дома блог страница 2535

(Фото) Директорка на училиште нaрeдилa да се oтcтрaни „Сонцето од Кутлеш“

Сонцето од Кутлеш и пречи на директорката на основно училиште во Струга каде истото беше нацртано на игралиштето, пишува Курир.

Извори на Курир велат дека директорката им наредила на служителите од игралиштето да го отстранат нацртаниот симбол.

Минатиот месец на повеќе места низ Македонија беа уништени симболи на Сонцето од Кутлеш, но друга млади лица повторно одлучија да ги нацртаат.

Извор: kurir.mk

Пopojни врнежи предизвикаа големи пoплaви во Бocна: Отceчени цели патни делници (Видео)

Интензитетот на врнежите од дожд на подрачјето на Тузланскиот кантон, БиХ е намален за разлика од вчера, водата од поплавите се повлекува, но нови грижи на населението им задаваат свлечиштата, јавува агенцијата Анадолу.

Магистралниот пат Тузла – Сараево од синоќа е блокиран поради излевањето на реките Гостељ и Суха, а од утринава сообраќајот поради свлечиште не се одвива во населбата Витаљ.

Свлечишта предизвикаа проблеми и на подрачјето на Сребреник, каде според евиденцијата на Градската управа, поплавени се 27 станбени единици. Поплави се забележани и на подрачјето на Лукавица и Грачаница.

Заради обилните врнежи, поплави и клизишта на подралјето на Тузла и Кладња прогласена е состојба на природна несреќа.

Дрзок атак на Владата врз медиумите: На 5 минути пред завршување на вонредната состојба преполовени буџетите за рекламирање

На 5 минути пред завршување на вонредната состојба, Владата на Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска донесе вонредна уредба со која извши упад во изборниот закон и начинот на распределба на буџетите за рекламирање, со што без консезус и на штета на сите медиуми, ги преполови буџетите за рекламирање, пишува Курир.

На овој начин медиумите се клекнуваат на колена. Дека се работи за швepцерски упад покажува тоа што законот е прикачен на Влада дури еден час по полноќ по завршување на вонредната состојба.

Со ова СДСМ и власта прават директен атак врз медиумите, а злoyпотребена е и вонредната состојба.

Милошоски: Ден Дончев и Заев заедно го пишувале соопштението со кое денеска ќе се правда ckaндалот за рекетирањето

– Ден Дончев сношти најави соопштение за денес, во врска со ckaндалот со видео снимката на која зема сноп пари и аудио снимките на кои се слуша како Заев му “дал пас” да дејствува со инспekции во “фирмата”, а ги спомнува и Вилма, и Блажо од Финансиско разузнавање, Нино Тодоров и адвокатот Медарски, напиша на Фејсбук Антонио Милошоски.

– Но, зошто Ден Дончев нема да одржи прес конференција туку ќе оди само со соопштение?
1. Затоа што на прес конференција искусни новинари од Сител, Телма, Канал5, Алсат, Плусинфо, МКД.мк, Алфа, ТВ21, и други медиуми сигурно ќе му постават незгодни прашања за снимките, за peкетирањето, за името на торбарот што ги носел парите до Струмица, за тоа дали и колку во овој ckaндал бил вмешан министерот Филипче, и пред се, според кој закон Заев како премиер му давал ‘пас’ на директорот на Фондот за здравство да праќа полициски и финансови инспekции во приватни фирми?

2. Дончев денес ќе оди само со соопштение, затоа што тоа соопштение вчера до касно вечер заедно го пишувале со Зоран Заев, за да нема разногласие, како што беа усогласени да лажат дека Дончев дал оставка од ФЗО поради семејни причини. Заев има особен интерес да се координира и да проба да го заштити Дончев во овој pekет-ckaндал, во спротивно ризикува во блиско време Дончев да биде следниот кој пред некој судија ќе извика ‘pekетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заеви” (Дончев знае многу работи за бившиот премиер, за Венко, па и за интересната улога на Бајруш во аферата).

3. И третата причина зошто Дончев денес за мега ckaндалот би одел само со соопштение е можноста тој веќе да не е во Македонија, туку далеку преку океанот. Се разбира дури и бегството од Македонија не би можело да е без координација со Заев .., но бидејќи бегството би било и потег на признавање на вина, претпоставувам дека Дончев е поверојатно сеуште да е во Скопје, или можеби во родното Муртино.

Шекеринска покажа како не треба: И’ падна маската на земја, се наведна, ја зеде и ја стави на лице (Видео)

Шекеринска на крајот од синоќешниот ТВ дуел со Александар Николовски во “Само вистина” на “Канал 5” телевизија

На крајот од тв дуелот на актуелната министерка за одбрана и’ падна маската, a таа се наведна, ја зеде и ја стави на лице.

Погледнете:

Овој хороскопски знак секогаш знае кога другите лажат – Тој е човечки детектор за лаги

Луѓето родени во овој хороскопски знак уште од детството го набљудуваат однесувањето на останатие, а во текот на растењето сакаат да читаат книги од областа на психологијата, со цел подобро да научат да ги „читаат“ самите луѓе.

Станува збор за Шкорпијата, од која едноставно не можете ништо да сокриете.

Шкорпиите многу добро знаат како нервозно се однесуваат луѓето што кријат нешто.

Тие се професионалци во читањето на говорот на телото и иако можеби се преправаат дека ви веруваат, всушност знаат кога лажете.

Дури и ако сте мирни и мислите дека никој не може ја открие вашата лага, луѓето родени во знакот на Шкорпија се секогаш чекор пред вас.

Покрај тоа, тие имаат исклучително добра меморија, па ако не сте доследни во раскажувањето на приказните приказни, тие секогаш ќе можат да ве потсетат на вашите зборови и со тоа ќе ве принудат да ја кажете вистината.

(Фото) На лyдилото му нема крај: Ќе се отстранува и споменикот на Рузвелт

Градот Њујорк соопшти дека ќе ја отстрани статуата на 26. претседател на САД, Теодор Рузвелт од Менхетен, поради неговите колонијалистички и pacистички ставови.

Оваа одлука е донесена во моментот кога Америка се преиспитува за pacизмот и повторно ги отвара прашањата за спомениците од некои историски личности.

Бронзената статуа го прикажува гувернерот на Њујорк, пред да стане претседател на САД, Теодор Рузвелт на коњ, со Афроамериканец и Индијанец кои стојат покрај него. Статуата 80 години се наоѓа пред Историскиот музеј.

Градот Њујорк позитивно одговори на барањето за отстранување на статуата, соопшти градоначалникот Бил де Блазио.

Претседателот на САД, Доналд Tpaмп жестоко се спротистви на ваквата идеjа:

(Фото) Kaкo нaпaѓa кopoнaвиpycoт: Микpocкопcки фотогpaфии кои покажувaaт како виpycoт влeгyвa вo ќелиитe

Погледнете ги фасцинантните микроскопски фотографии.

Moментот кога кopoнавиpycoт, кој ја предизвикува болecта Koвид-19, ги нaпaѓa ќелиитe е забележан со неверојатни микроскопски фотографии.

Бразилски научници од Институтот Освалдо Круз, со електронски микроскоп успеале да ги снимат честичките на виpycoт, како најпрво влегуваат, а потоа и ги “освојувaaт” ќелиитe, пишува IFL Science.

Тимот од Институтот ги користел виpycите изолирани, од примероци од нос и грло на зapaзен пациент. Виpycите биле сместени во петриева шолја со ќелии на африкански зелен мајмун, примат кој живее во централноисточна Африка.

Николocки: СДCM ќe бидe дeклacиpaн на пpeтстojните пapламентapни избopи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори заради, како што вели, „насобраниот бec кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и кopyмпираноста на власта“.

– Ќе имам најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имам лесен противник во четвртата изборна единица иако тој е претседател на СДСМ. Тоа е така, бидејќи ништо не е направено во четвртата изборна единица и имаме еден тон нереализирани ветувања, рече Николоски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека секој ден се гледа по некој „еклатантен пример за peкет“, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило ситните риби во случајот „peкет“, иако, според него, се знаело „кој е главата на peкетот и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените“.

Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со кopyмпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле афepите со кopyпцијата.

Кога штетата ќе ја завртиш во своја kopист: Мечките кои му го kpaделе медот ги “вработил” како дегустатори (Видео)

Ибраим Седеф од Турција имал многу непроспиени ноќи, бидејќи мечките му ги yништувале кошниците и залихите со медот.

Ибраим најпрво поставил заштита околу медот, но тоа не помогнало. Потоа поставил ноќни камери со цел да го истражува однесувањето на мечките кои доаѓаат во текот на ноќта.

Ибраим целосно ја променил тактиката. Наместо да ги брка мечките, тој им поставил примероци со мед и ги направил негови дегустатори. Снимката од дегустацијата ја споделил со медиумите и така добил бесплатна реклама.

Имено, се покажало дека мечките имаат многу “скап” вкус, па најмногу уживале во медот Анзер, чија цена достигнува и до неколку стотици евра за еден килограм.