дома блог страница 2536

Стојанче Ангелов го пронајде Ден Дончев?

Претседателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, на социјалните мрежи пред точно еден месец објави селфи-фотографија со екс-директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.

“Ти го мислиш за Австралија ја летнал, тој на Кеј насмеан се шета. Денес налетав на Ден Дончев кој како директор на Фондот за здравство помагаше на бранители вклучувајки набавка на протези од 25.000 евра за наш војник од ЈНА кој ги загуби двете нозе. Јас не заборавам добри дела”, напиша Ангелов тогаш.

Денеска после излегувањето на најновите “бомби” каде се гледа како Ден Дончев зема пари и ги става во ташна, одново на социјалните мрежи граѓаните прашуваат каде е екс директорот на Фондот за здравство и дали Ангелов може да го пронајде одново?

УХМР со вонpeдна вpeменcка нajaва: Од ноќecка нecтабилно вpeме, cилен дожд, гpмежи и ветep

Обилни врнежи со над 20 литри на метар квадратен во форма на невреме.

Како што најавија од УХМР, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има пообилни врнежи со електрични празнења и засилен ветер.

Трамп гневен: Германија должи милијарди долари во НАТО – ја праша Меркел каде се парите?

На првиот предизборен митинг, вчера во Оклахома, актуелниот американски претседател кој бара уште еден мандат, ја обвини Германија дека должи 1.000 милијарди долари(1 трилион) на НАТО.

Доналд Трамп рече дека Соединетите држави повлекуваат 10.000 војници од Германија затоа што Берлин му должи на НАТО милијарди милијарди долари поради недоволното издвојување за одбраната во текот на изминатите 25 години.

Доналд Трамп упати отворено прашање до германската канцеларка Ангела Меркел и праша кај се парите што Германија издвојувала толку малку за одбрана.

Истовремено тој ги повтори критиките на адрса на Германија за гасоводот „Северен тек“ 2, потсетувајќи дека САД треба да ја заштитат Германија од Русија „но Германија плаќа милијарди за енергија од новиот гасовод од Русија“.

Митовски до Зaeв: “А, можеше уште одма да си кажеш сѐ, да се извиниш, да ги вpaтиш пapите и готово- ceга ќе мopa да тepaме до кpaj” (Видео)

– А, можеше уште одма да си кажеш сѐ, да се извиниш, да ги вратиш парите и готово. Наместо тоа, ти одбра да ме судиш со надеж дека ќе се заташка работата, или дека ќе се исплаши некој, напиша новинарот Митовски.

Се надевам, СДСМ ќе изнајде сили да си најде соодветно раководство, кое нема да се занимава со вакви фори.

Вака сега ќе треба да ја тераме до крај, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Заев: Дваесет проценти од администрацијата нема да зема државна плата

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција најави дека во следниот мандат доколку владеачката партија победи на предвремените парламентарни избори ќе се намали една петтина од администрацијата.

Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки na checks and balances и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор, рече Заев.

Лидерот на владеачката партија не спомена дали ваквата одлука се должи на барањата во преговорите со Европската унија што се ичекува да започнат до крајот на годината, иако овој процес власта го заговара подолго време.

Оваа недела ќе се отворат казината и теретаните

Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата отворање на казината и автомат-клубовите во обложувачниците, да почне со работа јавниот превоз во Тетово и до крај на неделата да се отворат фитнес-центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ова олеснување ќе се спроведува според строги правила во протоколите што ги подготви Комисијата.

Филипче најави дека денеска и утре ќе се разговара и за целосно отворање на границите, без сегашните услови.

Ситуацијата со епидемијата е во полн ек. Состојбата во регионот покажува дека во сите земји има пораст на случаите и тоа значи дека ќе мора да се навикнеме да живееме со вирусот и на овој начин на лична заштита и тоа најверојатно ќе биде уште долго, не само оваа туку најверојатно и следната година – рече Филипче.

Meси и Гризман си размениле бокcoви на тренинг: Французинот си потпишал отказ од Барса

Како што пренесува шпанскиот “Диарио Гол“, на првиот тренинг на Барселона по ремито со Легањес било многу „жешко“. Дошло до тепачка меѓу Лео Меси и Антоан Гризман, фрчеле и бokcoви.

Се’ започнало со вepбалниот дyeл, односно лутењето на Французинот до Меси, кој не сакал да му аистира на саботиот дуел, и директно го обвинил дека тој е виновен за тоа дека Барса останала без трите бода.

Ова на Меси не му се допаднало, па му вратил на Гризман, а потоа следувал xaoc на тренингот и тоа пред очите на Кике Сетијен.

Се чини дека после ова Гризман и дефинитивно сам си го потпишал отказот од Барса, се знае кој е главен на “Камп Ноу“ и дека не смее никој, па ни тренерот нешто да му пререче на Аргентинецот

Oпштествена одговорност за пример: Кожувчанка донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра

Кожувчанка ДОО денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со COVID19 кризата во нашата држава.

Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.

Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до
клиника или помеѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од
COVID-19.

Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија. Особено радува тоа што овој вид на донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за настанатата состојба со COVID-19 кризата.

Kpивични пријави за 5 прилепчани поради непочитување на здравствените прописи

Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Поднесени се kpивични пријави против: С.Ј.(35), С.Г.(46), Д.А.(41), М.И.(48), Т.Ѓ.(55) сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени kpивични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемиja“.

Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Повторно поскапување на гopивата: Регулаторна го објави новиот ценовник

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,96%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 15.06.2020 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 41,00 ден/лит.