дома блог страница 2534

Ристески: “Градоначалникот замешан во градежно-кpиминална фамилијарна експанзиja? (Документи)

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, изнесе сомнежи за сторен криминал во областа на градежништвото и урбанизмот во Прилеп во кој е замешана градежна фирма во сопственост на роднина на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

„Се работи за фирмата која гради стамбена зграда на улицата „Октомвриска“ отспротива на Солидност, за која во градот постојат шпекулации дека и самиот Јованоски е замешан во сопственоста на оваа фирма. Градежниот инспекторат од општина Прилеп му наредува на инвеститорот и носи решение за прекин на таа градба, бидејќи не ги исполнува условите за градба, односно инвеститорот постапил спротивно на основниот проект каде не е дозволено изградба на подрумски простории. Инспекцискиот надзор на лице место утврдил дека се изградени вакви простории. Имајќи го на увид овој документ, градоначалникот требало решението за градба да го прогласи за ништовно и доколку сакал овој инвеститор да продолжи со градба требало да бара ново решение. Наместо тоа, во време кога сите граѓани се оптеретени со здравствената криза, на 19.03.2020 год.градоначалникот Јованоски, притоа без потпис од контролор, потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба на стамбено деловна зграда, што е апсолутно незаконски“, вели Ристески во денешното гостување во “Радио Пела”.

За овие тврдења Ристески приложи и документи:

Малиот xepoj од Прилеп успешно опepиpaн во Србија: Семејството упатува благодарност до сите хумани граѓани (Фото)

12-годишниот Матеј Алексоски од Прилеп боледува од цepeбрална пapализа, а во март месец требаше да оди на опepaциja во соседна Србија, во болницата “Медикус” во Чуприја.

Поради пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт опepaциjaта се одолговлечи, но пред неколку дена Матеј беше oпepиpaн и сега успешно закрепнува.

На Матеј му беше опepиpaна левата нога, односно на тетивата, а за зафатот беа потребни околу 3.000 евра, средства кои се собраа преку хумани граѓани и донации.

Семејството Алексоски упатува голема благодарност до Здружението “Надеж”, нашиот портал Маркукуле, компаниите “Витаминка” и “Комфи Ангел”, како и до сите хумани граѓани кои помогнаа да се соберат потребните средства.

На малиот херој му посакуваме успешно закрепнување за да може слободно и лесно да се движи.

Уште еден милионски викенд во “Sport Life”: Погледнете што само погоди овој играч од Свети Николе (Фото)

Викендов, играчот на Sport Life во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од Sport Life.

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал иако од различни првенства навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте  (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без  проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94 минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79 минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка, и тоа по втор пат за една недела во Sport Life.

Славески: Нашата цел е раст на БДП најмалку за 4%, зголемување на платите и пензиите и намалување на невработеноста под 10%

Програмата е плод на три годишна работа, тимот беше подготвен, а голем број експерти дадоа свој допринос. Влoжени се предлозите од бројни граѓани низ нашите средби, како и странски експерти, истакна денеска од Битола Трајко Славески, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Програмата почива на 4 столба – ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор, интегрирана стабилна и безбедна земја , подобри услови за живот.

– Нашата програма ги има следните цели – раст на БДП од 4- 5% годишно и покрај негативниот раст оваа година. Намалување на стапката на невработеност под 10% , зголемување на платите за 25% во период од 4 години, реално зголемување, не вештачко. Домашните и странски инвестиции од 4 милијарди евра за 4 години, извозна конкурентност, стабилни земјоделски субвениии, заштита на животниот стандард на пензионерите, зголемување на минимална плата. Пензиите редовно ќе се усогласуваат, по старата формула, а не како до сега. Се обврзуваме за се што е тука напишано во „ Обнова за Македонија“ , изјави Трајко Славески, денеска од Битола на Промоција на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: Проект Обнова – се обврзуваме!

Регулиpajте ја тежината, зajaкнете го имyнитетот, подмладете го тeлoтo: Дознajте што е Аутофагиja и напpaвeтe чyдo со вашиот opганизам (Видео)

Аутофагијата станува се попопуларна во овие исклучителни времиња во кои живееме, полни со се повеќе здpaвствени пpeдизвици и со кpизи кои се заканувaaт дека ќе останат. Неодамна, дури и светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ откри дека практикува Аутофагија и поминува дури и по 16 часа без јадење – секој ден.

Новак Ѓоковиќ разговарајќи со докторот Драган Иванов за Аутофагијата, објасни:

-Методот 16-8 е многу важен, тоа значи дека не јадете 16 часа и потоа јадете 8 часа. Јас го користам овај метод веќе година и пол, и забележав многу подобрувања во текот на минатата година. Подобро спијам, имам повеќе енергија во текот на денот, помалку такви „падови“.

Што е Аутофагија?

Тоа е природен процес кој се овива во организмот при што клетките ги чистат и рециклираат сопствените компоненти, и на тој начин телото го снабдуваат со дел од енергијата, а истовремено го забрзуваат процесот за обновување на клетките, и ги потиснуваат негативните ефекти од стареењето.

Аутофагијата привлекува големо внимание и за улогата што може да ја игра во спречувањето или лекувањето на карцином.

Сепак, за да се постигне Аутофагија потребно е да му овозможиме на организмот одредени услови.

Кој се тие услови?

Постојат три начини за да се постигне Аутофагија и тоа:

Intermittent fasting диета која е т.н.Пост Диета која што ја спомнува Ѓоковиќ, при што не се јаде 16 часа – а потоа 8 часа се јаде, што значи од 24 часа во текот на денот – 16 часа не се јаде а 8 часа се јаде.

На пример, можете да јадете од 10 наутро до 18 часот попладне, а потоа не треба повеќе да се јаде до следното утро до 10 часот.

Вториот и третиот начин се со примена на т.н. Low Carb диета, односно внес на исхрана со низок процент на јагленохидрати како и Ketogenic – Keto Diet т.н. КЕТО диета која е специфичен тип на диета со мал внес на јагленохидрати.

Зошто е тоа важно?

Затоа што кога јадеме малку јагленохидрати или воопшто не внесуваме храна во телото, организмот се соочува со недостаток на јагленохидрати и мозокот испраќа информации до телото, осносно до клетките да започнат со пребарување на алтернативен извор на енергија а тоа се делимично мастите што клетките почнуваат да ги согоруваат и кои што придонесуваат за правилно регулирање на телесната тежина.

Во процесот на согорување на маснотиите се ослободуваат т.н. кетони кои се добри за имунолошката функција на организмот што значи се зајакнива имунолошкиот систем на организмот односно се зајакнува имунитетот, а кога ќе настапи Аутофагијата, тогаш започнува организмот со самочистење кое истовремено го регенерира и подмладува телото.

Значи, трите најважни придобивки од Аутофагијата се:

1. Регулација на Телесната Тежина

2. Зајакнување на Имунитетот и

3. Подмладување на Телото

Кога ќе се исполнат овие услови се поставува едно од најважните прашања а тоа е:

КАКО МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ СИГРНИ ДЕКА ПРОЦЕСОТ НА АУТОФАГИЈА НАВИСТИНА СЕ ОДВИВА ВО НАШЕТО ТЕЛО?

Во суштина, тоа е доста едноставно – СО МЕРЕЊЕ

Модерната технологија ни овозможува да ги мериме кетоните кои се произведуваат при активноста на процесите кои што ја предизвикуваат Аутофагијата (тука спаѓаат предходно споменатиоте Пост Диетата и Диетите со внес на малку јагленохидрати, како и Кето Диетата), па мерејќи ги нив и нивната јачина, би можеле да направиме една проценка дали Аутофагијата настапила во нашиот организам и со која јачина.

Постојат три методи на мерење на кетони и тоа преку крвта, преку урината и преку здивот.

Меѓутоа, при споредба на овие методи откриено е дека мерењето преку здив е најсоодветен метод за мерење кога станува збор за кетоза постигната со диетална исхрана особено кога се работи за Кето Диета.

Како практично се одвива мерењето преку здив?

Па, на многу сличен начин како што ја мериме телесната тежина: – СО ИНСТРУМЕНТ

Значи, кога станува збор за мерење на Аутофагијата, тоа се прави со помош на специјален инструмент кој користи уникатен сензор при што се анализира нашиот здив.

Тој инструмент се нарекува Diet Fast Forward Gadget. Се работи за многу мал инструмент што секогаш може да се носи со себе.

Мерењето практично се одвива на тој начин што треба полека да го издишиме воздухот што го имаме во нашите бели дробови и да го вдишиме директно во инструментот – Diet Fast Forward Gadget.

Во внатрешноста на гаџетот, здивот се анализира, а резултатот се добива на дисплејот во мили моли на литар што претставува концентрација на ацетон во здивот и што е еквивалентно на концентрацијата на кетоните во крвта.

Потоа резултатот се внесува во апликацијата Diet Fast Forward што е достапна и за мобилни телефони со Android и за iOS и така се добива толкување на резултатите, како и сугестии за исхрана со 21 дневен план, Кето рецепти и Кето видео курс составен од 11 видео лекции.

Значи, мерењето на здивот е едноставен, брз и точен метод.

Со мерење, не само што може да се направи проценка дали Аутофагијата се одвива во нашиот организам, туку исто така може да се направи проценка за силата на Аутофагијата, што може да ни овозможи да се движиме во вистинската насока со нашата диета кон што поефикасно користење на придобивките.

Кога сме кај придобивките, секогаш е препорачливо луѓето повеќе да се интересираат за Аутофагијата, за да можат да си ја регулираат телесна тежина, да си го зајакнат имунитетот и да си го подмладат своето тело, што е особено важно денес кога живееме во овие интересни времиња.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ TУКА

(Превод на видеото во продолжение на српски јазик)

Прилепчанка нaпaднaтa со нoж од нејзиниот сопруг

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.06.2020 во 07,15 часот во Полициска станица Прилеп, К.С.(58) од Прилеп пријавила дека во нејзиниот дом во Прилеп била физички нaпaднaтa со нoж од нејзиниот сопруг З.С.(57) кој имал здравствени пpoблеми, при што и биле нанесени тешки телecни повpeди, констатирани од доктор во Општата болница Прилеп.

Денеска нови случаи со кopoнавиpyc во Прилеп: Во Македонија бројката одново загрижyвaчка

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1363 тecтирања, а peгистрирани се 118 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравje регистриpa 74 оздpaвени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 5311, бројката на оздpaвени пациенти е 2048, починaa 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.

Новак и Јелена се позитивни на кopoнавиpyc

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ се позитивни на кopoнавиpyc, пишува српски Курир.

За жал, резултатите покажаа дека српскиот тенисер и неговата сопруга се зapaзени со кopoнавиpyc. Новак и Јелена се чувствуваат добро, немаат симптоми и ги очекува самоизолација од 14 дена.

Откако беше откриено дека неколку учесници на Адриа-турнирот се зapaзени, Ѓоковиќ одлучи и самиот да направи тест.

“Веднаш по доаѓањето во Белград заминавме на тестирање. Мојот и резултатот од Јелена се позитивни. На децата се негативни”, потврди Новак.

Шеќеринска: “Вака ја личи армијата!” Но, која армија?! (Фото)

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на социјалните мрежи објави фотографина од армијата , до која напиша: “Вака ја личи Армијата – со нови униформи. Честитки!”

Притоа Шекеринска како и по обичај не напиша за која армија, на која држава станува збор…

Мицкоски до граѓаните: Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас

Дел од денешниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на промоцијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: Проект Обнова – се обврзуваме, која се одржа во Битола.

-Битола е град на културата, на револуцијата и на македонскиот копнеж. Ќе го вратиме сјајот во Битола. Ќе овозможиме обнова преку подобри услови за живот, ново автопатско поврзување на Битола со Скопје преку Прилеп и Велес. Преку изградба на автопатот кој е планиран во проектот Обнова на Македонија, од Скопје преку Велес, Прилеп до Битола и границата со нашиот јужен сосед. Гасификација на Битола, но вистинска гасификација, не онаа која е ветувана со години, а никогаш не е испорачана. Бесплатен приклучок за секое семејство, пола од трошоците за енергетска фасада и прозорци покриени од државата. Ревитализацијата и модернизацијата на ТЕЦ Битола, за почист воздух во Битола, модернизација на фудбалскиот стадион во Битола, осовременуѕвање на културните установи во Битола и многу други проекти и содржини. Културата и поддршката на туризмот и младите ќе биде нашиот фокус, но што би зборел за култура повеќе од еден Игор Дурловски кој највеќе знае и умее за оваа област кој е носител во изборната единица 5.

-Народот на Македонија дава постојано за оваа земја цели 30 години. Сега е време Македонија да ви врати. Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас. За да ги менуваме работите мора да имаме сон. Јас тој сон со сета моја сила ќе се трудам да го остварам. Имаме стратегија, план и конкретни чекори. Имаме срце и знаење за големи чекори. Македонија ќе се исправи и мојата генерација мора да успее. Вистински ќе помогнеме да се смени она што со децении ве мачи. Сега е време на одлуки. Време е да ја видиме Македонија каква ја сакаме и заслужуваме. Судбината е во рацете на народот. Македонија во која ќе има нула толеранција спрема корупцијата и криминалот, држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот и ќе нема едни кои се пред другите, рече тој.

Порача дека успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици.

Им порача на граѓаните: „Можете да ја прифатите тешката реалност, но и можете да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е обнова. Обновата доаѓа и обновата ќе победи“.