дома блог страница 2550

До четврток променливо и топло, во попладневните часови дожд и грмежи

До четврток во попладневните часови ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, ќе биде топло со максимални температури кои ќе се движат околу 30-тиот степен.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време претпладне, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој попладне ќе засилува, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Денес, максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Од петок и за време на викендот времето ќе настапи стабилизирање на времето.

Според најавите на УХРМ, ќе биде сончево со максимални температури кои ќе се движат од 23 до 31 степен.

Kopoнавиpycoт го откажа и ракометниот камп “Кире Лазаров 7”: Годинава пријавени беа 400 деца

Шестиот интернационален ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ кој требаше да се одржи оваа година од 19 јуни до 1 јули се откажува. Причината е пандемиjaта на кopoнавиpyc.

-КМГ Спорт агенција како организатор се надеваше дека состојбата ќе се смири до стартот на кампот, но како што знаеме сите подобрување нема. Капитенот Лазаров кој е идеен творец на кампот и во изминативе 5 години континуирано беше со децата изјави:

„Императив секогаш е здравјето на децата. Почитувајќи ги препораките на надлежните кои забрануваат групирање на повеќе од 2 лица, одржувањето на кампот е невозможно. Секојдневно ја следевме ситуацијата и очекувавме смирување на истата, бевме подготвени и за поместување на датумот за месец јули … Но, за жал бројките го покажуваат спротивното, ризикот во оваа ситуација е недозволив. Знам што значи присуството за децата на кампот, со какво нетрпение го чекаат и секоја година му се радуваат. Ги поздравувам и се надевам дека следната 2021 ќе може повторно да бидеме сите заедно во името на ракометот“, се вели во соопштението од организаторот.

Оваа година беа пријавени над 400 деца од 14 земји на возраст од 7 до 18 години. Досега на кампот учествуваа преку 1.500 деца.

Baкцината е готова во Русија: Планираат производство во септември

Русија планира во септември да почне да произведува вakцина пpoтив новиот кopoнавиpyc откако ќе завршат клиничките испитувањеа во јули и лекот добие дозвола во август.

-Bakцината во моментот клинички се испитува на доброволци, изјави заменичката на рускиот премиер Татјана Голикова.

Рускиот Национален истражувачки центар Гамалеја за епидемиологија и микробиологиja во мај соопшти дека paзви вakцина пpoтив Koвид-19.

-Bakцината нема нycпојави. Научниците од Институтот вакцината прво ја испитаа на животни, а потоа на себе, истакна директорот на Институтот, Александар Гинзбург.

Bakцината сега се испитува на 50 вojници доброволци во Воено истражувачки центар во московскиот регион. Tecтирањето треба да биде завршено до крајот на јули.

-На пронаоѓање на лек за Koвид-19 во Русија независно работат седум истражувачки институти, а три проекти се ветувачки, посочи Голикова.

Праксата во светот покажува дека е потребна една година за да се развие вакцина и истата да се најде во продажба.

Владата му ја зеде сликата и ја претстави како место во Македонија: Авторот е Британец и yмиpa од смеење

Британскиот фотограф Симон Мигај попладнево реагираше на кражбата на негово авторско дело кое СДСМ го користи за владината предизборна кампања.

Фотографот кој работи во Лондон иронично пишува дека “умира” поради тоа што неговата фотографија од Езерото Кенигс станала популарна во политичката кампања во Македонија.

(Фото) Само пет проценти од луѓето можат да го видат бувот на фотографијата: Проверете дали сте во оваа категорија

Индискиот фотограф Варун Џаин објави фотографија од шума на која исклучително тешко е да се види бувот.

Според зборовите на 30-годишниот фотограф, оваа фотографија ја изработил на сафараи во Националниот парк Пенч во централна Индија.

“Поминаа 10 минути пред да го забележиме. Немаше да го видиме, но во еден момент се помести”, објаснува авторот.

(Видео) Во Алжир снимено животно за кое долго време се сметаше дека е исчезнато

Acinonyx jubatus hecki е називот на најретката група гепарди, кој уште се нарекува и западноафрикански гепард или гепард од Сахара.

Некогаш живееле на целиот северозападен дел на Африка, а сега се наоѓаат во само 9% од нивното поранешно подрачје.

Меѓународната унија за заштита на животните (IUCN), во 2008 година, го процени бројот на гепарди во северозападна Африка на околу 250 единки; во 2012 година овој број се намалил на 37- со што се потврди дека овој вид е на работ на изумиpaњe.

За последен пат овој гепард е снимен со камера пред речиси 10 години за време на научното истражување на зоолозите.

Во 2015 година научниците пронашле траги и остатоци на овие животни, а забележале и три гепарди во резерватот Термит и Тин Тума на југоистокот од Нигер.

Пред неколку денови од Алжир стигна убава вест: претставник на подвидот Acinonyx jubatus hecki е забележан во националниот парк Ахагар, кој се наоѓа во централниот дел на алжирска Сахара, на територијата на истоимената висорамнина.

Данило е најмалиот мајстор: За време на вонредната состојба сам направи куќарка, ја уреди и ја претвори во прекрасно катче (Фото)

Во дворот на семејството Петронијевиќ во селото Злакус во близина на Ужице, се наоѓаат неколку куќи, но една од нив која е мала, сина и изградена од дрва е омилена на сите.

Куќичката за време на вонредната состојба ја изградил малиот Данило сам, кој сеуште нема наполнето 11 години.

Сега таа куќичка е место каде Данило ги пречекува своите другари, а иако е мала во неа има место да се сместат три деца.

Најмладиот мајстор во Србија, својата градба ја опремил со намештај, но и со електрична енергија.

“Не сакав само така да стои, туку навистина да ни служи. Внатре ставив дел од аголна гарнитура, дрвени столчиња кои сам ги направив и ги исфарбав, а на ѕидот полица на која стојат моите автомобилчиња. Тоа сега ни е омилено место за играње, а ја сум горд затоа што го направив со своите десет прсти. Спроведовме и продолжителен кабел и струја, па овде можеме да читаме или да ги полнеме телефоните”, вели Данило за РИНА.

Meсец и пол малиот Данило ја градел својата куќарка. Најголема поддршка имал од својот дедо, кој му помогнал во набавката на материјалот, а се’ останато Данило направил сам.

Љубовта кон градежништвото малиот мајстор од Злакус ја негува од мали нозе. Се’ започнало со сложување на лего коцки, а Данило им помагал и на мајсторите кои работеле во нивниот двор. Сеуште не знае дали сака да биде мајстор кога ќе порасне, но сигурно ова момче има златни раце и талент.

“Ништо не ми беше тешко. На изградбата на куќарката дневно трошев и по неколку часови. Иако мама рече дека ќе се сруши, јас знаев дека нема. Бев уверен дека работам како што треба. Сакам идниот мој проект да биде некој поголем објект, можеби и на два спрата”, вели Данило.

(Kurir.rs/RINA/Foto: RINA)

Коки Костадинов “нокаутиран” за 5 секунди од Дурловски?

Фејбук статус на Игор Дурловски, носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица

-Го слушам Костадин денеска на прес конференција и не знам како може гласноговорникот на партијата која ја приватизираше Македонија, партијата на Заеви, кои вртат милиони, а земаат државна помош како да се зависни од неа, партијата на Анѓушев, со милионскиот бизнис, Шекеринска со десетиците станови, и многу други од нивен калибар, како зборува за имоти. Еве збор два и за тоа, пишува Игор Дурловски.

-Земјиштето кое што јас со уште 5 други лица го имам купено е пасиште, земја од 6 та категорија. Не се работи за плац во струмичката касарна чија цена достигнува и до неколку стотици илјади евра, ниту станува збор за погон со марихуана. Тоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. Се што сум заработил сум вложил тука и за разлика од тебе и твоите наредбодавци парите за истото ги имам стекнато на чесен начин со работа, труд и дваесетгодишно живеење и претставување на Македонија насекаде низ светот. П.С. Лево на фотографиите е мојот пат до успехот а десно на Костадин “војводата”-напиша тој.

Деркоски ја сpyши желбата на Заев за кopoна избори на 5-ти јули?

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски смета дека нема причина за закажување на седница на ДИК како што бара СДСМ затоа што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието, Талат Џафери да донесе решение со нов датум за избори.

За МИА вели дека ниту најавил седница, ниту, пак, планира да го направи тоа додека не добие решение од претседателот на Собранието.

-Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Од денеска сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Четворицата членови на ДИК од СДСМ и БЕСА ми пуштија пред два часа барање за свикување на седница. Согласно деловникот имаат право да побараат, меѓутоа во барањето се повикуваат на уредбите, а според мене и според многумина во државата и експертска и друга јавност и Уставниот суд уредбите важат само додека трае вонредната состојба. Немам рок за одговор, но ќе им одговорам дали ќе закажам или не седница. Им оставам сами да одлучат како ќе постапуваат, а јас нема да учествувам во незаконити дејствија, изјави Оливер Деркоски за МИА.

(Видео) Анимирана мапа: Како христијанството се ширело во светот

Визуализацијата е можеби најдобриот начин да разбереме одредени поими и настани.

Христијанството сега е најголемата светска религија со над 2 милијарди верници. Христијанството прво го ширеле Христовите ученици, а потоа и владетели и мисионери. Оваа религија има длабоко и значајно влијание врз светската историја, а погледнете како се ширело.

Доколку сакате да знаете колку верници има секоја религија на секој од континентите, погледнете ја следната мапа: