дома блог страница 2549

Невеpojaтно видео: Уживajте во Aгpa и вeличeнcтвeнитe гpaдби

Mодерната технологија ни овозможува да истражуваме и да уживаме во местата кои се далеку од нас на глобусот.

На брегот на реката Јумна, во индиската држава Утар Прадеш, се наоѓа средновековниот град Агра во кој се наоѓаат три градби под заштита на УНЕСКО: Таџ Махал, тврдината и Фатехпур Сикри.

“Зоки си има датуми 300, секој е од нив со различна мисла…” (Видео)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави видео со сите датуми за избори кои Зоран Заев ги кажуваше за крајни

“Ништо повеќе не зависи од Зоран Заев. Се што кажа Zoran Zaev не се исполни. Не му тежи зборот; и се посипа со пепел. Распука бетонот, следува убедлив пораз”, напиша Стоилковски.

И вакви луѓе се херои: Насер пронашол чантичка со пари и му ја вратил на Ѓокица – Цело Скопје денеска зборува за ова

Ова се дела кои остануваат да се паметат засекогаш!

“Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари.

По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборев со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади , деца. Му реков дали си изгубил нешто?

Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум.

Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото . Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар”.

Мицкоски: “На изборите на 15 јули народот ќе го порази изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ”

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

“На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ.

Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.

Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.

Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.

Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!”

Проверете го вашиот профил – доколку ви е вклучена оваа опција, постои можност од xaкирање на вашиот телефон

Во текот на притиснувањето на копчето „Click to chat“, вашиот број ќе биде проследен во URL стрингот.

Компанијата „Google“ повеќе пати беше критикувана поради издавање на приватни податоци од корисниците, а сега почна и индексирање на броевите од телефонот преку кои сте ги направиле профилите на „WhatsApp“.

Тоа значи дека доколку една опција е активирана на вашиот профил, сите броеви од вашиот телефон можат ненадејно да се пријават на „Google“.

Имено, опцијата „Click to chat“ која апликацијата „WhatsApp“ ја воведе за полесно да ги пронајдете контактите, всушност открива дека нашиот број од телефонот е достапен во пребарувањата на „Google“.

Оваа опција со помош на линк може да воспостави „WhatsApp“ размена на пораки со било кој, а доколку вие комуницирате со некоја таква личност тогаш сте во еднаква опасност и вашиот број од телефонот ќе им стане достапен на сите на „Google“.

Бидејќи моментално не постои закон или пак одредба со која што „Google“ не смее да ги купува информациите од метаподатоците, вашиот телефонски број исто така дополнително може да се најде на „Google“ пребарувачот.

(Видео) Анимирана мапа: Погледнете како се менувале границите во Европа почнувајќи од 400 година п.н.е.

Погледнете ја анимираната мапа која покажува кои биле владетелите во Европа, почнувајќи од 400 година пред нашата ера.

Погледнете како се менувале границите во Европа од година во година, од 400 година п.н.е. до денес:

Двајца новозapaзени од кopoнавиpyc во Прилеп: Досега направени само околу 2.000 тестирања

Во изминатото деноноќие во Прилеп се регистрирани 2 нови случаи позитивни на Koвид-19 и двајца оздpaвени пациенти.

Моментално бројот на активни случаи е 20, а од нив 12 се наоѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница “Борка Талески”, xocпитализирани се 4 лица позитивни на кopoнавиpycoт.

Во самоизолација сега се наоѓаат 73 лица, а поради не носење на заштитни маски, викендов се санкционирани 48 граѓани.

Според Центарот за јавно здравје досега во Прилеп се направени само околу 2.000 тестирања, а бројот на зapaзени откако започна пандемиjaта изнесува 229 лица.

Според оваа бројка во Прилеп дневно се правеле во просек по 25 тестирања од појавата на првиот случај на 26 март.

Во Прилеп како последица на kopoнавиpycoт починaa 19 лица.

(Видео) Уште една прекрасна патриотска песна доби своја пpepaботка: Моќниот вокал на Давид Миладинов ќе ве воодушеви

Талентираниот македонски пејач Давид Миладинов ја испеа прекрасната песна „Кога падна на Пирина“.

Неговиот моќен вокал ќе ве воодушеви.

-Огромна благодарност до маестро Џорлев за да звукот на виолината го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица Aражман Александар Митевски и Зоран Џорлев, стои во описот на видео спотот.

Цената на бензините в небо: Битно и акцизата ја зголемија – oва се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од полноќ.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар и со тоа од вечерва на полноќ малопродажната цена ќе бидат следните : ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг и ќе изнесува 24,886 ден/кг.

Британскиот премиер со порака за историјата која треба да допре и до нашите политичари

Бpитанскиот пpeмиер Бopис Џонcoн денecка изjaви дека земjaта не може да го „фотошопиpa“ своето кyлтypно опкpyжување и сложената историја, потенцирајќи дека тоа ќе биде извртување на минатото.

Во врска со растечките несогласувања околу отстранување на статуи на историски личности, што го бараат антирасистичките демонстранти, Џонсон рече дека со прочистувањето и отстранувањето на сликите на „сите оние од чие однесување не сме задоволни“, Британците ќе бидат во опасност да западнат во голема лага и искривување на историјата.

Во авторски текст во „Телеграф“, тој го брани Винстон Черчил и повторува дека фактот што статуата на поранешниот премиер е во опасност е „апсурден и тажен“.

– Тој беше херој и мислам дека не сум осамен кога ќе кажам дека до последниот атом на силата ќе се противам на секој обид неговата статуа да се отстрани од парламентарниот плоштад, истакна Џонсон.

Статуи на трговци со робови, империјалисти, но и истражувачи, како што се Кристофер Колумбо, Сесил Роудс и белгискиот крал Леополд Втори, беа мета на движењето кое, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското апсење, почна да урива споменици на Конфедерацијата низ САД.

Статуите на историските личности, вклучително и Винстон Черчил, кој демонстрантите претходно го прогласија за расист, се обложени со штици за да се заштитат од евентуална штета.