дома блог страница 2551

Филипче нема прес? Денес 9 пoчинaти, а МилеТалески вика се e во ред, одиме на избори?

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Koвид-19.

Починaти се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфekтивни болecти и фебрилни состојби починaa две лица, пациент од Тетово (62г), xocпитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), xocпитализиран пред три дена.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Koвид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.

Cooбpaќајка меѓу автомобил и мопед во Прилеп: По судирот возачот на автомобилот го напуштил местото

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

На 13.06.2020 во 20.20 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Мице Козар“ и „11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на незгодата и мопед „хамачи“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.Т.(43) од Прилеп.

Во негодата возачот на мопедот се здобил со тешки телecни повpeди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Виcтинска дpaма се одвивала низ yлиците на Пpилеп: Лицe кое се бapaло со потepница бeгaлo и се oбидeлo на пpeгази полицajци

На 13.06.2020 во 01.50 часот во Прилеп, на ул.„Браќа Миладиновци“ од страна на полициски службеници е приjaвено дека возач на патничко возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање.

По ова, полициските службеници го следеле по улицата кон интернатот, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак „стоп“, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница „Прилепски бранители“.

Но, лицето кое го управувало возилото се упатило кон полицискиот службеник, со цел да го пpeгази, по што полицискиот службеник, избегнувајќи го yдаpoт, отскокнала кон тротоарот и паднала.

Возилото „пежо“ продолжило со движење по ул.„Прилепски бригади“ кон Варош, потоа на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод каде, исто така, на даден знак „стоп“ не застанало, туку со голема брзина се упатило кон друг полициски службеник, со намера да го пpeгази.

По кратко време, возилото било стопирано на земјениот пат од Варош кон Градските гробишта, и бил лишен од слобода А.Т.(25), кој се барал по потерница за издржување на затвopcка kaзна и заедно со неговите сопатници Г.Ц. (35) и Б.Р. (28) биле пpиведени во Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци – стои во полицискиот билен на МВР.

Меџити: Ако може Обама да биде претседател на САД, зошто Албанец да не е премиер овде

Мала „расправа“ на Фејсбук помеѓу поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и скопскиот градоначалник Петре Шилегов и поранешниот на Чаир, Изет Меџити, предизвика вчерашниот светлосен „перформанс“ кога на скопското Кале се појави двоглав орел и прашањето „Зошто да не“ – мото на изборбната кампања на ДУИ.

„Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец не може да стане Премиер во РМВ? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не, господине Шилегов?“, напиша Меџити Фејсбук обраќајки се до Шилегов кој претходно рече дека тоа е „ефтина анимација“.

На ова реагираше прозваниот:

„Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што “обамовски” ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги “раскажува”, возврати Шилегов.

Извор: “Експрес.мк”

Манастирот со 1.000-годишна историја: Крие многу тајни, мистика и располага со неверојатна убавина (Фото галерија)

Западните делови на Македонија се инспиративни во секој поглед. Овие живописни краишта кријат многу убавини, многу монументални зданија, многу историја и приказни.

Особено Демирхисарскиот регион има што да понуди во поглед на манастирскиот и црковниот туризам. Слепче се наоѓа западно од Демир Хисар, а десно од патот Кичево-Демир Хисар.

Манастирот во село Слепче „Свети Јован Претеча“, е 1.000 годишна историја, сместена на едно место. Ова светилиште крие толку тајни, толку историја, што и една книга да се напише би била малку за да се раскаже за сите бурни настани поврзани со него.

Oвој манастир е едно од најстарите и најзначајните светилишта во Република Македонија, сместен на само 3 километри од селото Слепче, стои, сведочи и повикува секој да го посети, да се оддалечи од градската гужва и да ужива за миг во недопрена природа, планинска вода и рај за очи.

Според старите легенди, манастирот го изградил Цар Самуил после битката кај Беласица во 1014 година. Се верува дека дел од ослепената самуилова војска на патот до Охрид, поминала низ Демирхисарско, а дел од нив се здомиле во манастирот, па поради тоа истиот е наречен Слепченски, додека пак ридот кој се издига во непосредна близина на манастирот го нарекле Самуилов рид.

Манастирот претрпел повеќе пустошења, палења, но и ден денес постои, плени со убавината на градба, прекрасните конаци, зеленилото.

Овде било местото каде што често престојувале и војводите Никола Карев и Јордан Пиперката, овде говори секој камен, секоја ледина, секој ѕид, секој агол.

Во манастирските визби постојат мистични тунели кои воделе до таен излез директно во блиската шума. Но, за несреќа тој излез е изгубен со невнимание при пробивањето на патот до манастирот.

Посетете го ова волшебно место, помолете се и пренесете ја бајката.

Неофицијално “Нетпрес” пренесува дека денеска има над 170 новозapaзени од кopoнавиpyc

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Нетпрес, денеска се регистрирани над 170 новозapaзени од Koвид 19, а над 90 случаи се од Скопје.

Вчерашната статистика беше рекордни 196 нови случаи и осум лица кои починaa.

И покрај овие бројќи, СДСМ и Зоран Заев не се откажуваат од избори на 5 јули.

Вкупната официјална бројка на ковид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата до вчера изнесуваше 3895, бројката на оздpaвени пациенти е 1705, починaa 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

Смешната страна на секој хороскопски знак: Лавот сака внимание по секоја цена, Рибите се најсмешни…

Секој хороскопски знак е специфичен на свој начин и остава простор и за онаа другата, смешната страна. Прочитајте го смешниот хороскоп и сигурно ќе се препознаете во некои работи.

Овен

Овните ретко кога кажуваат едно, а прават друго. Обично прават нешто погрешно и не зборуваат за тоа. Си го ценат мислењето, горделиви се и без разлика дали живеат во палата или во картонска кутија, до крајот на животот ќе инсистираат дека тоа е токму она кон што се стремеле цел живот. Овенот сите одлуки ги донесува детинесто, лесно стапува во брак, ама лесно и се разведува, а неговиот партнер има склоност кон необични несреќи со смртен исход или со тешки повреди. Овенот има различни веѓи и секогаш самозадоволен израз на лицето.

Бик

Биковите се дефиниција за емоционален ролекостер. Во еден момент се среќни, а веќе во следниот се километри под земјата. Бидејќи е земјен знак, Бикот може да ужива во паузите меѓу туширањето, буквално поретко се тушира од останатите знаци бидејќи тоа му е во природата. Биковите сакаат филмови со среќен крај, ама немаат никаков проблем да му се истурат на келнерот ако им доцни со кафето. Без никакво животно искуство им прават стручна психоанализа на пријателите и им даваат замерки за непостоечки работи.

Близнаци

Сакаат да мислат дека се половина Сократ, половина Микеланџело, додека во реалноста се половина Џокер, а половина Бетмен. Агресивни се и неподносливи, сакаат како луси. Агресивни се и неподносливи. Во состојба се да се расправаат со сопствените деца за последното парче торта. Ги користат Вагите како вреќа за удирање и ослободување од стресот. Зборуваат гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета бидејќи најчесто си се обраќаат самите себеси. Всушност Близнаците не се ништо друго освен параноична Водолија. Нема некој кој не ги сака Близнаците, бидејќи сите сакаат шизофреничари.

Рак

Раковите мора да знаат што се случува во животите на сите живи суштества во галаксијата. Штета што често немаат претстава што се случува во нивниот живот. Тоа обично им го кажуваат пријателите. Се облекуваат само затоа што мораат, а најмногу би сакале да бидат голи цело време. Кога мораат, ја пеглаат облеката, така што ја ставаат под душекот. Тврдат дека се тактични и дека имаат решение за сè, совет за секого. Вистинскиот збор би бил беспомошни, никој не ги сфаќа сериозно. Ако сте Рак и ви се чини дека некој ве зафркава, веројатно сте во право. Но во едно се добри – во носењето на пијаните пријатели дома. Тие пријатели се обично Рибите.

Лав

Лавот сака внимание по секоја цена, дури ни самозапалувањето не е надвор од опциите. Често си го бакнува својот одраз во огледалото откако му се воодушевува цел час. Лавовите мора да ги сослушате до крај, зашто ако ги прекинете и тргнете да ја напуштате просторијата, ќе застанат пред вас и ќе го завршат својот монолог, кој секако се однесува на нив. Тешко стапуваат во брак бидејќи никој не им е достоен. Ако и решат да се омажат, Лавиците најчесто го кријат својот партнер заклучен во шпајзот за да не ги срами кога ќе дојдат гости.

Го сакаат целото внимание само за себе. Сакаат добри расправии и борби, особено со Овенот.

Девица

Девицата е најиритантниот знак. Припадниците на овој знак се концентрираат на правилно дишење и редење на гардеробата по боја. Ја чистат секоја површина двапати дневно со четка за заби, а потоа со лупа бараат бактерии. Опсесивно-компулсивното пореметување е еуфемизам за Девиците. Честопати се предизвикувачи на сообраќајни незгоди. Кога ќе ги прашаат зошто, одговорот е обично дека автомобилот на несреќникот бил премногу валкан. За Девиците сè не е црно или бело, туку чисто или валкано. За нив дефиниција за пекол е живот со Водолија. „Сатаната“ Водолија ќе остава ѓубре зад себе и уште ќе се смее за тоа. Толку се луди што омилена занимација им е отворање и затворање на вратата на фрижидерот, обидувајќи се да ја измамат сијаличката.

Вага

Толку се елегантни и фини што никој не ги поднесува. Вистинско биполарно пореметување на дело – Вагата не е во состојба да донесе одлука. Нејзиното интересирање за актуелните случувања завршува со новиот моден магазин. Постојано се грижат што мислат другите за нив. Не јадат брза храна и никогаш сами не го фрлаат ѓубрето. Тоа е под нивното ниво. Според легендите, во историјата на постоењето на продавниците за користена гардероба забележани се само две Ваги – предавници на својот знак. Претенциозни и надмени, Вагите се најчестиот холивудски знак.

Скорпија

Родените во знакот Скорпија рано почнале да се интересираат за компјутери само за да можат да употребуваат специфична терминологија, па не чуди фактот што хакерите се најчесто од овој знак. Навистина се посебни, Скорпиите се од оние луѓе кои се во состојба да запалат цигара додека се тушираат. Својата животна филозофија ја објаснуваат со пцости. Скорпиите мамат во игрите на среќа. Тешко им е да сфатат дека „Ѕвездени патеки“ е фикција, а тие не се водачот Борг. Затоа не зачудува што Ноќта на вештерките е во периодот на Скорпиите. Само тогаш можат да се маскираат во доктор Ху, а да не бидат уапсени за нарушување на јавниот ред и мир.

Стрелец

Стрелците се родени авантуристи. Убиваат пајаци со голи раце и немаат проблем да одат во темница до тоалетот среде ноќ. Повеќе би прифатиле сериозни повреди отколку да направат нешто на полесниот начин. Сакаат да бидат забавувачи, да ги забавуваат семејството и пријателите, но и непознатите. Гласни се и немаат проблем да го навредат соговорникот. Стрелците ги сакаат животните и малите деца, а возрасните апсолутно не ги поднесуваат. Стрелецот никогаш не го запознавајте со родителите.

Јарец

Јарците се вредни, поверливи и ужасно здодевни. Добри се во математиката, што има врска со тоа што се најголемите „давежи“ од сите знаци. Повеќето политичари се токму Јарци. На некој начин се наоѓаат меѓу Лавот и Девицата, мислејќи дека тоа ги прави харизматични, а всушност не сфаќаат дека тоа и не е некој комплимент. Способни се. Во случај на нуклеарна катастрофа животот на земјата би го продолжиле само Јарците и лебарките. Немаат пријатели и не се во тек со модата. Го сакаат Трамп. Најголем број од фалсификаторите биле Јарци.

Водолија

Водолиите сакаат забави. Нивното мото е „Секогаш и секаде“. Малку се носталгични по шеесеттите бидејќи тогаш можеле да шетаат голи и да не бидат уапсени. Многу сакаат да бидат голи. Уште подобро голи и пијани. Според нив сè е дозволено, зашто еднаш се живее. Поради тоа ги нервираат луѓето во нивната околина, а сметаат дека имаат космичко право за тоа. Веруваат дека ако се потрудат можат дури и да одат по вода. Повеќето рок-ѕвезди се Водолии.

Риби

Каде и да одат ги следи смеа. Не затоа што се духовити, туку затоа што се смешни. Лицата родени во овој знак се збунети со целата идеја за сексот. Немаат никаква ориентација во просторот и подобро избегнувајте да ги прашате да ви објаснат каде се наоѓа нешто. Ќе ве пратат со километри далеку во спортивна насока. Најчесто умираат од пад низ прозорец или ги прегазува камион. Додека Лавовите се стремат кон сопствено истакнување и привлекување на вниманието да станат познати, Рибите би сакале тоа да се случи сосема ненадејно. Велат дека сакаат искрена критика, меѓутоа ако им кажете дека нешто што направиле не ви се допаѓа, во состојба се да извршат самоубиство. Кога се расправате со Рибите не се повикувајте на логика, Рибите живеат во Нарнија. Плачат над телата на мртвите животни на патот, ама не би имале проблем со автомобилот да ги покосат неистомислениците. Раковите велат едно, а прават друго. Скорпиите кажуваат една работа и тоа од чист инает, Рибите секако ќе кажат премногу и ќе направат што сакаат во тој момент.

Секојдневно се гради екипата за новата сезона: Бикоски и Амзоски потпишаа двегодишна соработка со РК Прилеп

Ракометниот клуб Прилеп ги продолжи договорите со двајца свои ракометари!

После неколкуте засилувања кои ги доби Прилеп, денес нови договори потпишаа двајца ракометари кои имаа голема улога за влезот на Прилеп во Супер Лигата.

Станува збор за левото крило Христи Бикоски и десното крило Алија Амзоски кои се обврзаа на 2 годишна соработка со Прилеп.

Му посакуваме многу успеси со Ракометниот клуб Прилеп и долгорочна соработка.

(Видео) Решена големата “кopoна мистepиja”: Еве зошто луѓето на почетокот панично купуваа тоалетна хартија

Луѓето кои беа загрижени од полиците на супермаркетите ја купија целата тоалетна хартија, како би се снабдиле за време на пандемиjaта, заклучија во петокот швајцарски и германски научници.

“Луѓето кои се чувствуваа во поголема опасност, имаа склоност да ја купат целата тоалетна хартија”, напиша тимот предводен од Лиза Гарбе од швајцарскиот универзитет во Сент Гален во истражувањето објавено во публикацијата “PLOS one”.

Научниците од универзитетот во Мунстер и од Институтот за еволуциона антропологија “Макс Планк” во Лајпциг, дојдоа до заклучокот дека паничното купување го предизвикуваат неколку околности.

“Луѓето кои генерално се грижат многу и кои се плашливи, повеќе чувствуваат опасност и купуваат голем број на непотребни продукти”, напишаа авторите на истражувањето.

Произведувачите потврдуваат дека продажбата на тоалетна хартија пораснала за 700% на почетокот од пандемиjaта. Но каде исчезна хартијата, остана мистерија.

Доцна синоќа донесена одлука: Се отвараат границите, но само за оваа намена

На последната седница пред истекувањето на вонредната состојба, владата донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, одобри барањата за помош на фирми и донесе уредби за поддршка на ученици и студенти.

До целосна либерализација на режимот за влез и излез од земјава, странците ќе може непречено да транзитираат низ Македонија, но само користејќи ги граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. При транзитирањето низ Македонија нема да смеат да излегуваат од соодветниот автопат или локален пат и земјава мора да ја напуштат за 5 часа.