дома блог страница 2537

Уште еден млад играч се врати во Прилеп: Давор Шокоски потпиша за РК Прилеп

Денес и официјално е ангажиран повратникот во екипата на Прилеп, Шокоски кој после само една сезона помината во екипата на Бутел Скопје се враќа во родниот град, во матичниот клуб Прилеп.

Шокоски настапува на левата бековска позиција но и одлилно се снајдува на позицијата среден бек. Шокоски последната полусезона ја помина како позајмен играч во редовите на Металург 2.

Шокоски е еден од најталентираните млади ракометари со кои Прилеп располага. Со сигурност ќе биде од огромно значење за составот на Горан Кузманоски.

Да му посакаме добредојде и успешна сезона со новиот клуб.

„Europe Elects“: ВМРО-ДПМНЕ со предност од 3 проценти ќе победи на следните избори

ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност од 3 проценти пред СДСМ. Ова го покажува последната анкета која ја објави европскиот институт „Europe Elects“.

Анкетата доаѓа на 2 дена пред почетокот на кампањата и на дваесетина дена пред парламентарните избори.

Трет политички субјект по популарност е ДУИ, а веднаш после нив се позиционира Алијанса на Албанците на Зијадин Села.

(Видео) Жителите на Таос со децении се вознемирувани од мистериозен звук

Сведоците тврдат дека звукот посилно се слуша во малите и затворени простории.

Веќе со децении жителите на градчето Таос во Ново Мексико ги вознемирува мистериозен звук. Станува збор за непрекинат нискофреквентен шум. Постојаната изложеност на овој звук на луѓето им предизвикува главоболки, несоница, тегоби, па дури и пpoблеми со дишењето.

Иако може да се слушне со голо уво, различни уреди за детекција на звукот не успеаа да го регистрираат. Поради ова, во Таос се зголемуваат истражувачките тимови кои сакаат да ја откријат оваа појава.

Во Шкотска имаат потреба од работници: 35 чаca во неделата, а платата е 24.500 евpa- пocтои caмо еден ycлов (Видео)

На најсеверниот остров во Шкотска, Северен Роналдсеј, кој припаѓа на архипелагот Оркниски острови, се појави необичен оглас за работа- се бараат заинтересирани пастири кои треба да чуваат редок вид на шкотски овци.

Работниците ќе работат 35 часа во неделата, а платата е 24.500 евра месечно. Оној кој ќе ја прифати работата, ќе мора три години да остане во работен однос.

Како што наведува БиБиСи, овој редок вид на овци се хранат со алги, кои ги има во изобилство на островот. Освен еден вид на гуштери кои живеат на Галапагос, овие овци се единствените животни на светот кои можат да преживеат хранејќи се само со морска трева.

На 18км. од Прилеп се наоѓа селото познато како “Мал Холивуд”: Автентичност која моли да биде зачувана (Фото галерија)

Селото Штавица се наоѓа на југоисточната страна на Прилепското Поле, во средишниот на Општина Прилеп. Од Прилеп
е оддалечено 13 километри. Штавица е сместено во дното на долот на допирот помеѓу Селечка Планина и отворот кон пространта рамнина на Прилепското Поле, односно Пелагонија. Веднаш крај селото минува патот од Прилеп кон Мариово преку превојот Слива.

Штавица е ридско село сместено на надморска височина од 800 метри и граничи со селата Чумово на север, Марул на југ и Мало Рувци на запад.

Денешната Штавица е основана пред околу 170 години од страна на доселеници. Најнапред се населиле предците на денешните родови кои го слават Св. Мина. Тоа се: Дељовци, Јолевци, Толевци и др. Дошле „од кај Тиквеш“ како еден род, после нив се населиле предците на останатите селски родови. Околу 2 км јужно од Штавица е местото „Латински Гробишта“. Сега таму се наоѓаат ниви. Се зборува дека на тоа место, биле закопани „бабари кои се испотепале меѓусебно“.

Селото е познато и како Мал Холивуд или Македонскиот Холивуд, односно тука се снимени дел од сцените на филмовите “Пред дождот” и “Прашина” на Милчо Манчевски.

За потребата на филмот “Прашина” е направена и мала автентична црквичка, која за жал денеска е наполнета со сено без воопшто да биде заштитена.

Во селото се наоѓа и црквата Рожденство на Пресвета Богородица.

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна, со полукружна апсида на источната страна, која надвор е расчленета на осум слепи ниши. Северниот и јужниот ѕид се со пиластри и се расчленети на плитки ниши. Изградена е во 1881 година.

Црквата е изградена благодарение на парохискиот свештеник Анастас Налетоски, а осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.

Во дворот на црквата има и базен, па секоја година за празникот Богојавление – Водици тука врие од народ. Ништо поразлично не е ниту за празникот Мала Богородица или Рожденство на Пресвета Богородица.

Малку погоре над селото се наоѓа и прекрасна зелена лединка каде тече и мала рекичка. Одлично место за одмор и рекреација.

Не секогаш ви е потребен раскош, некогаш е доволно да погледнете и нешто поинакво, автентично, да погледнете во какви куќи се живеело…

Затоа ова село е толку посебно и интересно. Посетете ја Штавица!

Нови цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Две недели по ред имаме покачување на цените.

Минатата недела цените на бензините повторно се зголемија за 1,5 односно 1 денар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС зголеми за 0,273 ден/кг и изнесува 24,886 ден/кг.

Ѕвездата на германски Кил доаѓа во Вардар (Видео)

28 годишниот централен бек, довчерашен играч на германскиот гигант THW Kiel и репрезентативец на Словенија, Миха Зарабец, ќе го пополни и второто празно место на позицијата централен бек, во редовите на европскиот, балканскиот и македонски ракометен шампион РК Вардар.

Како што дознаваме освен Зарабец, Вардар е пред потпис со уште еден играч на левата бековска позиција со што трансфер листата и ростерот за оваа натпреварувачка сезона ќе бидат затворени.

Времето денеска: Променливо облачно и нестабилно време со пopoeн дожд

Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 18 до 30 степени.

Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Cyгаpecки: “Гpaдоначалникот ни е cyпер, Пpилеп се paзвива како никогаш?” (Видео)

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалникот, Илија Јованоски, и кандидатот за пратеник, Миле Талевски, во текот на вчерашниот ден вршеа контрола на асфалтирање на просторот зад деветтокатницата во Прилеп.

Министерот Сугарески истакна дека во Прилеп се случува сериозна градежна офанзива.

„Македонската Влада, ресорното Министерство за транспорт и врски, заедно со јавните претпријатија и општините, работат на огромен број на капитални проекти низ целата држава. Сакам да потенцирам дека оваа динамика, оваа сериозна градежна офанзива која се случува, не е само заради суштинско исполнување на владината програма или програмата на градоначалниците, туку е вистинска потреба за решавање на проблемите на граѓаните. Јас мора да го изразам своето задоволство и да им оддадам признание на градоначалникот Јованоски и локалната самоуправа, за сето она што го прават во интерес на граѓаните“, истакна министерот Сугарески.

Навистина е нејасно како министер на еден од најголемите ресори во државата се одлучува да врши контрола на асфалтирање на улички и поставување бекатон плочки.

Во поглед пак на инфраструктурните објекти, граѓаните многу добро ги паметат спектакулатрните ветувања за изградба на затворен базен, две обиколници околу Прилеп, ново училиште, детска градинка, реконструкција на Старата чаршија, нов театар….

Особено граѓаните се сеќаваат дека градоначалникот на општина Прилеп и сопартиец на Сугарески, ветуваше намалување на сметките за вода за 20%, иако денеска прилепчани веќе една година плаќаат за 60% повисоки сметки за вода.

(Видео) Браќата милијардери во центарот на афepaта која ја тpecе Британија: На површина испливаа сите мpaчни тајни

Афepaта се прислушkyвањето која овие денови ја потpeсе Велика Британија се поврзува со едно милијардерско семејство.

85-годишните Фредерик и Дејвид Баркли, сопственици на британски Телеграф онлајн малопродажниот сервис “The Very Group”, компанијата за достава “Yodel” и лондонскиот хотел “Rich”, потекнуваат од сиромашно семејство. Својата империја постепено ја граделе, а пред 20 години заедно клекнаа пред кралицата Елизабета II и добија титула витези.

Тоа беше ретка можност да се видат во јавност. Поради ова Британците беа шokиpaни откако дознаа дека браќата се вмешани во афepaта и се појавија на насловните страници на таблоидите.

Афepaта “Barkley vs Barkley” исплива во јавност откако Фредерик ги тужеше своите внуци за прислушкување.