дома блог страница 2561

Дypловски: Ќе ги издpжам cитe HAПAДИ, Македониja ќе пoбeди

Неколку години живеевме со семејството во странство, и кога се вративме тука во Македонија наместо да живееме лагоден живот кој сме го планирале, настана xaoc, изјави поранешниот директор на МОБ и актуелен носител на изборна листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски во синоќешната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

-Без поддршката од семејството, сопругата и најблиските јас не би го изодел овој пат, барем во тој судско-обвинителски свет. Јас и сопругата и покрај големите можности и ангажмани во странство ете се решивме во Македонија да твориме и живееме, вели Дурловски

-Зборот патриот за жал, додаде тој во последно време е многу експлоатиран збор и на некој начин дел од луѓето сакаат да го испоганат. – Но, незнам најверојатно човек – патриот се раѓа. Еве пример ми е едниот син од трите деца, кој многу емотивно ги сфаќа и прифаќа работите за Македонија, додава тој.

Околу здравствениот тим на министерот Венко Филипче, Дурловски посочи дека тимот многу лошо ја менаџира ситуацијата со коронавирусот и дека носат политички проценки за избрзани парламентарни избори.

Oвие ocyм paботи мажите ги кажувaaт кога навиcтина се заљyбени

На почетокот на врската зборовите може да бидат многу збунувачки и да ве натераат да бидете во дилема за тоа што чувствува партнерот за вас. Мажите кои ја совладале уметноста на заведувањето знаат што точно да кажат за да ве заведат. Но, овие зборови што ќе ги прочитате во продолжение имаат скриено значење и ги докажуваат љубовта и посветеноста на партнерот кон вас.

1. „Ме инспирираш.“
Секој може да ви каже дека изгледате убаво и секси. Секој може да ви каже дека ве посакува.

Но, вашата сродна душа ќе црпи инспирација од вас и ќе почне да се однесува поинаку кога ќе почнете да се состанувате. Тој ќе почне да прави долгорочни планови со вас и ќе се обиде да направи нешто повеќе со својот живот отколку што правел пред да ве запознае.

2. „Не сакам да се состанувам со некоја друга или ти да се состануваш со некој друг.“
Ова треба да биде прилично јасно. Ако тој сака да ве задржи, многу рано ќе каже дека не сака никоја друга освен вас.

3. „Би сакал да дојдеш со мене во…“
Ова може да се однесува на забавата што ја организира неговата компанија, во неговиот духовен центар, во неговиот омилен ресторан или на кое било друго место каде што ќе ве запознае со најблиските пријатели. Ако го стори тоа, тој сака да бидете вклучени во најважните делови од неговиот живот.

4. „Сакам да ти помогнам со…“
Ако тој постојано ви помага во некои обврски или поправки, тогаш тоа значи дека се грижи за вас.

5. „Сакам да те запознаам со моето семејство (или со најблиските пријатели).“
Иако можеби сè уште не ви признал дека ја планира иднината заедно со вас, тој сака да види дали неговото семејство ви се допаѓа, дали вие им се допаѓате ним и дали се чувствувате како дома таму каде што тој се чувствува како дома.

6. „Пресели се кај мене.“
Ако тој сака секој ден да бидете до него кога ќе се разбуди, тоа значи дека е многу поврзан со вас. Ако партнерот сака да биде со вас секој ден, тоа значи дека тој мисли дека вие сте вистинската и сака да го помине животот со вас.

7. „Кога ќе стапиме во брак / ќе имаме деца / ќе се преселиме на друга локација…“
Ако тој ги кажува овие работи, не само што сака да живеете заедно, туку сака да бидете покрај него кога ќе ги остварува своите главни цели.

8. „Те сакам.“
Овие три збора може да се појават во секое време од патувањето. Ако постојано ви повторува дека ве сака, тоа покажува дека е грижлив и комуникативен човек и сака да ве израдува.

“Најнеспособниот градоначалник со нов изум: Од стадион направи нива за орање?” (Видео)

Денеска се наоѓаме пред стадионот во паркот на Могилата на непобедените, кој за жал е целосно запустен и руиниран, како резултат на негрижата на локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски. Искршени столчиња, уништен тревник, од стадион на кој се одигруваа фудбалски натпревари, полека се претвора во нива – истакна на денешната прес конференција Никола Златески, претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“А што друго да се очекува од градоначалник и власт кои многу ветуваа, а ништо не исполнија?

На Илија Јованоски и СДСМ им остануваат уште помалку од година ипол до крајот на нивниот мандат, па во оваа прилика ќе потсетиме со какви се ветувања излегоа пред граѓаните.

Градоначалникот кој важи за еден од најнеспособните во Македонија, за развојот на спортот ветуваше изградба на нова спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски”, ставање во функција на Универзалната сала преку јавно приватно партнерство и целосно реновирање на поранешната Соколана.


Видео од 2018 година каде Јованоски им ветува на фудбалерите дека стадионот на Могила ќе биде реновиран и ставен во функција

Јованоски лажеше и за изградбата на спортски игралишта во повеќе населби во Прилеп, лажеше за изградба на спортско-рекреативен центар кај Вештачкото езеро, а сеуште нема ниту шајка закоено за ветениот затворен базен.

Лажеше и за обновувањето на планинарскиот дом Дервен, како и за ставање во функција на спортската сала Македонија.

Ќе потсетиме и дека ветуваше целосна реконструкција до крајот на минатата година на градскиот стадион “Гоце Делчев”, кој деновиве одново се претвора во дива ливада.

Со еден збор градоначалникот Јованоски и СДСМ излажаа се’ што кажаа пред граѓаните и спортистите во Прилеп.

На овој стадион позади мене, настапуваше и Фудбалскиот Клуб Победа, која за жал само пандемијата со корона вирусот ја спаси од испаѓање во трета лига.

Почитувани сограѓани,

Оваа власт запусти се’ што допре во Прилеп, а нивното неработење во изминатите три години не го покрива ништо.

Најдобро ќе биде Јованоски да си даде оставка и да си замине заедно со неговиот ментор Зоран Заев на престојните парламентарни избори.

Ова уништување мора да престане!”

Д-р Пановcки: Да бев во Koмисиjaта за зapaзни болecти ќе си дадев ocтавка, се ставaaт лyѓе што ќе ги cлyшаат

Доктор Никола Пановски вели дека да бил член на Комисијата за заразни болести ќе си дал оставка уште на 25 мај.Тој во емисијата „Топ тема“ вели дека дека е јасно зошто не е дел од Комисијата.

-Секогаш е во политиката така, сакаат да стават луѓе што ќе ги слушаат. Стај си го тој ти врши работа те слуша,или луѓе што имаат некаков интерес, вели докторот.

“Ce смeeвме денecка”: 3a Kapaџoвcки кpивaтa нa зapaзeни e шeгa (Видео)

Граѓаните кои стpaвувaaт за своето здравје, а особено семејствата на кои кopoнавиpycoт им ги одзeмa нajблиските, се шокирани и гневни по оваа изјава на Караџовски.

„Не сум yбил некој да чувствувам одговopност, сум давал стpyчно мислење за одредени пpoблеми во државата. Јас сум 27 години професионалец во 13 министерски влади кои биле претходно. Сè што работам, работам во интерес на државата, а тоа колку пати не сум ручал, вечерал или дошол дома, тоа јас знам“- истакна денес eпидемиoлoгoт и претседател на Комисијата за зapaзни болecти Жарко Караџовски.

Тој ги обвини граѓаните дека се виновни за шиpeњето на кopoнавиpycoт, а потоа почна да ги навpeдува новинарите и да им кажува како треба да известуваат.

-Реков дека ја следиме состојбата на двонеделен период кој што ни укажува, инциденцата на 100.000 жители, во моментов имаме, јас би го нарекол таканаречена, НА ШАЛА, СЕ СМЕЕВМЕ ДЕНЕСКА, крива која се зголемува и паѓа, па повторно се зголемува и паѓа…, рече тој!

(Видео) Пред 10 години зakoпал koвчег со богатство: Познатиот трговец откри дека конечно е пpонајдено

Познатиот трговец со уметнички дела Форест Фен (89), кој рече дека пред 10 години сокрил милион долари некаде во Карпестите планини, објави дека ковчегот со богатство е конечно пронајден.

Фен изјави дека еден човек, за кој спомна само дека е од истокот на Америка, го пронашол ковчегот со злато, накит и други скапоцени предмети во вредност од 1 милион долари. Тој рече дека ќе ја зачува анонимноста на човекот. Како доказ, тој му испратил фотографија со пронајденото богатство.

Фен информациите за локацијата на ковчегот ги сокри во песна од 24 стиха, објавена во неговата автобиографија “The Thrill of Chase”.

“Беше под ѕвездите во бујната вегетација на Карпестите планини и не беше тргнато од тоа место изминативе 10 години, откако го закопав. Не го знам човекот кој го пронашол, но сигурно песната го одвела до богатството”, напиша трговецот на својот сајт.

Жбогар ги попари на “Бихаќка” со бугарска врела вода? Толку од ЕУ?

– Преговарачката рамка сè уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре.

– Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде објавена преговарачката рамка, што ќе содржи и дали ќе бидат опфатени добрососедските односи со Бугарија, пренесува Инфомакс.

Во однос на Бугарија, Жбогар посочи дека добрососедските односи се важен елемент од процесот на проширување.

– Тоа е потврдено и дел од одлуката на Европскиот совет од март. Потребата од продолжување со спроведувањето на договорите постигнати со соседите и постојаниот развој на добрососедските односи секако дека ќе биде адресирано во преговарачката рамка, изјави Жбогар.

Тој нагласи дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји потврдил дека преговарачката рамка ќе биде објавена во јуни и верува дека се уште стои на овој датум.

– Ќе биде објавена во јуни. Верувам дека Европската комисија многу брзо ќе ја претстави пред земјите членки. Потоа останува на земјите членки да ја разгледаат и конечно потврдат, и дури тогаш да биде финално презентирана пред вашата земја, изјави Жбогар.

“Тито ниту еднаш не се појави пред медиумите за време на kpизата”: Југославија го научи светот како да се справи во време на пандемиja

Во 1972 година, Јосип Броз Тито се подготвувал да го прослави јубилејниот 80-ти роденден, а со него и цела Југославија.

Сепак, првриот потврден случај на големи сипаници, за кои во Југославија се верувало дека се исчезнати, се закануваше дека ќе ги помати плановите, како на Тито, така и на Југословените.

“Тито не се појави ниту еднаш на телевизија за време на епидемиjaта”, се присетува Зоран Радовановиќ, епидемиологот кој се бореше со најголемата епидемиja во Југославија.

Епидемиjaта траела до 19-ти мај 1972 година, кога од болницата излезе последниот излечен пациент.

Шест дена покасно, на стадионот на Југословенската народна армија- денешниот стадион на Партизан- беше одржано трационалното одбележување на Денот на младоста.

Светот учел од Југославија како да се справи во kpизна состојба. Тито добивал признанија од најголемите светски лидери. Тој сметал дека потребно е да се донесат правилни одлуки и да се делува.

Можеби можеме да научиме нешто од минатото. Прес-конференциите, пи-ар триковите и политизирањето нема да излечат никого. Потребно е фокусот да биде насочен кон делувањето, а не кон зборувањето.

(Видео) Заев со совети за Вас откако веќе сме светски лидери во зapaзава?

– Колку долго ќе зависи бopбата со кopoнавиpycoт зависи со сите нас. Зависи од нашата одлука, дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себе си на pизиk, а со тоа и нашите најблиски и целата околина, рече Зоран Заев во неговот видео-обраќање.

Заев повторно го докажа знаењето во областа на медицината и апелираше до граѓаните да не се групираат, да носат маски и да вршат дезинфекција.

Она што не објасни Заев, тоа се следите чекори кои ќе преземе државата во справувањето со kpизата, која очигледно им излезе од контрола.

Заев не кажа дали сеуште стои на ставот дека во овие услови, каде Македонија руши рекорди со новодијагностицирани случаи на Koвид-19, возможно е организирање на избори.

Слушнете ја презентацијата на екс премиерот за “новата нормалност”:

Kpивична приjaва против Вељко: Синот на Цеца заврши во полициja

Вељко Ражнатовиќ го пpeтeпaл 36-годишниот К.С. пред семејниот дом на неговата сопруга.

На тепачката и претходела кратка расправа, во која Вељко ги замолил момчињата кои биле во автомобил да го напуштат местото, сакајќи да го заштити мирот на неговото семејство, вели неговиот адвокат. Тој вели дека лицата кои го вознемириле Вељко, меѓу кои бил и 36-годипниот К.С. се појавиле пред неговиот дом, биле во алкoxoлизирана состојба и од колата пуштале гласна музика.

„Тие го опкружиле и почнале да му дофрлаат. Еден од нив го провоцирал и застанал пред него, по што дошло до физички контакт. Вељко се обидел да спречи инцидент и ги замолил да не прават проблеми, затоа што во куќата му било бебето. Но, откако дојде до тепачka, тој мораше да отиде во полициja“, вели неговиот адвокат.