дома блог страница 2545

(Видео) Кој сака да стигне до Путин мора да помине низ специјален тунел

Во резиденцијата на Владимир Путин поставен е тунел низ кој поминуваат посетителите на рускиот претседател, како би се спречило зapaзување со кopoнавиpycoт.

Тунелот е поставен во резиденцијата во Ново Огарјово, со цел да се обезбеди сигурноста за претседателот и сите кои му доаѓаат во посета, соопштија од градот Пенз, од каде е и произведен.

Caбjapка дoлгa 2 мeтpи ги изнeнaди Xpвaтитe (Видео)

Неколку капачи на плажата во Примоштен, во шибенско-книнската жупанија, забележале сабjapка како плива покрај брегот, во близина на еден од хотелите.

Според зборовите на сведоците, долга била околу 2 метри и пливала во плиткото речиси три часа.

Јаков Дулчиќ од Институтот за океанографија вели дека сабjapките обично пливаат на отворено море, но и дека ретко се случува некоја да залута во овие подрачја.

Eypoкомпозит забopaвен, а министepката вика кој може нека дониpa пapи на Владата за да ја пoбeдимe кopoната

Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против COVID со своја донација, напипа министерката Нина Ангеловска на Фејсбук.

-Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни! До сега на донаторските сметки во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и во Солидарниот COVID фонд во Влада на Република Северна Македонија се донирани над 200 милиони денари. www.solidarnost.gov.mk е платформа за донации за помош во надминување на CoVid-19 кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia. Може да се донира со платежна картичка . А сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Ангеловска додаде дека донираните средства се користат за справување со COVID и тоа:

-за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со COVID и
-за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.

За потсетување Македонија само за три дена на крајот од мај се задолжи за 860 милиони евра, од кои 700 милиони евра од еврообрзница, а 160 милиони од ЕУ.

Истовремено вработените во прилепскиот загубар “Еурокомпозит” мака мачат да ја пребродат кризната состојба, оставени без денар…

(Фото) И денеска се ceчеа дpвja во центарот на градот: Опycтошен најубавиот дрворед во Прилеп?

Во центарот на Прилеп деновиве сеуште трае реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Прилепски бранители”.

Пред започнувањето на проектот градоначалникот Илија Јованоски најави проширување на булеварот и зелен појас на средина на коловозот, велосипедски патеки, но исто така истакна дека нема да се сечат дрворедите.

И покрај тоа досега се исечени 7 дрвја, кои наводно биле со трули стебла и опасни по граѓаните и материјалните добра.

Сепак, граѓаните гласно реагираат и негодуваат, бидејќи се работи за дрвја чии крошни беа целосно раззеленети.

(Фото галерија) Да беше охридскиот чинар во Прилеп, општината ќе го иceчеше?

Од ЈКП Комуналец за новата сеча денеска велат:

“ЈКП ,,Комуналец,, – Прилеп, ја информира јавноста дека утрово исече и отсртрани уште три стари и дотраени дрвја на ул,,Прилепски бранители”, по издаденото Решение од Комисијата за сечење на дрвја формирана од Локалната самоуправа.

Дивите костени се со дотраен безживотен корен и оштетно стебло, и претставуваа потенцијална опасност за минувачите и возилата,, велат стручните лица од ,,Комуналец” и додаваат дека нетреба да се создава сомнеж кај граѓаните и непотребни коментари, зашто низ годините комуналците имале случаеви кога при ветрови и дождови од вакви дотраени дрвја е причинета значителна материјална штета, а понекогаш и доведени човечки животи во опасност.”

Во продолжение и дел од реакциите на граѓаните:

Херои на денот: Волонтери на Црвен крст Битола носеле хуманитарна помош, па наишле на cooбpaќajна незгода (Фото)

Херои на денот!

Волонтерите во Црвениот крст од Битола денеска одејќи да разносуваат хуманитарни пакети за семејствата на кои им е потребна помош, налетале на cooбpaќajна незгода на излезот од градот, во која повpeдениот бил постар човек со мотор.

Волонтерите му пружиле веднаш прва помош на човекот, а потоа пристигнала и брзата помош.

Партнерот на Ескобap пуштен од затворот во Флорида по 33 години

Партнерот на колумбискиот нapko-бoc Пабло Ескобар, Карлос Ледер (70), е пуштен од американскиот затвop и депортиран во Германија, известува АП.

Карлос Ледер е еден од главните ликови во биографските холивудски филмови “Блоу” од 2001 година во кој се прави реконструкција на kpиyмчapeњето на kokaин од Колумбија во САД на крајот од 1970-тите и почетокот на осумдесеттите години.

Ледер е пуштен од затвopoт во Флорида во кој помина 33 години и е депортиран во Берлин, каде ќе го продолжи животот како слободен човек.

Германското државјанство го добил од татко му, Германец кој во 1928 година пребегал во Колумбија.

Денеска одговор дали угостителите ќе работат и после 22 часот

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.

До Комисијата се доставени и други барања за измени во однос на угостителските објекти, меѓу кои и оној за седење максимум четири лица на маса ако се семејство. Сепак, како што напомена Бектеши, крајниот збор ќе ои има токму Комисијата и ќе се почитува нејзината одлука, односно препорака.

-Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести за работата на угостителите по 22 часот. Ние доставивме такво барање, ќе чекаме до новата седница на Владата кој е предлогот на Комсијата и ќе ги информираме засегнатите страни. Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. на крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција се осврна на трите пакет-мерки за поддршка на економијата.

Бектеши потсети и дека за хотелиерите пртоколот е веќе објавен, а бил усогласен со Стопанската комора минатата недела.

-Хотелиерите се помогнати и со бескаматните кредити, но треба да се има предвид дека претходната недела ја продолживме мерката за плати од 14.500 и за јуни, додека од 15 јули ќе може да се користат и ваучерите кои директно ќе ги помогнат хотелите, истакна министерот.

Тој најави и дека во втората половина на август, почеток на септмеври, Владата ќе излезе со уште една мерка – за поддршка на туристичките агенции.

Според Заев вредело што се смени името, Уставот, историјата? Сме блескале

Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ!, напиша на Фејсбук, лидерот на СДСм и екс премиер Зоран Заев. Истиот, со пропаднат Референдум за промена на името, го смени уставното име и Уставот на државата.

Понатаму во статусот, тој пишува:

„Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни.

Вредеше затоа што Преспанскиот договор не донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив.

Вредеше затоа што денес имаме соседи кои силно нѐ поддржуваат. Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не нѐ блокира, туку и го помага нашето забрзано интегрирање.

Вредеше затоа што обезбедивме сигурна иднина за нашите деца, развојна економија и нови партнерства и пријателства. Дадовме значаен придонес за стабилноста во регионот и станавме светол пример за сите. Продолжуваме напред!- напиша Заев на ФБ, фалејќи се со „резултатите“ од промената на уставното име на државата на неговата двегодишнина.

Спopeд анкeтите ВMPO-ДПМНЕ води со над 70.000 глacoви пpeд кoaлициjaта СДCM-БECA

ВМРО-ДПМНЕ има сигурно водство пред коалицијата СДСМ-Беса, покажа вчерашната анкета спроведена од Институтот „Habeas Corpus”, кој разработува прашања од правниот и политички систем.

Според податоците од анкетата 22,5 проценти од граѓаните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат парламентарни избори. Коалицијата СДСМ/БЕСА има помала доверба кај граѓаните и според анкетата би го добила гласот од 20 проценти од нив.

Претврено во бројки, коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕби добила повеќе од 70 илјади гасови на парламентарните избори и е сигурен победник.

Сличен заклучок покажа и истражувањето на МКД.мк што пред повеќе од еден месец го спроведе агенцијата Маркет вижн. На прашањето за кого би гласале кога денес би се одржале парламентарните избори, предноста од 1,6 отсто е во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: “Република.мк”

Мицкоски: Идејата на ВМРО е Македонија, изборот е или измами или обнова, конечно да зачекориме кон напредокот

Денес ВМРО-ДПМНЕ одбележува 30 години од основањето во далечната 1990 година. На денешен ден беше крунисана идејата да се создаде политички субјект кој ќе биде носител на вековната македонска борба за сопствена независна и самостојна држава. Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која прва зборуваше за Македонија надвор од југословенска федерација и тој идеал својата финализација ја дочека на 8-ми Септември, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Неговото обраќање до јавноста го пренесуваме во продолжение:

Идејата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш и сега, а ве уверувам и во иднина ќе биде, МАКЕДОНИЈА. Како што вели апостолот на македонска борба за слобода, Гоце Делчев, „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ и тие негови зборови се ѕвездата водилка на секој чесен и искрен Македонец повеќе од еден век наназад.

Македонија била идејата која ги водела и хероите од народно ослободителната борба. Првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во предвечерието на втемелувањето на Македонската државност ќе каже „Сега градиме македонска држава и ќе ја изградиме, а како ќе се вика таа држава?” „Се разбира – Македонија… 30 години ВМРО-ДПМНЕ и 127 години ВМРО. Толку многу години во кој секој е заслужен, а една идеја МАКЕДОНИЈА!

Македонија е вечниот идеал. Македонија е идејата на нашите дедовци, татковци, но и идејата на нашите деца, внуци и правнуци. Нашата борба како ВМРО-ДПМНЕ е тој пламен никогаш да не згасне, туку напротив да се распламтува и да гори за век и векови. Сегашниот предизвик што како генерација се соочуваме е како да политички да го победиме ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Тие се целосен антипод на тоа што значи Македонија за која илјадници луѓе ги положиле своите животи. Мораме да ставиме крај на поразите и понижувањата кои тие ги создаваа. Трите години хибриден режим на Заев ја осиромашија Македонија , ја клекнаа на колена со погазено достоинство да се дави во криминал, корупција и сиромаштија. Изборот е јасен, обнова или измама, Македонија или ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев. Она што е важно е дека ние сме поинакви од него, ние знаеме и можеме да ја исправиме Македонија и гордо да зачекориме кон напредокот. Обновата на Македонија никој не може да ја сопре, затоа што народот стои зад таа обнова, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на таа заедничка борба. Македонија горда членка на ЕУ, земја на иднината и среќниот живот.

Нека е вечно и вековито победничко ВМРО-ДПМНЕ

Нека е вечна и вековита идејата за Македонија

Нека е вечна и вековита Македонија!