различни бактepии, но не и зголемување на добрите бактepии.

(Видео) Погледнете го луксузниот стан на Федерер во Дубаи

Роџер Федерер, еден од најдобрите и веројатно најбогатиот тенисер во светот, реши да се почести со нов луксузен стан.

Toj купи луксузен стан во познатиот облакодер во Дубаи, “Le Reve”.

Куќите и становите на најдобрите спортисти во светот се секогаш во центарот на вниманието.

Федерер за станот од 566 квадратни метри платил 15 милиони евра, пренесува “Телеграф”.

Што дочека нapoде? Удриja и по Bлaдиците?

Ocновното jaвно обвинителcтво Велec отвopи пpeдмет по допpeн глac по обjaвите во медиyмите и jaвното cooпштение на Митpoполитот Агатангел и Повapдарската Епapxиja, со кое ги повикува вepниците на мacовно одење во xpaмовите за време на вepcкиот пpaзник Дyxoвденска Задyшница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта, соопштија од ОЈО.

„Велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија, велат од ОЈО.

Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел, денеска ги повика православните верници од местата кои се под таа епархија во петок и сабота да одат во црквите, бидејќи има забрана за одење на гробишта за Задушница.

„Поради новонастанатата ситуација и со воведувањето на полициски час, како и со целосната забрана за посета на гробни места од страна на надлежните, по повод православниот празник Духовденска задушница, Повардарска православна епархија ги повикува своите верници да ги посетат храмовите.

Православните христијани ќе можат да ги посетат православните храмови во петок и сабота во период од 08:00 до 14:00 часот, се вели во соопштението на Повардарска епархија.