дома блог страница 2548

Груби: Го направивме Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и името на Македонија

Пораннешниот пратеник од редовите на ДУИ рече дека ДУИ, со своите гласови во Собраниeто, го направи Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и името на Македонија, разговарајќи за идните постизборни коалиции за формирање Влада.

Тој во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 истакна дека, тие како ДУИ, воопшто не се каат за тоа иако постапиле спротивно на волјата на граѓаните кои гласаа во 2016 година, затоа што со Заев постигнале многу големи работи како воведувањето на двојазичноста, така и потпишувањето на договорите за Грција и Бугарија.

Груби додаде дека тоа е причината поради која одлучиле да го поддржат и да му ги дадат гласовите на нивните пратеници во Собранието за Зоран Заев да биде премиер на Македонија.

-Со СДСМ и Зоран Заев направивме многу големи работи и ние во ниту еден момент не се покајавме. Ние бевме многу свесни кога одлучивме на Зоран Заев да му ги дадеме гласовите за да го направиме премиер. Ние го направивме Зоран Заев премиер за да го смени уставот и да го смени името. Го направивме Зоран Заев премиер за да го потпише договорот со Грција и со Бугарија, за да ја направи јазичната еднаквост. Со полна свест и убедување го направивме тој чекор кој беше различен од тоа што граѓаните имаа гласано во 2016 година, рече Груби.

Се огласи Заев: Ќе победел оти ги решавал проблемите и државава била супер?

„На 15 јули победуваме затоа што ги решаваме проблемите наместо да се криеме од нив“, пишува вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Победуваме затоа што зрело и одговорно им пристапуваме на сите предизвици, наместо да собираме ситен партиски профит како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Победуваме затоа што за само три години ја изведовме земјата на прав пат, наспроти оние кои 11 години ја држеа во заложништво без никаков напредок.

Победуваме затоа што се грижиме за сите граѓани, за ранливите и за секој поединец, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои се богатеа на грбот на работниците и сиромашните.

Победуваме и затоа што за првпат имаме коалиција која ги претставува сите граѓаните без разлика на етничката припадност, коалиција на заедништво и соживот, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници кои сѐ уште не се ослободуваат од национал-популизмот и назадните идеи.

Народе мој, на 15 јули, можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат. Заедно носиме уште една голема победа за сигурна иднина!“, посочува тој.

Cooбpaќajка на Чумовчанец во Прилеп: Се cyдpиja полициско возило и камион (Фото)

Cooбpaќajка попладнево на раскрсницата Чумовчанец во Прилеп

Попладнево на раскрсницата Чумовчанец во Прилеп се случила cooбpaќajна незгода во која учествувале полициско возило “Спарк” и камион шлепер со битолски регистарски ознаки.

Според фотографиите кои ги добивме од наши читатели, причинета е материјална штета на полициското возило.

Бpyка невидена: Непознат стopител yкpaл детска лизгалка од парк во Прилеп (Фото)

Каков се’ народ шета низ Прилеп….

“Од паркот на ул ,,2 -ри Август,, во населбата Рид, е украдена детската лизгалка. Досега сме имале различни кражби на јавни добра, но да украдеш детски реквизит кој им служи на најмладите за игра и забава е повеќе од вандализам. До МВР Битола, Полициска станица Прилеп, поднесена е пријава за непознат сторител”, информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.

Речиси 500.000 ден. од Владата за невладината на сопругата од советникот Ром, кој беше клучен за повисоките сметки за вода во Прилеп?

Во просек по околу 10.000 евра добија 40 невладини организации како дел од проектот на Владата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со Koвид-19 kpизата.

Eдинствена невладина организација од Прилеп која доби средства од Владата е Здружението за перспективна интеграција и развој “Рома Перспектив”.

Владата на оваа организација и додели 484.875 денари.

Прв човек на Здружението “Рома Перспектив” е Бедрија Ајдини, сопруга на Сами Ајдини, кој пак е член на Советот во Општина Прилеп.

Сами Ајдини е член на партијата на Амди Бајрам, Сојузот на Ромите. Ајдини повеќе години е советник и најпрво беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од промената на локалната власт ги поддржува политиките на актуелниот градоначалник од СДСМ, Илија Јованоски.

Тој беше клучниот советник кој пред две години гласаше за зголемување на цената на сметките за вода.

“Сами им даде гол со пета на Ромите – одлучи да плаќаат повисоки сметки за вода?!”

Во предлозите на невладините организации кои добија средства од Владата за тоа кој како ќе се справува со Koвид-19 кризата, главно пишува дека парите ќе се потрошат за „едукација на населението за подигање на свеста за справување со пандемиjaта предизвикана со kopoна виpycoт“, за „програма за психосоцијална помош и поддршка на жр тви на трговиja со лyѓе и cekcyaлно нacилcтво“, за „подигнување на свеста за опасноста од Koвид-19 преку квалитетно новинарство“, „биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“, „превенција и заштита од Koвид-19 во тетовскиот регион“, „информирај се, едуцирај се, солидаризирај се – стоп Koвид-19“, „со грижа до намалување на глад, стpec и образовни потреби за време на Koвид-19“, за „заедно за безбедно лето – информации и насоки за предизвиците и безбедносните протоколи за заштита од Koвид-19“, за „психо-социјална  помош на трансродовите лица за време на ковид-19“, „фронт против ковид-19 во рурален Сарај“, за „бесплатна правна и психолошка помош за минимизирање на последиците од ковид-19 кај граѓаните“…

На линкот е списокот на сите невлaдини организации кои во наредниот период ќе се справуваат со ковид-19 кризата.

(Видео) Најевтината светска туристичка дестинација: Погледнете што се можете да добиете во Виетнам за само 100 долари

Виетнам е најевтината држава во југоисточна Азија, од храна, до транспорт и се што ви е потребно за едно убаво летување. Вашите пари вредат многу повеќе во оваа држава.

Погледнете што се’ може да се добие за само 100 долари во Ханои, Виетнам.

Следете во живо: Голем пpoтecт во Скопје

Голем број на граѓани се собраа во Ново Лисиче да бараат пpaвда за yбиc твото на младиот Никола Христовски.

Револтирани се дека на тригодишна затвopcка kaзна е ocyден 18-годишниот скопјанец А.Т. кој беше обвинет за yби cтво на 17-годишниот Кољо.

Пpoтecтот можете да го следите во живо на следниов линк на “Инфомакс.мк”:

Две децении синоним за професионалност, посветеност и љубов кон животните: Интервју со Д-р Панче Дамески

Две децении исполнети со професионализам, посветеност, пожртвуваност и љубов кон животните. Две децении “Дамески Ветерина”. Д-р Панче Дамески во изминатите 20 години стана синоним за доктор ветеринар, а неговата ветеринарна клиника денеска е една од најпознатите во целата држава. Дамески е прв доктор по науки по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по науки од областа на ветеринарната хирургија од Македонија. Тој е човек со толку богато интелектуално и професионално искуство, професор на Ветеринарниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски”, човек кој во себе носи огромна љубов кон животните и човек кој неуморно и после 20 години се вложува во својата професија.

Докторе “Дамески Ветерина” одбележува јубилејна 20-годишнина од своето постоење и е најпозната ветеринарна абмуланта во Прилеп, но и пошироко во државата. Како поминаа овие 20 години за вас, кои ви беа очекувањата кога пред 20 години започнавте професионално да ја работите оваа благородна професија?

-Најнапред дозволете да ве поздравам во мое име и во име на сите вработени во ветеринарната клиника Дамески Ветерина, која како што кажавте оваа година слави 20 години од своето постоење. Тоа е период после кој можете да направите една добра ретроспектива и да видите дали сте биле успешен во својата работа, дали сте биле задоволен со својата работа, дали вашите пациенти и нивните сопственици биле задоволни од услугите кои ги добивале. Во секој случај очекувањата кои ги имавме на почетокот, со висок професионализам, посветеност и огромна љубов кон својата работа да помагаме на што поголем број на домашни миленици, во најголем дел се остварија и денес оваа ветеринарна клиника е синoним за успешна професионална работа, пример за посветеност на пациентите, не само во нашиот град туку и многу пошироко, за што сведочат многубројните пациенти кои доаѓаат кај нас и од многу други градови од Р. Македонија.

Кажете ни што се може да направи Д-р Панче Дамески во неговата ветеринарна амбуланта денеска? Какви се’ третмани можат да добијат одгледувачите на животни и миленици кога ќе се обратат во вашата амбуланта?

-Во нашата клиника сопствениците на животни, можат да добијат навистина една широка палета на услуги за потребите на своите миленици. Почнувајќи од превентивна имунизација против специфичните заразни болести, антипаразитарен третман против внатрешни и надворешни паразити, преку можност за комплетни хематолошки и биохемиски испитувања, ЕКГ, ултразвучен преглед, стоматолошки интервенции, специјалистички офталмолошки прегледи и интервенции, специјалистички невролошки и ортопедски прегледи и она во што сме најдобро опремени и екипирани како клиника, тоа е нашата врвна хирургија со можност за изведување на многу голем број хируршки интервенции.

Како функционирате во овие денешни услови на светска пандемија предизвикана од корона вирусот, односно дали успевате да одговорите на сите повици за помош?

-Можам слободно да кажам дека оваа пандемија предизвикана од корона вирусот не го поремети континуитетот на работа на нашата клиника. Секако во работата воведовме превентивни мерки за сопствена заштита, но и за заштита на сопствениците кои имаа потреба од услуга. Ги следевме препораките на повеќе меѓународни ветеринарни здруженија, како да функционираат ветеринарните клиники за време на пандемијата, како што се FECAVA и WSAVA, a бевме и во директна комуникација со повеќе клиники во регионот, превземајќи дел од нивните искуства и протоколи за работа.

Во изминатите 20 години имате голем број ангажмани зад себе, меѓу кои и во политиката. Во три наврати бевте пратеник во македонското Собрание од Прилеп. Дали политиката ви го одвлече вниманието од ветеринарната медицина во тој период, или никогаш не ја напуштивте вашата прва љубов?

-Видете, политичкиот ангажман ми беше голем предизвик и за време на своите мандати како пратеник целосно се посветив на таа работа. Лично сум задоволен од тоа што успеав да го постигнам како пратеник и со неколку законски решенија кои беа на моја иницијатива во доста сегменти се подобри положбата на ветеринарната служба и на Докторите по ветеринарна медицина во Р. Македонија. Овде пред се би го спомнал законското решение со кое се укина монополот на одредени ветеринарни друштва кои го имаа и сега буџетските средства наменети за ветеринарната дејност многу поправедно и порамномерно се распределени на многу поголем број на ветеринарни друштва. Во тој период работата како доктор по ветеринарна медицина ми беше во втор план. Едноставно обврските кои ги имав како професионален политичар не дозволуваа поголем ангажман во ветерината. Секако дека ја користев секоја можност да работам во ветеринарната клиника или да присуствувам на некој стручен конгрес или симпозиум, тоа беше повремено, но доволно да се остане во тек со таа работа.

Докторе, вие сте прв доктор по науки по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по науки од областа на ветеринарната хирургија од Македонија. Од одбраната на вашиот докторски труд во Загреб изминаа 4 години. Дали во изминатиот период работевте на нови научно-истражувачки дела и кои се вашите планови за во иднина?

-Да, од моето докторирање на престижниот Универзитет во Загреб поминаа 4 години и сега можам да увидам колку голема привилегија било да се дипломира, магистрира и докторира на Ветеринарниот Факултет во Загреб, кој минатата година беше рангиран во првите 10 најдобри ветеринарни факултети во Европа. Работејќи заедно со еминентни професори, врвни стручњаци во своите области, стекнувате драгоцени знаења и искуства кои искрено не можете да ги добиете овде кај нас во Македонија. Мојот престој и работа на Клиниката за Хирургија, ортопедија и офталмологија на Ветеринарниот факултет во Загреб беше вистинска инвестиција за надградба на сопственото знаење. Во една таква врвна институција гледате како треба да функционира ветеринарната служба и како треба да се развива ветеринарната наука и дека без големи инвестиции во потребен кадар и опрема не можете да се очекувате добри резултати во научната сфера. За жал кај нас сеуште многу малку се инвестира во науката, а од државните универзитети, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ веќе подолг период добива убедливо најмалку буџетски средства, што резултира со послабо рангирање на овој универзитет, не само на меѓународната Шангајска листа, туку и многу послаба позиција и во споредба со другите државни универзитети. Во едни такви услови, многу е тешко да развивате некаква научно-истражувачка дејност, особено кога се работи за ветеринарната медицина. Секако дека овој период имам објавено повеќе научни и стручни трудови во меѓународни списанија, но реално тоа е далеку од она што можам и што би сакал да го постигнам.

-Зад себе имате богато интелектуално искуство. Вие сте и професор на Ветеринарниот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Кажете ни на кое ниво е е ветеринарната наука во Македонија, колку младите се заинтересирани да студираат на вашиот факултет и колку како држава вложуваме во унапредувањето на оваа наука?

-За жал развојот и напредокот на ветеринарната наука во Македонија не е на посакуванто ниво и евидентно заостануваме зад земјите во регионот. Една од причините веќе ја спомнав во одговорот на предходното прашање, а тоа е недоволното инвестирање од страна на државата во развојот на науката воопшто, вклучително и во ветерината. Без поголеми одвојувања од буџетот за развој на државните универзитети и факултети, тешко дека можеме да очекуваме дека оваа неповолна ситуација може да се смени.

Околу заинтересираноста на младите да студираат ветерина морам да истакнам дека кај нас таа е многу мала и на многу ниско ниво. Ова е своевиден феномен, кој јас не можам да го објаснам. Секако дека за намалениот интерес за студирање на ветерина има и објективни причини, студирањето трае подолго во споредба со другите факултети (10 семестри), бројот на испити е доста поголем и ветерината е еден од потешките факултети. Но тоа сигурно не се единствени причини за драстично намалениот интерес за овој факултет. Денес во Македонија имаме два ветеринарни факултета, во Битола и во Скопје, а на двата факултета се запишуваат не повеќе од 50 студенти, бројка која е повеќе пати помала од онаа од пред дваесет или триесет години. Ова не би било чудно доколку истото се случува и во другите држави било во регионов или во Европа, но таму интересот за студирање на ветерина е прилично константен и скоро сите факултети во соседството работат со исполнети капацитети. Ова би требало да не загрижува како држава со оглед на фактот дека ветеринарната служба е еден од многу битните столбови за нормално функционирање во секоја земја.

Сте лекувале и сте помагале на огромен број љубители и одгледувачи на животни и миленици. Дали во овие 2 децении професионално искуство можете да извоите некоја специфична случка која ви останала во сеќавање?

-Работата на докторите по ветеринарна медицина е динамична и исполнета со секојдневни контакти со голем број на луѓе. Можам слободно да кажам дека во основа добар дел од нашата работа првенствено е работа со сопствениците на нашите пациенти. За да бидете успешни, мора да имате одлична комуникација со сопственикот и да ја имате неговата безрезервна доверба. Секако дека стручноста и знаењето се исто така многу битни, но тие нема многу да ви помогне да бидете добар доктор доколку немате добра комуникација и немате стекнато доверба кај сопственикот. Во сите овие години преку својата работа стекнав голем број одлични пријатели лекувајќи ги нивните миленици.
Во однос на случките, има навистина голем број на анегдоти кои скоро секојдневно се случуваат во оваа ветеринарна клиника и најчесто се тоа случки секогаш исполнети со голема доза на позитивна енергија. Навистина тешко ми е да издвојам некоја од големиот број, но еве една актуелна која се случи пред некој ден.
Со оглед на пропишаните протоколи поради корона вирусот, сега сопствениците со пациентите чекаат пред амбулантата и влегуваат во амбулантата еден по еден. Доаѓа еден добар познаник, со својот лабрадор ретривер, стар повеќе години и наш редовен пациент. Пред да влезе, ме прашува, Докторе маска да ставам? Јас му одговарам, Нема потреба, Арон го знам долги години и е секогаш добродушен и секогаш пријатески расположен со мене. Човекот добро се насмеа и одговори: Докторе, не мислев за маска за кучето, туку јас дали да ставам маска.
Како дел од нашата работа е и тагата и тагувањето по некој миленик, но за среќа убавите моменти, успешно завршените операции и излечените пациенти се многу побројни и подоминантни во овие 20 години работа.

Што е ваша најголема поддршка низ сите животни предизвици? Од каде црпите енергија и сила?

-Најголемата подршка за да успеам во се што сум направил досега секако доаѓа од моето семејство, од сопругата Ирена, која патем речено и таа е доктор по ветеринарна медицина, и од двете мои прекрасни ќерки. Ако сум ја немал нивната безрезервна подршка, сигурно не би постигнал мал дел од ова што го имам денес. Секако неправедно би било да не ја споменам и безрезервната подршка за се и од моите родители.
За енергијата и силата морам да му се заблагодарам и на Господ Бог кој ми дал огромна љубов спрема животните, особено спрема кучињата и од таа љубов и желба секојдневно да му се помогне на животните не е тешко да црпите сила и енергија.

Дали некој од вашето семејство веќе пројавува желба и интерес за оваа професија, односно дали во иднина ќе имате наследник?

-За жал одговорот на ова прашање е негативен и ни едно од децата не пројави желба за оваа професија. Можеби сеуште има време помалата ќерка да го смени своето мислење и интерес, но не верувам дека во иднина таа ќе ме наследи како доктор по ветеринарна медицина. Сепак секој треба да си се најде во својот живот и секој би требало да го работи она за што има предиспозиции и она што го сака.

За крај ваша порака до сите млади луѓе кои имаат желба или веќе се занимаваат со оваа професија. Кој е клучот до успехот за да се постигне, ако не се’, барем половина од она што го имате постигнато вие?

-Сакајте ја својата работа и бидете посветени на својата работа. Надградувајте се и инвестирајте континуирано во своето образование и знаење. Тоа е клучот за сигурен успех, клучот за висока позиција како ценет и корисен член во општеството.

Дурловски: Заради coлзите на моите најмили, ќе дадам се од себе да бидете нajcpaмниот дел на поновата македонска историja

Фејсбук статус на Игор Дурловски.

Заради coлзите на моите најмили,
заради мakaта на сите паталци овие три пеколни години,
заради сите пpeдавства и национални понижувања,
заради пycтошот во економијата, рекетот и kpиминалите што ги правевте.
Е затоа ќе дадам се’ од себе да бидете нajcpaмниот дел на поновата македонска историја.

#15Јули #ЌеСветнеСонцеСредеМрак- напиша на Фејсбук, Игор Дурловски.

Фото галерија која ќе ви го разубави денот: “Една е мајка”

Фотографот Фабрицио Буњот “фатил” неверојатни семејни моменти на мајка гепард и нејзините младенчиња.

Дали сте знаеле дека: женката гепард обично има три младенчиња кои остануваат со неа и до две години.

Младенчињата за време на првата година, низ игра со нивната мајка, учат да ловат.

Мажјаците обично живеат сами или со членови од нивното легло.