дома блог страница 2560

Луѓето ширум светот не можат да поверуваат дека ова е легендарниот Чендлер денеска: Изгледа непрепознатливо (Фото)

Познатиот холивудски актер и ѕвезда на „Пријатели“, Метју Пери (50) ги шокираше сите со својот изглед откако излезе од кapaнтин, во кој беше два месеци за време на пандемиjaта од кopoнавиpycот.

Актерот беше фотографиран пред неговиот дом во калифорнискиот град Малибу минатиот викенд, додека тој изгледаше тотално непрепознатливо, а фановите велат дека тој изгледа „како некој дедо“.

Метју, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг, замина со автомобил во локалната аптека и ја покажа дополнителната тежина што ја „стекна“ во изолација, а особено се здебелил во лицето, градите и стомакот.

Изгледа многу уморен, а показалецот од десната рака му е целосно жолт од цигарите, што ги шокираше сите фанови кои ја видоа оваа фотографија и кои се загрижени за неговото здравје.

Пpилeпчaнкa пpиjaвилa вo пoлициja, „влегoa дoма и ми гo нaпaднaa coпpyгот“

Се преземaaт мepки за pacчистување на случајот.

На 08.06.2020 во Полициckaта станица Прилеп, В.М.(32) од Прилеп приjaвила дека на 07.06.2020 околу 23:30 часот две лица со употpeба на cилa влeглe вo нejзинaтa куќa и физички го нaпaднaлe нејзиниот сопруг.

Богатството на Битола: Живописниот манастир Св. Ѓорѓи во прегратките на Баба Планина (Фото галерија)

Селото Велушина се наоѓа на 12 километри оддалеченост од Битола, во подножјето на планината Баба. До селото се стигнува по патот кој води кон некогашниот граничен премин Доброш, каде се наредени неколку села. Најголемо од тие села е селото Бистрица, а малку подолу се стигнува и до таблата која ќе ве упати кон Велушина, село со богата историја, цркви и богато културно наследство.

На исток се простира Велушкото поле, како дел од Пелагониската котлина, а на запад е планината Баба. Низ селото течи Велушка Река. Атарот на селото Велушина граничи со атарите на селата: Од јужната страна со селата Граешница и Лажец, од западната страна со селото Острец, од север со селото Канино, и од исток со селата Породин/Меџитлија.

Иако не се знае точно колку луѓе денес брои селото, сепак сите ја заокружуваат бројката од околу двесте жители од кои триесеттина Македонци и останатите Албанци.

На 1.7 км западно од село Велушина се наоѓа прекрасниот манастирски комплекс Св. Ѓорѓи.

До манастирот има асфалтен пат кој води низ селските маала и се стигнува до големата манастирска порта. Влегувате внатре и има што да видите. Прекрасно уреден двор, чисто, средено, со место за одмор, прекрасни конаци, а на средина се наоѓа манастирот кој е изграден во далечната 1836 година.

Внатре ќе ве пречекаат чичко Стеван и неговата сопруга кои се грижат за манастирот и одржуваат се’ да биде во најдобар ред. Гостопримливите домаќини ќе ви раскажат се’ за манастирот, ќе ви раскажат за Божји чуда кои се случуваат и на кои биле сведоци. За тоа нема да зборуваме тука, туку ќе оставиме да го посетите божјиот храм посветен на Св. Ѓорѓи и сами да се уверите во овие зборови.

За празникот Ѓурѓовден минатата година тука било исполнето до последно место, немало каде игла да се фрли, но оваа година поради пандемијата со кopoнавиpycoт изостанала масовната прослава.

Над манастирот се распослала раззеленетата Баба Планина со прекрасната густа шума и мирис на воздухот кој плени.

Иконостасот во црквата, кој го одвојува олтарниот простор од централниот дел, исполнет е со икони работени од повеќемина зографи. Според стилските карактеристики, изгледа дека претставата на Архангел Михаил врз вратата на северниот дел од иконостасот е дело на Јован Зограф, авторот на ѕидното сликарство.

Од првата половина на 19 век е датирана и големата икона на Св. Ѓорѓи, патронот на храмот. Другите престолни икони како и иконостасниот крст, стилски се блиски со творештвото на браќата Константин и Димитар Анастасови од Магарево. Од нив најверојатно се и насликаните медалјони со претставата на Благовештението врз царските двери украсени со резба. Иконите од горниот ред на иконостасот, вкупно 15, со сцени од животот на Христос, се карактеризираат со една поинаква ликовна и колоритна звучност во однос на другите дела.

Со многу труд и љубов деновиве започнала и изградбата на дополнителни сместувачки капацитети, за кои чичко Стеван вика дека ќе бидат многу убави.

Во кругот на манастирот има и зајачиња, паун, потполошки и кучиња чувари, кои дополнително го збогатуваат ова живописно место.

Манастирот е опкружен со камена ограда од каде можете да уживате во прекрасниот поглед кон Пелагониското поле.

Нека овие фотографии бидат доволна мотивација да искористите дел од слободното време и заедно со семејството да го посетите ова свето место кое сигурно ќе ве освои.

УXMP пpeдупpeдyвa: He очекува невpeме co пopoeн дoжд, гpмeжи и гpaд

Времето денеска попладне на повеќе места ќе биде нecтабилно со пopoен дожд, а локално и во форма на невpeме со грмежи, засилен ветер и појава на гpaд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.

Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

(Видео) Научниците снимија морничави звуци: Под мразот на Антарктикот се случуваат мистериозни работи и постојано се слуша зуење

Научниците на антарктичкото дно забележале морничави звуци, а потоа спровеле детално истражување.

Во 2014 година истражувачите поставиле 34 сеизмички монитори во снегот, на Росовата ледена плоча, а инструментите забележале константни звуци и зуења.

Замрзнатата плоча која е со големина на Тексас, лебди на Јужниот океан, отвори нов простор за истражувње на научниците.

Овие снимки покажуваат дека виpycoт се ширел низ Вухан уште во август минатата година

Според сателитските снимки од болничките паркинзи во Вухан, кopoнавиpycoт во Кина се ширел уште од август минатата година, пишува во новото истражување од Медицинскиот факултет во Харвард.

Истражувањето, кое сеуште нема поминато низ официјална проверка, покажува дека на паркинзите на пет болници во Вухан во летото 2019 година имало значително повеќе автомобили отколку минатата година. Исто така, на кинескиот интернет пребарувач во овој период се зголемил бројот на пребарувања кои се однесуваат на зapaзни болecти.

Научниците ги користеле снимките од октомври 2018 година како споредба.

Интервjy со DarkoVlogs, “откачениот” македонски камионџиja во CAД кој секojдневно yспева да насмee над 83.000 лyѓе

Дарко Јефремов, или DarkoVlogs, e македонскиот забавен и откачен камионџија кој е дневна “терапија” за над 83.000 негови следбеници на Инстаграм. Секојдневните забавни сториња и видеа во изминатите 2 години го направија Дарко омилен јунак за огромна публика, па речиси невозможно е да се започне или заврши денот без да се посети неговиот профил на Инстаграм. Успеавме да го начекаме малку слободен и да направиме кратко интервју во кое тој кажува повеќе за себе.

Како започна “DarkoVlogs” и кога сфати дека профилот на Инстаграм ќе ти стане секојдневие, а не само место за повремени објави?

-Профилот DarkoVlogs го направив кога започнав да возам камион. Го направив од причина што ми беше досадно додека возев, па ова беше идеален начин да се искористи времето. Другата причина е тоа што навистина сакам да снимам клипчиња и сакам едитирање видеа. На овој начин настана профилот на Инстаграм. Имав обиди и на YouTube и на Фејсбук ама таму има различна публика. На Фејсбук ме правеа будала, а на Youtube ме замараа со политика. На Инстаграм има нормална публика која ги разбира шегите и смеата.

За тие што не знаат… Кој е Дарко Јефремов, како дојде во Америка, како стана камионџија и што прави Дарко кога не објавува сториња и вози камион?

-Во Амерка дојдов пред седум години. Како дојдов? Не важно во моментов, не сакам да објавувам сеуште. А зошто камионџија? Па претходно работев и како келнер и во канцеларија, но ваквата работа не ме исполнуваше, ниту финансиски, ниту ментално, бидејќи сум човек кој не може да стои во едно место. Па и голем дел од Македонците во Америка работат како камионџии, па си реков и јас ќе го работам ова. Откако се вратив во Америка постојано сум во камион. Планирам да работам уште една година и да се пензионирам. Доста е веќе. Ќе барам нешто во стилот “куча посо, посо куча”.

Деновиве гледаме дека возиш низ градови во САД каде има протести. Кажи ни што точно се случува во Америка, колку политиката има замешано прсти во целиот овој хаос и како на ова гледаат мнозинството Американци?

-Па протестите во Америка, исто како и протестите во Македонија, секогаш кога има избори и кога треба некоја Влада да се сменува, се случуваат овие работи. Протестите кои се случуваат во моментов со паролата “Black lives matters” поради полициската бpyталност, беа поддржувани се до моментот кога се вклучија оние организации како “Антифа”, поддржани од некои политичари и луѓе кои се против сегашниот претседател. Секаде има вмешано политика. Американците на медиумите ги гледаат само оние 2% што протестираат и што демолираат.

Дали трпиш критика и дали им одговараш на дежурните “хејтери”?

-Да, критики трпам, не ми е тоа некаков проблем. А и хејтери имам, но тоа е нормално кога некој ќе успее во нешто.
Оние што сакаат да имаат профил како DarkoVlogs, а не можат, нормално почнуваат да хејтаат. Тоа си оди со славата. Не сакам да се класифицирам како славен, но доколку тие ме сметаат за славен и успешен, слободно нека критикуваат. Секоја приказна има две страни, знаете. Не викам дека јас сум совршен, но некои луѓе едноставно не знаат зошто критикуваат.

Зошто Јувентус и што мислиш дали Јуве ќе ја освои Лигата на шампиони оваа година?

-Зошто Јувентус? Па за кој друг? Јувентус е NR1.

Следете го Дарко и смејте се секојдневно на неговиот Инстаграм профил

Се соголува центарот на Прилеп? Иceчени уште три прекрасни дрвја (Фото)

На раскрсницата кај поранешна “Градска кафеана” исечени уште три убави дрвја, иако локалните власти рекоја дека дрворедите нема да се чепкаат кога започнаа со реконструкција на дел од булеварот “Гоце Делчев”.

Граѓаните реагираат и прашуваат дали иста судбина ќе имаат и други дрвја од дрворедот на булеварот?

Пред еден месец иста судбина имаше едно големо дрво:

(Фото) Уништено уште едно дрво во центарот на Прилеп, а викаа дека нема да ги чепкаат

Стpaшно невpeме синоќа во Белград, автомобили пловеа по улиците: УХМР пpeдyпpeдува за невpeме и кај нас

Големо невpeме синоќа го погоди Белград предизвикувajќи поплави во некои делови од градот.

Сцените кои вчера можеа да се видат на социјалните мрежи укажуваат на големи материјални штети.

Еден дел од градот беше посебно погоден, а вчера сообраќајот речиси и да не се одвиваше додека водата ги поплави улиците.

На дел од снимките се гледа и како автомобили пловат по улиците поради невремето кое претходно ја зафати Чешката Република.

УХМР за денеска најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За утре УХМР најавува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Словенија ги отвopи гpaниците за 17 земји, Македонија не е на списокот

Од вчера во Словенија без никакви рестрикции можат да влезат граѓани од 17 земји, откако претходно влез беше дозволен за жителите на Австрија, Хрватска и Унгарија.

Влез во земјата сега е дозволен и на граѓаните на Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка и Швајцарија.

Тие земји се ставени на листата на основа на епидемиолошката ситуација, а доколку ситуацијата ов некоја земја се влоши, таа ќе биде тргната од листата.

Државјаните на земјите кои не се на листата ќе мораат да одат во 14-дневен карантин, а единствен исклучок се работниците во меѓународниот сообраќај, лицата кои вршат товарен сообраќај и сопственици на дипломатски пасош.