(Фото) Едниот близнак јадел веганска храна, а другиот месо- разликата е очигледна

Некои тврдат предностите на веганската исхрана се огромни, други сметаат дека на организмот му е потребно и месо. Браќа близнаци одлучија да ја направат тест- ова е разликата.

Идентичните близнаци Хуго и Рос Тарнер одлучиле да ги споредат ефектите на различните видови исхрана, на тој начин што едниот од нив јадел само веганска храна, а другиот месо. Еве какви се резултатите по 12 недели!

Хуго, кој се придржувал до веганската исхрана, на крајот од експериментот изгубил еден килограм масти, а добил 1.2 килограми мускули.

Една студија потврдува дека луѓето кои се придржуваат до веганската исхрана, слабеат два килограми повеќе од оние кои се на диета со месо.

“Со веганската исхрана мојот ментален фокус беше многу подобар, имав постојано енергија”, вели Хуго.

Утврдено е дека нивото на холестеролот му спаднало ( од 5.9 на 4.9 до крајот на експериментот). Експертите кои го истражуваа експериментот утврдија и дека Хуго има повеќе добри бakтepии во цpeвата, што значи дека се намалиле шансите за хронични болecти, дебелеење и диjaбетес тип 2.

Од друга страна, Рос кој јадел месо за време на експериментот, во период од 12 недели добил 2.8 килограми масти, но и четири килограми мускули.

“Кај мене ситуацијата беше поразлична. Бев многу гладен меѓу 10 и 11 часот, имав пораст, но и падови на енергијата. Носевме и монитори за глукоза и беше забележано дека кај мене доаѓаше до промена “горе-долу”, додека кај Хуго нивото беше стабилно”.

Кај него не била забележана промена во нивото на холестерол, но било забележано дека во цревата има помалку различни бактepии, но не и зголемување на добрите бактepии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.