Се огласи Заев: Ќе победел оти ги решавал проблемите и државава била супер?

„На 15 јули победуваме затоа што ги решаваме проблемите наместо да се криеме од нив“, пишува вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Победуваме затоа што зрело и одговорно им пристапуваме на сите предизвици, наместо да собираме ситен партиски профит како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Победуваме затоа што за само три години ја изведовме земјата на прав пат, наспроти оние кои 11 години ја држеа во заложништво без никаков напредок.

Победуваме затоа што се грижиме за сите граѓани, за ранливите и за секој поединец, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои се богатеа на грбот на работниците и сиромашните.

Победуваме и затоа што за првпат имаме коалиција која ги претставува сите граѓаните без разлика на етничката припадност, коалиција на заедништво и соживот, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници кои сѐ уште не се ослободуваат од национал-популизмот и назадните идеи.

Народе мој, на 15 јули, можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат. Заедно носиме уште една голема победа за сигурна иднина!“, посочува тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.